Присилна наплата на МРТВ

  • Креатор на темата Princ
  • Време на започнување
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
Ова е вон топик, но се однесува на веродостојниот извор А1 :toe:
Ако го бришете, океј, нема проблем од моја страна но...

А1 баш и не е којзнае колку повикана за кажување на финансиска состојба пошто финансиската состојба на А1 која ја плаќаше државата, буџетот на РМ, ние...ради манипулациите на нивниот газда со одредени производи и активности е многу голема и е типичен криминал без преседан во историјата на нашите медиуми. Приватна тв се издржува со државни пари.
Со ова не ги негирам средствата кои МТВ ги зема, но ако погледнеме колку другите тв земаат, а без законски основ-односно против законот... нека ќути А1 нек се покрие...

Но оваа состојба им одговара и на приватните медиуми така да ретко негде ќе се спомене нешто подлабока анализа на овие состојби со нерегулирани обврски во оваа сфера. Посебно нерегулирани 3 години наназад за одеднаш да дојдат во преден план во нашето радиодифузно секојдневие-и притоа да се кршат копја и пишуваат колумни.
Субјективизам аген господа, од сите медиуми.

А каде се овде затворањата на тв од типот Шутел, Бтр...со нивните пиратски копии од филмови? Или само кабелските се гусарски настроени? Па ондак треба Советот да се самоказни оти трпел 3 години за овие канали, што е и од нив вонзаконски ...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
Денес многу мака ми задавате со оф-топици и скоро оф-топици :)

ОК, имаш нешто оклу МТВ, нек помине. Некако се префрливме од финансирањето на МТВ кон субјективизмот на медиумите. Да ве потсетам, ова влета во муабет затоа што повеќето сме со став дека МТВ како и приватните телевизии си има газда за кој работи. Па би било добро газдата да си ја плаќа, а не ние.

Значи главна преокупација е финансирањето: како МТВ да се финансира.

Приватните телевизии не не интересираат затоа што не ни бараат пари, па нека си продолжат да информираат како што мислат. Предмет на темава е финансирањето на МТВ: со претплата, или друго чаре?
 
P

Princ

Гостин
Не вика А1, викаат од АПЕМ (Асоцијацијата на приватни електронски медиуми). А1 само ја пренесува веста.
Истата вест на неколку места ја најдов
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=42DB9B4796728F458AADE88E7862A5B3&arc=1 (Дневник)
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=E11E35D31C7AA14F862093EE148D39E5 (Вечер)
....
и ме мрзеше натаму да срчам за тебе. Ти реков, читај :)))
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
Во ред, прво се извинувам за фаќањето кривини при постирањето. :smir:
Предмет на темава е финансирањето на МТВ: со претплата, или друго чаре?
- За темата кратко и јасно-односот цена квалитет иде против претплата според мене.
- Од друга страна преносот на МТВ го вршат кабелските оператори-значи тоа би требало да е во склоп на претплатата за кабелска тв.
- Трето, фирмите плаќаат навистина големи пари, според заостанати критериуми.

Но дали сум за или против, ако сакаат ќе изнајдат решение да ја финансираат и само од буџетот-преку зголемени давачки (нешто како зголемениот ддв сега во Хрватска). Така да,...џабе се бунам :toe:

Ваљда сега ја погодив темата, овојпат одолеав да се расприкажам за постот од Принц :smir: (оти знам поприлично и да забегам) :)
 
P

Princ

Гостин
со претплата, или друго чаре?
Методот е горе-долу ирелевантен бидејќи посекако наши пари одат. Дали со претплата, или директно шприцање на доза од буџет... мои и твои пари одат. А не е ни тоа предмет на тема :)
Муабетот е зошто МРТВ сака присилно да ни наплаќа. Дали и они виделе дека не можат да ни понудат услуга за тие пари, па сега присилно ќе наплаќаат?
Ако ти барам 20 денари за кило компири, во ред е. Барам надомест за услугата.
Ама ако ти барам 20 денари за кејф и дека ми се може или ќе те избоксам, јас сум насилник. А на насилниците сите знаеме кај им е место. Ново крило во идризово, 180 нови легла.

ако сакаат ќе изнајдат решение да ја финансираат и само од буџетот-преку зголемени давачки (нешто како зголемениот ддв сега во Хрватска).
Не е проблем и преку директна претплата. Океј, ќе има луѓе што и така нема да плаќаат, нив ги има во секоја услуга. Гагаџии. Ама најголемиот дел ќе плаќаат поради услугата што ја добиваат. Е тука лежи зајакот. МРТВ, бидејќи 20 години цица наши пари а не работи ништо, време е да ни даде нешто па да продолжи да цица. Населението едноставно е револтирано и луто на нив. Гарантирам, се додека не нудат вредност за тие пари што ги бараат (а бараат многу... 130 (денари месечно) * 500.000 (претплатници) = 65.000.000 денари месечно) никој нема денар да им даде. Тоа во евра е милион и 60 илјади евра (месечно човече!!!!). Никој (или ретко кој) нема да им даде ниту еден денар, верувај. Толку работи преживеавме, толку пердашења... нема никој да дозволи уште една.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
Но дали сум за или против, ако сакаат ќе изнајдат решение да ја финансираат и само од буџетот-преку зголемени давачки (нешто како зголемениот ддв сега во Хрватска). Така да,...џабе се бунам :toe:
Методот е горе-долу ирелевантен бидејќи посекако наши пари одат. Дали со претплата, или директно шприцање на доза од буџет... мои и твои пари одат. А не е ни тоа предмет на тема :)
И јас го спомнав ова еднаш-два пати. Нека ја платат од буџет, нека не закрпат за нешто само да не знаеме. Секако се наши пари.

А темава може треба да ја преименуваме од Присилна наплата во нешто како Финансирање на МТВ или слично, зошто за присилната наплата нема што да кажеме освен две работи:

1. Нека си пробаат :pishtoldz
2. :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:

Иначе јас од моја страна си кажав и зошто не плаќам: не сакам некој да ме дезинформира и при тоа да ми наплаќа за тоа. За кој работат, нека ги плаќа.

Во секој случај, кога би постигнале договор да не не информираат (барем за домашни настани), и да се фокусираат на продукција, зошто да не им платам. Тогаш барем ќе знам дека телевизијата е на сите нас, и ќе знам зошто ми се трошат парите.
 

haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.250
Поени од реакции
1.562
МРТВ опремата од турско време :pos2:
 
Член од
14 јануари 2009
Мислења
359
Поени од реакции
21
На МТВ им дадов шанса во 2007-ма. Добро почнаа. Од кога им исклучија телефон и интернет наредната година по кој знае кој пат пак отидоа надолу.

Сега што да видам. Одам на прва програма, реклами на владата за извештаи како службен весник да се. Во исто време, веднаш потоа вртам на третиот канал, каде што на рандом ги вртат сите реклами направени од владата од праисторија па до денес.

Абе ова некој од надвор да го види, сеири ќе фаќа огромни.
Го заборави и вториот. Јас секогаш кога ќе го свртам тој канал, или гледам емисии превземени од албански и косовски телевизии, или пак емисии на јазиците кои ги говори население под 20 проценти а се снимени со најпримитивна можна техника.

Се на се, распределбата на програмски содржини по каналите е ужасна. Треба таа распределба да ја направат како што е на ХТВ, емисиите со посериозен карактер (политички, дебатни, образовни, документарни) да одат во првиот, забавните емисии (серии, играни филмови, програма за деца, музички емисии) да одат на вториот, емисиите на малцински јазици да се вратат на третиот, а владата и собранието да си основаат свои емисии во кои ќе ги пренесуваат сите свои активности и ќе ги емитуваат рекламите, огласите колку што сакаат.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Го заборави и вториот. Јас секогаш кога ќе го свртам тој канал, или гледам емисии превземени од албански и косовски телевизии, или пак емисии на јазиците кои ги говори население под 20 проценти а се снимени со најпримитивна можна техника.

Се на се, распределбата на програмски содржини по каналите е ужасна. Треба таа распределба да ја направат како што е на ХТВ, емисиите со посериозен карактер (политички, дебатни, образовни, документарни) да одат во првиот, забавните емисии (серии, играни филмови, програма за деца, музички емисии) да одат на вториот, емисиите на малцински јазици да се вратат на третиот, а владата и собранието да си основаат свои емисии во кои ќе ги пренесуваат сите свои активности и ќе ги емитуваат рекламите, огласите колку што сакаат.
Ако првиот канал е ужасно катастрофален, вториот канал е само катастрофален.
Таму барем нешто од нешто се трудат да направат, иако техниката е мизерна и за двата канали.

Кога на МТВ им беше забранет пристап во најдоброто можно опремено студио таму ТМЕ, МТВ 2 го откупија (или така нешто) и правеа шоу пред натпреварите од ЛШ. Во исто време, на првиот ни јаден канал, 5-6 фудбалски судии од пред Втора светска војна се собрале и прават кафански муабет.


Малку оф-топик, што се однесува до ХРТ, таму исто состојбата не е баш најарна. Катастрофалното раководство си дозволи да го изгуби СП-то во ракомет што се одржуваше во Хрватска, половина од натпреварите во ЛШ, а исто прави и премногу комерцијални содржини.

Ама сеуште го држи приматот бидејќи другите јавни сервиси се мање-више катастрофа. РТС почнаа да се опремуваат подобро, па што се знае, можеби и ќе ги надминат ХРТ наскоро. Башка РТС отвори HD канал пред ХРТ.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
Гарантирам, се додека не нудат вредност за тие пари што ги бараат (а бараат многу... 130 (денари месечно) * 500.000 (претплатници) = 65.000.000 денари месечно) никој нема денар да им даде. Тоа во евра е милион и 60 илјади евра (месечно човече!!!!). Никој (или ретко кој) нема да им даде ниту еден денар, верувај. Толку работи преживеавме, толку пердашења... нема никој да дозволи уште една.
Башка од фирмите, околу 90 и нешто иљади (околу 100 илјади) активни фирми-мислам дека и тоа стои во законот, а од некои (според одреден број вработени) по неколку претплати...тоа се плус пари за во каса. Пута 12...месеци.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
На фирмите им пресудија од одма, преку трансакциски сметки...
Ааа, значи излегуваат од игра со присилна наплата, односно од темава, в ред :smir:

Но, тоа може да го направат и со нашите трансакциони сметки и тоа многу лесно.


Оф.
Новинарке, си преминала квота на приватни пораки (оваа грешка се јави ко те цитирав)
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Пред петнаесеттина минути вртам канали и пуштив МТВ 3. Налетав на... погодете што.
И викам, ајде да видам што се ќе дадат дур почнат вестите во 5.
Извештаи за преведени 32 книги од стручна литература... реклами за израмнети даноци и фискални сметки... нешто од Министерство за транспорт и врски со наведување на некои икс адреси од Аеродром... и тоа не е се. Само што почна истото да се дава и на МТВ 1.

Пуштете ги сега програмите на МТВ... и уживајте. :tv:

П.С. Пред 5 минути почнаа со набројување на 32-те дотични книги, и уште трае истото. :pop:
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.766
Поени од реакции
1.460
Напишано од Princ:

И сега, во стил на миле паника: "Знамето го продадовте... Дека се парите?!?!". Или ги потрошија по тоа курвите пред зграда штом им стојат?
Ете гледаш ли колку си субјективен, тоа го кажаа Блажо и Цацко, ц ц ц ц ц ц ц ц
Објективност да се немало бе...... Ке ги убијам у пич....

(хахаха)

Напишано од Новинарка:

.....тоа не е фенси...
:drk: :drk: :drk: :drk: :drk: :drk: :drk: :drk: :drk: :drk: :drk:


Јас предлагам значи:


1. РЕШЕНИЕ БРОЈ ЕДЕН:

- Ја продаваат пола и повеке зграда
- Ја продаваат застарената опрема
- Ги одпуштаат 50-80% од вработените (мора така, пошто џабе се таму, исто како мене и тебе некој да не храни а ние да си пуфаме по цел ден)
- Со парите од продажбата купуваат нова опрема и квалитетни ТВ содржини

РЕЗУЛТАТ:
Новите квалитетни содржини ке ја зголемат гледаноста, а со тоа ке се соберат фирми за рекламирање, и ете ти профит. КРАТКО И ЈАСНО.
Плус рачунај сеуште ке пијат пари од државниот буџет.


2. РЕШЕНИЕ БРОЈ ДВА (што мене многу повеке ми се бендисува)

- Собираме сите пари за багери
- Ја уриваме зградата, ја правиме пепел
- Ја палиме, чекаме да изгори
- Зачистуваме малку
- Фрламе плац
- Правиме игралиште за кошарка

РЕЗУЛТАТ: Повеке спорт за младите. :toe:
 
Член од
9 октомври 2008
Мислења
186
Поени од реакции
3
мк

abe ve slusam i se cudam sto zboruvte i kosa mi se kreva na glava i mi idi ne da begam vo druga drzava nego na maras.I zato makedonija propadna i ke propadne i uste podlaboko od luge kako vas.

kako prvo drzava bez javen servis ne e drzava isto kako da nema policija vlada i itn.
kako vtro ne moze da zamislite kolku e znacaen javniot servis za edna drzava.\
a dali ste snle deka dobar javen servi e eden od uslovite za vlez vo eu ili ne ste znele.

kako treto radiodifuzna takasa treba da se placa i segde se placa pa i bbc i rai zemat radiodifuzna taksa i ako idat pari i od budzet. i ako moze ima nekoja drzva kaj sto ne se placa ali vo 90posto drzavi se placa.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom