Префрлување од медицински во Штип на медицински во Скопје

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Дали некој случајно се има префрлено после 3та година од општа медицина на УГД, на општа медицина на УКИМ, па дали би сакал да ми објасни како оди тоа префрлувањето.
Слушам дека намерно некои предмети се ставени во различна програма за да се отежни префрлање (како радиологија на уким е во 5ти, а на угд во 7ми семестар)
Како со вежби, дали има повеќе пракса и што да се види повеќе на уким?
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Колку што знам, ако се префрлаш од УГД на УКИМ или обратно, која година и да си почнуваш се од почеток (прва година повторно, иако си трета) со тоа што некои предмети ти се признаваат само незнам кои точно оти не студирам медицина, тоа некој на општа што е прва во Скопје да ти каже што предмети слуша(л) во прва година па да си споредиш со оние ти што ги имаш преслушано и положено. Поарно седи си на УГД уште 3 години отколку да учиш плус уште 6 години мој совет :)
 
Член од
27 август 2009
Мислења
1.540
Поени од реакции
1.671
Јас имам колеги од фармација што се префрлија од УГД на УКИМ. Некои предмети не им ги признаа па од ново ги слушаа а некои предмети на УКИМ што се во прва, на УГД се во втора година и обратно. Колега во четврта година се префрли УКИМ, сега слуша некои предмети од втора а некои од трета, од четврта нема предмет што го слуша, значи многу доцни со предметиве. Мислам дека нешто слично е и на медицина, во секој случај тешко дека на време ќе можеш да завршиш баш поради тоа што некои предмети нема да ти бидат признаени а некои предмет, пример, од втора немат да ти бидат слушани на УКИМ заради различната програма.
 
Последно уредено:
Член од
7 август 2009
Мислења
115
Поени од реакции
16
Може малку сум касно, ама прва година сум на медицина во УКИМ и има деца од Штип префрлени што се втора година, а со нас слушаат предмети од прва (Хистологија со ембриологија 2 и Етика колку што знам само вие 2). Ама мислам дека не е како што кажаа погоре дека нарочно ќе те тераат да слушаш одново предмет, или дека не го признаваат, туку само дека различна е програмата и има предмети што во Штип не се слушаат, или се слушаат покасно, само тие те тераат да си ги подмириш другото ти важат. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom