Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.084
Поени од реакции
8.218
И пак не ви ја разбрав поентата , уствaри што имате против протестиве не ми одговоривте ?
*за сличен случај гореше атина а вие се буните за мирни протести ...ебате демократите.
Јас не се бунам против протестите. Воопшто. Само кажувам дека нема да се придружам, зошто сеуште не сум одлучила дали вреди да протестирам против цела полиција, кога знам дека е тоа погрешно?
Би протестирала ако овој еден полицаец заедно со своите соучесници биде помилуван или добие казна за убиство од небрежност, или некаква друга т.н. казна, ако не го казнат максимално. Тогаш ќе протестирам. Но не и против цела полиција, против сите полицајци, кои секојдневно се борат и умираат за да не заштитат нас. Тоа е погрешно, и не сакам тоа да го поддржувам. А ако протестите се само за овој индивидуален случај, и против одредени личности, а не глобално против полицијата, ќе се приклучам и ќе донесам луѓе со мене.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
16.989
Поени од реакции
14.732
Не влегува во политичка бруталност, туку во бруталност на полицаец или група полицајци, евентуално бруталност на одредена полициска единица.
Грешка во пишување, мислев на полициска.

И можеш на ова да ми вратиш, а на тоа што те прашав не :)

Ај, само да ти кажам и јас еден случај, гледам дека си запнала дека е ова изолиран случај и покрај тоа што постои гугл и можеш многу лесно да го искористиш.

После полуматура(значи 14-15 години), утрото околу 7-8 саат поради тоа што се собравме 10тина полуматуранти и седевме во школски и како деца нешто галамевме(не напаѓавме никој, не кршевме, никакво нарушување) и чистачките(најверојатно) викнаа полиција од локалната полициска станица. Откако полицаецот не построи, 2-3ца другар почна да ги шутира, значи се работи за 14-15 години деца што не направиле ништо. Ова е еден случај, можеш вакви 1001 да најдеш, не дека ова било убер брутално, затоа и не го спомнав до сега, само колку да ти доловам да не спиеш на тоа уше дека е ова изолиран случај па затоа не си гледала потреба за да се казни цела полиција, или откази да се делат и реформирање. Ова е случај само што ја прели чашата кај народот. Ова е случај што не треба да се заборави а кој лесно можеше да биде заборавен.

Не планирам понатака да дискутирам, очигледно си имаш свое мислење како и викторче што не напушти.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.668
Поени од реакции
21.221
Јас не се бунам против протестите. Воопшто. Само кажувам дека нема да се придружам, зошто сеуште не сум одлучила дали вреди да протестирам против цела полиција, кога знам дека е тоа погрешно?
Би протестирала ако овој еден полицаец заедно со своите соучесници биде помилуван или добие казна за убиство од небрежност, или некаква друга т.н. казна, ако не го казнат максимално. Тогаш ќе протестирам. Но не и против цела полиција, против сите полицајци, кои секојдневно се борат и умираат за да не заштитат нас. Тоа е погрешно, и не сакам тоа да го поддржувам. А ако протестите се само за овој индивидуален случај, и против одредени личности, а не глобално против полицијата, ќе се приклучам и ќе донесам луѓе со мене.
Добро, ај ќе пробам да зборам поспоро. Не е можно вака али пробај да ме читаш со поспоро темпо.

Се бунтуваме протiв сите можни насилства кои полицијата ги направила. А такви секој може да наброи барем 5 каде што се вмешани луѓе од нивниот најблизок круг. Се бутнува против шерифувањето на припадниците на полицијата, каде што на улица се и полицајци и судии и они решаваат. Добро ќе беше да беше само овој случај - повеќе се. А ако се повеќе - имаме легитимно право да ги обвиниме сите, зашто веќе не се работи за индивидуа туку за групен проблем.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.084
Поени од реакции
8.218
Бенеамата, познати ми се такви случаеви и би протестирала против нив, но сепак, што правиме со откривањето на трговија со луѓе, патишта на дрога, шверц на цигари, трговија со органи? Кој ги откри? Кој ги уапси?
Дали треба да протестирам и против овие луѓе, што открија групи кои го загрозуваа нашиот живот? Како знаеш дека не ти го спасиле токму тебе животот, ти да не бидеш следниот чии органи ќе се продадат? Како си сигурен дека твојата другарка/братучедка за малку не била следната што ќе биде продадена како бело робје?
Како граѓанин на оваа земја, многу нормално дека не поддржувам било какво насилство, посебно не полициско. Но не можам да поддржам протест кој се одржува против целата полиција. Јас ја гледам чашата половина полна, а не половина празна. Јас се надевам дека со овие протести ќе докажете дека треба реформи во полицијата и дека добро ќе се преиспита кој се работи таму.

Дарк Кинг, тоа е добро, но прочитај што напишав погоре.
--- надополнето: Jun 8, 2011 1:27 AM ---
добро не буни , друг збор - противи , не подржува. А кој се противи мислам иосоно дека процени досега .
Не поддржување, не е исто што и противење.
 
Член од
18 февруари 2009
Мислења
4
Поени од реакции
10
Не сум актвен на форумов, не сум прочитал што сте збореле, сакам да ве известам дека дечкото ми беше комшија и денес во цело Козле имаше полиција. Тоа што се зборело дека владини луѓе бореле со семејството со намера да ги заќутат е вистина. Срамно е од секој можен аспект ова дело од страна на власта. Не сакам да го политизирам случајов, затоа што не му е место.

Од реална гледна точка, има политика во делот дека таа им ја дава силата на сите горили кои се на своите места во органите за безбедност. Јавна тајна е кои се и што се главните луѓе во државава. Ама битно е да се остане точно на случајов.

Јас лично би сакал да ги видам одговорните како зборуваат за случајот, затоа што очигледно никој не сака да се засрами на телевизија за ова. Сакам да дознаам, ако како што велат убиецот бил таму приватно, а не бил, зашто колегите не го сопреле, зашто се одлучил за таков настап и сите ситници кои би го задоволиле вниманието на сите нас. Би сакал да слушна точни информации од сите. И ќе бидам гневен додека тоа не се случи.

Одговорноста ја има секој оној кој е дел од хиерархискиот триаголник на овој огран на државата, не на власта (иако е клучен дел), на државата. Како и секој човек, сметам дека и Јанкуловска има морал, па затоа сакам да чујам како поднесува морална оставка, како и во секоја нормална држава. Ако тоа не се случи тогаш џабе зборувам, затоа што низа настани се случија пред овој за кој што само се излегува и се коментира. Многу педерски одиграно и секоја чест на душата на тие луѓе, не дека се директно криви, баш затоа што не се. Како викаат, капетанот останува во бродот што тоне последен. Затоа се викаат одговорни.

Треба како човек, како битие да се згрози секој од овој настан, не од позадината на случајот, каква и да е, туку од самиот ебан настан во кој што некој што треба да не штити од убиства, убива човек што наводно украл пиво од шанк.

До следниот , пред да умреш, остави белег и дојди на протест.
Ова не треба да се етикетира политички и да не дојдат оние кои гласале за ВМРО или СДСМ, туку оние на кој им е мил животот.
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.937
Поени од реакции
12.541
Тука (во Барселона) се протестира со отварање шатори, закачување пароли на плоштадот и собирање потписи за подршка. Сосема мирно и цивилизирано и нивните протести траат со месеци. Додека ние ке се собереме 2 - 3 часа ке се дереме како орангунтани низ цел град, ке сопреме сообраќај и ке си одиме дома. Полицијата ги тепа каталонците бидејќи нивните протести постигнуваат нешто, менуваат закони па дури и влади, е затоа јадат ќутек, а не зашто некоја си специјална единица таму рандом тепа население.
Е затоа мешаш баби и жаби, прошетај малце низ светот па потоа споредувај ситуации со нас..
http://www.youtube.com/watch?v=tJGfybI5Sds
Да, навистина помирни протести не сум видела, седат во шатори,со цветчиња во косите , собираат потписи и пеат хипи песни.Дечко не да мешаш баби и жаби,туку работава е сакам кажам-не знам речам.Сепак мислам дека поентата беше да се пофалиш дека си бил во Барселона,бидејќи не кажа ништо што е релевантно на темава.И воопшто не знам како можеш да ги споредуваш ситуацијата во Барселона, каде демонстрантите буткаат и палат контејнери и полициски возила и напаѓаат полицајци и случајот со дечково.Ама гајле ти е ,битно си кажа дека си бил во Шпанија
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.296
Поени од реакции
5.968
Бенеамата, познати ми се такви случаеви и би протестирала против нив, но сепак, што правиме со откривањето на трговија со луѓе, патишта на дрога, шверц на цигари, трговија со органи? Кој ги откри? Кој ги уапси?
Дали треба да протестирам и против овие луѓе, што открија групи кои го загрозуваа нашиот живот? Како знаеш дека не ти го спасиле токму тебе животот, ти да не бидеш следниот чии органи ќе се продадат? Како си сигурен дека твојата другарка/братучедка за малку не била следната што ќе биде продадена како бело робје?
Како граѓанин на оваа земја, многу нормално дека не поддржувам било какво насилство, посебно не полициско. Но не можам да поддржам протест кој се одржува против целата полиција. Јас ја гледам чашата половина полна, а не половина празна. Јас се надевам дека со овие протести ќе докажете дека треба реформи во полицијата и дека добро ќе се преиспита кој се работи таму.

Дарк Кинг, тоа е добро, но прочитај што напишав погоре.
--- надополнето: Jun 8, 2011 1:27 AM ---

Не поддржување, не е исто што и противење.
тоа им е работа нив , за тоа земаат тие плата , како што адвокатот зема плата да брани некого,како што шоферот зема плата сигурно да пренесе патници од едно до друго место,како што предходно споменатиот пожарникар треба да гаси пожар а не да пали згради ,куќи итнт.
--- надополнето: Jun 8, 2011 1:34 AM ---

тоа и не убива нас со години ,нашата пасивност ,пасивност по секое прашање кое влијае врз нас.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.084
Поени од реакции
8.218
тоа им е работа нив , за тоа земаат тие плата , како што адвокатот зема плата да брани некого,како што шоферот зема плата сигурно да пренесе патници од едно до друго место,како што предходно споменатиот пожарникар треба да гаси пожар а не да пали згради ,куќи итнт.
--- надополнето: Jun 8, 2011 1:34 AM ---

тоа и не убива нас со години ,нашата пасивност ,пасивност по секое прашање кое влијае врз нас.
Јас не сум воопшто пасивен граѓанин верувај ми. Јас не можам да зборувам за мојата комшика или за тебе, затоа зборувам за себе и себе си се земам за пример. Дури, мојата општествена активност беше осудена од многу членови тука. Мојата борба за најзагрозените беше ,,тепање на време,, и ,,никој нема да те земе,,. Не сум пасивна и не се правам слепа за нешто што го гледам. Но на мојата вага, еднакво тежи од една страна, добро сработеното на полицијата, и од друга страна, она што не и е дозволено.
Затоа и кажав, не можам да одлучам да протестирам сеуште, се додека не дадат олеснителна околност за овој убиец. Е тогаш, ќе тежи повеќе таа лошата страна.

Но никако не се обидов вас да ве спречам. Ниту да ве одвратам од помислата.

За моите каузи и цели (како што е за мене најважно, хуманиот третман на животните во РМ) не само што не бевме поддржани масовно, туку и бевме одвраќани не од полицијата, туку од граѓаните. И ние протестиравме, за нашите неполитички каузи. Но, за некого тоа не беше доволно и си остана дома. За мене не е доволно ова што се случи, за да ја плукам целата полиција. Колку и да се вели дека не е политизиран настанот, Е, и затоа, меѓу другото, не го поддржувам.
 
Поубаво склопено не може. Сите мислам дека се за да се исчисти стоката од луѓе на кои им е свесно им е дадена сила, од хероите и идните херои во полицијата итн. Смешно е да се фаќаат забелешки на главната цел, некој да одговара за нешто во ебанава држава. Преку такво веќе. Ако може да те застанат за не носење појас и да ти пишат казна, како може некој што војник на одговорните лица, да прави што сака и да му го чистат образот свесно и притоа самите да се кријат и да не сакаат да си одат од своите фотељи. Тоа дете повеќе нема да го гледам во маало и ако не се смени нешто, сакам да стане голема работава, сакам да бидам сигурен во иднина кога шетам, а не да се плашам на која горила ќе налетам денеска и да се молам да станал на десна нога. Нема оправдување.
--- надополнето: Jun 8, 2011 1:47 AM ---

Се читаш ли што пишуваш? Таа е тука само за да прави добро, тебе не ти е баждарена вагата изгледа.
 
Ова е веќе врв...Значи ако еден полицаец спасил нечиј живот, исто така има право да одземе нечиј живот,бидејќи според тебе двете работи исто тежат на вагата???ОМГ
И за второто болдирано,ти си протестирала за хуман третман на животните,ама не мислиш дека треба да се протестира зашто некое горило претепало до смрт 23 годишно момче??
Јас ги сакам животните и се залагам за хуман третман, ама ти дефинитивно треба да си ги преиспиташ приоритетите
 
Член од
28 октомври 2008
Мислења
15
Поени од реакции
9
Јас не реков ништо освен дека видов повеќе видеа во кои дечкиве претрпеа многу ќотек иако протестираа ненасилно. Сакаш да кажеш дека не се случи тоа или што?

За среќа сум излегол од вилаетов наш па сум бил и до Барселона, иако рака на срце одамна. Знам дека е светлосни години пред нас нема споредба.

Поентата е дека не сме ни прва ни последна држава во која се случува полициска бруталност, покрај овој случај неодамна беше и протестот на студентите во Лондон кои полицијата ги акаше од земја.

За мене тоа е аналогно на луѓево кои сега излегуваат на протест, да изедат тон ќотек.

А ти што не сум во право слободно појасни ми, тука сум читам.
Не го прочитав овој пост и морам да ти се извинам бидејќи лошо те проценив и претерав малце повеќе со мојте постови.

Очигледно ти си разумен човек и затоа ти се извинувам, да беше некој едностран-црно-или-бело-неадреталец како што се повеќето македонци нажалост воопшто немаше да се замарам да го пишувам ова во 04:00 наутро.

Мојата поента веќе беше кажана, се работи за сосема различни инциденти, во едниот полицијата нема никогаш да одговара за своите постапки, во другата е обврзана со закон да одговара.

Јас одам на протести уште од 16 години, нажалост повеќето од тие протести досега биле партиско индуцирани но тоа е сосема друга тема.

Дали треба да се протестира? Мое мислење е да, но не на класичниот македонски начин доколку сакаме да смениме нешто.

Заклучувајќи од минати слични инциденти мое мислење е дека оваа цела ситуација ке се заташка и заборави. Опозицијата како мршојад ке се обиде да ја искористи целава ситуација во нивна полза и затоа мораме да бидеме внимателни што конкретно сакаме да постигнеме со протестот т.е. да останеме на суштината/темата и да не дозволиме ниедна партија да не искористи во нивна полза.

Дали сега сме на иста френфекција?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.084
Поени од реакции
8.218
Ова е веќе врв...Значи ако еден полицаец спасил нечиј живот, исто така има право да одземе нечиј живот,бидејќи според тебе двете работи исто тежат на вагата???ОМГ
И за второто болдирано,ти си протестирала за хуман третман на животните,ама не мислиш дека треба да се протестира зашто некое горило претепало до смрт 23 годишно момче??
Јас ги сакам животните и се залагам за хуман третман, ама ти дефинитивно треба да си ги преиспиташ приоритетите
Дали намерно повторно е извртено моето мислење? Каде спомнав дека добил право да го убие? Дали имаш сериозни психички проблеми? Дали добро го познаваш македонскиот јазик?

Не, нема право да одземе никој ничиј живот, и тоа го кажав 1000 пати Мачорке. Ама кој да прочита, нели?
Кажав дека нема да протестирам и против ОНИЕ ПОЛИЦАЈЦИ КОИ СПАСУВААТ ЖИВОТИ А ВАШИОТ ПРОТЕСТИ ГИ ОПФАЌА И НИВ. МОЈАТА ЕТИКА МИ ЗАБРАНУВА ДА ГИ СТАВАМ ВО ИСТ КОШ СИТЕ И ДА ПРОТЕСТИРАМ ПРОТИВ СИТЕ. ЌЕ ПРОТЕСТИРАМ КОГА ЌЕ ДОБИЕ УБИЕЦОТ ОЛЕСНУВАЧКА КАЗНА.

Мене ми се приоритет социјалните случаеви, насилството во семејството и правата на животните.
Тоа ми е приоритет, за тоа протестирам и за тоа имам конечно мислење и став.
Дека социјалната служба кај нас не функционира, погрешен министер, погрешни кадри. Мислам дека ЈП КХС работи лошо, дека Коце е лош градоначалник, дека Вардариште работи погрешно.
Против тоа се борам.

Ќе се борам и против било каква олеснителна околност за тигаров и неговите соучесници.
И мислам дека потенцирав дека ќе протестирам против горилата која го убила Мартин, ама против горилата и нејзините соучесници, а не и према цело МВР.
--- надополнето: Jun 8, 2011 2:10 AM ---
Поубаво склопено не може. Сите мислам дека се за да се исчисти стоката од луѓе на кои им е свесно им е дадена сила, од хероите и идните херои во полицијата итн. Смешно е да се фаќаат забелешки на главната цел, некој да одговара за нешто во ебанава држава. Преку такво веќе. Ако може да те застанат за не носење појас и да ти пишат казна, како може некој што војник на одговорните лица, да прави што сака и да му го чистат образот свесно и притоа самите да се кријат и да не сакаат да си одат од своите фотељи. Тоа дете повеќе нема да го гледам во маало и ако не се смени нешто, сакам да стане голема работава, сакам да бидам сигурен во иднина кога шетам, а не да се плашам на која горила ќе налетам денеска и да се молам да станал на десна нога. Нема оправдување.
--- надополнето: Jun 8, 2011 1:47 AM ---

Се читаш ли што пишуваш? Таа е тука само за да прави добро, тебе не ти е баждарена вагата изгледа.
Да, и токму поради тие полицајци КОИ ПРАВАТ ДОБРО, нема да протестирам. Нема да протестирам против полицијата глобално, можам само против одредени групи. Полицијата глобално ја почитувам.
 
Член од
16 февруари 2008
Мислења
225
Поени од реакции
78
Едно прашање чисто информативно(не провоцирам никој)...зошто всушност се протестите? Што конкретно барања имате (кои наравно треба да бидат задоволени)? И дали има лидер кој ќе собере храброст јавно да излезе и да каже што всушност се бара? Нели секако сите протести се со некоја цел...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.084
Поени од реакции
8.218
Не го прочитав овој пост и морам да ти се извинам бидејќи лошо те проценив и претерав малце повеќе со мојте постови.

Очигледно ти си разумен човек и затоа ти се извинувам, да беше некој едностран-црно-или-бело-неадреталец како што се повеќето македонци нажалост воопшто немаше да се замарам да го пишувам ова во 04:00 наутро.

Мојата поента веќе беше кажана, се работи за сосема различни инциденти, во едниот полицијата нема никогаш да одговара за своите постапки, во другата е обврзана со закон да одговара.

Јас одам на протести уште од 16 години, нажалост повеќето од тие протести досега биле партиско индуцирани но тоа е сосема друга тема.

Дали треба да се протестира? Мое мислење е да, но не на класичниот македонски начин доколку сакаме да смениме нешто.

Заклучувајќи од минати слични инциденти мое мислење е дека оваа цела ситуација ке се заташка и заборави. Опозицијата како мршојад ке се обиде да ја искористи целава ситуација во нивна полза и затоа мораме да бидеме внимателни што конкретно сакаме да постигнеме со протестот т.е. да останеме на суштината/темата и да не дозволиме ниедна партија да не искористи во нивна полза.

Дали сега сме на иста френфекција?
Тешко.
Вмровциве нема да протестираат зошто опозицијава го партизира настанот.
Јас нема да протестирам против целата полиција, ниту ќе скандирам дека земјава е диктаторска.
Затоа нема да одам на протест.
Ние не знаеме поинаку да живееме, освен партиски.
Мартин умре, а сите се загрижија што братот Љубе бил уапсен. Опозицијата ведаш почна - ма тоа е политички, тој е невин.
Мартин умре, на сите Груевски им стана крив, цела единица Алфи, и сите полицајци во Македонија.

Јас имам плачено во многу прилики (зошто мн. јадам буреци против важни личности па лошо ме снаоѓа од нивните пушикурци) и знам колку полицијата ми има помогнато во такви случаеви.
И токму, да, на протести, и тоа мирни, кога некој мој неистомисленик се обидува да ме нападне.
Како да протестирам против овие луѓе?

Оние другите, да можам ќе ги запалам, лично ќе ги убијам. Ама не можам и не сакам да протестирам против овие првите, овие чесните.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom