Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Немаше вакви коментари кога г-дин Путин настапи на туѓи територии како Сирија или па кога г-дин Трамп нареди убиства или бомбардирања...
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.559
Поени од реакции
26.073

Де бе, па и нема нешто посебни коментари по ова прашање ... Само кладбата на ѓоко се коментираше :)

И башка Путин беше повикан од легитимната влада на Сирија, па така Руската интервенција во Сирија е според меѓународно право, а Американциве поджруваа исламистички терористи.
 
Сепак да не претеруваме сега со морализирањето и ,,легитимноста", знаеме дека за секоја акција може да се најде кауза. Просто и едноставно секој шири влијание колку што му стиска. Пред распадот на Совјетите, кога беа во кондиција немаа проблем да влечкаат во Куба атомски бомби или да се шетаат со тенкови и да пукаат по толпи со наоружени протестанти по И.Европа.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Немаше вакви коментари кога г-дин Путин настапи на туѓи територии како Сирија или па кога г-дин Трамп нареди убиства или бомбардирања...
Немаше затоа што одма добиваа процедурално (реплика) од моја страна. Сега не знам каде е левицата да си ја брани својата идеологија (педерлуци, повисоки даноци, ограничување на првите 2 амандмани итн)!

Најискрено ме радува цензурата која ја лапаат и поините на левицата, сепак "револуцијата си ги јаде своите деца".
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.559
Поени од реакции
26.073
Сепак да не претеруваме сега со морализирањето и ,,легитимноста", знаеме дека за секоја акција може да се најде кауза. Просто и едноставно секој шири влијание колку што му стиска. Пред распадот на Совјетите, кога беа во кондиција немаа проблем да влечкаат во Куба атомски бомби или да се шетаат со тенкови и да пукаат по толпи со наоружени протестанти по И.Европа.
Види, не ми се баш омилени мене советите... Не сум нивен фан воопшто. Јас генерално го сметам советското време за најмрачниот период од човековата историја.

Но за разлика од нив Русија е една друга држава, која несомнено го шири своето влијание колку што и стиска... Но мораш да признаеш дека арогантноста на САД во ниедна мера неможе да се спореди со Руската. Не за друго, туку ради разликата на доктрината. Дали е тоа до моќта или станува збор за други морални нормативи, тоа неможам да кажам.
 
Немој сега со вакви несериозни муабети дека Совјетите не биле уствари Русите, туку некои други хора.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.559
Поени од реакции
26.073
Немој сега со вакви несериозни муабети дека Совјетите не биле уствари Русите, туку некои други хора.
Вистина е дека Русите го имале главниот збор, меѓутоа политиката што ја воделе не била Руска, ниту пак била корисна за Русите. Зависи како гледаш на работите. Неможеш на пример денешна Германија да ја ставиш во ист кош со Хитлерова Германија. Иако нацистите биле Германци, а не некои други хора ...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.966
Не дркајте бе уште на стари муабети. Не е ова истата клинтонова демократска партија.

Нема мачкање на очи само со џендер еквалити муабети. Сега се притиска таму кај што ја боли олигархијата.

Не е само минималната надница, студентските долгови, нема да имаат мир и за нападиве.

Можеби го ебаваат Берни за функција, ама тој му го начукува со се мадиња.

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
И зошто државата треба да простува долгови? Сериозно те прашувам. И за минималната саатница, мора и треба да биде препуштено на секоја држава одделно затоа што стандардот од држава во држава е многу поразличен, па и во самите држави има разлики. Дали треба да има минимална саатница, јас сум За, но не може на федерално ниво истата да биде одредена.

И нашите се фаќаат како слеп за стап и туркаат одредена шема за наводна грижа за работникот и работничките права преку форсирано зголемување на платите без притоа тоа да помине низ ЕСС! Ако има скалести плати (чистач 16К, магационер 22К, продавач 25К..) и минималната порасне на 18К, ќе биде приморан да ја зголеми на сите. Ако трошоците се зголемат, ќе мора да се најде начин и приходите да се зголемат така и цената на добрата ќе порасне.
 
Абе барем ние во Македонија ја имаме осетено сета 'дерегулација' од 90те години, кога газдиве аздисуваа со никакви плати и без плаќање на придонеси.

Како што видовме со решавање на тие работи преку закон, пропаднаа само гомната т.е. газди кои функционираа со компензација, но здравиот бизнис си брка работа уште подобро, затоа што народот има повеќе пари.

За студентските долгови тоа е малце поинаков проблем во САД, но се се сведува на големата нееднаквост која вештачки се створи последниве 20-30 години.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Значи се сложуваме дека не е финансиски исплатливо простувањето на долгови. Кога тоа претпријатие е во сопственост на државата треба чистење односно рамнење на сметката, ама еден ден и таа негатива ќе исплива на површина (со Ју тие политички делените кредити не беа добри за банките и поради тоа тонеа во неликвидност, потоа следеше банкротирање на истите). Дури и да нема негатива, нели целта не беше профит или дивиденда, туку служба на народот, со рацете во џеб остануваа оние кои имаа подмирени сметки.

Во САД ставаат по две хипотеки за една диплома по медицина, па и тоа е премногу. Образованието не треба да биде толку скапо и реформата треба да се движи кон таа насока.

Никој нема ништо против Законот за минимална плата, но имам против насилничкото зголемување на платите само затоа што било дадено такво предизборно ветување. Платите мора да пораснат кога ќе созреат условите во спротивно секое зголемување на трошоците (платите) е или клуч на врата или отпуштање работници, а со самото тоа се намалува продуктивноста.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.598
Поени од реакции
38.751

Никој не простува долгови, ни во овој живот нити пак во другиот. Образованието е скапо, но кое фајде ако е ефтино. Најголем дел од народот ќе се упише на факултет како тука и со тоа губиш работна сила. Ќе ти учат луѓето факултет до 28 години и после ќе бараат работа што соодветсвува на нивната диплома. Со тоа губиш пари и економијата иде удоле.
 
Како не се простуваат долгови? Еве новата администрација најави простување на студентски долгови до 10.000 долари!

Кај нас тој тренд беше за простување на камати и сметки! Не губиш работна сила, ја губиш само ако нема да сака по стекнувањето на диплома да продолжи да работи тука.
 
како не губиш кога 4+ години тој што студира не работи, не придонесува на никаков начин во економијата. Работата ја движи економијата, не седењето дома и учењето за испити.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.261
Поени од реакции
29.745
Сепак да не претеруваме сега со морализирањето и ,,легитимноста", знаеме дека за секоја акција може да се најде кауза. Просто и едноставно секој шири влијание колку што му стиска. Пред распадот на Совјетите, кога беа во кондиција немаа проблем да влечкаат во Куба атомски бомби или да се шетаат со тенкови и да пукаат по толпи со наоружени протестанти по И.Европа.
На сите ни е јасно дека морализирање и геополитика не идат заедно (освен за Америте кои продаваат „повисоки“ вредности, додека го прават токму спротивното).

Но легитимноста не е нешто што би требало да биде ставано во наводници.
Меѓународното право мора да се почитува. Колку да не постојат механизми за негово споредување, сепак меѓународната заедница треба и мора да ги осудува кршењата на меѓународното право... Какво што е влегување на неповикани армии на територии на независни суверени држави (како САД, Турција, во Сирија, итн).

Проблемот е што меѓународната заедница не е независно тело, па следствено не ги интересира ни меѓународното право (освен кога тоа му одговара на газдата).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom