Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Веројатно околу 30% од подржувачите на Трамп, цела Србија и по некој залутан македонец гледаат во Трамп некаков суверенистички бог кој ја добил војната со глобалистите и со светските банакри.

Стив Менучин е човек од Голдмен Сакс, цел овој ненормален пакет е правен баш за големи банки и корпорации, секој што мисли дека Трамп е народен човек и не е врзан со овие е во гооолема заблуда.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.819
Поени од реакции
7.187

За Трампчо си во право, ама за овој пакет мерки, си во грешка, парите баш треба народ и фирми директно да ги добијат, а не како порано банките. Ама оти па ти се буниш против банките кога нели приватниците се виновни :toe: ... банки и во социјалистички земји постојат :D

Иначе ФЕД одамна е под државна капа, после прва светска војна, ама тоа е друга приказна.
 
Член од
23 јануари 2016
Мислења
2.137
Поени од реакции
5.481
Веројатно околу 30% од подржувачите на Трамп, цела Србија и по некој залутан македонец гледаат во Трамп некаков суверенистички бог кој ја добил војната со глобалистите и со светските банакри.

Стив Менучин е човек од Голдмен Сакс, цел овој ненормален пакет е правен баш за големи банки и корпорации, секој што мисли дека Трамп е народен човек и не е врзан со овие е во гооолема заблуда.
i jas ne mozam da im se nacudam. prasanje e dali na svetot postoi covek koj e poegoisticen i pomalku zainteresiran za "narodot" i toa za negoviot, za tie vo stranstvo da ne zboruvame. covekot go pratam uste od vremeto koga imase TV emisija i ako se soberi vo kratka verzija negoviot zivot gledas covek koj se bi zrtvuval za licen interes. smesno e i na primer kako hardcore hristijani od SAD se palat na nego, a tipot ne e religiozen i negovata "najomilena" kerka ima smeneto vera za da se omazi za evrej (isto kako kerkata na putin, a i toj izigrava religioznost pred narodot, da bil tolku golem pravoslaven hristijan sigurno nema kerkata da ja zblizil so evrej). celiot negov svet se vrti okolu nego i ne mu e ni malku gajle koj ke nastrada za on da go dobie toa sto go zaka. kratko kazano po karakter tip koj najmalku odgovara za funkcijata koja ja ima :D mada ne deka drugite koi stignale tamu ili sakaat da bidat na toa mesto se mnogu poarni.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.719
Поени од реакции
15.594
надвор од конкретната тема, внуката на Роберт Кенеди со 8годишниот син, најверојатно се удавила, по превртување на чамецот; истрагата е прекината по 26ч неуспешно пребарување на подрачје од 5.887 километри... уште една од низата на несреќи во кланот Кенеди....
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Се откажа Берни, очекувано.
Изборот на американците сега се сведе на лошо и уште полошо.

Речиси сигурна е победата на Трамп во ноември, макар што со оглед како се развива короната и како мизерно и комично се справува Трамп со истата нема да ме чуди оној глупакот сенилен Бајден по некое чудо и да победи.

Озбилно, гледајте ги малце пресовите на Трамп со короната, комедии се, просто неверојатно како во ваков сериозен момент имаат толку несериозна и инфантилна личност што им ги носи сите главни одлуки.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.127
Поени од реакции
17.919

За жал, се откажа човекот што единствен ветуваше прави промени.

Сега на американциве поарно му е да си го задржат Трамп, барем забавен е дур ги ебава сите.

Плус светскава политичка, но и економска сцена се смени за 90 степени, можеби со уште еден мандат ќе се смени за 180.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846

Ако победи Трамп, а ќе победи и тоа било кој да му е противник, нато и еу нека си бараат парцела на гробишта.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.127
Поени од реакции
17.919
Ако победи Трамп, а ќе победи и тоа било кој да му е противник, нато и еу нека си бараат парцела на гробишта.
Многу работи треба да се погодат за да случат тие работи. Ако економијава си еби мајката во САД, Трамп сигурно ќе изгуби, дури и Демокративе и Хилари да ја стават за противкандидат.

Плус зависи со колку жртви ќе поминат, посебно во овие конзервативни држави кај што е базата на Трамп.

Исто и за НАТО и ЕУ да се распаднат, ќе треба бајги работи да се случат.

Во секој случај светов ќе биде поинаков после Трамп, и после пандемијава со Корона.

Една многу интересна работа ќе биде ова

Шпанциве планираат да го задржат универзалниот минимален доход и после пандемијава.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452

Судејќи според изминативе 3 години на Доналд Трамп во Белата Куќа на Авенија Пенсилванија број 1600 во Вашингтон, САД, добро го бива за удирање по вистината со дрва и камења, преживеа јавно линчување од медиумите за на крајот да извојува неоспорлива победа со неуспехот на неговиот импичмент, а и сега со неверојатна леснотија економските последици успешно ги припишува на самата пандемија на корона вирусот - што за жал е` вистина, бидејќи економска криза предизвикана не од недостаток на ресурси, работна сила, капитал или побарувачка, туку од затворени бизниси поради пандемија, дефинитивно е вештачка криза и ќе заврши со самиот крај на пандемијата.

Во Њујорк плавиот Трамп и онака изгуби на редовните претседателски избори кои се одржаа на 8 ноември 2016, пандемијава можеби ќе ги избрише од гласачкиот список токму оние гласачи кои не се по негов мерак - нема ништо убаво или добро во ова, но историски факт е дека чумите и војните ги менуваат и историскиот тек на настаните и политичката мапа на гласачкото тело во држава опфатена од војна или епидемија. За волја на вистината оваа пандемија не е толку силна за избрише милиони гласачи од гласачкиот список, но сепак останува теоретската можност за да ја промени политичката мапа кај американското гласачко тело.

Спасителот на плавиот Трамп за време на пандемијата на корона вирусот се вика доктор Антони Фаучи, човек кој во моментов ужива ненадминлива почит и кај републиканците и кај демократите, но и кај медиумите. Ако Фаучи каже нешто позитивно за плавиот Трамп во врска со неговото справување со пандемијата на корона вирусот, тогаш граѓаните ќе му веруваат, бидејќи во моментов тој е еден од ретките вистински професионалци во САД кои всушност знаат нешто за епидемии и пандемии и превземаат нешто во врска со сегашната пандемија на корона вирус.

Истовремено и Ендру Куомо, гувернерот на сојузната американска држава Њујорк која засега е најпогодена од пандемијата на корона вирус, ужива огромна почит кај жителите на својата матична сојузна држава, како и кај медиумите, а засега нема кажано ништо негативно против плавиот Трамп околу пандемијата на корона вирус.

Не може да се очекува од гувернер на сојузната американска држава Њујорк кој доаѓа од редовите на Демократската Партија на САД да каже нешто позитивно за плавиот Трамп, но самото отсуство на негативна критика говори дека молчи околу постапките на плавиот Трамп, а како што знаеме молчењето значи одобрување.

Една многу интересна работа ќе биде ова

Шпанциве планираат да го задржат универзалниот минимален доход и после пандемијава.
Хехе, а од каде парите ?

Се знае од каде - од нови задолжувања во евро-зоната, една од главните карактеристики на социјализмот е трошењето на туѓи пари.

Но нека биде така, секое зло за добро е, се додека придонесува за распаѓањето на евро-зоната и на ЕУ, човештвото може да има само корист од таквиот развој на настаните.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.127
Поени од реакции
17.919
Хехе, а од каде парите ?

Се знае од каде - од нови задолжувања во евро-зоната, една од главните карактеристики на социјализмот е трошењето на туѓи пари.

Но нека биде така, секое зло за добро е, се додека придонесува за распаѓањето на евро-зоната и на ЕУ, човештвото може да има само корист од таквиот развој на настаните.
А чии се тие туѓи пари?

Еве и САД како и ЕУ, преку quantitative easing, внесуваат големи количини на пари. Од кај се задолжуваат ?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.819
Поени од реакции
7.187
Се откажа Берни, очекувано.
Изборот на американците сега се сведе на лошо и уште полошо.

Речиси сигурна е победата на Трамп во ноември, макар што со оглед како се развива короната и како мизерно и комично се справува Трамп со истата нема да ме чуди оној глупакот сенилен Бајден по некое чудо и да победи.

Озбилно, гледајте ги малце пресовите на Трамп со короната, комедии се, просто неверојатно како во ваков сериозен момент имаат толку несериозна и инфантилна личност што им ги носи сите главни одлуки.
Тоа што толку се разбираш, не значи дека е така. Толку ти е капацитетот, научен си само на убави и празни зборови. Трампчо не е политичар, он ти е научен да решава, да носи одлуки.

Трампчо верувал или не, уште крај на јануари донесе наредба да се забрани влез на луѓе кои биле во Кина, последните 14 дена. Како што и логично би направил секој нормален кој знае дека има "епидемија" во Кина и лесно со авионите би се пренела.

Арно ама вампирката Пелоси и компанија одма излегоа со обвинувања за расизам, па сликање во Чајна таун со жутите и сл финти.

Во демократските држави имаш тоталитаризам, забрана на хлорикинот, а доктор успеал 99 од 100 да излечи со него. Па Трамп мораше да издаде наредба да се употребува.
Знае против каква машинерија се бори, цел естаблишмент здружени решени се да ризикуваат се, само да го снема.
Напротив доста паметно изигра. Овие шират хистерија преку ТВ, нафрлаат бројки, прогнозираат иладници мртви, а Трампчо наместо да се бори, им ја игра играта. Вие викате дека ќе умрат 100.000, он излегува и вика ќе умрат неколку стотици илјади, а се знае дека бројката ќе е многу многу помала. Па Трампчо после ќе рече, поради моите мерки, многу помалку умреа и херој ќе испадне :pos:
Искористија ја силата на непријателот, нешто ко џудо.

Берни сеа може да иде да се радува на тоа лустерите во Московското метро. Какви петарди сте вие социјалистите.

Спасителот на плавиот Трамп за време на пандемијата на корона вирусот се вика доктор Антони Фаучи, човек кој во моментов ужива ненадминлива почит и кај републиканците и кај демократите, но и кај медиумите. Ако Фаучи каже нешто позитивно за плавиот Трамп во врска со пандемијата на корона вирусот, тогаш граѓаните ќе му веруваат, бидејќи во моментов тој е еден од ретките вистински професионалци во САД кои всушност знаат нешто за епидемии и пандемии и превземаат нешто во врска со сегашната пандемија на корона вирус.
Многу погрешни информации имаш за Фаличниот.
Верувај највалканите се со таа Brix. Со Бил Гејтс се исповрзани ко црева. И финансиски и идеолошки и секако.

Затоа и Трампчо излезе и јавно кажа: СЗО слабо си ја врши работата и ќе прекинеме финансиите. А лешинарот Гејтс е втор најголем спонзор на СЗО.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Штета за Сандерс. Стварно сакав да видам како ќе изгледа САД под негово водство. Единствен човек кој би се осмелил да направи некои поголеми промени. Никогаш нема да дознаеме колку од тоа што го ветуваше ќе беше остварливо во пракса и во колкава мера.

Против Берни мислам Трамп ќе беше готов. Вака со Бајден добива пенал да остане на власт уште 4 години. А и корона кризата на крај да го уништи Трамп на изборите со Бајден не очекувам ништо посебно да се промени.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Трамп сигурно ќе изгуби, дури и Демокративе и Хилари да ја стават за противкандидат.
Апокалипса да им се деси на САД, и единствено живи да останат Хилари и Бил Клинтон, Хилари ќе најде начин да изгуби.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.819
Поени од реакции
7.187
Еве и САД како и ЕУ, преку quantitative easing, внесуваат големи количини на пари. Од кај се задолжуваат ?
Според тебе ФЕД и ЕЦБ на исти начин се формирани и по исти правила функционираат!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom