Пријави фирма која не ги пријавува вработените, не им дава плата и сл.....

Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Мислам дека треба да излистаме дел од фирмите кои ја злоупотребуваат ситуацијата во државата, со цел да и помогнеме на нашите другари да знаат во што се впуштаат пред да се вработат некаде. Еве јас ќе почнам прв и ќе набројам некои од гадните фирми во Македонија.....Прво да ја споменам онаа фирмата која работи со правосмукалките КИРБИ и секој ден има нов оглас на страниците за вработување. Ќе го препознаете огласот лесно бидејќи е во стилот "Компанија бара 19 соработници стартна плата плус бонус...бла бла бла ..жими ку*ов"..Сите од овој стил огласи се превари ама овие од КИРБИ се најселјаци....Втора и трета мислам дека се дефнитивно ГЕИНГ КРЕБС УНД КИФЕР како и HIGH TECH CORP.....Moже се големи фирми ама за нови вработени се смрт.....работа на црно малтретирање...и што уште да кажам......Тука се и агенциите за недвижности за кои уште нема некој закон во државата и ја користат ситуацијата ....една од нив е ХЕПИНЕС кај што се е на црно...немој да сте се излажале да почнете таму со работа.....Да им помогнеме на нашите колеги со цел да не заглават уште толку во животот од очај што нема кај да се работи....
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
добра ти е идеата само има проблем. кај да ги пријавиме? сите газди имаат врски со инспекотри инспекции партии и слично. јас мометално работам во една фирма но малце време ( недела дена ) и еве од понетелник треба да ме пријават затоа што самиот газда се плаши од инспекции - казните се огромни пред се.

имам работено претходно во една браварска фирма ( не е мала богами официјално брои некаде 20тина лица ) секој ден го слушав истиот муабет од типот „несмееме те држиме на црно дај да те пријавиме од следната недела да видам шо документи треба да приберам“ - и секоја недела исти муабет. а летно време богами имаат МИНИМУМ по 3ца хонорарци непријавени. и се мислев долго време да ги пријавам ама си викам ај седи си мирен а тешка физичка работа се работи. не дека нешто ми пречи фирмата ама пошто дава премалце пари за преголема работа ме фаќа инат стварно некој ден да ги пријавам.


п.с ако пријавувам можам ли да останам анонимен или мора да се знае кој пријавил?
 

Пратеник

Ала Мадрид
Член од
28 ноември 2011
Мислења
995
Поени од реакции
617
Не верувам дека некој ќе каже . Можно е да го изгуби работното место :(
 
V

Vollstandig

Гостин
добра ти е идеата само има проблем. кај да ги пријавиме? сите газди имаат врски со инспекотри инспекции партии и слично. јас мометално работам во една фирма но малце време ( недела дена ) и еве од понетелник треба да ме пријават затоа што самиот газда се плаши од инспекции - казните се огромни пред се.

имам работено претходно во една браварска фирма ( не е мала богами официјално брои некаде 20тина лица ) секој ден го слушав истиот муабет од типот „несмееме те држиме на црно дај да те пријавиме од следната недела да видам шо документи треба да приберам“ - и секоја недела исти муабет. а летно време богами имаат МИНИМУМ по 3ца хонорарци непријавени. и се мислев долго време да ги пријавам ама си викам ај седи си мирен а тешка физичка работа се работи. не дека нешто ми пречи фирмата ама пошто дава премалце пари за преголема работа ме фаќа инат стварно некој ден да ги пријавам.


п.с ако пријавувам можам ли да останам анонимен или мора да се знае кој пријавил?
Можеш, нормално.Не мора да си од истиот град, едноставно пријави во УЈП и крај на муабетот.
Битно е едно сигурено,дека ќе појдат да проверат, и ако истите што ќе проверат не се врзани со газдата, џабе ти е. Ако не е, или е пријавено повеќе пати, дефинитивбно ќе биди пропаст за истата фирма. Не е нормално денес почнувајќи од даноци, влада па се до работодавци приватни или државни исто ти е.

Значи можеш да пријавиш, како што кажав, само мој совет ти е,или кажи им да ти даат поеќе плата или напушташ, па што правиш далје прави..оти ако ги пријавиш сигурно ќе платат високи казни.
 

intro

★ ★ ★★ ★
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.358
Поени од реакции
1.041
се ок само кажи ми која приватна фирма во државава го нема тоа што го наведе
БРАКО ВЕЛЕС е одмене тоест работев два месеци од кој првиот месец саботите не ми ги платија од Х причина и ај си викам ќе си ќутам може ќе ме осигураат и си работев се ок арно ама вториот месец ме напуштија и ме казниа со 10 посто од платата со што пак во вода ми паѓаат саботите што ги одев (да напоменам саботите се одат доброволно) и кажи ми каде да се жалам а работев како тебе работа со железа носот полн со прашина од струготината на железото....
муабетот ми е што секој два три месеци во фирмата се вртат работници и се напуштаат само се е мафиа државава
на форуми неја бива треба народот на улици треба да испадне со 150 евра плата плаќаш сметки гледаш фамилија и од нив штедиш за на одмор да одиш (мислам мајка татко чичко да видиш)
 
S

stefi

Гостин
шо иам ја ќар со тоа шо ќе ги пријавам? а тоа со платите кој како си ја наредил...
 

bokser_mk

Баксуз
Член од
29 јануари 2012
Мислења
1.361
Поени од реакции
1.819
Мислам дека треба да излистаме дел од фирмите кои ја злоупотребуваат ситуацијата во државата, со цел да и помогнеме на нашите другари да знаат во што се впуштаат пред да се вработат некаде. Еве јас ќе почнам прв и ќе набројам некои од гадните фирми во Македонија.....Прво да ја споменам онаа фирмата која работи со правосмукалките КИРБИ и секој ден има нов оглас на страниците за вработување. Ќе го препознаете огласот лесно бидејќи е во стилот "Компанија бара 19 соработници стартна плата плус бонус...бла бла бла ..жими ку*ов"..Сите од овој стил огласи се превари ама овие од КИРБИ се најселјаци....Втора и трета мислам дека се дефнитивно ГЕИНГ КРЕБС УНД КИФЕР како и HIGH TECH CORP.....Moже се големи фирми ама за нови вработени се смрт.....работа на црно малтретирање...и што уште да кажам......Тука се и агенциите за недвижности за кои уште нема некој закон во државата и ја користат ситуацијата ....една од нив е ХЕПИНЕС кај што се е на црно...немој да сте се излажале да почнете таму со работа.....Да им помогнеме на нашите колеги со цел да не заглават уште толку во животот од очај што нема кај да се работи....

има и една светла страна на ова
за тие што не се пријавени и што работат на црно дрзавата не мозе да им земе од трансакциска
или извршител како што се ненормални казни за губре за плуканје глоби европски од 500 евра ЕВН и слицни
на секој нацин си сјебан ако си пријавен пак ке ти зема дрзавата ако не си приватнјакот те ебе у секој слуцај си ебан .....
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
а зошто некому да му ја олеснувам работата?
платени се инспекторите за тоа- па нек си се дадат у поход
што има да изигрувам нечиј кодош и да тие на готово им улетаат таму?!
исто ко онаа финтана на ТВ - што идеше од министерство за здравство- демек незадоволните граѓани можеле на некојси телефон да пријавуваат - а всушност тоа му доаѓа баш ко прикриен кодошлук- :pos:
министерствата и инспекторите и без да излезат од канцелариите ќе имаат УВИД во се’:pos:
ееееееееее нече мочи ове ночи - дами и господа:P
ќе си ги испотите малку задниците - за да поштено си ги заработите платите:cenzura:

КОЈ МИ ДАЛ ОД ДРЖАВАВА нешто на ТАЦНА??????!!!!!!
НИКОЈ-освен домашните o_O
 
T

Tetro

Гостин
Пријави што?

Кога државните структури ги штитат криминалците, џабе е да пријавиш. Уствари, не е џабе, ќе останеш без работа и она што ти било претходно сработено, нема да ти биде платено.
Пријави малтретирање од колега, пријави малтретирање од шеф, пријави.... џабе ќе пријавиш, кога имаше предлог закон за мобинг, вешто го отфрлија од дневен ред.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
598
Поени од реакции
145
Тоа да се пријавува во ујп е џабе.Јас мислам дека треба да се направи листа кај што сите ке ги ставаат фирмите кој што се преварантски на било кој начин ,и некако да се објави листата јавно да можат сите да видат кој се тие фирми и самите фирми да се замислат малце.Јас еве сум работел на 5-6 места и никаде не било како што треба !Нека смисли некој начин како да се направи листата и да се објави на повеќе места.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
се ок само кажи ми која приватна фирма во државава го нема тоа што го наведе
БРАКО ВЕЛЕС е одмене тоест работев два месеци од кој првиот месец саботите не ми ги платија од Х причина и ај си викам ќе си ќутам може ќе ме осигураат и си работев се ок арно ама вториот месец ме напуштија и ме казниа со 10 посто од платата со што пак во вода ми паѓаат саботите што ги одев (да напоменам саботите се одат доброволно) и кажи ми каде да се жалам а работев како тебе работа со железа носот полн со прашина од струготината на железото....
муабетот ми е што секој два три месеци во фирмата се вртат работници и се напуштаат само се е мафиа државава
на форуми неја бива треба народот на улици треба да испадне со 150 евра плата плаќаш сметки гледаш фамилија и од нив штедиш за на одмор да одиш (мислам мајка татко чичко да видиш)
Имаш претстава колку души таму се непријавени?
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Знаете ли каква е шемата за контрола на Неосигураните Работници/??

Еден ден пред да дојдат Трудовите Инспектори пред тоа унапред ќе му се јават на газдата...
И тој ден Газдата на неосигураните Работници ќе им рече вие денеска да не идате на работа...

Или пак евентуално ако го фатат Трудовите Инспектори газдата каде што има неосигурани работници ќе ги подмити со тоа што ќе ги однеси во некоја кафана на свинско и јагнешко печење и никому ништо...

Газди + Трудови инспектори = ПОВРЗАНА РАБОТА...

А за казнување ќе ги казнуваат оние којшто имаат мали колонијал продавничиња од 10 квадрати, (само заради еден неосигуран).

Но воопшто нема да бидат казните и 100 работници да немаат осигурани во една фирма Олигарсите како: Mинчо Јорданов, Трифун Костоски, Благој Механџиски, Орце Камчев, екс градоначалникот на Битола Силјан Мицевски, Трајче Леов (газдата на Леов Компани) итн...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
За да биде јасно на темава, никој не осигурува од прв ден, мора да се види како работи кандидатот. Во зависност од неговото искуство толку денови оди на пробно, а потоа се пријавува. Од друга страна и кандидатот ќе види дали му одговара, има многу млади деца кој одат на работа 3 дена и потоа си заминува. Нема да прават циркус во бирото пријави/одјави.
Има бесплатен број на УЈП за ваква пријава на работници и знам дека праќаат инспектори на проверка од други градови. Потоа палат врските, во првата фаза им пишуваат казна. На големите компании со повеќе вработени не им се исплати да јадат казна за некој си 12 000 денари кога плати минат со милиони, 5 души плус минус не влијаат на математиката.
Во последните години процентот на непријавени е многу мал и претежно се тоа новите лица кој започнуваат со работа. Трудова и финансова секој ден чешлаат на терен од она јас што го гледам, не ти се исплати да прикриваш вработени. Ова во приватниот сектор.
Во државниот има повеќе непријавени зошто не почнат од таму да се самоказнуваат? Па има во медицинскиот сектор стотици практиканти кој 7/10 години одат така на работа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom