Префрлање од еден на друг Факултет

Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.589
Поени од реакции
2.534
Здраво луѓенца.

Вака. На кратко ќе пробам да ја скратам темата колку што можам.

Другарче. Моментално е вонреден на економски на УКИМ, прва година. Не знам кој смер. Сака од втор семестар да се запише на италијански на филолошки исто така на УКИМ. Дали е возможно префрлање во овој период? Дали треба да полага приемен, за испитите од првиот семестар што-како?

Секое мислење е добредојдено. :coffee:
Поздравчиња. Пуно!
 
O

Orion.

Гостин
Нека иде на некој технички, медицински, стоматолошки, технолошки и сл. Нека размислува долгорочно. Со тоа стекнато знаење (не диплома) може да најде работа и тука, и во странство, у случај издркотинава(државичево смрдено) да се распадне, да има војна, да стане уште повеќе изолирано, посиромашно, победно... Италијански (и било кој друг јазик) може да научи на интернет и на skype зборејќи со италијанци

http://www.fluentin3months.com/
 
Член од
15 септември 2012
Мислења
112
Поени од реакции
123

Супер штом сака да се префрли.
Јас лично се префрлив од Правниот факултет „Јустинијан Прима“ на Филолошкиот - „Блаже Конески“.
Но, не може да се префрли во овој период. Ќе треба си го чека наредниот уписен рок, т.е. со наредната генерација и тој да си биде повторно студент во прва година. :)
 
Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.589
Поени од реакции
2.534
Супер штом сака да се префрли.
Јас лично се префрлив од Правниот факултет „Јустинијан Прима“ на Филолошкиот - „Блаже Конески“.
Но, не може да се префрли во овој период. Ќе треба си го чека наредниот уписен рок, т.е. со наредната генерација и тој да си биде повторно студент во прва година. :)

Сега вториот семестар што е за економски ќе може да го отпише, така? Без никаков проблем и малтретирања по студентски? Фала ти на одговорот. :)

Нека иде на некој технички, медицински, стоматолошки, технолошки и сл. Нека размислува долгорочно. Со тоа стекнато знаење (не диплома) може да најде работа и тука, и во странство, у случај издркотинава(државичево смрдено) да се распадне, да има војна, да стане уште повеќе изолирано, посиромашно, победно... Италијански (и било кој друг јазик) може да научи на интернет и на skype зборејќи со италијанци

http://www.fluentin3months.com/

Каде со размислувањето?
 
W

Werther

Може да, само ќе треба и ратата за летниот семестар да ја плати и ако има положени испити казни да плаќа. :)
 
Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.589
Поени од реакции
2.534
Може да, само ќе треба и ратата за летниот семестар да ја плати и ако има положени испити казни да плаќа. :)
Нема ништо положено. Сè е паднал и има уплатено за испити. Какви се казните? Кај има мени за тоа? :D
 
W

Werther

Гостин
Нема ништо положено. Сè е паднал и има уплатено за испити. Какви се казните? Кај има мени за тоа? :D
Ако нема ништо положено нема да плаќа пенали. Само ќе треба летниот семестар да го плати и исписница, мислам 1000 денари е.

Прати го другарoт на студентски таму има истакнато листови и за се' пишува колку чини.
 
Ф

Флеш

Гостин
Нека иде на некој технички, медицински, стоматолошки, технолошки и сл. Нека размислува долгорочно. Со тоа стекнато знаење (не диплома) може да најде работа и тука, и во странство, у случај издркотинава(државичево смрдено) да се распадне, да има војна, да стане уште повеќе изолирано, посиромашно, победно... Италијански (и било кој друг јазик) може да научи на интернет и на skype зборејќи со италијанци

http://www.fluentin3months.com/
Саше Мијалков е крив ,знаев :cautious:
 
Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.589
Поени од реакции
2.534
Ако нема ништо положено нема да плаќа пенали. Само ќе треба летниот семестар да го плати и исписница, мислам 1000 денари е.

Прати го другарoт на студентски таму има истакнато листови и за се' пишува колку чини.

10-4. (y)
 
O

Orion.

Гостин
Сега вториот семестар што е за економски ќе може да го отпише, така? Без никаков проблем и малтретирања по студентски? Фала ти на одговорот. :)

Каде со размислувањето?
Знаеш, кога мислиш дека поседуваш добар аргумент веројатно треба да го кажеш. Вака имам чувство дека дискутирам со четврто одделенец
 
Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.589
Поени од реакции
2.534
Знаеш, кога мислиш дека поседуваш добар аргумент веројатно треба да го кажеш. Вака имам чувство дека дискутирам со четврто одделенец

Го знае јазикот доволно. Го учи веќе неколку години и не му е за "buongiorno" со италијанци. Ја сака онаа перфекција од јазикот. Тоа дали го нудат нашиве факултети, не знам. Него, што те тера да мислеш дека, еве пример јас, не можам да го научам јазикот на факултет туку подобро би ми било да се регистирам на флуентза3месеци?
 
не мора и да се зачлениш брат , не мора да си приморан, може и самоук да бидеш ,да учиш целосни фрази на реченици , како песна да вртиш,да ти влезе во глава ,тоа ти е основа ,полека со време ќе го совладаш јазикот .... ја шо идев англиски демек од курс научив ,сето тоа ми е од филмови,цртани,интернет , побргу се прилагодив и супер го прилагодуваш акцентот на изговор ...
 
O

Orion.

Гостин
Го знае јазикот доволно. Го учи веќе неколку години и не му е за "buongiorno" со италијанци. Ја сака онаа перфекција од јазикот. Тоа дали го нудат нашиве факултети, не знам. Него, што те тера да мислеш дека, еве пример јас, не можам да го научам јазикот на факултет туку подобро би ми било да се регистирам на флуентза3месеци?
Дечкото има неконвенционален но одличен метод за учење на јазик. Разгледај ја страната и прочитај како размислува. Не треба да се регистрираш нигде, само користи ги неговите методи на учење на јазик. Секако можеш и на факс, твој живот...

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
тие предлозите колку се тешки во италијанскиот, баш на курс ќе ги научиш. И не е само за јазикот, ја учиш и културата на земјата.
 
Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.589
Поени од реакции
2.534
тие предлозите колку се тешки во италијанскиот, баш на курс ќе ги научиш. И не е само за јазикот, ја учиш и културата на земјата.
ТОА!

Дечкото има неконвенционален но одличен метод за учење на јазик. Разгледај ја страната и прочитај како размислува. Не треба да се регистрираш нигде, само користи ги неговите методи на учење на јазик. Секако можеш и на факс, твој живот...
Ти имаш научено неколку јазици според неговиот метод?

И одма се фативте за таа регистрација од 30 факин секунди.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom