Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.044
Поени од реакции
19.641
:D

ЗА ВЕЛЕШКИТЕ ТИНЕЈЏЕРИ КОИ ШИРЕА ЛАЖНИ ВЕСТИ ЗА АМЕРИКАНСКИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ СЕ СНИМА ФИЛМ ВО САД
Американската филмска платформа Квиби работи серија за лажните вести кои се проширија од Велес и нивното влијание на американските претседателски избори во 2016, објави филмското списание „Варајети“. Серијата има работен наслов „Кликбеит“ (мамка за кликови) и според најавата, се раскажува вистинска приказна за велешките тинејџери кои се збогатија оти направија вебстрани каде преку ширење лажни вести ја креираа свеста кај американската јавност за претседателските избори во 2016, но и за нивниот живот и што тие лажни вести им донесоа.

Режисер на серијата е Марк Малоу, а главната улога ќе ја игра Мет Ривс, ѕвездата на филмот „Денкирк“. Тој ќе го игра ликот Нико, еден од лидерите на тинејџерската екипа за лажни вести, кој е опишан како млад човек очаен да избегаа од условите во кои живее, и кој открива дека објавувањето лажни вести може да му биде добитно ливче.

Според информациите од Велес на САКАМДАКАЖАМ.МК, во текот на ланското лето продуцентската екипа престојувала во Велес, имала разговори со дел од авторите на лажните вести и ги откупила нивните приказни. Серијата веќе се снима летово во Букурешт, Романија, поради сличноста со македонската архитектура.

Еден од авторите на тие сајтови, кој сака да остане анонимен, за САКАМДАКАЖАМ.МК рече дека во серијата ќе се повтори приказната која и досега „во западните медиуми се продаваше за велешките тинејџери“.

„Беа тука, разговараа, но тие што ја продадоа приказната не беа толку моќни како што се прикажуваат. Тие што работиме со страниците не сакаме да се појавуваме во јавноста и натаму, така што имам резерва кон тоа што ќе го видам во серијата“, рече велешанец, кој тогаш имал вебстраница.

Тој потсетува на приказните кои го обиколија светот, каде странските ТВ куќи прикажуваа момчиња кои не го знаат англискиот јазик, а пишуваат вести, тинејџери со скинати патики кои формираат јавно мислење и други примери, за кои тој смета дека повеќе предизвикувале потсмев, отколку сериозност.

„Не знам која беше поголема лажна вест, таа што ја пласираа странските ТВ куќи со нивните репортажи, или лажните вести кои се пласираа од Велес’, вели велешанецот.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.159
[
Македонски финти. Да им ќине црнечки гласа на демократите :)
Јака фора на Трамп, сеа коа ќе му се пуштат хиените од СНН, WSJ,NYT тоа ќе биде уште појако.
Веќе почнува да им наликува државава ко на филмот Idiocracy :ROFLMAO:
Госпон Мите твојата последна реченица ја погоди сржта на сите овие случувања или ја погоди аждајата во глава.
Целта на овие што управуваат со целиов овој таканаречен хаос,е во догледно време после неверојатно катастрофални луѓе кои ни ги пласираат да ги гласаме, е "ние самите да дојдеме заклучок" дека најдобро би било власта како и се друго да се приватизира зошто подобро би функционирала па така и сите прерогативи на власта ќе се приватизираат.
Власта и државата каква што ја знаеме денес а која тие смислено ја доведоа до бесмисленост со начинот на избор и целиот тој корумпиран систем кој тие го инсталираа треба да престанат да постојат исто како што престанаа да постојат државните монополи и сите државни претпријатија.
Тие на народот можат да му продадат што сакаат користејќи ги нивните мас-медиуми,но имаат еден гооолем проблем а тоа е исто така големата Русија на чело со Путин,и патриотските американски сили кои го доведоа Трам.
Затоа поразот на Трамп е пораз за секој слободољубив човек кој ја сака својата татковина како држава во која народот е исходиште и цел на нејзиното постоење.
Тоа сега модерно се вика суверенизам,па така господин Трамп во неговиот маестрален говор од говорницата на ООН им се обрати на тие кои требаше и нагласи дека суверените држави ќе ја победат оваа пошаст.
 
Член од
6 јули 2020
Мислења
18
Поени од реакции
73
Трамп пак ќе победи на изборите, ќе земе нов мандат тоа е сигурно.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
За прв пат во историјата на САД, Врховниот Суд на САД донесе пресуда со која им признава сопственост на американските домородци врз дел од територијата на САД.

Поконкретно, со поддршка од 5 спрема 4, при што одлучувачкиот глас го имаше Нил Горсуч - врховниот судија предложен од страна на Доналд Трамп во 2017 година, Врховниот Суд пресуди дека американските домородци поседуваат речиси половина од територијата на сојузната американска држава Оклахома, вклучувајќи го и градот Тулса - вториот најголем град во сојузната американска држава.

US Supreme Court rules half of Oklahoma is Native American land

Целиот судски спор датира од 1997 година кога Џимси Мекгерт - припадник на домородното племе Семинолска Нација, завршува осуден на доживотна затворска казна поради педофилија, поконкретно поради силување на 4 годишно девојче.

Осудениот педофил воопшто не ја негира сопствената вина за злосторството за кое е осуден, но ја оспорува судската пресуда врз основа на аргументот дека локацијата на која го извршил злосторството е дел од домородниот резерват Крик, каде што судските власти од сојузната американска држава Оклахома немаат правна јурисдикција.

Вчера, четврток, 9 јули 2020 година, односно 23 години подоцна, Врховниот Суд на САД пресуди дека Мекгерт е во право и дека само федералните судови на САД имаат правна јурисдикција врз речиси половина од територијата на сојузната американска држава Оклахома, со што се укинува досегашната затворска казна за Мекгерт, кој повторно станува слободен човек, иако законски федералните обвинители на САД имаат право да бараат повторно судење во федерален суд за злосторството од 1997 година.

Денес судство, утре и домородна држава, кој знае, можеби веќе од денес повеќето, ако не и сите осудени силувачи и педофили во сојузната американска држава Оклахома ќе се правдаат дека неправедно се осудени врз основа на недостатокот од правна јурисдикција на судовите кои ги осудиле.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.964

Шо убо Кина има пари ќе му го купи ...
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.552
Поени од реакции
26.057

Шо убо Кина има пари ќе му го купи ...
Треба да ги чуваат, заш ако западот почне да ги бојкотира... ќе им требаат :)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.964
Треба да ги чуваат, заш ако западот почне да ги бојкотира... ќе им требаат :)
Абе ти велам јас премногу стереотипи имаш, парите се тоалетна хартија, макар и да биле тоа долари.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.552
Поени од реакции
26.057
Абе ти велам јас премногу стереотипи имаш, парите се тоалетна хартија, макар и да биле тоа долари.
па тоа и велам јас... поготово парите на кина.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Да му позлати уште повеќе косата, сепак и расипан часовник покажува точно време два пати во едно деноноќие, редно време беше Доналд Трамп да каже барем една вистина која медиумите милуваат да ја игнорираат.

 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Њујоршката шанкерка без мозочен Кортекс вели дека причината за растот на криминалот во Њујорк не е вистински раст, туку последица на потребите на сиромашните родители кои треба да крадат храна за своите деца.

Малку не е јасно од каде им огнено оружје на сиромашните родители за да убиваат луѓе кога крадат храна за своите деца, но на крајот на краиштата, од некој без мозочен Кортекс не ни може да се очекува да знае да објаснува основни општествени фактори.

AOC blames NYC crime spike on parents shoplifting food for their hungry families

Со следбеници како њујоршката шанкерка без мозочен Кортекс, иднината на социјализмот во САД е блескава.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.866
Поени од реакции
7.254
Њујоршката шанкерка без мозочен Кортекс вели дека причината за растот на криминалот во Њујорк не е вистински раст, туку последица на потребите на сиромашните родители кои треба да крадат храна за своите деца.

Малку не е јасно од каде им огнено оружје на сиромашните родители за да убиваат луѓе кога крадат храна за своите деца, но на крајот на краиштата, од некој без мозочен Кортекс не ни може да се очекува да знае да објаснува основни општествени фактори.

AOC blames NYC crime spike on parents shoplifting food for their hungry families

Со следбеници како њујоршката шанкерка без мозочен Кортекс, иднината на социјализмот во САД е блескава.
Тоа што некој бил шанкер, не значи дека е дисдибидус, но во случајов баш се работи за немање претстава како функционира реалниот свет.
Прашањето би требало да биде, зашто тие луѓе немаат пари за основни средства, што се случило!!! Обама спичка трилиони, ги задолжи САД колку сите други претходни претседатели, а народ нема пари ни за основни средства.... Кај се парите од знамето и името :anco:

Сметката за бесплатен ручек од претходни години си доаѓа, па или правете како што "тато"/власта ќе ви каже, или ќе си умрете од глад.

Лошото е што народ при достапност на милион информации, ја следат и веруваат во нејзините нереални глупости и ветувања.
Америка биче земја пролетерска:popce:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Тоа што некој бил шанкер, не значи дека е дисдибидус, но во случајов баш се работи за немање претстава како функционира реалниот свет.
Прашањето би требало да биде, зашто тие луѓе немаат пари за основни средства, што се случило!!! Обама спичка трилиони, ги задолжи САД колку сите други претходни претседатели, а народ нема пари ни за основни средства.... Кај се парите од знамето и името :anco:

Сметката за бесплатен ручек од претходни години си доаѓа, па или правете како што "тато"/власта ќе ви каже, или ќе си умрете од глад.

Лошото е што народ при достапност на милион информации, ја следат и веруваат во нејзините нереални глупости и ветувања.
Америка биче земја пролетерска:popce:
Па да, ама кога ќе земеш во предвид дека од доктор по право од Харвард кој го избрале за претседател на САД во 2008 година, американциве се спуштиле на дереџе да бираат шанкерка од Њујорк за пратеничка во американскиот Конгрес во 2018 година, човек лесно би дошол до заклучок дека нешто не им чини пролетаријатот во земјата на слободните.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
А бе умрев од смеење, тешки легенди
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.964
Не ми се верува ама оваа тема започната пред 5 години, сега ќе добие нов заплет со изборите што ќе се одржат за неколку месеци :)

Многу работи се случија и дефинитивно ова не беше класично водење на САД како што бевме сведоци претходно.

Мислам дека треба му да ја исполнат желбата, тоа ќе биде одличен додаток на оваа пародија :D


200703232121-trump-mount-rushmore-exlarge-169.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom