Принципи - градење и почитување!

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Секој од нас си има изградено некој систем на вредност и принципи на кој му се заснова живеењето и функционирањето во општеството.

Принципите за мене преставуваат еден систем на вредности секој човек го има изградено. Дел од нив се стекнати со воспитувањето, дел од нив се резултатот на образованието, дел е социјализацијата...

Е сега постојат различни типови на луѓе. Дел цврсто се придржуваат на своите принципи и живеат принципелен (строго по правила и критериуми), но има и луѓе кои често знаат да ги прекршат туѓите и своите принципи и да креираат правила спонтано во зависност од моментот.

За мене принципот е нешто големо од што никогаш во животот нема да се октажам.

Како е кај вас? Дали цврсто се држите до сопствените принципи? И дали ги почитувате туѓите принципи?!
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Секој човек има принципи, но ако сакаш да успееш ќе отстапиш од некои принципи, бидејќи животот не е бајка која се прикажува на големите екрани, ниту пак филм кој можеш да го вратиш назад откако си увидел дека поради својот принцип си изгубил нешто вредно.
Не познавам човек кој не направил отстапка од принципите кога станува збор за работа, кариера, љубов. Сите имаме критериуми и треба да се држиме до нив онолку колку можеме.
 
B

BrunoFresh

Гостин
Ке се согласам со мислењето на makedonka1985, и тоа е тотално точно. И јас си имам свои принципи кои сум ги стекнал со време како што сум растел и вооедно образовал. Но принципите како принципи, ниту еден човек не се придружува на сите, односни остапка. Можеби во неговата глава е таа реченица, добро позната: "Од денеска ќе почна строго да се држам на моите принципи." Тоа може да потрае ден , два или подолго време. Како и да е, секогаш во секој човек во текој на животот ќе се јави одстапка во принципи, сеедно дали тоа се зборува за работа, кариера, љубов како што кажа makedonka1985.И јас ден денес, како сите луѓе, си ја велам таа реченица. Но, колку? Само некој ден колку да ми помини тоа, потоа повторно барем во 1-2 работи правам отстапки. Можеби не се кизнај што моите одпстапки, но сепак ги има ! А за следење, Да, се придржувам на нив максимално!
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Искрено кога се работи за принципи, многу е важен и опсегот во кој истите се користат.

Не можам да кажам дека 100%, ама во 99,5% е ситуациите сум постапил строго принципелно и тоа вака ме прави особено среќен.
 
Член од
5 февруари 2012
Мислења
54
Поени од реакции
14
За принцип го сметам она што е твоја природна реакција, како начин на однесување и размислување. Она што прво ќе го помислиш кога ќе ти понудат мито, кога ќе ти поклонат оцена, ќе ја скријат твојата вина, ако си речеш абе чекај не е ова добро тогаш имаш изградено цврст став и можеш да зборуваш за принципи. Неможеме да кажеме ,,Јас сум праведен/а " а утре ако другарти направи беља да му речеш ај ќе си ќутиме нема да знаат дека сме ние. Ако го издадеш ќе бидеш праведен кон некој друг што може да настрада не по своја вина, ама нема да бидеш лојален кон другарот. Така да ништо не е 100% е неможеш строго да се држиш до принципите. Важно е да знаеш што е исправно а што не и свесно да не нанесуваш штета на другите и кога тоа ти е во интерес. Тоа за мене е принципиелност во дадени ситуации да останеш доследен на себе..
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Абе пријател,па планираш ли ти некогаш во животот да направиш пари :)
Принципиелно можеш да живееш само во изолирана средина. Но во општество каде што има многу “ликови“,за брзо време ќе пропаднеш или ќе треба да си ги менуваш принципите повеќе пати во денот.
Најдобро би било да живееш морално,со некој морални кодекси.Но да жртвуваш некој работи поради сопствени принципи е бесмислено.
 

miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
Добро поставени принципи се нешто идеално, затоа си имам поставено принципи само за мене и се придржувам кон нив, што ме прави да се чувствувам некако подобро.
Сепак имаат и лоша страна, бидејќи со редовно придржување кон нив, стекнувам чувство дека и другите треба да го прават истото што и јас, односно она што јас сметам дека е исправно, па доаѓа до моменти на нервоза. Не дека моите принципи се строги правила од кои нема одстапки, само сакам да бидат почитувани. На пример мразам на некого да му повторувам една иста работа, или кога некој ги остава вклучени сите светилки во сите соби, а 3-4 часа ке мине само во една од нив. Исто и за некои ситници, кои според мојот принцип, е полесно да се изврши некоја работа, односно е поефективно, а гледам некој кој таа работа ја прави со уште 50 непотребни потези, губи време, прави штета или прави нешто што друг треба да го поправа, на пример, пие сок и капачето на шишето го завртува до пола, а шишето го остава на место каде што е лесно да биде ненамерно турнато - зошто , па затворено е што има врска...ова од такт ме вади..

Затоа полека со принципите, ќе изгубите нерви само. Флексибилност во некои морални граници како што спомнаа погоре е одлична работа, која ќе ве „спаси“ од нервози, а и нема да направи да ги гледате другите како личности кои прават така само за да ве нервираат или како лица со пониска интелегенција од вас, што може да го влоши вашето однесување кон останатите и така ќе се вртите во магичен круг, бескрајно.

На пример, на работа си имам свои принципи исто така, се трудам да бидам најпродуктивен што може, бидејќи имам одговорна работа, правам копија од документација за се, плус белешки во тетратка за таа работа, а фајловите (цртежи, табели, техничка документација, пресметки...) ги зачувувуам локално на компјутер, на сервер и на екстерен хард диск.
Ова е принцип кој би сакал да го применуваат сите колеги, бидејќи доаѓа (и тоа доста често) до ситуации кога некој неовластено ќе направи измена во документацијата на сервер, па ќе биде казнет оној кој ја завршил сета работа како што треба, а добил нож во грб. Во вакви случаи принципите се многу позитивни, за оној кој ги применува.

Се извинувам за овој ѕид од текст, само сакав да дадам примери што принципите кои ги поставуваме можат да донесат позитивно и негативно. Најголем проблем е правилното поставување на принципите ;)
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Принцип беше причина за Прва Светска Војна па сега видете си сами како треба да се однесувате:)
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Баш ме интересира,принципиелните луѓе кој принципи најчесто си ги поставуваат пред себе.
Дали тие принципи се засноваат на чуства,размислувања, сопствени теореми и убедувања....
Ајде да видиме што е тоа и зошто сакате да го почитувате.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
@miki002

Имаш помешано некои работи. Принципи се правила или верувања до кои ти се придржуваш и немаат врска со трета особа. Е сега доколку таа трета особа ги следи истите принципи ќе се роди почит, но пак ќе кажам немаат врска принципите со трети. Како што спомна веќе погоре треба и да се внимава и да се земе во предвоид дека сите луѓе не се исти и не треба да се лутиш пред да се ставиш во нивни чевли.
--- надополнето: 2 јануари 2014 во 18:51 ---
@DirectX

Многу е важно да имаш принципи тие се темелот на кои се гради карактерот. Принципите на што се засноваат зависи поединечно кај секој човек. Еве за мене ќе кажам дека се микс од повеќе работи т.е искуство, логика, верувања, чуства(за некои работи едноставно it feels right).

И исто така многу битно треба да се познаваш себе си за да си ги познаваш принципите што е многу потешко отколку што звучи. И за крај не е страшно ако со време извршиш некои измени или корекции, но ако тоа се дешава премногу често во краток временски период тогаш нешто не е во ред.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Како основа се трудам да ги спазувам 10 Божји заповеди и двете нај големи христијански заповеди. Тоа е една основа која дава смиреност среќа и слобода на душата. Останатите принципи би требало да се менливи со цел да може да се гради подобар карактер и во крајана сметка да те прави по среќен.
 
Член од
3 август 2012
Мислења
431
Поени од реакции
1.012
Принципите за мене се начин на кој некој одлучува, се однесува или сака да се однесуваат кон него и обично очекувам ако некој е принципиелен - еве пример за наједноставна работа - точност, и очекува јас да стигнам на време, сакам и тој да стигне на време, односно сакам кога некој веќе има принципи и сака другите да ги почитуваат, и самиот тој да си ги почитува, и да си се држи кон нив. Не сум запознала некој принципиелен човек што си има принципи без цел да те накурчи, не знам зошто, ама повеќето луѓе што ги познавам и ми се силат дека се принципиелни се уствари многу искомплексирани.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom