Во право си за во Битола факултетот, не одат ниту на предавања туку само на испитите. Само ради парите им е.
Јас сум на Тетовскиот Државен како тргнале тука работите ептен ми се допаѓа.
Лабораториите се на прво место по снабденост и машини за работа во цела Македонија, само има еден голем изостаток тоа е што имаме само еден Дигестор.
Зборам за ПМФ во Тетово. Професорите сите во Германија, Белград, Швајцарија, Англија имаат докторирано, многу е добра наставаната, многу квалитетна, но политиката на факултето кон Албанците е добра за нас лоша за нив самите, им даваат многу мал материјал додека јас како Македонец користам книги од Белградскиот факултет освен 2-3 од Скопје. Стегнато е мамата.
Ajде сега ќе си ги фалиме професорите и факултетите...
јас сум студент на Техничкиот факултет во Битола отсек Сообраќајно транспортно инженерство. Бидејќи е единствен таков смер во Македонија не можам да споредувам со останатите факултети,за Информатика во Битола да свесна сум оти цела постава од професори е зината само за пари,продаваат книги за смешно трагични суми,но од тоа имало и полошо верувајте,кој студира на Охридскиот ,туризам осигурување и слично знае за што зборувам и колку им се солени книгите...и тоа копирани.
И кај мене на смерот има пионери од професори во поглед од сообраќајот кои студирале во Полска и Словенија,професори кои прават студии за Македонија,Белград,Загреб и соседството,зборуваме за проекти кои носат огромни суми на пари,професори кои докторирале на Оксфорд,а богами не можам да се пожалам и на наша инволвираност. Материјалите за учење ни се достапни и повеќе од 150 денари за копирање не сум дала за материјал.
Но не е во нив проблемот.
Проблемот е во нас,што подалеку од тоа што ни е пред нос не гледаме. Да се пожалат двајца мо*ковци оти тој и тој професор „бил лош и не пуштал“,автоматски сите сакаме што полесно да си поминеме и не го избираме неговиот предмет. Тој останува без часови,без работен ден и понатаму приморан е да пушта студенти кои евентуално знаат колку е 2+2,за да има на кого да предава.