Претставен iOS 5 - кои се новитетите?

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.186
Поени од реакции
34.419
На WWDC конференцијата која се одржа синоќа, Apple ja претстави новата генерација на оперативниот систем за iPhone, iPad и iPod Touch која носи преку 200 новитети - барем така вели Apple.

iOS 5 ќе биде достапен за крајните корисници од есен, што се чини како прилично долго време за чекање. А додека чекаме, да видиме кои се новитетите и дали чекањето ќе вреди.

Нов систем за известувања

Како што се шпекулираше, eдна од новите карактеристики на iOS 5 е новиот систем за известувања. Па така, наместо иритирачките поп-ап прозорчиња кои се присутни во сегашната верзија, во новата верзија известувањата се појавуваат во посебен дел од екранот посветен на нив кој се наоѓа најгоре.

Twitter интеграција

Twitter интеграцијата исто така од шпекулација се претвори во реалност. Интеграцијата не се однесува на преинсталирана апликација за Twitter, туку на системско ниво ги опфаќа Safari прелистувачот, апликациите Photos, Contacts, YouTube и Maps, што значи дека корисниците ќе можат да „твитаат“ од сите овие апликации, а контактите се синхронизираат со нивните профили на Twitter.

iMessage

Новитет е и iMessage услугата која претставува IM клиент интегриран во апликацијата за пораки, а поддржува праќање на текст, фотографии, видеа и контакти преку енкриптирана конекција, а функционира преку Wi-Fi и 3G. Со едноставни зборови, би рекле дека iMessenger е iOS верзија на BlackBerry Messenger.

Новитети кај постоечките апликации

Safari прелистувачот доби читач наречен Safari Reader, a апликацијата за фотографии доби можност за уредување на сликите, па корисниците ќе можат да ги „сечат“ и едитираат фотографиите директно од нивните уреди. Камерата доби промени во корисничкиот интерфејс, како и копче за брз пристап до неа преку почетниот екран, а промени има и кај потсетникот.


Доаѓа iCloud

Вториот најголем новитет по iOS 5 коj Apple гo претстави на WWDC е новата услуга наречена iCloud. Услугата претставува колекција на 9 апликации наменети за различни типови содржини, кои се поврзани во „компјутерски облак“, а ги синхронизира содржините кои ги поседуваат корисниците преку нивните уреди.

Како работи iCloud?

Кога било кој од Apple уредите кои ги поседува корисникот ќе добие нова содржина, таа се праќа до iCloud, а од таму се синхронизира со другите уреди како iPhone, iPad, Маc, па дури и PC). На пример, доколку додатете нов контакт или промените некој од постоечките на еден од уредите, тој ќе се додаде или промени на сите други уреди кои ги поседувате.

Исто така, iCloud дава преглед на купените апликации, а со допирање на „копче“, можете да ја инсталирате и на другиот уред. Доколку купувате нова апликација, таа ќе биде пратена до сите уреди.

Со iCloud, синхронизација помеѓу уредите добиваат и сите фотографии и музички датотеки. Чудно, но Apple не спомна ништо за синхронизација на видеа.

Како ви изгледаат новитетите?

via Kajgana.com
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Утрово е успешно направен Jailbreak на најновиов оперативен систем на Apple.

Ќе го инсталирам за некој саат, па ќе дадам повеќе детали :)

 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Кој модели се подржани? Само 4-ката или?
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.186
Поени од реакции
34.419
Утрово е успешно направен Jailbreak на најновиов оперативен систем на Apple.

Ќе го инсталирам за некој саат, па ќе дадам повеќе детали :)

Изгледа фотошопирано... Нели сеуште не е пуштен во употреба iOS 5?
Од кај го најдоа, па уште одма го џејлбрејкнаа?
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.176
Достапни се и iOS 5 Beta и iTunes 10.5 Beta во Дев центарот на Епл, еве линк до веста: http://iclarified.com/entry/index.php?enid=15440 :) Едвај чекам да го пробам петката, браво за MuscleNerd :)
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Изгледа фотошопирано... Нели сеуште не е пуштен во употреба iOS 5?
Од кај го најдоа, па уште одма го џејлбрејкнаа?
Верувај, ова е од ПРВА РАКА :)
Ги пратам (следам) сите светски хакери/кракери што се занмиаваат со Jailbreak/Unlock/Crack за iOS
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Тест за брзина:

iOS 4.3.3 vs iOS 5

 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
iPhone 3GS vs iPhone 4
двата на iOS 5 Beta

 

Kajgana Shop

На врв Bottom