Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Абе вака со бројки и @Con Artist раздаваше бардиња, па после го снема ко го прашав како Трамп, плаќа само 750$ данок годишно, а еден вработен во Мекдоналдс преку 3000$.

Убаво му велат на Бајден, не ни мораш да зголемуваш данок, треба само да ги затниш дупките од кај што избегнуваат данок тие 1%. И ќе има пари за се.

Ко ќе ги плаќаат тие 30% реално што треба да ги платат тогаш ќе прајме муабет.
Ама убаво и Трамп го демантираше тоа.
1620077120484.png
Едно време не плаќаше даноци. :oops:

Ама кога ги користи даночните олеснувања му се шлапа цитатот "That makes me smart". ;)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.966
Ама убаво и Трамп го демантираше тоа.
Прегледај го приврзокот 294340
Едно време не плаќаше даноци. :oops:

Ама кога ги користи даночните олеснувања му се шлапа цитатот "That makes me smart". ;)
Три работи кажа, не знам што е што, дај одлучи се.

Приказната дека Трамп плаќал 750$ данок е лага?
Тамп е Smart Guy ?

Сега засега само тоа од Гебелс е вистина? И успешно го спроведуваат Републиканците.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Три работи кажа, не знам што е што, дај одлучи се.

Приказната дека Трамп плаќал 750$ данок е лага?
Тамп е Smart Guy ?

Сега засега само тоа од Гебелс е вистина? И успешно го спроведуваат Републиканците.
Ништо не е контрадикторно. Трамп го демантираше тоа дека платил само 750 долари во федерални даноци. Максимата на Гебелс тука стапува на сила. Видовме како СиЕнЕн, како пропагандна машинерија, работи. Барај го видеото на претходната страна. Имаш документи на Викиликс и видеа од кампањата од 2016 на Јутуб. Ќе ги прошириш хоризонтите од reggit. :)

Во САД има локални, државни и федерални даноци. Има и даночни олеснувања и даночни ослободувања.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.966
Ништо не е контрадикторно. Трамп го демантираше тоа дека платил само 750 долари во федерални даноци. Максимата на Гебелс тука стапува на сила. Видовме како СиЕнЕн, како пропагандна машинерија, работи. Барај го видеото на претходната страна. Имаш документи на Викиликс и видеа од кампањата од 2016 на Јутуб. Ќе ги прошириш хоризонтите од reggit. :)

Во САД има локални, државни и федерални даноци. Има и даночни олеснувања и даночни ослободувања.
Трамп тврдел :)

Па, многу работи тој тврдеше :pos:
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Трамп тврдел :)

Па, многу работи тој тврдеше :pos:
Барај ја дебатата за даноците, каде дебатираа 2 милионери- Сандерс и Круз. Мегаломанските политики на Сандерс не ги покриваат неговите економски политики. Ама туѓите пари се најслатки. ;)

Бонус:
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.045
Поени од реакции
19.652
Абе вака со бројки и @Con Artist раздаваше бардиња, па после го снема, појде чајот да си го допие да не му се излади, ко го прашав како Трамп плаќа само 750$ данок годишно, а еден вработен во Мекдоналдс преку 3000$.

Убаво му велат на Бајден, не ни мораш да зголемуваш данок, треба само да ги затниш дупките од кај што избегнуваат данок тие 1%. И ќе има пари за се.

Ко ќе ги плаќаат тие 30% реално што треба да ги платат тогаш ќе прајме муабет.
Ај ај сега, не го врти муабетот како што ти одговара. :D

Ти тврдеше дека богатите плаќале 1-2% данок, а сиромашните 40%. Откако ти го побив тој fake news со официјални податоци од американското УЈП, каде се виде дека токму богатите плаќаат до 37% данок, а сиромашните дааалеку помалку, си призна дека си се најал пропагандна помија од некој Берни фан пејџ.

После тоа сврти на масони и рептили, почна да се вадиш со некои рамноземјашки теории на заговор дека податоците за најбогатите ги немало во официјалните податоци и табели, и дека податоците за најбогатите биле тајна.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.247
Поени од реакции
27.609
Барај ја дебатата за даноците, каде дебатираа 2 милионери- Сандерс и Круз. Мегаломанските политики на Сандерс не ги покриваат неговите економски политики. Ама туѓите пари се најслатки. ;)

Бонус:
uste li e biten sektashov be
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Џинпинг (или како што Трамп би го нарекол He Jumping (шала)) е дефинитивно најмоќниот државник по Мао. Беше прогласен за доживотен претседател и Кина под негово лидерство ќе стане најголема економија во светот. А САД нека продолжи да си игра политика и нека става политичари како Берни, Џо, Камала, Пелоси, Шумер, АОК и останатите кои го уништуваат образованието и ја преправаат граматиката (нели, тоа е најбитно). (y)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
uste li e biten sektashov be
Ромни е битен колку ланскиот снег. Црна дамка за Републиканската партија.

Не знам дали се сеќаваш на ставовите на Денис Родман за мормоните!? Родман, НБА играч, со зелена-портокалова коса, човекот кој отиде во С. Кореја и беше медијатор меѓу Ким и Трамп. :D

Само за тебе. (y)

Бонус.
Го трола Ромни, го исмеваше Трамп, ама тешко му оди со Џо. :unsure:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.966
Во врска со даноците што ги плаќаат 1% богатите во САД. Научна студија на 5 економисти. Ова за моите педантни колеги од форумот, на кој што бројките му се 'појака' страна.

Во прашање се 7 билијарди (trillions во САД) за период од 10 години линк.

In our benchmark scenario, we find that under-reported income rises from about 7% of true income in the bottom 50% of the income distribution to 21% in the top 1%. Out of this 21%, about 6 percentage points correspond to sophisticated evasion that is seldom detected in random audits. Accounting for tax evasion increases the top 1% income share in the United States.
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Самиот партиципирал во идеологијата на Ворен која е непопуларна. А неговиот ментор е советник на Социјалистичката партија. (y)

Зошто сакаш да им земаш уште повеќе пари на богатите (со преку 90% даночни стапки)!? Само на тој начин ќе се поправи сликата на социјалната раслоеност (која и не е проблем). Проблем се бездомниците и проблем е сиромаштијата. Треба да се решаваат овие проблеми, а не да се земаат пари од богатите. Поголем проблем можеби претставува и "трагедијата на заедничкото добро". Само тука ќе се сложиме.

За статистиките веќе разговаравме. И нека тргне од својот (францускиот) даночен систем. :)
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.867
Поени од реакции
7.255
Во врска со даноците што ги плаќаат 1% богатите во САД. Научна студија на 5 економисти. Ова за моите педантни колеги од форумот, на кој што бројките му се 'појака' страна.

Во прашање се 7 билијарди (trillions во САД) за период од 10 години линк.

In our benchmark scenario, we find that under-reported income rises from about 7% of true income in the bottom 50% of the income distribution to 21% in the top 1%. Out of this 21%, about 6 percentage points correspond to sophisticated evasion that is seldom detected in random audits. Accounting for tax evasion increases the top 1% income share in the United States.
Затоа среќа тебе те имаме. Членот кој секоја недела си дава автоголови, кој често пишува спротивставени постови и заклучоци.

Ова што ти си го споделил, е проценка, претпоставка колку успеваат да избегнат да платат данок. Значи може да е така, но може и да не е така. Ако е така, што прави Америчкото УЈП...

Ти тврдеше дека не плаќале даноци, за други членови ти докажат дека врска нема твоето тврдење. Затоа подобро ќути си, помалку ќе видат колку си неинформиран и колку нелогични заклучоци носиш .

Се палиш на Гејтс, го возвишуваш, а од друга страна верглаш против олигарсите. Поголема контрадикторност од ова (на оваа тема) нема. Цар си.

Цело време и со право, се исмејувате со политичарите, ги критикувате нивните акции и мерки. Но наместо од нив да барате одговорност и да барате да намалат со крадењето (трошењето наши пари), вие сакате од другите кои не се одговорни за крадењето/ трошењето, да им земете уште повеќе пари.
Многу правилна одлука, а богами и праведни сте :tapp:

Но, време е и Западниот свет да го јаде стапот и да ги осети придобивките од социјализмот.
Јас сум за препораките и намерите на политичарите, зголемување на даноците. Како продуктивната јавна администрација ќе се прехрани...
 
Ќе патат Германија, Шведска, Австралија, Канада, заради социјализмот што го имаат :pos:

Ех бе будали, тоа е најголемата измама во САД, сите се мислат дека само што не станале богати како тие 1%.

А ако си правите паралели меѓу Македонија и САД, тогаш сте уште побудали.
 
Ти значи си будала, бидејќи Гејтс ти е идол... пак правиш сам себе убијал.
Јас никаде не сум пишал дека ќе бидам во тие 1%. Ама не сакам ради будали како тебе, кои веруваат дека зголемените даноци ќе донесат просперитет, од средна класа да ме турнат во ниска класа, а администрација да си ужива без да мрдне со прст.

За Германија, Канада, Австралија, веќе народот почнува да офка. Биди здрав и жив, па ќе видиш како ќе им се случи СФРЈ сценариото.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Ќе патат Германија и Шведска, заради социјализмот што го имаат :pos:
Не, ама проблемот кај тебе е следниов: еве си успеал да им ги земеш парите на најбогатите 1% (никој не знае сеуште зошто) во САД и истите финансиски опаѓаат и се припојуваат кон најбогатите 10%. Тие најбогати 10% повторно ќе имаат многу повеќе пари и многу полесно ќе доаѓаат до ресурси отколку најсиромашните 10%. Секогаш ќе имаш ветерница со која ќе сакаш да се бориш.

Само и најбогатите 1% не се глупави, ќе го преселат капиталот. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom