Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
Г

Грејвдигер

Гостин
Чек бе, не беше од Струмица ти? Каде полицајците се фини, глупи и дебели? Каде возам со нерегистриран мотор по тротоар и само ме гледаат? Каде у 4 сабајле си одам пијан низ станица, и тој надвор во кабината за патрола ми вели добровечер? Каде барање легитимација сум видел само во CSI?

Кажи ми за што се залагаш ти? Читам дека убиецов се пријавил и ќе му се суди? Ќе излегол по 10 години. А што очекуваш како резултат, м? Да го стрелат на плоштад? Јас мислам дека до овде оди правдата, се' проследно е партиска должност. Како барање оставки и слични курови. Фино објаснете ми ја кампањава, што репрезентира, што им е целта, дека 70% се со партиска агенда. Јас поддржував додека беше ориентирана околу нерасчистената смрт на млад човек. Убиецот е пријавен, и треба да му се суди. Какво е ова собирање во секој град? Каде, пред штаб? Дали јас ако RSVP-ирам го подржувам починатиот младич, доаѓање до вистината и сите тие слични каузи, поддржувам оставка на некојзакојкурнемеболи, поддржувам ВМРО? СДСМ? Скопјани со алфа проблемите? Општо за полицијата во Македонија? Поддржувам дека и во Струмица е исто и дека барам промени, дека нејќам? Елаборирај ајде слободно, уосталом не е ова ништо јавно дефинирано освен хормонален дисбаланс кај тинејџери кој резултира со типичната буновност, хипстер еуфорија - на мода е да имам слика, се чуствувам како да вредам и ќе ме сакаат од партија.

Дека сите што ми пратија покана суптилно ме изигнорираа кога прашав. Не чини ова собирање во секој град, поготово сите во Струмица што се чукаат во гради. Им дава политичка конотација на целава ситуација и само им смета на оние со вистински проблеми. Стриктно во Скопје, али со вистинска цел. Тие што го валкаат името на детево и го користат за билдање поенчиња, курови да пушат.
Нека те види алфаш па кажи ми дали така ќе поминеш. Не значи дека ако во Струмица е мирно и на друго место кога ќе одиш само ќе те погледнат и готово. Јест да има некој од мајка родени, ама голем е процентот и на идиоти кои немаат ниту грам во главата.

Се пријавил, ама никој не извести за тоа... дури и Иво Котевски изјавуваше дека немало пријавено таков случај, а уствари типот се пријавил саат време пред да го изјави тоа погоре. За таков доживотен затвор, ама бидејќи сите знаеме како функционираат работите кај нас за кратко време типот ќе биде на слобода. Ја сум против полициската бруталност и за вистината. Има 300 камери на плоштадот и низ околните згради, зошто не ги прегледат снимките и видат што се случува?

И никој не е за оставка, никаде не се протестираше за тоа, а политика мене не ме занима. Доколку следеше можеше да видиш дека нема никакви политички пароли и сите сме против политизирање на случајот. И јас сум против мешање на политика тука, ама неколку души не можат ништо тука... се' во државата ни е сведено на политика. За такви пуна уста кур и јас им викам.

Ќе пробам да бидам краток јасен и концизен, зошто протестирам на овие протести:
Драги читачи на овој пост, ова што се случи во неделата ја прели чашата, и строго ја обвинувам полициската бруталност. Но дали е бруталноста единствената причина заради која излагам на улица да протестирам?!
Не, воопшто не е единствената причина. Барам распуштање на специјалните единици кои постојат во државава и формирање на нови. Една држава мора да има специјални сили. Но, во Лондон требаат 5 години да се стане таксист, а во Македонија треба ќелава глава и стероиди да се стане специјалец. Човек кој треба мене да ме штити од законот! Човек кој ако го погледнам криво ме дроби од ќотек. Да, се сложувам дека откако се алфите во градов е помирно, и помирно си одам дома, но не смеат никако да покажуваат сила. Да, за алфи, правилно донесени, кои претрпеле тешко учење и подготвување и ПСИХО-АНАЛИТИЧКИ тестови за да станат специјалци. Не туку така напукани со стероиди. Зошто ако нив не им се дига поради стероидите, немора да малтретираат деца.
Но дали распуштањето на алфите е главната причина заради која протестирам? Или дали оставка на Јанкуловска?
Не драги читачи. Протестирам многу повеќе од тоа. Вистинската цел се општествени промени. Зошто вакви немили настани ќе се случуваат кој и да е на власт. ВРМО, СДСМ, ДУИ, ДПА… Кој и да е. Знаете зошто?! Затоа што овој народ трпи. Не за џабе ние во нашето именување на луѓето имаме имиња од типот на ТРПЕ, ТРАЧЈЕ, итн. Трпи си, трај си. Тоа е македонскиот народ! Трпиме постојано! Никогаш не сме излегле на протест да го изразиме незадоволството. Мислите дека само 1500 луѓе се незадоволни од се што се случува. Не, 1,500,000 се незадоволни, ама 99% од нив го имаат тоа толку потиснато што неможе ни ваков ГРОЗОМОРЕН настан да им го извади на површина. Нивното мото е „Навикнат сум, што ќе протестирам, увек е така“.
Јас младич, инженер по професија, нема да го дозволам тоа. Бидејќи ние живееме во држава во која „НАРОДОТ ЈА СЛУША ВЛАСТА“ а не обратно „власта да го слуша народот“.
Ова за мене е повеќе од полициски протест, протест за бруталност и протест за распуштање на алфите или другите сили. Ова е општествтвен проблем, кој се наметнува веќе декада наназад. Од 1997ма не се памти протест за незадоволство. Дали вие верувате дека 14 години кај нас тече мед и млеко?
Не. Ова ја прели чашата. СЕ ВЛОЖУВАМ целосно во овој протест. Доколку не успее, јас како млад и потенцијален инженер ќе си барам своја нова татковина! Имам еден живот, и нема да го потрошам во општество кое ги гази моите права, во општество во кое немам право на збор! Не благодарам. Доволно сум интелегентен да го најдам своето идеално место за живот.

Искрено,
Младич на кој му е смачено од Македонштината!
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.940
Поени од реакции
1.486
Го видов на вести пред некој саат го носеа во судот, слушнав и дека ја блокирале улицата привремено кога го носеле.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ништо не е сето ова.
И смртта на човекот и смртта на многу други од полициско изживување и сите срања на кои робуваме 20 години.
Најстрашен е ЦАЈКАНОТ ВО ВАШИТЕ ГЛАВИ, од него си патите, стравот и самоцензурата ви се завлечени в чмар.
Протест !?
Ама можи некој член на партија ќе се појави, можи некаков квази-новинар ќе етикетира, можи ќе врни, можи ќе сум станат на лева нога, можи ќе ме погледнат накриво на протестот...можи...лелееее готово шо ќе кажат на ТВ...:place::place:
Е јеби га можи...
Ебење и невиност во исто време...
И после чудете се...
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Ништо бе, не се навредувам, сигурно не повеќе од игнорирање кога прашав за што се бори каузава. Мене не ми беше јасно, и до некаде уште не ми е. Мака ми е за детево, ама мака ми е кога се друго има партиска позадина. Незнам како не ја гледаш.
Извини ама не се слагам со тебе. До кога во една држава секој што се бунтува против власт мора да е член на опозиција и обратно, до кога со тоа етикетирање? Не може ли да постои граѓански бунт против власт? Мора ли се да се гледа низ призма на политика? Ако мене не ми се свиѓа некоја власт и јас плукам отворено по нив не значи дека сум партиски активист на другата опција, а уште помалку имам намера па да му се правдам на некој кој ми лепи етикета.
 
I

Iblis

Гостин
Шо и да слушнете на ТВ од партииве игнорирајте, одиме за пола саат исто како и досега.
Протестот останува против убиството на Мартин , полициската бруталност и обидот да се "заташка" истиот.
Марш Партии.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.979
Поени од реакции
45.273
Ништо бе, не се навредувам, сигурно не повеќе од игнорирање кога прашав за што се бори каузава. Мене не ми беше јасно, и до некаде уште не ми е. Мака ми е за детево, ама мака ми е кога се друго има партиска позадина. Незнам како не ја гледаш.
Ова по дифолт му доаѓа во земјава, и серењето еден ден ќе биде партиско ...
90% од оние кои излегуваат на протест кој во принцип се организира по социјалниве мрежи повикуваат политиката да се тргне настрана од ова, е сега за твоја и моја жал ние не сме способни да влеземе у главите на сите оние кои излегуваат на протест и да им го укотвиме ова, колку и да звучи морбидно, факт е дека ова е во корист на сите оние партии кои не се на власт, а и медиуми на кои моменталнава власт не им одговара.

Но сите се ИСТИ, еве, класичен пример ти се медиумите од спротивниот табор со слогани дека први дознаваат, 24 часа молчеа, 24 часа институциите ја заташкуваа оваа работа, 24 часа дозвоија ние да погодуваме што и како се случило, дозволија да излезе инфо дека се работи за Даниел од Ѓорче и тн и тн.

На протестиве излегуваат луѓе незадоволни од полициската бруталност, вчера имаше луѓе кои јас лично ги познавам и знам дека го осетиле тоа на своја кожа, има луѓе кои се плашат утре и тие да не бидат следните, има луѓе кои се незадоволни од целокупната работа на МВР која во Понеделникот мислам дека ја достигна својата кулминација во пакет со она од вчера и денес кога рекоа дека нема никој да понесе одговорност за овој настан, има луѓе кои го бараат токму тоа, одговорност од оние лица во врвот на ова Министерство ...
Имаш еден пакет на незадоволства за кој се пишуваше тука, на останатите социјални мрежи и истите се пренесуваат низ улициве, далеку од тоа дека луѓе излегуваат на протест а не знаат што бараат, далеку од тоа дека треба да се генерализира и да се удира на тоа дека луѓево се политички подбуцнати ( да, има и такви, во оваа земја НЕИЗБЕЖНИ се но нивниот број е минорен ), за жал сега за сега нема една група на луѓе која ова асално ќе го организира, некоја организација или што ти ја знам.
Нејсе, City Park Boys aко не се лажам повикаа на протест во Петок, мислам дека се први кои јавно повикуваат на вакво нешто од Понеделникот нагоре.
 
I

Iblis

Гостин
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
@ Грејвдигер
Види вака сеа. Никој ништо не тупи. Ама дали ти знаеш за што е протестов ? Не се работи за поединци на позиции, туку за односот на полицијата према обичните смртници. Мене ми изгледа ти ко политики да фураш тука.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/pogreban-ubieniot-martin-neshkovski#comment-60145
Треба тој што го пишал ова, особено последниот пасос, сериозно да се замисли дали да биде новинар или да копа нафта у Либија...
Срамота.
Еден ред за убиениот, и после цел артикал за СДСМ. Сител се тешки гомна.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Оваа е само да сади компири и да корне моркови на Антарктикот :mad:
Елена Бошковска се вика дамата, ја пре би ја пратил на црвена улица у Амстердам, зашто за друго баш и не верувам дека ја бива.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
@ Грејвдигер
Види вака сеа. Никој ништо не тупи. Ама дали ти знаеш за што е протестов ? Не се работи за поединци на позиции, туку за односот на полицијата према обичните смртници. Мене ми изгледа ти ко политики да фураш тука.
Кај сум спомнал ја дека е за некој на позиција? Ич не се фурам политички, неколку пати пишав дека политиката ама воопшто не ме интересира и сум против било какво политизирање на овие протести. Разлистај и некој од претходните постови, не се убацувај одма наеднаш и да носиш заклучоци.

Него читајте ги твитови на @mkrobot, еден куп случаи објави за алфите и тигрите.
 
Член од
18 март 2011
Мислења
12
Поени од реакции
1
За илустрација на морбидноста на сценаријата замислете го следното:
На пример: Момчето што било убиено, имало маица на ВМРО-ДПМНЕ. Вечерта вмро дпмне ја славеше победата.
Полицаецот бил симпатизер на СДСМ, бил изнервиран поради поразот на СДСМ, и применил прекумерна сила кон симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ облечен во партиска маица. Заклучок: Симпатизер на СДСМ убил симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ злоупотребувајќи ја својата полициска функција.
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/pogreban-ubieniot-martin-neshkovski#comment-60145

Елена Бошковска - ако можи некој нека залепи некое сликче од дотичната да ја знаеме... онака... да ја препознаваме.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.432
Поени од реакции
6.078
на алфа сега кажуваа за случајов...дебилот бил ангажиран до 24 а после бил слободен...го најдоја начинот како да избегнат од одговорност...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom