Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
И навидум и официјално:

Демонстрантите избркани од пред „Мајка Тереза“


Демонстрантите да стојат подалеку од споменикот на мајка Тереза. Министерството за култура, им забранува на младите да се собираат пред споменикот, местото од каде тргнуваа на сите досегашни протести.
На протестот закажан за денес во 12, групата се изненадила кога обезбедувањето им пришло и им соопштило, дека не може да стојат во кругот на музејот.
Од обезбедувањето, велат дека така им било наредено затоа што младите фрлале ѓубре.
„Нас што ќе ни наредат, тоа ќе направиме.
Кој ви нареди вашиот шеф или?
- Од Министерството, директорката.
Да ми појасните каде не смеат да се собираат?
- Значи они го злоупотребуваа, пиеја пиво, фрлаа отпадоци и сега наредбата таква е“, велат од обезбедувањето.
Младите пак реагираат - тие пред споменикот се задржувале кратко,а ѓубрето го чистеле сами.
„Јас значи лично секоја вечер чистам. Знаат они многу убаво. Ова го прават за да не уништат, да не тргнат али мислам дека џабе им е“, рече Даут Бислими.
Сепак, велат оваа одлука на министерството нема да ги обесхрабри. Протестите продолжуваат и ги повикуваат сите граѓани да им се придружат на големиот протест закажан за недела на пладне.
„Ги повикуваме граѓаните од цела Македонија во недела во 12 часот на пладне, на голем масовен протест. Се собираме исто од тука од позади спомен куќата на „Мајка Тереза““, вели Стефан Бошковски.
„Револтирана сум од се ова што се случи сега, што никој не дојде, прво од моите здруженија женски ја повикувам Савка, ја повикувам Виолета Томовска, која што се бори за животот на децата, а здравите деца ни ги убиваат по улица.
- Дојдов денеска да им го порачам. Ја повикува Биба Додевска, со нејзината Борка, каде се они. Сочувствуваат ли они со таа мајка. И госпоѓата Јанкулоска, она сеуште не е мајка, али ќе биде еден ден, да видам како тогаш ќе реагира “, рече Милка Лазарова.
Се протестира веќе дванаесетти ден. Секој ден протестите започнуваа пред споменикот на мајка Тереза на улица Македонија. Младите велат дека се збунети и револтирани до одлуката да им се забрани пристап во делот на споменикот, а од министерството за култура ќе бараат и писмено образложение.

извор: http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=139424
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Мизерни се, и уствари од што сакаат да не заќутат, контра ефект ќе си направат.
 

...МаКи...

Иван Карадак
Член од
26 ноември 2008
Мислења
45
Поени од реакции
9
Мизерни се, и уствари од што сакаат да не заќутат, контра ефект ќе си направат.
во кој смисол контра ефект... што би се случило доколку продолжат вака. ??? ке падне владата, медиумите, народот ке стане свесен за се што се случува или ??? мене ова се ми изгледа како добро испланирано сценарио што води кон некаков прогрес за задушување на протестите. Полека но сигурно му доага крајот.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
во кој смисол контра ефект... што би се случило доколку продолжат вака. ??? ке падне владата, медиумите, народот ке стане свесен за се што се случува или ??? мене ова се ми изгледа како добро испланирано сценарио што води кон некаков прогрес за задушување на протестите. Полека но сигурно му доага крајот.
Не знам дали одиш на протести, но небитно. Контра ефект во смисла дека сакаа никој да не знае за ова, да не известуваат медиуми, луѓето да станат индиференти, а со овој потег всушност ни помагаат да не чујат повеќе.
Инаку никој од нас на протестите не бара да падне владата, па побогу само што имаше избори. И веќе кога сакате толку да не' критикувате, прво запознајте се со материјата, не лајте на невидено.

п.с. Чекај да ја завршам мислава со три прашалници, изгледа повпечатливо, а???
 

...МаКи...

Иван Карадак
Член од
26 ноември 2008
Мислења
45
Поени од реакции
9
Не знам дали одиш на протести, но небитно. Контра ефект во смисла дека сакаа никој да не знае за ова, да не известуваат медиуми, луѓето да станат индиференти, а со овој потег всушност ни помагаат да не чујат повеќе.
Инаку никој од нас на протестите не бара да падне владата, па побогу само што имаше избори. И веќе кога сакате толку да не' критикувате, прво запознајте се со материјата, не лајте на невидено.

п.с. Чекај да ја завршам мислава со три прашалници, изгледа повпечатливо, а???
Контра ефект во смисла да се дознае се што се случува и за што се протестира. Па колку што пратам телевизија секој ден веке 12 дена е топ тема, на една телевизија вака на друга телевизија така. Мислам дека секој е веке одприлика свесен за како стојат работите освен за оние кои не сакаат да го прифатат како така. Но што со тоа ? и до каде вака ? Ако тебе контра ефектот ти е да се дознае што се случува тогаш успеавте во тоа.

Иначе не критикувам, најмалку ми е поентата тоа да го правам, и не завземам никаков став околу случувањата во врска со протестиве...

п.с !!!
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Таму била министерката за култура и според твитовите што ги читам, им било забрането да се собираат таму поради не знам која причина. Ќе има повеќе информации за скоро време.
Демек ѓубре фрлале и ги избркале ...
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Колку за информација, вчера некои од цајканите грицкаа семки низ цел град и фрлаа лушпи кај ќе стигнат, камо за нив казна !?
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Дечки ако ти е до заебанција, заебавај се на друго место. И на овие протести може да дојде до загрозување на безбедноста, така да тоа не ти држи вода ич. Знам еден Албанец кој секој ден иде. Баш вчера замоли една Македонка да му напише парола на македонски јазик и сеа што !? Треба да се обезвредни зошто сам не го направил тоа !?
Тикви варени си бил ти на протестот кога се кажуваа барањата, ако си бил ќе знаеше што се случи, ако не ќе продолжиш да дробиш вака.
Или погрешно ме сфаќаш или ми ги превртуваш зборовите... Нема мене да ме спречи да доаѓам поради некои си транспаренти, само викам дека е бесмилслено, дури и на клипот на ЈуТјуб македонец го правел, редовниот ти другар не се замарал. Нема везе, батали, најбитно е да истраеме до крај и да не ни здосади да идеме и на таков глуп начин да изгубиме ;)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.947
Поени од реакции
73.660
Гледам бумбар на сител и не ми се верува колку глуп народ има во земјава. Глупаци, глупаци до бескрајјјјјјјј...
Што сакам истово да им се случи на нивното родено дете па дали вака ќе зборуваат ти ебам глупаците:eek:
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.982
Поени од реакции
11.624
Верувам дека тоа тој го кажа тоа повеќе во афект...инаку би те замолил чим пишуваш тука, да пишуваш на кирилица, овака не е читливо баш.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
greshka., samo vi se ukazhuva a laenjeto .....ta pochnavte da laete koga profesorot od arh kak ve odnese da protestirate protiv samite vas., a za slabo .....makedonski....tuka pobaegji i nepismeni......koga dozvoluvate ili sakate da bidete manipulirani., ili ste involvirani vo manipulacijata :love:
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Гледам бумбар на сител и не ми се верува колку глуп народ има во земјава. Глупаци, глупаци до бескрајјјјјјјј...
Што сакам истово да им се случи на нивното родено дете па дали вака ќе зборуваат ти ебам глупаците:eek:
За жал, во државава живее големо мнозинство кое не умее да мисли со своја глава туку мислењето го формира под влијание на медиумите, политичарите и комшиските и маалски муабети. Ако дзволиме сите А1 и Сител да ни го формираат нашето лично мислење и да влијаат во формирање на нашите ставови, тогаш што ќе и е народ на државава? Си може таа и без нас ;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom