Приватни или Државни факултети?

RB

Член од
25 ноември 2010
Мислења
4
Поени од реакции
0
pa i jas smetam deka privatnite se podobri zatoa sto vikaat deka profesorite imale korekten odnos so studentite i sekogas imale vreme za niv sto za zal ne e slucaj kaj drzavnite,samo neznam koj e najdobar od privatnive kaj nas osven Stul... da ne znae nekoj nesto za American College kakvi se uslovite,predavanjata,profesorite?
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
за тебе е нормално положување е кога ке добиеш 100 прашања од кои ке ти се паднат 20 ?
Со оглед шо кај мене на факс добиваш 80 прашања од кои ке ти се паднат ПЕТ (само по еден предмет до сега у 4 години ни ги дале ПРАШАЊАТА - Што на приватните е секојдневие)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Приватен се разбира, како на пример MIT, Stanford или CIT, Oxford и да не набројувам
 
Член од
16 ноември 2009
Мислења
299
Поени од реакции
86
Слободно иди си на приватен ако не ти смета после да ти ја дискриминираат дипломата од време на време. Се разбира има приватни факултети во Македонија кои се стварно лол.

Со трансфер кредит системот и државните факултети не се толку тешки, со редовно учење од 1 до 2 саата дневно и пред колоквиум малце поинтензивно, све се положува. Секако ако имаш доволен број на поени за да те примат, ама тоа најмногу зависи од факултетот и од генерација (на пример, годинава на економски, некои и со 50 поена влегоа). Не спомна на што наука сакаш да се запишеш.

Ако си се решил за приватен факултет, избегнувај ги следниве: Американ колеџ, МИТ, Њу-Јорк колеџ (мислам дека и го затворија), Руски колеџ во Свети Николе, БАС, Неоком итн. Денес секој факултет отвара, на овие факултети доволно е само да се појавиш за да положиш, а на овој во Свети Николе и МИТ мислам можеш дури и преку интернет да полагаш, и после се чудат зошто приватните се дискриминирани.

Додека на Штул, Европски и Фон, иако е пак полесно од државните, сепак треба да се научи за да се положи и не е како овие горенаведениве “лол“ факултети.
 
RB

Член од
25 ноември 2010
Мислења
4
Поени од реакции
0
Na ekonomiski smer sakam da se pisam samo neznam dali diplomite na site privatni se priznaeni zaso vo nasava drzava uste postojat mnogu predrasudi kako od tipot tie na privaten se nepsimeni i nekoi takvi gluposti...
 
*Slash*

Comfortably Numb
Член од
31 јули 2008
Мислења
760
Поени од реакции
1.209
за тебе е нормално положување е кога ке добиеш 100 прашања од кои ке ти се паднат 20 ?
Ахх..на какви маки сте биле вие...цццц...
Зш не се побунете да ви даваат по 10 прашања од кои ќе ви се паднат 20 ? :smir:
 
Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Очигледно дека погрешно ме сфативте. Ај уште еднаш ке го поставам прашањето до членката што тоа подразбира под нормално положување? Дали мисли на добивање на прелазна оценка по некој предмет со помош на 100 (или ајде 150 да направиме малку потешко нели) прашања добиени од страна на професорите, за потоа сосема истите тие прашања (нормално во намален број) да ги имаат на испитот/колоквиумот.
И после ке ми кажуваат дека на приватните факултети уствари било ептен, ама ептен тешко. Абе ај.
 
Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160

Многу големи цифри стави, затоа не те сфатија... 100 е прееееемногу :pos:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.241
Зш не се побунете да ви даваат по 10 прашања од кои ќе ви се паднат 20 ?
Ма пушти ги, на државниве учат се некои пропалитети, мрзи, неписмени...од 1100 и нешто финанс. менаџмент положиле околу 50% -околу 600, не ги бива. Како се движи овој процент положени на приватните?
Дали министерството има вакви информации за профил на средношколци кои се запишале државни/приватни, нивни успех во средно, и податоци за студирањата - просечни оценки, достапност, положени предмети, процент положени по предмет...и така натаму...по факултет?

Ако некој смета дека генерализирам, нека повели со примери и бројки.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Приватен е изборот, и професори имаат разбирање и нормално положувањето е без проблем
И финтата во студирањето е само да положиш а?
 
A

apidrone

Гостин
И финтата во студирањето е само да положиш а?
Јас ја гледам и позитивната страна од тоа да те заебава некој професор на државен. Ако ништо друго, ќе научиш да бидеш потрпелив, пошо утре коа ќе почнеш да работиш ќе се сретнеш со далеку поголеми гомна отколку професорите од факс. Тие дотични особи нема воопшто да те трпат, и нема воопшто да те прашаат кој ти е татко, мајка и сл.
Инаку имало многу случаеви кај шо професори предаваат и на државен, и на приватен. Се разбира дека нема да се однесуваат исто и таму и ваму. И сеа прашање до типот шо Џену го цитирала: Еве ќе ти ја дадат дипломата. После? Освен ако не си член на партија, па да си партиски вработен во администрација, да си седиш дома и да примаш плата. Кај ќе те примат на работа ако појма си немаш на шо си потрошил 3-4 години? Башка тука во Македонија повеќе се ценат државните факултети. А тоа што некои велат дека во странство дипломите од приватните биле признати, а од државните не, ок, нека е така, ама зарем мислите дека тие фирми во странство на вас чекаат само да завршите и веднаш имате работа? Дека вие сте единствени кандидати? Дека нема илјадници како вас кои ќе си ја пробаат шансата?
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Na ekonomiski smer sakam da se pisam samo neznam dali diplomite na site privatni se priznaeni zaso vo nasava drzava uste postojat mnogu predrasudi kako od tipot tie na privaten se nepsimeni i nekoi takvi gluposti...
Од Штулов е признаена дипломата, а со оглед на тоа што предметите се доста попрактични отколку на економски, ќе добиеш повеќе практично знаење и подготвеност да почнеш со работа повеќе отколку на државен. Зависи кон што целиш во образованието.

Очигледно дека погрешно ме сфативте. Ај уште еднаш ке го поставам прашањето до членката што тоа подразбира под нормално положување? Дали мисли на добивање на прелазна оценка по некој предмет со помош на 100 (или ајде 150 да направиме малку потешко нели) прашања добиени од страна на професорите, за потоа сосема истите тие прашања (нормално во намален број) да ги имаат на испитот/колоквиумот.
И после ке ми кажуваат дека на приватните факултети уствари било ептен, ама ептен тешко. Абе ај.
Не ги ставајте сите приватни во ист кош. Јас сега не добив ниедно испитно прашање, само ми кажаа да спремам 6 поглавја од книгата за првиот колоквиум. Ниту ми беа сервирани прашањата, ниту ми најавија каков ќе биде колоквиумот. Се' зависи од професорот и од неговиот принцип, на машински добивав повеќе испитни прашања (односно, сите професори, по сите предмети даваа испитни прашања), отколку сега на Штулов.

А, гледам коментираат и за тоа дека било добро да те зафркава професор. Не мислам дека е добро, која е целта некој неизживеан да ме малтретира мене зашто државата не го плаќа доволно за да се однесува добро со мене, а работното место му е загарантирано без разлика како ќе се однесува? И, згора на тоа, не ми дава практично знаење, туку некоја теорија која тешко и некогаш да ја применам во работата. Не, студент не треба да чека професор, не треба да добива пониска оцена зашто не му бил денот на професорот, не треба да гледа на професорот како на божество (како што е случај на државните факултети, да видам некој да се обрати на професор без три пати да му се прииде во вц од трема) :nesvest:

Значи, одредени (нагласувам одредени, не сите) приватни факултети нудат многу повеќе од државните факултети со самото тоа што даваат практично знаење, испитите се конкретни, не хаику поезија и доколку може некој да си дозволи, без размислување би препорачала да оди на приватен факултет со проверена акредитација и професори.
 
A

apidrone

Гостин
А, гледам коментираат и за тоа дека било добро да те зафркава професор. Не мислам дека е добро, која е целта некој неизживеан да ме малтретира мене зашто државата не го плаќа доволно за да се однесува добро со мене, а работното место му е загарантирано без разлика како ќе се однесува? И, згора на тоа, не ми дава практично знаење, туку некоја теорија која тешко и некогаш да ја применам во работата. Не, студент не треба да чека професор, не треба да добива пониска оцена зашто не му бил денот на професорот, не треба да гледа на професорот како на божество (како што е случај на државните факултети, да видам некој да се обрати на професор без три пати да му се прииде во вц од трема) :nesvest:
Веројатно ова на мене се однесуваше. Не знам каде прочита дека сум рекол дека било добро да те зафркава професор. Реков само дека има и позитивна страна од целото тоа. Арно ама, ако професорите од приватен се однесуваат со тебе како со мамини мази, ти ќе се навикнеш на тоа, и потоа кога ќе се сретнеш во животот со такви олоши од луѓе, ти ќе си помислиш дека можеш и нив да ги платиш и они веднаш ќе го сменат однесувањето кон тебе. Нема да научиш како да бидеш потрпелив према таквите, ќе си речеш: Ај бе ако те кажам на мама и тато, ќе видиш ти.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Веројатно ова на мене се однесуваше. Не знам каде прочита дека сум рекол дека било добро да те зафркава професор. Реков само дека има и позитивна страна од целото тоа. Арно ама, ако професорите од приватен се однесуваат со тебе како со мамини мази, ти ќе се навикнеш на тоа, и потоа кога ќе се сретнеш во животот со такви олоши од луѓе, ти ќе си помислиш дека можеш и нив да ги платиш и они веднаш ќе го сменат однесувањето кон тебе. Нема да научиш како да бидеш потрпелив према таквите, ќе си речеш: Ај бе ако те кажам на мама и тато, ќе видиш ти.
А од каде доби впечаток дека на приватен факултет професорите ги третираат студентите како мамини мази? :)
Да, добиваш подобар третман во смисла дека се однесуваат кон тебе како што професор треба да се однесува кон студент и како што и секој нормален професор во нормална земја на нормален факултет се однесува со студентите.
Не ти подгреваат кафенце и не ти го местат креветот професорите на приватен факултет, верувај ми :smir:
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
А од каде доби впечаток дека на приватен факултет професорите ги третираат студентите како мамини мази? :)
Да, добиваш подобар третман во смисла дека се однесуваат кон тебе како што професор треба да се однесува кон студент и како што и секој нормален професор во нормална земја на нормален факултет се однесува со студентите.
Не ти подгреваат кафенце и не ти го местат креветот професорите на приватен факултет, верувај ми :smir:
За на Штулов слушам и јас во поново време дека не било толку лесно и дека се стегнале конците што е позитивна работа и е ок.

А апидрон ја доловуваше поентата што ја дискутираа порано едни членови на друга тема со ваква слична идеја, не дека е добро да те измачуваат туку дека е позитивно. Затоа што денес кај нас, се` е хаос, да извадиш лична карта, чекаш, трпиш гужви, те маткаат лево десно. Документ да извадиш од катастар, ваму таму и таму се чека, се гужваш, милион заебавања. Поентата е дека сфаќаш дека не е се` розово кога ќе го завршиш факултетот и си спремен за заебанциите кои следат. :)

За професорите на приватен дека се поинакви на приватен, не се согласувам со тебе зошто мајка ми предава на Стоматолошки и држи вежби на Европски и самата кажува дека поинаку се однесуваат нејзини колеги таму. Исто така братучетка ми предаваше на ФОН економија, заврши на КиМ со просек 9,70 и на прв колоквиум кога се вработи ги испопаѓала 70 посто од студентите и одма после ја викнале на советување, како смеела тоа да го прави. Затоа си напушти :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom