Не знам, ама вакви отворени муабети не се водеа досега
Не треба да се остави добра криза да помине бескорисно.
Во ситуација кога се зголемува бројот на незадоволни граѓани поради самобендисаните политики на владата, празни продавници и најави од пратеници во американскиот Конгрес од редовите на Демократската Партија на САД дека ќе се пензионираат, односно нема да се кандидираат за нови мандати во ноември 2022 - бидејќи некој ги подзаплашил дека без бабарогата Доналд Трамп гласачите повеќе не биле толкави ентузијасти за да ги гласаат повторно - секако дека е добредојдено секое средство на стравот, вклучувајќи го и стравот од граѓанска војна.
Неодамнешната одлука на Саутвест Ерлајнс - најголемата авионска компанија за ефтини летови во САД, со речиси 60.000 вработени, да дозволи исклучоци за невакцинирани вработени кои се повикуваат на религиска слобода или на ослободување од вакцинација поради здравствени причини, секако дека не им помага на другарот Јосиф и неговите демократски пулени.
Саутвест Ерлајнс најави суспендирање на сите вработени кои до 8 декември 2021 нема да се вакцинираат, што секако подоцна би резултирало и со нивно отпуштање од работа, но откако пилотите си го кажаа своето против задолжителната вакцинација, па околу 2.000 летови завршија откажани, одеднаш овие од Саутвест Ерлајнс попуштија, па сега велат дека нема да ги суспендираат вработените кои од религиски причини или ослободени од вакцинација поради здравствени причини нема да се вакцинираат, но сите нововработени ќе мораат да покажат сертификат за вакцинација.
Не им гори под нозете на другарот Јосиф и неговите демократски пулени, но сепак капнува по малку гориво секој ден, а и искри пецкаат по малку.