Приколка во Грција

Член од
3 мај 2019
Мислења
19.407
Поени од реакции
10.337
На два ума сум искрено, дали да купам или не, некој добра приколка во некој, се разбира, добар камп во Грција.
Едни ми велат боље да си изнајмам и да си поминам десетина дена отколку да ја купам за да во неа бидам само еден месец, па дека ке ми здосадило секое лето да одам на исто место, многу трошкови идр.

Грчките кампови не ги знам, никогаш не сум била во ниту еден, па затоа дајте мислења, дали да се вложи во приколка, дали се исплати, кој камп ви се бендисал, кој има најидеални услови, нели, тоалети, плажа, продавници идр.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.531
Поени од реакции
9.574
Наде душо, не ми ја уништувај темата..нејќам пуст остров.
Да не ја носиш на суд темава па да ја пазиме? Ако сакаш да ти дадам број на жена што продава приколки и станови во Грција, па чисто онака испрашај ја што ќе ти каже. Таа од тука е, ама Грција е мажена и со мажот ваков бизнис водат.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.407
Поени од реакции
10.337
Да не ја носиш на суд темава па да ја пазиме? Ако сакаш да ти дадам број на жена што продава приколки и станови во Грција, па чисто онака испрашај ја што ќе ти каже. Таа од тука е, ама Грција е мажена и со мажот ваков бизнис водат.
Може. Сакам и мислење од искуство, предлози, кој камп им се допаднал....вреди ли воопшто да се има приколка....јас ниту во приколка сум била на годишен одмор...признавам само хотели.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.290
Поени од реакции
7.981
Prikolka e ubava rabota. AMA jas ne bi zel nekoja fiksna stacionirana na nekoe mesto.
Tuku prikolka shto si ja vleckam so kolata i odam kaj shto sakam!
Em posigurno em sekoj pat na drugo mesto.

Edinstven problem dali imash mesto kaj da ja chuvash, makar sto i toa ne e mnogu mnogu golem problem.
Ima lujge po selata shto za mala para ce ja chuvaat parkirana vo dvor cela godina.
I ti treba Vozilo shto e dovolno snazhno za da ja trga.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.505
Поени од реакции
16.689
има некој работи околу приколките во Грција... тие од нОлимпик бич што се однесени на времето, ане се ЕУ туку југословенски приколки, мислам дека на Нотар не може да се купат, само Интерно, на Диво.
Скапо е не само долгото користење на парцела, туку и зимското чување.
на времето во Воурвоуроу имаше селанец кој на својот плац блиску до кампот, поефтино чуваше приколки и глисери зимно време. Но пак важи законот дека нонЕУ приколка или пловен објект, не смее да бвиде во ЕУ повеќе од 18 месеци Но има кампови меѓу Вурвуру и Сарти кој се многу на стрмна локација, непристапни и тешки за влечење на приколка.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.962
Поени од реакции
11.245
....јас ниту во приколка сум била на годишен одмор...признавам само хотели.
:facepalm:
Тетке, не знам што е полошо… да тролаш или да си озбилна со муабетов :cautious:
Автоматски споено мислење:

*Еве ти идеа за наредно тролање..
“Yamaha R1 Дали е брз, и колку кошта одржавање?
…јас никогаш не сум возела мотор, ни па зна, признавам само кола”
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.407
Поени од реакции
10.337
Подобро ја прелеташе темава отколку што слета да и се покакаш.
Што не ти е јасно?
Кога одам на летовање, сакам добри хотели или добри апартмани, со добри услови за престој...во приколки не сум престојувала...Еднаш, ко помлада, се заебав поштено и отидовме со друштво во еден камп во Хрватска и тоа со шатори..Прв и последен пат, језива работа беше кога ни заврна, па вецето далеку, за на крај да дојде една змија и да си влезе внатре(наводно била куќна, на кампот и не смеело да се убива)..свашта.

Децава сега нешто им истекна, дека би било убаво да си имаме добра приколка, поред плажа, голема, со дворче, па и мала кујничка направена во дворот, со кревети, трпезарија, љуљашки, телевизор надвор и сите удобности, да е блиску тоалетот. тушеви...а ми спомнаа дека во некои кампови имало и како фурни, ако сакаш нешто да ти испечат.

Само барав дали некој знае такви добри кампови, сакам да купам приколка таму, мислам да ја продава...колку им се годишните ќирии ...ете тоа.
Немам намера да купам од овде и да ја влечам до Грција.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.702
Поени од реакции
7.826
Ако не си била у камп и тоа подолго време, со две дијареи пројдени и на тебе и на децата, со три циклуса перење алишта, со три карања со Жаре Бербер да стиши музика, со снемување струја, со невреме калови, ако не си пуштила никад зелено над приколка да го врзуваш по дрва, не ни размислувај да земеш.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.962
Поени од реакции
11.245
Подобро ја прелеташе темава отколку што слета да и се покакаш.
Што не ти е јасно?
Кога одам на летовање, сакам добри хотели или добри апартмани, со добри услови за престој...во приколки не сум престојувала...Еднаш, ко помлада, се заебав поштено и отидовме со друштво во еден камп во Хрватска и тоа со шатори..Прв и последен пат, језива работа беше кога ни заврна, па вецето далеку, за на крај да дојде една змија и да си влезе внатре(наводно била куќна, на кампот и не смеело да се убива)..свашта.

Децава сега нешто им истекна, дека би било убаво да си имаме добра приколка, поред плажа, голема, со дворче, па и мала кујничка направена во дворот, со кревети, трпезарија, љуљашки, телевизор надвор и сите удобности, да е блиску тоалетот. тушеви...а ми спомнаа дека во некои кампови имало и како фурни, ако сакаш нешто да ти испечат.

Само барав дали некој знае такви добри кампови, сакам да купам приколка таму, мислам да ја продава...колку им се годишните ќирии ...ете тоа.
Немам намера да купам од овде и да ја влечам до Грција.
Прво тагни ме, кога веќе ме ставаш во уста.
Второ, ти се свиѓало или не тоа е вистината!
Еве @Lokvan ти ги пиша тоа што требаше уште одма да ти го кажат?
Ако никад не си кампувала, место да гуглаш приколки и кампови за купување, оди прво изнајми една во Крани! Па ако не избегаш уште првата вечер(што чисто сумњам од муабетиве), пробај поседи една недела..

Во меѓувреме, на сите ни го губиш времето! Не ти е ова фејсбук, па си гледала сликички од некој егзотичен камп, па сега со другачките да фантазираш “а да си купам една приколка”!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.664
Поени од реакции
37.641
дека би било убаво да си имаме добра приколка, поред плажа, голема, со дворче, па и мала кујничка направена во дворот, со кревети, трпезарија, љуљашки, телевизор надвор и сите удобности, да е блиску тоалетот. тушеви...а ми спомнаа дека во некои кампови имало и како фурни, ако сакаш нешто да ти испечат. Немам намера да купам од овде и да ја влечам до Грција.
...тоа е новата македониш шема (кој е снаодлив и паметен) да купи или изнајмува на годишно ниво во камп „приколица“ всушност најдобро во тврда градба како што напиша, со трпезарија, спална и дворче, а не во шатор или класична камп приколка, ама тоа треба да се иде на лице место и да се праша т.е. да видиш, затоа што сите тие кои купиле или изнајмувале имаат и различни критериуми и се радуваат и се задоволуваат за различни нешта, нивото на престој за различни карактери е различен и не можеш да се базираш на нивни совет за одредена локација на кампинг,

camping-booking-platamonas-book-camp-site-camping-filippion.jpg

(камп во Платамона)

all-camps-platamonas-search-campsites-camping-arion-2.jpg

(камп во Платамона)

all-camps-platamonas-search-campsites-camping-arion.jpg

...доколку се работи за поголемо семејство овј потег е доста исплатлив и паметен, да во текот на цела година може да се престојува, не само за летниот период, туку и пролет и есен си има своја убавина, така да цели осум месеци се мисли на престој, а не само за еден месец во летен период.

150210911.jpg

(Паралија Пантелеимонос)

all-camping-leptokaria-book-online-camping-camping-kalamaki-1200x900.jpg

(камп Каламаки Лептокарија)

63294934.jpg

(камп Олимпик бич Литохоро под Олимп)

olympos-beach.jpg

...инаку имам другар на кој работата му дозволува да работи онлајн од било кое место, па тој не само месец туку цели пет месеци престојува во Грција во сопствениот купен дел во кампот покрај море, мислам дека го има веќе пет години, го „купи“ не ми кажа колку временски, за нешто околу 5 000Е, ама на годишно ниво плаќа одржување како данок околу 1 000 Е, а оди кога сака и седи колку сака, не го издава затоа што не смее да го преизадава на други и да печалува пари на таков начин, затоа што „се купува“ за одредено време зависи од договорот, ама ако сте големо семејство и поблиски роднини можете да го користите меѓу себе и тоа навистина е доста исплатливо и ефтино.

* интересна тема, актуелна и не е лошо да се инвестира на таков начин не само за годишен одмор, туку и за подолг период, одмор за време на празници итн!
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.892
Поени од реакции
50.490
Нема почергарска работа. Подостоинствено е да се се отседи тековното лето дома, па догодина, ако капне некоја парка, да се летува негде кајшто би се имало сопствен ќенеф.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.664
Поени од реакции
37.641
Нема почергарска работа. Подостоинствено е да се се отседи тековното лето дома, па догодина, ако капне некоја парка, да се летува негде кајшто би се имало сопствен ќенеф.
...не си во право, додека ти се гушиш во смогот на градот и не знаеш каде да побегнеш дали во височина до Водно или на исток до Берово, вака си овозможуваш викенд престој покрај море, не во летен период во гужвата и 40 степени, туку токму сега покрај море, мирно пријатно, пролет све се расцветува, да ги гледаме позитивните страни, а не пак ќенефот, јест да е тоа мнооогу важно, ама два три дена нема да биде трагично!
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.113
Поени од реакции
42.815
не ми делува многу хигиенски ова. Гарант ќе закачиш некоја бактерија после секое одморче.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom