Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Само тоа што го набројав.Потреба од тролање нема.
Јас ќе тролам а ти дади ги своите лични податоци па да ти дојдат чичковците (чиковци у плаво; мало диктак тор че) на гости некој ден хехе
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Јас се потпишав и треба само име, презиме и потпис. Значи еднаш да дојдете луѓе ќе ви стане јасно што е работа
 

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Денес во 12:00 часот (сега) позади Мајка Тереза ќе се одржи трибина на која ќе се дискутираат и одредуваат официјалните барања, пред да се испечатат. Секој може да учествува. Главниот протест почнува од 18:00 од истото место. Се зборува дека ќе доаѓаат и од други градови (дај боже). :unsure:

Да излеземе масовно како никогаш до сега. Се гледаме таму. (y)
Јас се потпишав и треба само име, презиме и потпис. Значи еднаш да дојдете луѓе ќе ви стане јасно што е работа
Точно. Ни матичен број ни бутур. Име, презиме, потпис.
---надополнето---
Ова се однесуваше на првата петиција на која се потпишав.

А за оваа новава:
Сите кои сакаат да се потпишат ќе треба да остават свое име и презиме, матичен број и град на живеење, како и лично да се потпишат.

Петицијата би се доставила до:

- Народен правобранител на Р.М.

- Хелсиншки комитет на човекови права

- МВР

- Собрание на Р.М.

- ОБСЕ/OSCE - Spillover Monitor Mission to Skopje

- Дипломатскот кор, акредитиран во Р.М.

Предлог текстот е отворен, денес (петок, 10 јуни 2011 година) би го допрецизирале на собирот во 12 часот позади спомен куќата на Мајка Тереза.

http://www.facebook.com/notes/petar-stojković/предлог-текст-за-петицијата-против-полициското-насилство/10150211578198953
E за матичен ќе размислам. Ама битно ќе бидам таму.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.969
Поени од реакции
45.252
Како граѓани на Р.М. бараме:
в) Оставка од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, од морални причини.
г) Оставка на лицето одговорно за односи со јавност на МВР, портпаролот Иво Котевски, поради прикривање на веќе достапни информации и погрешно информирање на јавноста. Сносење на кривична одговорност за соучешништво во прикривање на убиство.
Fuckyeah, потпис удирам на ова, конечно се осмели народов и ова јавно да го побара, а не преку цртеж со брк на хамер, ОСТАВКА ! Промените кои сакаме да ги издејствуваме мора да започнат со овој чин, не смееме да дозволиме да паднат само одредени безначајни пиони.

Се гледаме и денес.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
--- надополнето: Jun 10, 2011 10:07 AM ---
Јас се потпишав и треба само име, презиме и потпис. Значи еднаш да дојдете луѓе ќе ви стане јасно што е работа
еве, не треба матичен, се гледаме денес :)
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Па нека не кликаат I'm Attending...
создаваат погрешна слика.А баш би сакала да се соберат во толкав број,да покажеме кој е главен oвде.
Kако можете Вие да бидете главни несфаќам :)

Ние граѓаните на Р.М., загрижени и згрозени од инцидентот кој што се случи на 6 јуни 2011 година на градскиот плоштад во Скопје, јавно го изразуваме нашиот револт против полициското насилство, употребата на прекумерна сила и непрофесионалното однесување на припадниците на МВР, особено дел од нивните единици како Единицата за брзо распоредување на МВР - ЕБР, Посебната мобилна единица на МВР “Алфа“ и Единицата за специјални задачи на МВР “Тигар“.

Како граѓани на Р.М. бараме:

1. Целосно расчистување на немилиот инцидент каде крвнички беше претепан до смрт 22-годишниот Мартин Нешкоски од Скопје и превземање на конкретна одговорност од страна на сите припадници на МВР во хиерархиската низа (по основ на командна одговорност). Во таа насока бараме:
За ова потполно се согласувам!

а) Доживотна казна за припадникот на специјалната единица “Тигар“ - И.С., осомничениот за стореното кривичното дело убиство на Мартин Нешкоски.
Многу е тешко да се постигне доживотна казна, можеби грешам но осомничениот ќе се брани со пост воен синдром, убиство без умисла и тоа дека барал вода пробувал да го оживи. Самите очевидци тоа го кажаа а тоа се цврсти докази.

б) Разрешување и казни за припадниците на МВР кои биле соучесници ноќта кога се случило убиството, кои му помогнале на И.С. истото да се прикрие и не го регистрирале ниту пријавиле случајот на надлежните.
- Тотално се сложувам со ова!

в) Оставка од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, од морални причини.
Во таа збрка за време на таа еуфорија и гужва не е потребно да се бара кривица во неа, не стигаат сите убиства до министерката или до било кој министер туку така или било каква друга информација. Плус таа не е министерка, владата уште не е формирана.

г) Оставка на лицето одговорно за односи со јавност на МВР, портпаролот Иво Котевски, поради прикривање на веќе достапни информации и погрешно информирање на јавноста. Сносење на кривична одговорност за соучешништво во прикривање на убиство.
Тој ништо неможе да прикрие тој зборува како што му е кажано, и за него ништо од ова неважи, не е дел од владата.

2. Замена на секторот за внатрешна контрола во МВР со независно цивилно тело.
Ова стварно не го разбирам.

3. Распуштање на специјалните единици на полицијата како што се “Алфи“, “Тигри“ и други. Формирање на нови професионални единици за тие намени кои ќе ги исполнуваат критериумите подолу:
Тигрите да се распушат? Нивниот почеток е од 1985 година, тие да се распуштат? Што зборувате Вие??

а) Соодветно факултетско образование и стручна подготовка. Во тој контекст бараме реактивирање на Полициската Академија.
Академијата постои и активирана е за ваша инфомрација.

б) Контрола при вработувањето нови кадри во МВР од страна на независното цивилно тело кое ќе има контролна функција за проверка на криминалното минато на апликантите. Независното цивилно тело, воедно, би вршело евалуација на работните истории (CV-a) со сите информации за дисциплински мерки, психолошки профили и слично на сите работници во МВР.
в) Психолошки тестови и други проверки на кадрите.
г) Задолжително доделување на општествено корисна работа на сите полициски работници како дел од секојдневните работни обврски.
За ова се согласувам!

д) Задолжителна обука за контрола на гнев за сите полициски работници.
Ова го имаат, затоа неколку пати нагласив дека се криви и психолозите и психијатрите од тие единици кои направиле пропусти.

4. Зголемена контрола над Министерството за внатрешни работи од страна на Собранието на Република Македонија преку формирање на посебна собраниска комисија, за чија работа ќе можеме јавно да се информираме преку месечни извештаи или слично.

5. Задолжително присуство на униформиран полициски работник при секој контакт на полицијата со граѓаните.

6. Зголемени казни во Кривичниот законик за прекршочните и кривичните дела што работниците во МВР ќе ги сторат без разлика дали се или не се на служба/на работа.
Се согласувам
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
А министерката и така што е во оставка?
Плус како може да барате доживотен затвор? За тоа одлучува суд.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Значи денес веќе се собираат кај трибината позади куќата на Мајка Тереза, се договараат најбитните работи, мислам дека денес и по Патизанска ќе одиме. А масовниот протест започнува во 18 часот.
Да покажеме дека сме ЛУЃЕ, а не полтрони!
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
303
Поени од реакции
247
А министерката и така што е во оставка?
Плус како може да барате доживотен затвор? За тоа одлучува суд.
Eпа супер. Дечки, нема потреби од протести. Се е во најдобар ред, случајот е во вистински раце.
Откажувајте протести....
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Kако можете Вие да бидете главни несфаќам :)
Зборот демократија потекнува од грчките зборови δημος што значи „народ“ и κρατειν што значи „владеење“ и суфиксот íα и означува „владеење на народот“.

Според дефиницијата од википедија,кој е главен овде?
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Зборот демократија потекнува од грчките зборови δημος што значи „народ“ и κρατειν што значи „владеење“ и суфиксот íα и означува „владеење на народот“.

Според дефиницијата од википедија,кој е главен овде?
Дефиницијата во оваа држава сеуште не е комплетирана.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Значи денес веќе се собираат кај трибината позади куќата на Мајка Тереза, се договараат најбитните работи, мислам дека денес и по Патизанска ќе одиме. А масовниот протест започнува во 18 часот.
Да покажеме дека сме ЛУЃЕ, а не полтрони!
Edno prasanje, gledam deka odis na protestite. Me interesira tvoja procenka kolku luge imase vcera na protestot? Sitel ne najde za shodno da kaze deka imase protest, a reporterkata na A1 prvo rece nekolku stotini, pa posle verojatno ja iskaraa pa kaza iljadnicite...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom