Прилагодување на новокупената риба

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
10 јуни 2007
Мислења
322
Поени од реакции
156
prilagoduvanje.jpg

1. Се става кесата со риба во аквариум.
2. Се чека 15 минути.
3. Со ножици се сече горниот дел и се префрла рибата во мало аквариумче 5-6 литра (карантин)...
4. Со цревце за воздух се мести по 1-2 капки во секунда да тече вода од украсниот аквариум во карантинот.
5. Кога ќе се наполни карантинот се празни половина од водата и се остава да продолжи процесот на прилагодување уште еднаш.
6. Од кога ќе се наполни повторно карантинот, се лови рибата со мрежичката и нежно се става во аквариум.


Обидете се да не ја истурате водата од кесата во вашиот аквариум, бидејќи водата од продавниците за домашни миленичиња можно е да има бактерии, вируси и
болести...
Вкупното прилагодувње на рибата треба да трае околу 1 час.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom