Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
Пак сам ми ставаш заклучоци кои не се мои. Ок е, јасно е дека сакаш да препираш, ама пробај со факти, а не рекла казала.

Значи напишав почетоците, а ако почетоците за тебе се студената војна, толку знаеш економска историја, а и претходно кажав до 1950.
Пробај повторно, можеби ќе успееш од 10та

Геноцид сум оправдувал :pos: Неколку пати сум напишал дека сме сеуште варвари во свеста, само со модерно оружје. За да ме сфатиш, ќе треба да го прочиташ Walter Russell, т.е. Да Винчи од нашето време, Н.Тесла му рекол дека јавноста не е спремна за неговите знаења.

Зашто Кина, Русија, Конго не создале општество моќно како САД :toe: или евреите решиле таа вукојебина од нула да ја изградат...
Ја спомнав Студената Војна бидејќи ти спомна дека западот ваков каков што е од пред 40 години ти не го поддржуваш, а баш тој период е златното доба на Студената Војна, кога Советскиот Сојуз им е` дежурниот душман на американските политичари, против кој не штедат на средства кои ќе им бидат од корист во Студената Војна, вклучувајќи ја и употребата на хемиско оружје низ џунглите во Виетнам, бомбардирањето невино цивилно население со напалм, како и безбројните воени злосторства и масакри. А да не ги спомнуваме па сегрегациските политики против црнците во тие убави времиња помеѓу 1950 и 1980 година.

А ако ти го сметаш периодот до 1950 година за златното доба на американскиот капитализам, не заборавај дека САД излегле од Големата Депресија дури после 7 декември 1941 година кога Јапонија го нападнала Перл Харбор, по што САД и официјално влегле во Втората Светска Војна, а излегле како многу побогата држава благодарејќи на ресурсите кои завршиле под нивна контрола после војната.

Истиот тој капитализам цветал во 1920-те години, но повторно како резултат на богатствата извојувани во Првата Светска Војна, за потоа да потфрли во 1929 година.

Секако дека не може да им се негираат некои од најголемите достигнувања во историјата на човештвото на американците - 4 месеци после крвавото задушување на Илинденското Востание, во декември 1903 браќата Вилбур Рајт и Орвил Рајт го извеле првиот успешен авионски лет, што говори во каков свет живееле тогашните американци, а во каков свет живееле нашите предци.

Радиото - за кое му биле признаени заслугите на Никола Тесла кога веќе бил на смртна постела, телевизијата - за која му биле признаени заслугите на Фајло Фарнсворт кога веќе истекол индустрискиот патент, поради што не видел ни цент заработувачка за својот револуционерен изум, информатичката технологија и Интернетот - секако дека се американски изуми, и секако дека Русите и Кинезите треба да се запрашаат како на нив не им текнало да измислат нешто такво во тие времиња.

Но тоа не го негира фактот дека твоите американски миленици пропуштија историска шанса после распаѓањето на Советскиот Сојуз и на Варшавскиот Пакт да бидат вистински миротворци и да донесат вистински напредок и развој за целото човештво во 1990-те години, но сепак одлучија да бидат агресори. Водејќи се според старото правило кое гласи дека на победникот му припаѓа пленот, САД продолжија да глумат светски полицаец и да ги повторуваат постапките на Римјаните, за кои римскиот историчар Тацит убаво рекол:

" Создаваат пустина и ја нарекуваат мир " .

А можеа да одберат поинаков пат и да се однесуваат како трговски партнери на целиот свет, а не само на одредени држави, наместо да ја ангажираат ЦИА за да му помогне на Борис Јелцин да освои втор претседателски мандат во 1996 година и наместо да ја бомбардираат Југославија во 1999 година.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.867
Поени од реакции
7.254

Пак се вртиш околу работи кои ниту сум ги оспорувал, ниту сум кажал дека се во ред, а и која ти е целта, освен дека си ги читал... збориме за кој систем е поправеден и подобар за развојот.
Економската историја е поинаква од официјалните објаснувања, на пример тоа со ФЕД не си го знаел (ниту јас), поинаку пишува по интернет.

Туку како што и сам напиша, се однесуваат како римјаните (ама не како Цезар) па затоа и ќе изгубат приматот после 2032.

Јас тебе те прашав за твое мислење зашто Русија и Кина не успеале, а ги имале сите предуслови.
Зашто Н.Тесла заминал за САД, а не за Русија или па да останал во Европа ... Точно е дека го злоупотребиле и уште други изумители, како Валтер Расел, Шаубергер и сл. Ама сите овие можеле на Исток да се пробаат, а одбрале запад.

Трамп (во претходни постови споделив), им предложи слободна трговија, ама Французите и Канада одма одбиле. И сега Трамп ли ќе е крив што стапот ќе игра... :toe:

За тоа со кризите до 1940, ти кажав дека си грешка.
 
Чуден ти е тој поправеден и подобар систем кој произведува агресија врз трети држави, но добро, ако им е судено да завршат како Римјаните токму благодарејќи на таквиот систем, нека им е`, ние нема да славиме додека Рим гори, но барем ќе бидеме сведоци на неговиот пад.

И дефинитивно не сме на иста бранова должина кога одбиваш да потврдиш дека токму влезот на САД во Втората Светска Војна бил нивниот излез од Големата Депресија, а не нивниот (не)капиталистички систем.
 
Ама дај барем стави кармин кога ме подјебаваш. Збориме за капиталистички систем кој го имале САД, значи имале, а не дека после ВСВ се ангели.

Ти сакаш да кажеш дека влезот во ВСВ им помогнал на САД... Ако е така објасни како, па ќе видиме дали се согласуваме.
Бројките тоа го кажуваат, ама која е причината според тебе :cautious:

Само имај претстава дека држава влегува во војна кога веќе економијата и е на колена, како Турција во Сирија, а и кога започнува војна повторно економијата страда, а капиталот бега на други места.
 
Ако некој тука треба да става кармин, тоа си ти, бидејќи прво едно велиш, па потоа не си го рекол, туку нешто друго си мислел, а тука ние нешминканите само те подјебаваме.

Го доби признанието за американскиот капитализам до 1950 година - браќата Рајт, Никола Тесла, Фајло Фарнсворт, а од современо време информатичката технологија и Интернетот. Со разликата што браќата Рајт, исто како и Никола Тесла и Фајло Фарнсворт биле вистински иноватори, додека првиот компјутер бил направен за воено-разузнавачки цели, исто како и Интернетот. Информатичката револуција започнува со Стив Вознијак и првиот Епл компјутер во втората половина на 1970-те години, а Интернетот станува комерцијална услуга за цивилни потреби кон крајот на 1980-те години.

Но погребувањето на твојот омилен тип на американски капитализам започнува со Вудро Вилсон, кој освен корупцијата што ја има донесено со себеси, истовремено ги има донесено и Администрацијата на Федералните Резерви и данокот на приход - а со нив и даночното затајување, како и дополнително засилување на расната сегрегација низ САД. Не дека неговиот претходник Вилијам Хауард Тафт бил цвеќе за мирисање - важи за еден од најкорумпираните претседатели во историјата на САД - но Вилсон е гробарот на твојот омилен тип на американски капитализам, а сите претседатели на САД после него само продолжуваат таму каде што тој запрел.

И да, точно е тоа дека економијата страда во војна, но ако војната заврши со победа, тогаш страдањето за време на војната се исплати во пост-воениот период.
 
Не барам од тебе признание, не си ми ни ментор, ни газда, т.е. не ми значиш.

Значи знаеш дека економијата во САД се подобрува вртоглаво во 1940 ама не знаеш зашто.
Многу едноставно е, од цел свет капиталот бара сигурност, САД бидејќи е далеку од сите дешавки им го пружа тоа, плус после крајот од ПСВ станува моќен и разработен финансиски центар, бонус е сеуште системот не им е целосно корумпиран, па затоа 70% од златните резерви завршуваат кај нив. Капиталот од УК си се премести во САД, исто како што после 2032 ќе се премести од САД во Кина.

Јас ти објаснив дека ФЕД прво функционирале правилно, како и што биле замислени, за после да ги пренаменат за државни потреби, ти ми потврдуваш, објаснуваш како ги злоупотребиле сакајќи да постигнеш што.... :toe:
Пак нешто сам си замислуваш дека сум за, а уствари врска нема.

Иначе убаво го спомна данокот на приход, како претходно САД се развивале без него :D

За каков систем си ти уствари..... :toe:
 
1:25 до 1:38 - Слушај и учи, па после зборувај за вртоглавото подобрување во 1940.

Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.867
Поени од реакции
7.254
1:25 до 1:38 - Слушај и учи, па после зборувај за вртоглавото подобрување во 1940.

Значи да се повторам:
За каков систем си ти уствари..... :toe:
Слушав, ама што да научам, ќе може ли да ми објасниш?
Ама прво на горното одговори, да знам што воопшто ти сакаш да кажеш со твоиве нафрлени постови.

После тоа, ако имаш време, објасни според твоите информации во што бил проблемот во 20/30те во САД.
Инаку до 1:28 убаво си објаснува човекот за неефикасното мешање на државата, а после тоа што има да се научи :toe: , исто како тебе не објасна ЗАШТО, што се случило, туку влегле во ВСВ и толку.
Јас ти објаснив, а ти пак мене ми викаш да учам. :cautious:
Ајде сеа пробај одговори на горните работи.
 
И уште велиш дека не си разбрал, човекот спомнува дека САД излегле од Големата Депресија со влезот во Втората Светска Војна и толку.

Да не треба и од Двајт Ајзенхауер да ти објавам по некој аудио/видео запис за воениот индустриски комплекс бидејќи сега испаѓа дека не се разбираш ниту од воено профитерство ?

Ај вака, бидејќи знаеш дека економијата страда за време на војна, потсети се кои индустрии оживуваат и работат со полна пареа за време на војна.
 
Прво одговори на моето прашање, биди колегијален, за културен слабо ти иде.

Второ
спомнува дека САД излегле од Големата Депресија со влезот во Втората Светска Војна и толку.
Па толку беше, што друго кажа дотичниот...
Збориме за почеток на ВСВ, не за годините после неа. Јас ти објаснав зашто, ти пак нешто вртиш наоколу.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
Прво одговори на моето прашање, биди колегијален, за културен слабо ти иде.
Хехе, бев крајно културен кон тебе, а ти сеуште не одговори колкав процент од твојата нето добивка им даваш на твоите вработени.

Па толку беше, што друго кажа дотичниот...
Збориме за почеток на ВСВ, не за годините после неа. Јас ти објаснав зашто, ти пак нешто вртиш наоколу.
Е ајде де, кои се тие фактори кои придонеле американската економија да заживее во 1940 година, или можеби сакаше да кажеш после 7 декември 1941 ?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.867
Поени од реакции
7.254
Хехе, бев крајно културен кон тебе, а ти сеуште не одговори колкав процент од твојата нето добивка им даваш на твоите вработени.

Е ајде де, кои се тие фактори кои придонеле американската економија да заживее во 1940 година, или можеби сакаше да кажеш после 7 декември 1941 ?
За каков систем си ти уствари..... :toe:
:свиркам:
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.867
Поени од реакции
7.254
Kолкав процент од твојата нето добивка им даваш на твоите вработени ?

:свиркам:
Викам јас ти не читаш и си вртиш празни муабети:
Јас давам од донесеното 40% бруто.
Ти колку ...
Ајде пробај сега ти одговори, не е тешко, бар не би требало да е.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
Викам јас ти не читаш и си вртиш празни муабети:

Ајде пробај сега ти одговори, не е тешко, бар не би требало да е.
Чекај малку сега, нели државата ти ги одземаше тие 40% од бруто добивката ?

Јас те прашав за нето добивката што ти останува после оданочувањето од државата.

Обиди се и ти да одговориш, не би требало да ти биде тешко.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom