Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.069
Поени од реакции
19.836
отвори му го твитерот ќе видиш :D
Ако е стварно вистина ова, ваков сељачки речник од кандидат за претседател, не знам со кој памет продаваат прогресивност Демокративе. Типичен кловн. Фали уште мајката да почне да му ја пцуе.

Нека оди деденцево нека си гледа внуците, наполнилo 95 години во газето исушено, се однесува како недораснат на Твитер.

EDIT: Аии, вистина било, хаха. Кој сељак човече... Оваа ли е таа прогресивност што ја пропагираат!?
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Нека оди деденцево нека си гледа внуците, наполнилo 95 години во газето исушено, се однесува како недораснат на Твитер.
За кој друг ова истото би можело да се каже ;)
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.069
Поени од реакции
19.836
За кој друг ова истото би можело да се каже ;)
За портокаловиот кловн. И тој има испади на Твитер, колку што можам да приметам, иако не следам американска политика и не фаќам страна. Ама од тоа што сум видел, имало работи за кои сметам дека не било потребно да ги напише и објави на Твитер.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.178
Поени од реакции
17.990
Trevor Noah

Following another immigration crackdown by the Trump administration – this week, it moved to revoke green cards from immigrants deemed likely to use public assistance – Daily Show host Trevor Noah sent a distress call for one American in particular: First Lady Melania Trump.

It sounds crazy, Noah continued, though it’s clear that there have been issues for awhile; Melania barely lives at the White House, for one, “and it may have created some tension between them when Trump allegedly banged a porn star and paid her to be quiet and then the whole country found out about it”.

But the Trump administration’s latest move against immigrants had Noah concerned: “I think Donald Trump is trying to deport Melania.”

Trump has also denigrated – and, through executive order, limited – immigrants arriving in the country through “special” working visas. “Again, people assume Trump was talking about Indian computer programmers in Silicon Valley,” Noah said, “but if you follow the clues, you’ll realize that this guy was actually slamming his wife”. In 2001, Melania, then a model, somehow obtained a so-called “Einstein visa”, usually reserved for standout researchers, athletes, or artists.

Melania’s “Einstein” status seems strange in retrospect, Noah said, “although I guess if you spend enough time standing next to Donald, anyone starts to look like Einstein”.

:pos:
 

Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
831
Поени од реакции
1.457
Не ми се верува дека уште го потценувате Трамп. Било кој од Бајден и Сандерс у дебата има да ги уништи.
Јас па мислам ептен го преценуваш когнитивниот капацитет на кловнот, со што ќе ги уништи, со надимаци? Малце застари тоa, сега има и одлуки кои треба да ги брани, а не премногу луѓе се среќни со нив. Можеби има шанси со Бајден кој нема некоја агенда, машина за гафови е и нема ентузијазам околу него што ќе ги мотивира многу луѓе да гласаат, но не заборавај дури и Хилари (крајно непопуларен и омразен кандидат) освои повеќе гласови. Многу што гласаа за Трамп поради фејк популизмот би гласале за Берни доколку успее да се номинира, иако DNC повторно ќе му поставува сопки.
Левата опозиција е непопуларна на национално ниво.
Says who? Анкетите не го покажуваат тоа, прогресивните идеи на Берни и Ворен имаат голема популарност дури и кај републиканците, да не збориме кај неопределените. Борбата против парите во политиката односно корупцијата се повеќе се препознава како еден од важните фактори, уште на минатите избори беше но Трамп успеа да се претстави како аутсајдер кој сам се финансира (што не беше баш точно ни тогаш) и ќе ги размрда работите во тој поглед, drain the swamp. Епилогот беше сосема обратен, ги прибра најкорумпираните и почна да обработува речиси исклучиво за милијардерите и големите корпорации. Некои сеуште го доживуваат како некаков аутсајдер, но многумина ја сфатија измамата. Многумина и единствена причина за која гласаа минатиот пат беше тоа, наспроти неговите испади од секаков вид и празни ветувања. Берни - Ворен како дуо би го згазиле Трамп на избори. Трамп само се моли Бајден да му биде противкандидат.
Ако е стварно вистина ова, ваков сељачки речник од кандидат за претседател, не знам со кој памет продаваат прогресивност Демокративе. Типичен кловн. Фали уште мајката да почне да му ја пцуе.

Нека оди деденцево нека си гледа внуците, наполнилo 95 години во газето исушено, се однесува како недораснат на Твитер.

EDIT: Аии, вистина било, хаха. Кој сељак човече... Оваа ли е таа прогресивност што ја пропагираат!?
Да не е сечена, лепена и фотошопирана сликава? Не верувам дека кандидат за претседател би користел ваков сељачки речник и навреди, типичен за тракторџија од Муртино, седнат пред коперација со нарезак и ѕидарско.
Уууу види ти right wing snowflakes што сторија плачење за искажан факт. Triggered much? :LOL: Замисли уште стварно да беше навреда а не збор со концизно значење поткрепен со доказ. Уствари како беше тоа светот на Трамп на "алтернативни факти"

гледај и дркај на сељачизмот... пардон, "алфа мачоизмот" на Трамп
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.178
Поени од реакции
17.990

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.069
Поени од реакции
19.836
Уууу види ти right wing snowflakes што сторија плачење за искажан факт. Triggered much? :LOL: Замисли уште стварно да беше навреда а не збор со концизно значење поткрепен со доказ. Уствари како беше тоа светот на Трамп на "алтернативни факти"

гледај и дркај на сељачизмот... пардон, "алфа мачоизмот" на Трамп
Да не ме цитираше, ќе помислев дека снемало snowflakes кои се палат како млади мајмуни доколку некој го потенцира простачизмот на нивните лидери и пастири.

Ако, забриши му го малку газето на деденцето, не е страшно.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.626
Поени од реакции
81.464
Незнам колкави му се шансите на Трамп повторно да биде избран за претседател, али ако повторно тепа ондак пола либерали, SJW и BLM ќе извршат колективно харикири низ цела Америка.

Откако тепа Трамп во 2016, ептен се радикализираа левичариве, ако победи пак сега за година дена, ондак незнам... да не им бидеш у кожа.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Says who? Анкетите не го покажуваат тоа, прогресивните идеи на Берни и Ворен имаат голема популарност дури и кај републиканците, да не збориме кај неопределените. Борбата против парите во политиката односно корупцијата се повеќе се препознава како еден од важните фактори, уште на минатите избори беше но Трамп успеа да се претстави како аутсајдер кој сам се финансира (што не беше баш точно ни тогаш) и ќе ги размрда работите во тој поглед, drain the swamp. Епилогот беше сосема обратен, ги прибра најкорумпираните и почна да обработува речиси исклучиво за милијардерите и големите корпорации. Некои сеуште го доживуваат како некаков аутсајдер, но многумина ја сфатија измамата. Многумина и единствена причина за која гласаа минатиот пат беше тоа, наспроти неговите испади од секаков вид и празни ветувања. Берни - Ворен како дуо би го згазиле Трамп на избори. Трамп само се моли Бајден да му биде противкандидат.
Анкетите велат дека Трамп води пред Сандерс и Ворен, а губи процент спрема Бајден. Политики кои ќе ја уништат републиканската партија не можат да бидат популарни кај републиканците. Мислам дека републиканците ќе се обединат против радикалните (не)демократи, затоа што тие сакаат да им дадат државјанство на 20 милиони нелегални миграни, што драстично ќе ја промени политичката слика во САД, а многу ќе се одрази и на државата Тексас. Недемократите (ова се крајно недемократски мерки затоа што водат кон доминантно еднопартиски систем, можеби и тоа и го сакаат (не)демократските социјалисти) каде ќе се прошири Електорскиот колеџ и ќе се зголеми бројот на Врховните судови, а пред ова имаше и барање и младите од 16 год. во Калифорнија да имаат право на глас! Башка тие “популарни мерки“ чинат тон пари, нешто што ја подели и самата партија.
Башка АОК и другите се крајно непопуларни на национално ниво. АОК има 20%, а Омар дури 9%! Сите застанаа зад Сандерс, кој повторно ја губи битката зад Бајден и Ворен.

Трамп собра неколку ликови, како Помпео, Џон Болтон или Банон кои се заговорници на војни, но неговиот тим од првиот ден се соочи со медиумска демонизација што натера дел од нив и да се повлечат. Дали мислам дека Трамп ќе го згази неговиот противкандидат Х на наредните избори? Апсолутно. Има пари, има платформа, нема противкандидати во својата партија, добар дел од своите ветувања си ги оствари и е активен претседател. Но и од друга страна ги нема “лажните вести“, Асанж е во притвор/затвор, што може сериозно да наштети на Викиликс и Кембриџ Аналитика прогласи банкрот, како и голем број медиуми беа тргнати од ЈуТуб. Би рекол вистинска чистка на факторите кои доста имаа влијание при изборот на САД. Фокс останаа од големите кои сеуште стојат зад Трамп. А од друга страна ЊЈТ, како организација во служба на (не)демократите, најави како ќе се бори против Трамп...
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Анкетите велат дека Трамп води пред Сандерс и Ворен
Овие на Фокс последните не викаа така.

Патем, кои се тие ветувања што ги исполнил, главното и најизвиканото еве уште не е ни почнато, освен намалувањето на даноците, јас не видов ништо друго исполнето.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Овие на Фокс последните не викаа така.

Патем, кои се тие ветувања што ги исполнил, главното и најизвиканото еве уште не е ни почнато, освен намалувањето на даноците, јас не видов ништо друго исполнето.
Не знам јас тоа. Гледам дека Бајден, Ворен, Сандерс и Харис се пред сите други. Бето (2-3%) и Кастро (2%) едвај ќе се протнат на следната дебата, а на некои анкети и тие се пред Трамп!

Економијата е во раст. Најниска невработеност меѓу црнците, азијатите и хиспаносите во историјата. Најниска невработеност на жените последниве 60 год. 4 милиони креирани работни места откако стана претседател (да, не се сите благодарние на него, но секој претседател си го препишува тој успех). Затворската реформа, која се подготвува веќе 2 децении, е на повидок. Голем дел од НАТО членките започнаа да си го плаќаат својот дел благодарение на притисокот на администрацијата на Трамп. Ја запре војната во Сирија, која претходната администрација праќаше трупи да го уништат ИСИС!, но и да го симнат од власт Асад. Скрати неколку регулативи и потпиша многу извршни наредби (неколку и поврзани со здравствената заштита). Започна со депортација на илегалните мигранти. Па и ветувањето дека ќе ја префрли амбасадата во новиот главен град на Израел-Ерусалим. И пробува да ги стабилизира односите со С.Кореја.

Сега најважно е да направи договор со Кина, кој верувам дека ќе биде наскоро поради лошата економска клима која владее во светот последниов месец, но и поради протестите во Кина. Ѕидот ќе биде до крајот на неговиот мандат, колку што знам веќе половина и е завршен. Со победата на Трамп против Калифорнија и таа дупка ќе се затвори. И многу битно за него, мора да направи каков-таков договор со Иран, кој ќе биде голема победа за него. Со оние 3 достигнувања, а престојат 2 тешки битки за него (Кина и Иран), што повторно верувам дека и ќе се случај во блиска иднина, Трамп ќе го затвори поглавјето на своите ветувања. Дури и со ИСИС, ѕидот, даноците и невработеноста може да ја тера кампањата. :)

Ќе има дебата околу Обамакерот, но Трамп тука направи се што можеше. Бајден смета дека истиот треба да остане каков што е, а Трамп смета дека треба да има одредени измени. Во која насока се движат тие, ниту знам, ниту ме интересира.

Немам намера да ти враќам цепка по цепка од мојот коментар. Да, некои негови достигнувања и мене не ми се допаѓаат, но да речеш дека се’ ти се допаѓа или дека се’ не ти се допаѓа значи дека не ја гледаш големата слика, сега имаат малцинство во Претставничкиот дом, (но и мнозинство во Сенатот кое мора да го задржи) што е дополнителен притисок за него. Башка ова се дел, оние кои ми текнуваат во моментот, има уште поврзани со ветераните и воениот буџет, но искрено ме мрзи да пишувам и мислам кога нема да прифатиш ништо, претпоставувам поради позицијата која ја зафати од самиот старт. Важно е што мислам америте, а не ние, сепак на крајот на денот они ќе го имаат последниот збор, а како што стојат работите ќе добие уште 4ри години, иако ќе го чека многу тешка борба со Бајден.
 

Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
831
Поени од реакции
1.457
Ќе видиме тие анкети што ти одбираш да ги следиш колку се меродавни на крај, така и шансите на Трамп беа потценети на минатите избори. Ова радикални левичари звучи смешно, зошто во Америка наративот е толку поместен надесно што секој обид да се донесе некаква најнормална социјална мерка какви што ги има во цела Европа, па и Канада одма се класифицира ко радикално лева. И тоа е така кај двете партии на економски теми, затоа што сите се впрегнати од корпорациите кои не сакаат такви закони. Единствено што демократите (најголемиот дел) само глумат левичари со дефокус од вистински проблеми на identity politics теми. Економијата покажува и знаци на рецесија, но и она што се претставува како некакви параметри за економски благодет, често само мал дел од луѓето имаат бенефит од тоа, не е претстава за целокупниот благодет што го доживуваат сите. Ако процентот на невработеност е некакво ултимативно мерило за добробитот на општеството можеш и 100% вработеност да наметнеш, само ќе се вика робовладателство, ако тоа некако ги решава сите проблеми. Или ако веруваш во капиталистичката бајка за trickle down economy.

Во однос на здравството, Трамп им скрати бенефиции ма многумина исто така на сметка на воениот буџет и тн. Не знам кои анкети ги следиш ама M4A има огромна поддршка, дури и анкетите на фокс го покажуваат тоа. Факт е дека моменталниот систем таков каков што е дизајниран за профитот да го извлекуваат осигурателните компании нудејќи што помал опфат на покриени услуги. Слично е и со фармацевтската индустрија.
Да фрлиш грдни пари за физичка преграда за заштита од имигранти во 21век е у најмала рака смешно, да не речам сулудо. Единствено може да се рече дека со С. Кореја одигра рационално што ја смири топката, настрана од флертингот со диктаторчињата.
Но, ќе видиме дали на крај работите испаднат како што (ти) изгледаат.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Немам ни намера да ти враќам со цитирања на сите точки оти цел пост изгледа како предизборен памфлет, со еден куп „ЌЕ“ проекти.

Ми се убаци Лимбо измеѓу, коментарот е за постот на @Dumbledore
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Немам ни намера да ти враќам со цитирања на сите точки оти цел пост изгледа како предизборен памфлет, со еден куп „ЌЕ“ проекти.

Ми се убаци Лимбо измеѓу, коментарот е за постот на @Dumbledore
Има уште една година од мандатот, зошто мислиш дека нема време да направи договори со Кина и Иран и да го доврши ѕидот? Башка такво ти беше прашањето.
Автоматски споено мислење:

Лимбо, Медикал фор ал чини тон пари. Тоа го посочи и Бајден, а одговорот на Харис беше дека не може некој да се трка за претседател, а да не обезбеди здравствена заштита за 10 мил. американци. Кога ќе видиш тоа и не е така добар аргумент, со Грин њу диал, кој никогаш неа да помине во Претставничкиот дом, Америка ќе се соочи со големи финансиски проблеми. Башка 5 милијарди не се ништо, во споредба со парите кои ги фрлаат по странство и за воениот буџет. Ѕидот, како што знаеш, некогаш и беше решение и на демократите, а дел од граничните држави самоиницијативно си поставија ѕидови последниве 2 децении. Нелегалните мигранти во САД се преку 20 милиони (бројка стара 10 год, што значи тој број е и зголемен), што е лудо за секое општество. А проблемот со нелегалната миграција е тема на дебата последните 20 години, уште Буш синот ветуваше некакви решенија и на крајот не направи ништо. Башка Мексико има ѕид на својата јужна граница, Израел и Јордан имаат ѕидови, Шпанија има повеќе слоен ѕид...Така не гледам никаков проблем со тоа, државата ќе знае кој влегува на нејзина територија, а притоа и ќе се намали и процентот на нелегални мигранти. Проблемот не се парите, проблемот е платформата на Трамп, а ѕидот е прв на истата.

Башка сакаш слики од тоа колку беа релевантни анкетите за претходните претседаелски избори, каде Килари 2 недели пред изборите имаше 7-13% предност и 92% шанси за победа! Истото е и случај и за Брегзит и за последниве избори во ЕУ. Дали тие се производ на некоја нарачка или пак општеството стана толку непредвидливо, па да ја надмине и онаа маргина на грешка за многу, тоа е тешко прашање.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.178
Поени од реакции
17.990
Победата на Трамп ќе зависи од тоа што ќе направи со Кина и со Обамакејр.

Инаку во моментов губи и тоа дебело од било кој демократски противкандидат :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom