Природни Непогоди во Македонија и Светот

Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
Инспириран сум да ја отворам оваа тема бидејки денес е една година од невремето што го погоди нашиот главен град Скопје, во кој загинаа 22 лица. Дали тоа невреме од такви размери можеше да се предвиде навреме бидејки кажаа дека таква катастрофа не е можно да се предвиде со ``ваква-таква`` технологија, еве сега сме сведоци и на една голема суша и жега наречена ``Луцифер`` што најмногу ја погоди јужна Европа и ги зеде првите жртви, појавувања на торнада во Србија, паѓање на град во ненормални количини во Хрватска и Шпанија како што велат најстарите такво нешто ниту виделе ниту чуле... Невремето во Халкидики беше исто така од голем обем, потоа следеше невремето во Истанбул, пред некоја година имаше дури и тропски циклон во Македонија дојден од Атлантикот наречен ``Клара``, најпрвин ја погоди нормално З.Европа (пред ова невреме и потоа имаше други но во помал обем од тропски во``Вонтропски Супер Циклони`` што најмногу ја погодија Македонија и Србија, во србија и Македонија еден што донесе најмногу дожд од сите беше Циклонот (Вонтропски) ``Тамара``)... Некои велат дека невремето во Скопје можело да се предвиде а и воедно поединци дале предупредување за бурата, потоа во Септември следни беа и Земјотресите во Македонија и годинава... Јануарскиот поларен студ со екстремно ниски температури, еве ова лето како и минатото со екстремно високи температури во Македонија и Светот...Пред Скопскиот Земјотрес, снегот што паѓал ако не грешам 105 дена без престан, речиси секојдневните ерупции на вулканот Етна на Сицилија оваа година пред неколку месеци и сл... За предвидување на Земјотреси многу многу не ми е верно сега за сега, понатаму можеби ке ``најдат`` некој начин за да се знае дали ке се случи или не. Топењето на глечерите на Арктикот и Антарктикот, на што се должи, дали е т.н. Глобално затоплување, или појавата на алги во водата (што ја прават водата потемна, потемната боја привлекува повеќе топлина и светлина и предизвикува топење на мразот), со топењето на мразот нормално дека ке се ослободат оние древни микроорганизми (бактерии и вируси) бактериите што се во мразот заробени неколку илјадници години и живеат во анаеробни услови поради густината на мразот по ослободувањето можат да предизвикат локални епидемии или во голем случај Пандемија... Или со самото зголемување на нивото на светските океани и мориња следи и поплавување на приморските градови. И го заборавив она паѓањето на снег во Сахара.
Еве што мислете вие, дали може да се предвидат некои катастрофи од горе споменатите и други ненабројани, дали ние и светот имаме таква технологија и опрема за прогнози, дали може да се превземат некои мерки за спречување и давање информации навреме што ке се случува во следниот ден, на што се должат овие непогоди, дали зачестените појави на суши,бури и други необични метеоролошки појави за места и држави што никогаш не се случиле а денес се случуваат можат да бидат предизвикани од современиот живот на луѓето...? Ајде дајте по некој одговор да ми биде јасно како ден на мене и на некој друг ако го интересираат вакви разговори:)
До администраторите, ако веќе има ваква тема (јас барав ама не најдов) слободно во канта.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Дали може?
Можда.
Дали некоја организација ќе се нафати да истражи и најде решение?
Не без ресорси бидејќи секоја организација макар и за заштита на човечкиот живот и да е нон-профит пак се врти околу пари и и треба финансирање.
Така да почни од таму, логистички дали е изводливо вакво истражување.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Можат да се предвидат некои катастрофи, јачината на циклонот, поплави, но НЕ е возможно да се превземат мерки за заштита за толку кратко време. Причини има многу а најголемата причина е што на некои места има такви градби каде што нема простор за одбрана.
РХМЗ секојдневно дава извештај за состојбите на водите, дава параметри, анализи....но на евентуални последици од временски услови требаат да мислат надлежните и благовремено да мислат и да ги спроведат во градба одбранбените линии, насипи, да се чистат речни корита идр.
Незнам дали од последната поплава минатата година нешто е санирано, реконструирано, но се си мислам, познавајќи го нашиот менталитет а тоа е дека чекаме јајцето на газот да ни дојде, се така си стои.
Потребен е стручен тим во државава обучен за поплави, пожари, брза интервениција, материјали, опрема, машини..идр.....а што имаме ние од тоа???
Значи вината за некои катастрофи е до нас, не е се во божји раце.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
Можат да се предвидат некои катастрофи, јачината на циклонот, поплави, но НЕ е возможно да се превземат мерки за заштита за толку кратко време. Причини има многу а најголемата причина е што на некои места има такви градби каде што нема простор за одбрана.
РХМЗ секојдневно дава извештај за состојбите на водите, дава параметри, анализи....но на евентуални последици од временски услови требаат да мислат надлежните и благовремено да мислат и да ги спроведат во градба одбранбените линии, насипи, да се чистат речни корита идр.
Незнам дали од последната поплава минатата година нешто е санирано, реконструирано, но се си мислам, познавајќи го нашиот менталитет а тоа е дека чекаме јајцето на газот да ни дојде, се така си стои.
Потребен е стручен тим во државава обучен за поплави, пожари, брза интервениција, материјали, опрема, машини..идр.....а што имаме ние од тоа???
Значи вината за некои катастрофи е до нас, не е се во божји раце.
Значи овие по скопското невреме ако сте приметиле штом ќе видат некое мало облаче веднаш дигаат паника ``Седете дома/немој никаде да патувате/ попладне/навечер се спрема големо невреме/ попладнево Македонија ке ја зафати силен дожд и ветер и сл`` и човек си мисли дека ке се случува апокалипса надвор, напротив надвор сонце пекол. Сега напротив од ова, детелината сите ја окосија пред еден месец некаде кажаа дека наредниот ден нема да има ништо (чисто сонце) но ете за главоболка имаше краток умерен дожд и толкуу, а облакот дојде од соседна Бугарија и помина низ Централна Македонија... А за каналите треба да си се исчистат, исто и речните корита што се полни со шавор/трски и ја спречуват водата да тече во нормални услови, истотака ова нас не ни е баш нај нај но на комарците е перфектно место за поминување на денот и размножување а и од тука потекнуваат многу болести и штетници. Она сечење (диво) на шумски појаси и шумите истотака влијае негативно во земјоделието, оние појаси што се меѓу нивите служат за спречување на сувите и студени ветришта што влијаат штетно врз растенијата, исто така предизвикува ерозија на почвата со нивно уништување и сл... Ако не можат ништо да направат еве како во Јапонија, Мексико и сите други држави што дека има екстремни временски појави (торнада,урагани или тајфуни на источниот брег) ги известуваат луѓето за да се евакулираат, а тоа си е друго Македонија што нема таква опрема, не ја споредувам со светските сили туку само зборуваме дали може или ќе може во иднина да се предвидуваат овие работи и на што се должат, немора да е само човекот земен за резултат. И доколку се исчистат каналите за против поплави, сигурно ке бидат повторно заполнети со ѓубре и др, затоа ако се може да се направе во тие места некоја локална депонија, нека оградат со мрежа одредена површина за таму да биде депонија за ѓубре а не да ги претвараат каналите во депонии.StatusQuО имаше многу добар пост! За се си требаат пари така си е.(y) Така да мислам дека светот ќе има голема потреба за вода и храна за некоја деценија ако биде се вака, а америте испаднаа од оној светски климатски договор...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom