Приватни или Државни факултети?

Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Додека не учев имав нон стоп проблеми на факултет, никој не чинеше :) Последниве 2 години не можам од никој скоро да се пожалам, сум идел кај асистенти и кај демонстратори во кабинет да ми покажат или објаснат некои работи што не ми биле јасни или воопшто за да ги прашам нешто ме интересира и не ме одбиле освен ако не требало да одат на предавање или сл. али секогаш кажувале ако сакам да ги почекам да завршат со часот или сл.
Еден асистент по еден математички предмет остана 3-4 саати екстра кога му побарав да ми помогне околу спремањето на испитот, не ме пушти да си одам додека не ги научив сите задачи што ми ги даваше да ги решавам без грешка :)

Моментално сум на работа/пракса во T-Mobile, нема НИ ЕДЕН вработен овде што е приватен факултет сите се или Електро или ПМФ или од некој факултет од страна. Ако се толку квалитетни тие студии на приватните зошто тогаш може и најмоќната фирма во државава (и една од најмоќните во свет) не би вработиле некои дипломирани од приватните МАКЕДОНСКИ образовни институции. А да и во една од канцелариите на спратот кај што сум работи еден дечко што ми беше асистент (ептен добар, немаше нешто што не знаеше) на факултет пред 3 години и не ме имаше заборавено туку го прекина разговорот на телефон за да се поздравиме. Така да целиот муабет за односот делумно пропаѓа во вода. Има и некои што се дигнати али тоа се еден-двајца.
Згора на тоа кадарот на професори (конкретно на ПМФ - Информатика) се зголемува и во квантитет и во квалитет, старите си одат во пензија, а докторираат тековните асистенти (кои не верувам дека некој може да каже дека врска немаат или дека лошо се однесуваат) и им го земаат местото.
Нема шанси, лажеш.
Ај да идеме на приватен баш ќе видиш!

Чекај да ти докажам со јаки, полисилабични и неповрзани зборови:
услови
подобар третман
акредитираност
у вецињата неаме вода од чешма, него Вода Вода
однос професор-студент = перфекција
пракса во 25 најјаки фирми
лизинг
рецесија
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Xak

GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
Моментално сум на работа/пракса во T-Mobile, нема НИ ЕДЕН вработен овде што е приватен факултет сите се или Електро или ПМФ или од некој факултет од страна. Ако се толку квалитетни тие студии на приватните зошто тогаш може и најмоќната фирма во државава (и една од најмоќните во свет) не би вработиле некои дипломирани од приватните МАКЕДОНСКИ образовни институции?
А да и во една од канцелариите на спратот кај што сум работи еден дечко што ми беше асистент (ептен добар, немаше нешто што не знаеше) на факултет пред 3 години и не ме имаше заборавено туку кога ме виде го прекина разговорот на телефон за да се поздравиме. Така да целиот муабет за односот делумно пропаѓа во вода. Има и некои што се дигнати али тоа се еден-двајца.
Згора на тоа кадарот на професори (конкретно на ПМФ - Информатика) се зголемува и во квантитет и во квалитет, старите си одат во пензија, а докторираат тековните асистенти (кои не верувам дека некој може да каже дека врска немаат или дека лошо се однесуваат) и им го земаат местото.
Колку за контраст, јас знам 3 одлични програмери во T-mobile што се од приватен факултет. Ќе ти ги кажам и на име ако толку сакаш. Нема врска тоа. Квалитет си е квалитет.

Плус тоа, во T-mobile примаат луѓе што биле на пракса кај нив. T-mobile имаат постојан прием на практиканти. Кога сакаш можеш да одиш и да се пријавиш, без разлика дали си од државен или приватен. Ако ти фаќа црпката, ќе те примаат.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Нема шанси, лажеш.
Ај да идеме на приватен баш ќе видиш!

Чекај да ти докажам со јаки, полисилабични и неповрзани зборови:
услови
подобар третман
акредитираност
у вецињата неаме вода од чешма, него Вода Вода
однос професор-студент = перфекција
пракса во 25 најјаки фирми
лизинг
рецесија
Не сум те знаел Mac)) за толкав мрчатор. Еве после 4 години тоа сум го забележал.

:coffee:
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Колку за контраст, јас знам 3 одлични програмери во T-mobile што се од приватен факултет. Ќе ти ги кажам и на име ако толку сакаш. Нема врска тоа. Квалитет си е квалитет.

Плус тоа, во T-mobile примаат луѓе што биле на пракса кај нив. T-mobile имаат постојан прием на практиканти. Кога сакаш можеш да одиш и да се пријавиш, без разлика дали си од државен или приватен. Ако ти фаќа црпката, ќе те примаат.
На мојот спрат нема ни еден, има 3 големи канцеларии и ни еден што е од приватен, али овде една грешка ја чини компанијата огромни суми - целиот главен комуникациски дел (целата главна мрежна опрема) е овде и менаџирањето со базите така да не примаат било кој, има голема одговорност. Ај баш после ќе ги прашам тие што ми се претпоставените дали има некој на спратов од приватен али сите што се запознав и што ме запознаа се од електро, пмф и факултет на страна. А да и повеќето се млади луѓе не се некои што пуштиле корења уште од времето на мобимак.

Заборавив да додадам, еден другар имаше завршено некои курсеви во Александрија и нели како што гарантираат сите приватни образовни институции му обезбедија работа, само што не беше тоа за кое што он учеше туку беше аргатска работа (да мести телекомуникациски антени) и после 6 месеци го „шутнаа“ зошто толку траел договорот и требало да се ослободи простор за следните што ќе завршуваат.
 

GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
Владе, Марко, Никола :) T-mobile работат во IT и тоа на одговорни функции (Дали бази, дали друго, не знам но знам кога ми објаснаа беше функцијата нинџиска). Едниот беше асистент на Европски ако се сеќавам добро.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Владе, Марко, Никола :) T-mobile работат во IT и тоа на одговорни функции (Дали бази, дали друго, не знам но знам кога ми објаснаа беше функцијата нинџиска). Едниот беше асистент на Европски ако се сеќавам добро.
Чекај малце....
Европски почнаа со работа во студентската 2001/2002.
Сакаш да кажеш дека тој што бил асистент на Европски одма по завршувањето се здобил со титула Асистент? Значи него му требале 5 години да заврши и најпрво си Помлад Асистент па потоа Асистент(мислам дека има некоја подреденост).
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Ме фасцинира овааа ваша покондурена логика и скапаниов македонски менталитет. Зошто се осеќате како граѓани од повисок ранг поради брдото пари што сте ги инкасирале на сметката на некој пиљар? Мислите дека професорите на приватните факултети ве почитуваат? Хаха. Вистината е следната: нивниот како што вие го нарекувате коректен однос (а не знам каде е коректноста во тоа да стрижеш некого и згора на се да го убедиш дека во било која смисла на зборот е “битен“) се должи на сумата на пари што вие ја давате за да истиот да го добиете, а во суштина сите тие луѓе вас ве гледаат како идиоти што ќе останат неписмени, ама сепак барем четири години од својот живот ќе се сметаат себеси за нешто поразлично од остатокот од светот зашто биле лишени од чекање пред канцеларијата на некој професор.

Штета што паметот кошта малку повеќе од 2000 евра година, инаку ќе можевте да сфатите дека поголема брука е да се запишеш на факултети што се отвараат на местото на секој втор маалски гранап од страна на “интелектуалци“ со докторат купен со пари од продавање локумадес на третиот крак, отколку да почекаш некој професор за потпис.

И директно прашање до Блогерџија: Велиш, професорот зависи од тебе, а не ти од него? И оние што ги вреѓаат приватните факултети се искомплексирани што не можат да си ги дозволат?! Ти честитам, штотуку примени “сам себе га убијал“ - сите можни комплекси на светот се содржани во оној што не му е проблем да си ја продаде нивата од денационализација за барем 4 јадни години во својот живот да се почувствува како нешто побитно од универзитетски професор.

Фала лепо и пријатно.
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Многу радо би плаќал и повеќе од 2000 евра годишно ако кај нас постоеше таква институција која ќе го спои квалитетот на државните факултети со условите и услугите понудени на приватните факултети. (мислам на односот студент-професор, СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА-студент, па дури и чистотата на ве-це-ата)

Не за џабе во развиените земји образованието чини многу повеќе од 2000 евра годишно. Ама таму и студентите знаат што сакаат, и институциите нудат коректно образование. Овде кај нас на секој нешто му е криво, на секого нешто му фали. Немаме такво образование, ама да бидеме реални и менталитетот ни е многу прост.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Во недостаток на податоци колку се запишани, а колку од нив дипломирани, јавноста е приморана да му верува на усните факти и докази (и искуството од синот на пријателите) за многу посигурното завршување на приватните школи. Студирањето мојата генерација го почнавме со околу 200 души, за на крај да останеме на само 20-30 дипломирани. Дали постои ваков податок за приватните школи?

Проблемот на студентите не е толку во тоа дали ќе почека еднаш во месецот пола ден на студентски, проблемот е после завршувањето затоа што во трка по муштерии постојат индиции дека и државните и приватните посебно последните години го имаат спуштено гардот/критериумот. Главен проблем е хиперпродукцијата на кадри од одредени струки. Околу 20% од високообразованите официјално се невработени, а од оние кои се вработени питај бога колку од нив работат во пиљари, на пазарче или слични раб. места.

А за тоа дека квалитетот го одредува факултетот или дипломата...дека Т-мобиле работел некој кој завршил на приватен...
може да го побарате случајот 2006 со фалсификуваните дипломи од Тетовскиот Универзитет
КВАНТИТЕТОТ РАЃА КВАЛИТЕТ!? Квалитетот на студирањето (ќе) го определуваат работодавците кои ќе судат дали некој студент имал или немал вистинска обука, вели Велковски, признавајќи дека и тие не се транспарентни верификатори на знаењата. Ова го покажува и случајот со вработувањето на две лица кои добиле фалсификувана диплома од Тетовскиот универзитет. “Може некој да поседува ваква диплома и да се вработи бидејќи за работодавецот се важни компетенциите на човекот кого го вработува - што тој знае да работи. Купувањето диплома е строго забрането и покажува дека, сé додека не функционираат механизми за контрола на квалитетот, ќе се случуваат вакви проблеми. Како држава влеговме во еуфорија дека секоја иницијатива за основање државен или приватен универзитет може да ги зголеми стандардите”, вели проректорот.
М, да и уште нешто му фали на нашиве, откако ќе ја добие дипломата, ниедна институција не се грижи за дипломираните граѓани
Никаде во приоритетите на власта не се размислува за креирање систем за “следење” на дипломираните студенти кои, без никаква поддршка, влетуваат на пазарот на трудот. Во исто време, со приватна иницијатива се формира Комора на воспитно-образовни кадри во Република Македонија чија главна цел е квалитетно формално и неформално образование на сите нивоа.
Мислам дека ова е многу позначајно неголи дали ќе се прошеташ по индекс на приватен или дали ќе те малтретира професорот на државен.
Што ни донесе комерцијализацијата на високото образование
Сепак, не генерализирам, но воглавно знам студенти од приватни и од државни и гледам кој како проаѓа со слично неучење. Факт е дека на сметка на големите за наши услови трошоци, полесно се поминува на приватните.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Многу радо би плаќал и повеќе од 2000 евра годишно ако кај нас постоеше таква институција која ќе го спои квалитетот на државните факултети со условите и услугите понудени на приватните факултети. (мислам на односот студент-професор, СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА-студент, па дури и чистотата на ве-це-ата)

Не за џабе во развиените земји образованието чини многу повеќе од 2000 евра годишно. Ама таму и студентите знаат што сакаат, и институциите нудат коректно образование. Овде кај нас на секој нешто му е криво, на секого нешто му фали. Немаме такво образование, ама да бидеме реални и менталитетот ни е многу прост.
Во скандинавија образованието е бесплатно, во франција преевтино, во хрватска плаќаш во зависност од успехот, односно плаќаш само презапишување на предмет а кај нас уште се палиме на скапо образование.
 
Член од
12 јануари 2008
Мислења
29
Поени од реакции
1
Гледам се мрчи околу вработувањето на студентите кои завршиле приватен факултет...Па добро ... до кога фирмите нема да примаат приватни ... за некоја година бројот на приватно дипломирани студенти ќе го надмине бројот на државно дипломираните...тоа ќе значи дека никој нема да работи??

Абе кој си го бива си го бива макар и вечерно да завршил :toe:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Во контекст на нашата запалливост или македонската логика -колку поскапо -тоа подобро, еве како европските студенти размислуваат сосем поинаку
Цела Европа против Болоња и „за“ бесплатно образование

Дилемата зошто се фрлаат толкави пари на приватни факултети се вртела и пред 2 години...има интересни коментари :)

Гледам се мрчи околу вработувањето на студентите кои завршиле приватен факултет...Па добро ... до кога фирмите нема да примаат приватни ... за некоја година бројот на приватно дипломирани студенти ќе го надмине бројот на државно дипломираните...тоа ќе значи дека никој нема да работи??

Абе кој си го бива си го бива макар и вечерно да завршил :toe:
тоа и јас го спомнувам со фалсификување на дипломите и вработувањето на тие лица -дека не е се до дипломите...
но тогаш што го тера млад човек, без приходи, со релативно низок животен стандард со еден или ниеден вработен официјално и нормално....во нашава земја да даде толку многу пари -негде накај 8-10 илјади евра.

Инаку за бројот на приватни/државни...моментално е 1:5 околу 50 илјади на државен према 11 илјади на приватни и со оглед на невработеноста и сиромаштијата (но и немањето предност приватен пред државен), тешко таа бројка ќе се измени.
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Владе, Марко, Никола :) T-mobile работат во IT и тоа на одговорни функции (Дали бази, дали друго, не знам но знам кога ми објаснаа беше функцијата нинџиска). Едниот беше асистент на Европски ако се сеќавам добро.
Владе да не е од Битола? Наумовски да не се презива?

Чекај малце....
Европски почнаа со работа во студентската 2001/2002.
Сакаш да кажеш дека тој што бил асистент на Европски одма по завршувањето се здобил со титула Асистент? Значи него му требале 5 години да заврши и најпрво си Помлад Асистент па потоа Асистент(мислам дека има некоја подреденост).
На Американ имам другар што е асистент веќе 2 години, а уште нема дипломирано (нормално на Американ е и он) :)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Хахахах овој муабет го извадивме во прва година кога учевме ден пред испит и 80% од времето реметевме луѓе на нет, гледавме клипчиња и „се знаевме“ :) Што не паднаа Вангел, Исмет и останатите :) За строг, строг беше Јованчевски, дека не знаеше убаво да објасни стварно не знаеше али за тоа не е веќе на факултет кај нас, на Американ е, таму што се другари ми кажуваат дека се задоволни од него така да изгледа не се многу зинтересирани во предавањето :)
Е да знаете на колку студенти животот им го имате скратено со извадениве муабети... :)
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Е да знаете на колку студенти животот им го имате скратено со извадениве муабети... :)
Тие муабети одат од колено на колено, секој само нешто си додава негово во приказната : )))))))))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom