Присуство на трка од Формула 1

Член од
8 април 2014
Мислења
146
Поени од реакции
17
Здраво !! Да прашам дали некој бил на некоја трка досега во F1,каде,преку агенција или приватно,колкави се трошоците,цена на карти,искуства и слично..
Поздрав :)
 

DonExo

Apex
Член од
1 ноември 2012
Мислења
454
Поени од реакции
291
И мене ме ова интересира, конкретно би сакал да знам ако некој има идено до Унгарија да ја гледа трката...
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.329
Поени од реакции
27.873
Јас бев на Монца пред некоја година. Годинава се токмам за Германија/Унгарија. Има една агенција од Штип, Еуротурс мислам се вика знам они организираат тури со автобус идење и враќање. Јас отидов со моја организација, без агенција и супер поминав. Картите варираат, ама најевтина варијанта е General Admission. Картите се за стоење или во Унгарија седиш на брдото. Можеш да се движиш на различни кривини, единствената делумно негативна ствар е што треба многу порано да отидеш за да фатиш добро место. Трката ако беше од 2 јас знам у 9 сабајле бев таму ама фатив неколку трки (3-4 сигурно беа).

Моја препорака е сами да си организирате и да избегнувате агенции. Еве авионска карта преку Виз Ер само што проверив за викендот е 1200 повратна значи у 2 правци. И 80 евра карта за викендот му доаѓа 100 евра плус минус 50 до 100 евра трошкови за таму и за спиење. Со 200 евра идеш и се враќаш, а Ф1 вреди многу повеќе.
 
Член од
2 ноември 2015
Мислења
195
Поени од реакции
52
Лани преку kupikartizase.com имаше за во Австрија и беше околу 10.000,00 денари.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
90-ти години беше своевиден аџилак одење на Хунгароринг. Ама друг беше спортот....Прост-Сена, па малку Сена-Менсел, за после Шумахер да се јаде со Хил, Вилнев и Хакинен. Имаше армија гледачи и самиот спорт имаше многу повеќе жар. Унгарија за некоја „среќа“ (или не знам како да ја наречам) имаше очајни безбедносни мерки и нашиве гледачи прескокнуваа огради во сребрена и златна зона, па со минимален буџет проаѓаа како VIP. Да не зборам за крајната церемонија и влегување во боксовите и земање „меморабилија“ (алат и што им дојде при рака), меѓутоа тоа на крај на 90-ти го затегнаа и после тоа се сведе на регуларна посета, ама па и самата Ф1 стана прилично досадна и падна со популарност. Последно што се сеќавам дека во времето на Шумахер имаше некоја сериозна навивачка маса и толку.
Преку агенција може да не е се баш погодено, ама па идеш со пациенти од твој калибар, што некогаш може да е интересно, меѓутоа мора да следиш некоја нивна програма што не е баш возбудливо.
Би посетил и јас некоја од ама од „старите“ - Монца, Спа или германските Хокенхајм или Нирбургринг (не знам сега која е во календар). Во Монте Карло бев на некој ден пред трката, стазата беше оформена и затворена и ми личи дека не е баш филмот за беда како нас - претежно се гледа од балконите на зградите и од јахтите, а трибините се многу мали и веројатно картите се отров скапи.
@Комита Ултрас колку те чинеше Монца...грубо, отприлика?
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.329
Поени од реакции
27.873
@Almeida
90ти години не се споредува со ова денес, скроз различно е. Со агенција не отидов од причина што гледав слики и претежно се фамилијарни луѓе, па треба со автобус, па треба да пратиш нивни програми што не ми се допаѓа, секогаш оставам простор на вакви патувања да запознаам други луѓе. И мене не ми прават кејф новиве стази, ај што нема историја па се и речиси празни. Не можам да го најдам постот негде пошироко објаснував за викендов, таму имаше поопширано за се напишано. Точна цена за Монца не знам бидејќи бев неколку дена во Милано, али грубо беше вака некако:
Карта GA за цел викенд 110 евра
Превоз авионски 150 евра
И уште некој 100-150 за метро и сувенири.
Со тоа што се вратив со парфем ферари, термос, Ayrton Senna книга од околу 70 евра и ред други работи. Уште сега да се резервира карта за викендот, превоз и смештај може да се помине многу поевтино да речеме за 250 евра максимум. Поготово што тогаш Виз Ер немаа багаж, па се доплаќаше плус 5-60 евра.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Плус и Монца е топло време септември, Милано, лепота...треба да си организирам. Претпоставувам на трева си гледал по ценава или bronze?
Финтата е и стазата да е таква да има трка, борба. Хунгароринг ја викаат Монте Карло без огради, многу кратки правци и остри кривини без можност да има јадачки, а Монца е нешто друго, со 4 огромни правци е и огромни брзини развиваа (се надевам не и ја смениле конфигурацијата многу).
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.329
Поени од реакции
27.873
На трева, ама фатив добра позиција во први редови одма 200 метри после стартниот правец и супер поглед имав. Еве една слика кога поминуваа возачите пред трка.
IMG_9489.JPG
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
И јас би сакал на Хунгароринг. Бидејќи е најблиску. Од колку до колку пари се движат картите?
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
И јас би сакал на Хунгароринг. Бидејќи е најблиску. Од колку до колку пари се движат картите?
Барем у денешно време овие работи е лесно да се дознаат. https://tickets.formula1.com/en/3277-hungary-fom/
Своевремено со 30 марки се проаѓаше тој дел. Мислам и дека се потплаќаа тие. Унгарија е позната по корупција воопшто, така и проаѓаат нашиве обоени преку Хоргош во ЕУ со 20 евра у џеб, од кои 10 се за полицаецот.
Финтата е што сега имаш Виз Ер, па може нешто друго да искомбинираш. До Унгарија ќе треба со бус или со кола да идеш, а пак се тоа некои 10-тина саати пат (посебно со бус, може и повеќе).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom