Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.527
Поени од реакции
26.015
Кажи кој да биде кандидат. Џорџ прилепчанец е, јас за него лобирам.
Абе можеме два кандидати да имаме, И републиканец и демкрат, Грујо и Заев да ги пратиме, Грујо ќе ги пљачка, а Зајо ќе им отвори СЈО. А ние сеир ќе гледаме, а не како сега нервози.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Абе можеме два кандидати да имаме, И републиканец и демкрат, Грујо и Заев да ги пратиме, Грујо ќе ги пљачка, а Зајо ќе им отвори СЈО. А ние сеир ќе гледаме, а не како сега нервози.
Не Ѓорѓија, родољуб, овде во Македонија не успеавме, ама за Претседател на САД нема проблем.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Без разлика дали е вистински американски патриот или уште еден од безбројните најобични лажливи лицемери, мора да му се признае на Доналд Трамп дека знае ептен добро да им набие пенали помеѓу тестисите на лажливите медиумски пулени.

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.501
Поени од реакции
80.597
Сеа сакав да пишам за ова... На Трамп му требаше минута простор да ги чепне CNN, и овие буквално збеснаа од неговите зборови, значи онака БУКВАЛНО збеснаа.

Чим вака реагираат и цмиздрат, значи им го напикал до срж... Ах колку мерак ми се направи за најгадната телевизија моментално што постои во светов...мх, мх, мх, мх.
 
B

Bafra

Гостин
VOLK2234 и jamajka со сета почит во анализите и мислењата ама ми делувате исто како шарениве само другата страна од паричката. Вие исто прифаќате да бидете нечија "кучка" :D . Плус сакате да користите западна технологија и кредити а со газето накај Путин :neetaka: .

Ќе може ли историски да кажете КОГА РУСИЈА НИ ПОМОГНАЛА ?
- Србија видовме како им помогна
- На Украина им ебаваат матер веќе со векови :place:
Мене ми изгледа дека историски Русите се тројанскиот коњ против Православието ама кој да го сфати тоа.

Дали Трамп го празни или па го зајакнува мочуриштето ???
Тоа што го збори и тоа што го прави некако не одговара:
Го поставува на Gary D. Cohn (Goldman Sachs) како директор на Националниот Економски Совет, која е позицијата на креирање на политиките за домашни и меѓународни економски прашања.
Една од правните фирми во Њујорк која ги брани банкарите е Sullivan & Cromwell. Трамп именува адвокат од таа фирма Jay Clayton, да служи како прв полицаец на Вол Стрит, како претседател на Комисијата за хартии од вредност. Тешко дека Клејтон ќе ги повика банкарите да одговараат за нивните криминали. Tешко да поднесе пријава против банкари во Њујорк, кога фирмата во која работел Sullivan & Cromwell најверојатно, ќе ги застапуваат банкарите вклучувајќи и Goldman Sachs.
Тука го имаме и Steven Mnuchin, кој ги напушти Goldman Sachs, па и назначувањето на Jared Kushner -зетко, а е близок пријател на Jay Clayton, и го постави на првата средба со Трамп.

Ќе покаже времето дали овие поставените се одметници или тројански пастуви :P
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Без разлика дали е вистински американски патриот или уште еден од безбројните најобични лажливи лицемери, мора да му се признае на Доналд Трамп дека знае ептен добро да им набие пенали помеѓу тестисите на лажливите медиумски пулени.

Настрана медиумите. Што мислиш за конфронтирањето на Трамп како иден претседател со безбедносните служби на САД.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Настрана медиумите. Што мислиш за конфронтирањето на Трамп како иден претседател со безбедносните служби на САД.
Не знам за конфронтирање на Доналд Трамп со безбедносните служби на САД, знам дека Трамп отворено и јавно ги искритикува американските безбедносни служби бидејќи дозволиле јавно да бидат објавени неверодстојни информации кои до Федералното Биро за Истраги (ФБИ) на САД ги доставил - ни помалку ни повеќе - Џон Мекејн, исфрустрираниот воен ветеран од Виетнам, и заколнат душман на Русија.

Мислам дека Трамп им упати добра порака на американските безбедносни служби - да се занимаваат со безбедност, а не со политика.
 
Член од
29 септември 2016
Мислења
464
Поени од реакции
285
никој не сакал да пее на инаугурацијата на трамп
еден куп звезди прашале сите одбиле
да праша некој од нашите пејачи гарант ќе се нафанат
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
никој не сакал да пее на инаугурацијата на трамп
еден куп звезди прашале сите одбиле
да праша некој од нашите пејачи гарант ќе се нафанат
Ех, сигурно не е нож до коска, сигурно ќе има некој кој ќе пее.

Естрадните барбики од типот на Факира, Мивкана, Мињонсе и останати баш и не се некој музички фактор, особено со оглед на фактот дека поголемиот дел од нив - ако не и сите - завзедоа страна во изборната кампања на претседателските избори 2016 во САД, кога токму од нив се очекува да бидат авангардата која секогаш треба да биде критички настроена кон секоја власт и кон секоја опозиција.

Ако Доналд Трамп се разбира од нешто, тоа е шоу бизнис, и не го велам тоа бидејќи е телевизиска јавна личност, туку бидејќи меѓу другото е сопственик и на хотели и ресторани, сигурно има таму жива музика, не верувам дека милијарди долари заработил од мртва тишина по хотелите и рестораните.
 
Член од
29 септември 2016
Мислења
464
Поени од реакции
285
како победи овој трамп бе кога никој не го сака

moby им рекол ќе настапува ама под еден услов
https://www.instagram.com/p/BPDQ8nWjBMp/
mobyHahahahaha, I was just asked by a booking agent if I would consider djing at one of the inaugural balls for #trump... Hahahahaha, wait, Hahahaha, really? I guess I'd DJ at an inaugural ball if as payment #trump released his tax returns. Also I would probably play public enemy and stockhausen remixes to entertain the republicans. I'm still laughing. Hahahaha. So #trump what do you think, I DJ for you and you release your tax returns?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
како победи овој трамп бе кога никој не го сака

moby им рекол ќе настапува ама под еден услов
https://www.instagram.com/p/BPDQ8nWjBMp/
Како не пометнал досега Доналд Трамп, е прашањето, ако до толку никој не го сака. :D

Неверојатно е тоа колку самобендисани и арогантни се јавните естрадни личности на денешницата, мислат дека се господари на светот, невиден идиотизам.

Можеби до некаде е добра работа тоа што Трамп победи на претседателските избори 2016 во САД, бидејќи можеби ќе ги приземји за да им стане јасно дека се најобични смртници како сите ние, бидејќи очигледно умирањата на бројни познати јавни личности во престапната 2016 година не им послужиле како порака да се освестат и да им стане јасно дека не се ништо посебни.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Малку ми е само чудна играва на Трамп. Изјавува на првата прес-конференција дека нема да има „копче“ за рестартирање на односите со Русија. Пред ова се залагаше за тоа да ги подобри односите со Русија. Кога Обама нареди да бидат прогласени за непожелни личности 35 руски дипломати, ја пофали реакцијата на Путин за после тоа на прес-конференцијата да почне да го брани чекорот на Обама. А она што ми е најмногу чудно, советник за национална безбедност ќе му биде човек кој седел на иста маса со Путин и е голем поддржувач на Путин. Министерот за надворешни работи (идниот) исто така има добри односи со Путин, се знаат и лично. Јас мислам дека сето ова сега изненадувачко спротиставување кон Путин е само маска за да се смират реакциите кои настанаа поради наводните руски хакерски напади и обид да се спаси угледот на безбедносните служби на САД, зошто повеќе од очигледно е дека тоа се само лаги и ништо повеќе.

Али времето ќе покаже, во секој случај поставува на клучни позиции луѓе кои се блиски со Путин.
 
Доналд Трамп навистина прави се што може за да се прикаже себеси како патриот, односно како човек кој ги става САД на прво место и дефинитивно заслужува признание за тоа - или е вистински патриот, или е одличен актер, и во едниот и во другиот случај заслужува признание.

Ептен добар патриотизам демонстрираше/одглуми вчера:

- Неговите фирми ќе бидат менаџирани од страна на неговите синови и нема да инвестираат во странство додека Доналд Трамп е на власт, ова во превод значи дека неговите синови ќе се фокусираат на проширување на семејните бизниси во САД, но тоа не значи дека неговите синови - кои имаат свои фирми - нема да инвестираат во странство, ова важи само за фирмите кои се во сопственост на Доналд Трамп;

- Сите пари од престојувањата на странски делегации во Трамп хотелите ќе одат во државната благајна на САД, но ова може да биде нож со две острици - странските делегации можат да ги бојкотираат Трамп хотелите додека Трамп е претседател на САД.

Инаку, идниот шеф на ЦИА - Мајкл Помпео, исто како и идниот државен секретар за одбрана на САД - Џејмс Матис, веќе спомнаа во американскиот Сенат дека најголемите закани врз безбедноста на НАТО од крајот на Втората Светска Војна па наваму се Русија, терористичките закани, како и воените маневри на Кина во Јужнокинеското Море.

И за нив можам да кажам дека или се одлични актери или се одлични тактичари, односно знаат кога да бидат критички настроени кон Русија, а кога да повикуваат на затоплување на односите помеѓу САД и Русија.

Исто така, на вчерашната прес конференција, кога Трамп беше прашан дали мисли дека санкциите кои Барак Хусеин Обама ги воведе против Русија биле премногу тврди, Трамп одговори дека не биле премногу тврди, а истовремено спомна дека Русија и Владимир Путин нема да можат да ги хакираат американските државни и јавни институции, иако воопшто нема никакви обвиненија против Русија и Путин за ова, а уште помалку па докази. Досегашните обвиненија против Русија и Путин за наводното хакирање на американските претседателски избори 2016 се темелат исклучиво врз наводното хакирање на изборниот штаб на Демократската Партија на САД, која патем е приватен правен ентитет, а не државна или јавна институција.

Истовремено, Трамп досега воопшто нема спомнато дали планира да ги укине или да ги продолжи, а можеби и да ги прошири санкциите на САД против Русија.

Се на се`, Доналд Трамп и неговиот иден владин кабинет засега тераат или ептен добар театар, или ептен добро подвлекување на црвените линии од кои нема да се повлечат барем во наредните 2 години - додека не се одржат наредните редовни парламентарни избори за пратеници во американскиот Конгрес и во американскиот Сенат во ноември 2018.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.527
Поени од реакции
26.015
VOLK2234 и jamajka со сета почит во анализите и мислењата ама ми делувате исто како шарениве само другата страна од паричката. Вие исто прифаќате да бидете нечија "кучка" :D . Плус сакате да користите западна технологија и кредити а со газето накај Путин :neetaka: .

Ќе може ли историски да кажете КОГА РУСИЈА НИ ПОМОГНАЛА ?
- Србија видовме како им помогна
- На Украина им ебаваат матер веќе со векови :place:
Мене ми изгледа дека историски Русите се тројанскиот коњ против Православието ама кој да го сфати тоа.

Дали Трамп го празни или па го зајакнува мочуриштето ???
Тоа што го збори и тоа што го прави некако не одговара:
Го поставува на Gary D. Cohn (Goldman Sachs) како директор на Националниот Економски Совет, која е позицијата на креирање на политиките за домашни и меѓународни економски прашања.
Една од правните фирми во Њујорк која ги брани банкарите е Sullivan & Cromwell. Трамп именува адвокат од таа фирма Jay Clayton, да служи како прв полицаец на Вол Стрит, како претседател на Комисијата за хартии од вредност. Тешко дека Клејтон ќе ги повика банкарите да одговараат за нивните криминали. Tешко да поднесе пријава против банкари во Њујорк, кога фирмата во која работел Sullivan & Cromwell најверојатно, ќе ги застапуваат банкарите вклучувајќи и Goldman Sachs.
Тука го имаме и Steven Mnuchin, кој ги напушти Goldman Sachs, па и назначувањето на Jared Kushner -зетко, а е близок пријател на Jay Clayton, и го постави на првата средба со Трамп.

Ќе покаже времето дали овие поставените се одметници или тројански пастуви :P
Прво и основно ќе те прашам чисто од историски аспект да одоговориш, од не многу одамна, значи има живи сведоци. Дали знаеш која е првата интервенција на САД во Европа после Втората светска војна? Дали си слушнал каде првпат е користен напалм Б од страна на Американската војска?

Но Македонецот пати од хронична амнезија Па така ај да речеме не го знаеш ова или си мислиш дека историјата не е релевантна. Тогаш треба да ја видиме моменталната ситуација. А таа е имаме вето за влез во НАТО и ЕУ, а ниту Албанија и Бугарија не се нешто заинтересирани да влеземе во ЕУ и НАТО и верувам дека и доколку се смени името, ќе излезе проблем со идентитетот, па со правата и така во недоглед. Зошто? Затоа што имаат територијални претензии. Зошто западната алијанса би си играла со односите со Грција, Бугарија и Албанија, ради малечката Македонија, кога Македонија може и поделена да биде дел од НАТО и ЕУ и така ќе се добие Win win ситуација.

Кога ќе ја погледнеме ситуација од малце повисоко, ќе видиме дека во моментов имаме слична ситуација како за време на студената војна, прокси војни. Во ситуација на студена војна, државите кои се дел од пактовите, не страдаат директно, тоест не се на листата на терен за прокси војна. Па така тие што се надвор од тие пактови, се плодна почва.

Според тоа заклучуваме дека доколку сме под директна заштита, нема да бидеме цел на воени дејствија. А доколку западот не неќе како Македонци и како Македонија, останува логичен заклучок дека треба да побараме помош и заштита од истокот. А тоа не значи само еднострана заштите, секако и тие си имаат интереси.

Е сега, кога се збори за сервилност кон САД, која кај нас ги помина сите границите и за најсервилните нации, тогаш е тоа самостојност и демократија. А кога ќе помислиме на алтернатива, тогаш сме кучки........

Јас уште кога Ромни првпат ја најави новата студена војна во 2012 година реков, дека во една таква констелација на силите, најдоброто решение за Македонија би било стопирање на сите преговори за влез во ЕУ и НАТО и прогласување на неутралност, слично како онаа што ја има Швајцарија. За да тоа се постигне треба меѓуетнички и меѓупартиски консензус. Значи да прекинат под итно сите непријателства меѓу Македонците и Албанците, Албанците да ја стават експанзионистичката политика под теших, да се откажат од туторствата на Албанија и Косово и да помогнат да се изгради Македонија како таква. Од тоа повеќекратен економски бенефит ќе имаат сите.

Но за жал реалноста е далеку од тоа, имаме длабоко поделено општество, и тоа на три дела, Албанци, СДСМ и ДПМНЕ. Точно ги исполнуваме сите услови за следен конфликт во таа голема прокси игра. Единствено нешто што ми дава надеж е Трамп, кој можеби ќе ја отера жижата далеку од нас, па ако треба и во сопствениот двор.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
VOLK2234 и jamajka со сета почит во анализите и мислењата ама ми делувате исто како шарениве само другата страна од паричката. Вие исто прифаќате да бидете нечија "кучка" :D . Плус сакате да користите западна технологија и кредити а со газето накај Путин :neetaka: .

Ќе може ли историски да кажете КОГА РУСИЈА НИ ПОМОГНАЛА ?
- Србија видовме како им помогна
- На Украина им ебаваат матер веќе со векови :place:
Мене ми изгледа дека историски Русите се тројанскиот коњ против Православието ама кој да го сфати тоа.
Многу ги гледаш работите црно-бело.
Ако некој е за овој, тогаш е против оној. Ако ги мрази Американците, тогаш мора да е за Русите.

Јас сум Македонец, и ме интересира Македонија и мојот народ. Се друго е релативно и менливо.
Да беше Русија на местото на САД, ќе бев против Русија. Тогаш ќе ме викавте Американофил.

Реалноста е, нема непријателски држави, има непријателски елити кои владеат со тие држави.
Тие елити водат непријателска политика кон мојата земја, па логично е да сакаш да се ослободиш од ропството.
Дали тоа бил Трамп, кој што ќе ја смени таа политика, или Путин кој ќе ја неутрализира, не ме интересира.
Јас сакам да се ослободиме од ропството. Какви технологии, какви кредити, какви газиња...
Ако Кинезот ми дава поповолен кредит од ЕУ, ќе земам од Кинезот. "Ама вие сте кандидат за ЕУ, мора да земете од нашиот кредит" не држи вода.

Дали Русија ни помогнала? Јас сум благодарен што не ни одмогнала.
Можеби ни помогнала индиректно, со тоа што го забрзала распадот на Отоманската империја, кој знае, со ваков ропски менталитет
можеби и ден денешен ќе бевме под Турско.

Кога Црнците од САД добиле слобода, имале избор - да заминат од плантажите и да си ја бараат среќата на друго место,
или ако сакаат да останат на плантажите за мал надомест. Погоди што одбрале.
Многу слична е ситуацијава кај нас со Стокхолмовиот синдром.
Жртвата искажува симпатии кон својот злоставувач. Ова го гледаме насекаде, и во медиумите, и на форум, и од политичарите и од шарените.

Дали Трамп го празни или па го зајакнува мочуриштето ???
Тоа што го збори и тоа што го прави некако не одговара:
Го поставува на Gary D. Cohn (Goldman Sachs) како директор на Националниот Економски Совет, која е позицијата на креирање на политиките за домашни и меѓународни економски прашања.
Една од правните фирми во Њујорк која ги брани банкарите е Sullivan & Cromwell. Трамп именува адвокат од таа фирма Jay Clayton, да служи како прв полицаец на Вол Стрит, како претседател на Комисијата за хартии од вредност. Тешко дека Клејтон ќе ги повика банкарите да одговараат за нивните криминали. Tешко да поднесе пријава против банкари во Њујорк, кога фирмата во која работел Sullivan & Cromwell најверојатно, ќе ги застапуваат банкарите вклучувајќи и Goldman Sachs.
Тука го имаме и Steven Mnuchin, кој ги напушти Goldman Sachs, па и назначувањето на Jared Kushner -зетко, а е близок пријател на Jay Clayton, и го постави на првата средба со Трамп.

Ќе покаже времето дали овие поставените се одметници или тројански пастуви :P
Трамп нема да биде Трамп ако можеш да го прочиташ и предвидиш.
Се сеќаваш дека во текот на кампањата еден од главните аргументи на лажните медиуми
им беше дека Трамп бил нестабилен, еден ден изјавувал едно друг ден друго.
Ќе се изнервирал и ќе лансирал нуклеарки, и сл.
Секако, наивните и глупавите наседнаа на овие трикови, но тие што ги пласираа многу добро знаеа за што се работи,
дека е непредвидлив, и дека планира 10 чекори однапред.
Појма немам зошто ги стави тие луѓе, вака од прилика пола му се одличен избор, пола му се катастрофа.
Како и да е, не можам да му најдам НЗС, за разлика од Обама, кој беше селски буквар.

Ај да почекаме прво да стане Претседател, да помине некое време, па зависно од потезите, ќе го фалиме или критикуваме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom