Префрлување на стан и вила?

Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
Здраво би сакал да знам од поискусни кој што се разбираат во овие работи како иде постапкава?
Станот е на мајка ми а вилата(заедно со земјата) е на дедо ми но тој е починат(но баба ми е жива) и тие еве некое време ме гњават да се прфлело на мене за секој случај...

Е сега како ќе иде тоа дали ќе учестувава и татко ми во оваа постапка пошто тие се разделени(не со развод) со мајка ми и не зборат.

Исто така и имаат неплатени даноци за станот и вилата неколку години па би сакал да знам како иде постапката со дознавање на колку имаат неплатено и каде би можело да се плате?

Благодарам однапред.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.608
КОлку што знам префрлање на „прво колено“ по род е бесплатно на нотар но во катастар чисто се сомневам дека би ти го впишале на твое име без да побараат платен данок на имот а и сите оние давачки како комуналии, струја и такви работи ќе треба да ти се платени до последно за да и тие ги впишеше на твое име. Со тоа од мајка ти не верувме дека татко ти би имал право се меша затоа што на нотар би требало мислам да имаш сведоци што потврдиле дека мајкати не е под присила или такви работи за да после некој ја оспори одлуката со постапка на суд или слично.

За од дедо ти малку е покомпликувано, прво треба оставинска на суд на баба ти но таа може 50% а другите 50% на децата по автоматизам ако тие не потврдат дека оставаа на неа, ти треба потпис од сите тетки/чичковци-вујни/вујковци (или нивни наследници ако за жал не се живи а оставиле деца/брачни партнери) ако имаш. Ако мајка ти е една од нив тогаш баба ти во истата постапка може да препушти правото на сопственост на мајка ти и така таа би го имале нејзиниот дел од делот предвиден за деца (или сите 50% ако е единец) плус 50% од баба ти. Кога ќе се реши овај дел дури тогаш како за станот препис со платени даноци за да дојде на твое име. За оставинска постапка мислам не треба платени даноци на имот или слично за да добијат документ на наследници но за да бидат сопственици и да можат понатаму да впишат на сопствено име и да располатаа/продаваа/препишуваат имот мора и тоа да е чисто.

Ова го кажувам од тоа што се распрашував за имот кој јас би требало да го добијам во наследство но нема оставински директни одлуки и преписи па така моментално сум виртуелен сопственик на 1/36 од имотот на прадедо ми... многу лошо што македончето од инат или којзнае што по навика многу многу ретко препишувало наследство на живо. Секогаш оставало да после смрт наследниците си вадат очи. Затоа и толку фамилии не сакаат да се видат меѓу себе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom