Тешко на 4 Ноември да се знаат конечните резултати.
На вечерта на изборите ќе се објават моменталните резултати од гласовите на гласачите кои ќе излезат на изборниот ден да гласаат. И за очекување е Трамп да има водство од 6-7 % до 10% на основа на само избројани гласови од гласањето од изборниот ден на 3 Ноември.
А оние гласови кои се од предвременото гласање по пошта и преку мејлови, тие гласови ќе се бројат неколку денови па и недели после 3 Ноември. Зависи од сојузните држави, во Флорида веднаш од 3 Ноември ќе почнат да ги бројат гласовите од предвременото гласање но сепак во таа држава има голем милионски број на предвремени гласачки ливчиња за броење.
Додека Пенсилванија и некои други клучни ,,свинг" сојузни држави подоцна и побавно ќе ги бројат гласачките ливчиња од предвременото гласање, прочитав дека 20-тина денови ќе поминат после 3 Ноември за да се избројат и објават резултатите севкупно со предвремените гласачки ливчиња.
@Tyler Durden
Бајден се уште има 77 години, на 20 Ноември ќе наполни 78 години, ќе биде интересно во каква атмосфера ќе го дочека роденденот.
Очекувам во Пенсилванија и неколку сојузни свинг држави во тој момент до 20 Ноември се уште да не бидат изброени и објавени резултатите од предвременото гласање по пошта и мејл и да има неизвесен епилог и да бидат клучни тие гласови од Пенсилванија, Висконсин, Мичиген и Северна Каролина.
ПС: кој прати снукер, синоќа Трамп беше поразен во финалето на лига на шампиони во снукер. Англичанецот Трам е презимењак на Американецот Трамп.