Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.125
Поени од реакции
17.913
Не знам зошто излегуваш од претпоставка дека нејзината најава не била претходно договорена со таборот?
Одлуката за нејзината кандидатура е направена најмалце една година порано од нејзиното официјализирање, доволно е да ја земеш во предвид нејзината досегашна агенда и активност, тогаш станува јасно со која цел сето ова време беше најизложен дел од партијата.

Прашање на време беше коа ќе почнат муабетиве со Македонија. Мислам никој не ви брани да си правите филмови ама американската надворешна политика не се приспособува на новите претседатели, туку обратно. Претседателите се само егзекутори на јасно испланирана долгорочна државна стратегија.
Затоа САД се тоа што се, а не партиска подружница ко нас.
Многу работи се против неа, еве уште една, еднаш лузер секогаш лузер.
Сегашниве анкети се тоалетна хартија. Демокративе можат да победат само ако се сите либерални групи обединети, а Хилари не обединува ни половина.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.859
Поени од реакции
34.895
Секако дека народот не одбира. Едноставно ставаат 2 кандидати кои и двајцата одговараат на политиките што ги води САД , и ги даваат на народот да одбере еден од нив. Лицемерна демократија се вика ова.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.715
Поени од реакции
17.378
Секако дека народот не одбира. Едноставно ставаат 2 кандидати кои и двајцата одговараат на политиките што ги води САД , и ги даваат на народот да одбере еден од нив. Лицемерна демократија се вика ова.
Не ова се вика држава,а таа демократија кај што при промена на власт се мења од чистач до цела државна стратегија и нацинални интереси ја има во банана земји како Македонија. Затоа ќе остануваат наши деца да рмбаат илегално како пакистанци кај нив,пошто е многу лошо.
Имаат доволно избор американците, за внатрешната политика може бираат конзерватизам и либерализам,да си праат проектчиња како Обамакер и тн. Ама надворешната политика е тоа што им носи леб на маса и не сите Американци се свесни за тоа па да им се дозволи да одлучуваат.[DOUBLEPOST=1429444106][/DOUBLEPOST]
Прашање на време беше коа ќе почнат муабетиве со Македонија. Мислам никој не ви брани да си правите филмови ама американската надворешна политика не се приспособува на новите претседатели, туку обратно. Претседателите се само егзекутори на јасно испланирана долгорочна државна стратегија.
Затоа САД се тоа што се, а не партиска подружница ко нас.
Подобро кажано од ова не може :)
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.859
Поени од реакции
34.895
Не ова се вика држава,а таа демократија кај што при промена на власт се мења од чистач до цела државна стратегија и нацинални интереси ја има во банана земји како Македонија. Затоа ќе остануваат наши деца да рмбаат илегално како пакистанци кај нив,пошто е многу лошо
Никој не ја успорува нивниот финансиска моќ , и нивниот стандард. Америка ти е меѓу првите , ако не и прва земја со добри услови за живот. Јас зборував конкретно за изборите за претседател на државата. Одбират двајца кандидати кои се погодни за водење на државата , и кои и двајцата ќе играат како им се свири. И тие двајца им ги даваат на народот да ги гласат.

Ама надворешната политика е тоа што им носи леб на маса и не сите Американци се свесни за тоа па да им се дозволи да одлучуваат.
Како што реков , илузија од демократија. :)
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
И детево сака да биде претседател, наместо Хилари Клинтон:D

 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.392
Убаво објаснување за изборите, и генерално за двопартискиот систем во САД, од историчарот и писател Вилијам Блум. Интересно интервју, и поучно:

 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
А трајко а Рајко исто ни се фака претседателот во Америка е фигура на бизнис лобито.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
И официјално Џеб Буш ја најави својата кандидатура. Не е ништо шокантно, ама сепак ете и официјално.
http://www.wsj.com/articles/jeb-bush-formally-announces-hell-seek-gop-presidential-nomination-1434388382?mod=e2fb

И уште еден график со неговото семејно стебло (не дека не го знаеме мање-више, барем главните ликови, ама чисто за занимација)...

http://graphics.wsj.com/jeb-bush-family-tree/
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
Со тоа семјство како Македонија добро поминавме.
Така да бар кај нас фаворитот е он.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Со тоа семјство како Македонија добро поминавме.
Така да бар кај нас фаворитот е он.
Први април е за дури 9 ипол месеца од сега, малку повеќе отколку што трае една бременост, така да, прерано е за првоаприлски шеги.

Ај кажи ни што добро видовме ние од фамилијата Буш ?

Дали на некаков начин придонесоа за намалување на невработеноста, или за зголемување на животниот стандард во Македонија ?

Или дали на некаков начин придонесоа за воведување визна либерализација за граѓаните на Република Македонија, или за укинување на двојното оданочување, поради кое Македонците кои се враќаат од САД мораат да плаќаат данок и таму и во Македонија за тоа што го заработиле во САД и обратно - Македонците кои се враќаат во САД мораат да плаќаат данок и таму и во Македонија за тоа што го заработиле во Македонија ?
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
Спогодба за стратешко сојузништво. за почеток Малкуе ?
Во тоа време не се ширеа рамковни спогодби. ( донациите за АРМ беа ви 10 ци милиони не во милиони)
И рака на срце да бевме во НАТо соколи не ке ни лета околу гошинце и куманово.
А за стандард не ни е крив буш туку ние самите.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Спогодба за стратешко сојузништво. за почеток Малкуе ?
Во тоа време не се ширеа рамковни спогодби. ( донациите за АРМ беа ви 10 ци милиони не во милиони)
И рака на срце да бевме во НАТо соколи не ке ни лета околу гошинце и куманово.
А за стандард не ни е крив буш туку ние самите.
Стратешко сојузништво за што ?

Кој е нашиот интерес од таквото сојузништво ?

Е добро де, ние сме си самите криви за животниот стандард, невработеноста и сиромаштијата, но за американските визи и за двојното оданочување се криви САД.

Дали Џорџ Буш, во неговите 8 години поминати на власт од 2001 до 2009, направи нешто - било што, за да го укине двојното оданочување за Македонците кои живеат и работат во САД, или за да ги укине американските визи за македонските државјани ?

Ако АРМ ваква каква што е денес ја сметаш за модерна армија, тогаш те молам воопшто не ми реплицирај, бидејќи повеќе од очигледно е дека не си запознаен со арсеналот на АРМ наспроти арсеналот на вооружените сили на државите со кои Македонија се граничи.

Нападите во Гошинце и во Куманово беа местенки од почеток до крај, а главните учесници во таквите местенки потекнуваа од Косово, каде што има американска војска во база на НАТО, па сега направи си ти математика колкава безбедност ни донесоа НАТО и САД со нивното доаѓање на Балканот.

Инаку, доколку не знаеше, во април 2013 се случија бомбашки напади во Бостон, САД, што повеќе од доволно говори за тоа колкава безбедност им овозможуваат САД на сопствените граѓани на сопствена територија, а за нас Македонците па да не правиме муабет.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom