Претседателски избори во Америка (2016): Трамп vs. Клинтон

Дискусија во форумот 'Вести и случувања' започната од Crazy in Love, 12 април 2015.

  1. Bafra

    Bafra

    Член од:
    30 јануари 2011
    Мислења:
    3.429
    Допаѓања:
    2.668
    Дечко, добро утро, за глобално затоплување се збори веќе со децении, се наплаќаат СО2 даноци итн итн. Си има посебна тема за тоа :D
    https://forum.kajgana.com/threads/К...ално-затоплување’’.40165/page-24#post-8600612

    И пак ништо не објасни како тоа ќе се спроведе, а да се постигне раст/ напредок, значи ни ти врска немаш, туку ете идеа имало.
    Видеото што го споделив, убаво ти е објаснето, само ај ќе навиваме и ќе веруваме во Дедо Мраз.

    Тоа е тоа, дебати, формирање комисии, тимови, ова она, ми рече ти реков и ..... за тоа време милијарди ќе потрошат и пак ништо.
    Ниту еден политичар нема да ти реши потенцијален проблем. Туку чекаат да се случи, во меѓувреме профитираат, а после се удираат во гради и викаат: ќе ги најдеме и казниме виновниците.
     
  2. TripleG

    TripleG

    Член од:
    25 мај 2016
    Мислења:
    382
    Допаѓања:
    539
    Не можеш да тврдиш дека се зборува за глобалното затоплување а Трамп го пишува ова:


    Точно е, има доста луѓе и научници кои зборуваат и има некои решенија кои веќе се користат ама на ниво на САД, голем дел од конзервативците (на чело со Трамп) не ни веруваат дека постои глобално затоплување а камоли дека треба да се случуваат реформи. Луѓе не знаат што е разлика помеѓу време и клима.

    Јасно ми е мене дека доста време и пари се трошат додека се изнајде решение (дебати, комисии и триста глупости), во конкретниот случај за GND, но не можеш ти на некој 60-годишен белец од Алабама да му дадеш детали и решенија ако тој не верува дека постои проблем. Мора прво да ја “продадеш“ идеата за проблемот а одпосле да се изнајде решение. Самиот политички процес во Америка е доста бавен и тешко се решава ама ова е добар почеток за АОК и останатите во поглед на GND. Како ќе се развива ќе видиме. Многу ќе зависи од 2020.

    Јас лично појма немам што би требало да се направи бидејќи не сум експерт за областа. Мене ме интересира политичкиот процес. Кандидатот кој ќе ја претстави најдобрата идеа и како сето тоа е остварливо ќе ја добие мојата поддршка. As simple as that.
     
  3. Ne_sum_ja

    Ne_sum_ja

    Член од:
    8 мај 2013
    Мислења:
    6.028
    Допаѓања:
    15.789
    Еве ви пример како функционираат државни субвенции во “модерни зелени технологии” субвенционирани од државата во времето на Обама.

    https://en.wikipedia.org/wiki/Solyndra

    528 милиони долари пари на даночните обврзници отидени во тоалетот од само една таква компанија.

    Оти нели државата има поголема научна експертиза од пазарот да знае која технологија ќе успее а која не.
    --- Споено дупло мислење, 11 февруари 2019 ---
    Овој план е комплетно различен од Obamacare од причина што АОК мисли дека е олицетворение на Никола Тесла, Елон Маск и Ф. Д. Рузевелт во едно. А уствари она е социјалистичка верзија на Трамп со потенцијал за предизвикување на многу поголема штета.

    Прво планот е едно масивно микро менаџирање од страна на државата на целата економија на САД. Овие големи планови од ваков тип всушност не се непознати во светот и истите се забележани во многу социјалистички земји како и СССР. Скоро по правило таквите големи планови носеле големи катастрофи по економијата како и граѓаните.

    Планот предвидува и општи и нејасни цели како тоа дека ќе има “станици за полнење струја насекаде” и дека “ќе се обнови или замени секој објект во САД”

    Интересен дел е дека планот предвидува фантазија финансирање во форма на тоа дека Националните Резерви (Народната Банка) “ќе даде кредити” и дека ќе бидат креирани “јавни банки (?) кои ќе дадат дополнителни кредити”. Нема никаква математика на трошоците за реализација на планот каде што државата треба да гради “илјадници ветерници, соларни централи и инфраструктура” и слични работи кои потенцијално би можеле да чинат трилиони долари и прават трошоците за ѕидот на Трамп да изгледаат како обичен прдеж.

    Планот воопшто не анализира за тоа кои се ефектите од зададените цели. Не зема во предвид дека најголемиот работодавец со високи плати за луѓе без високо образование се нафтената индустрија и индустријата за гас. Не го анализира ефектот кој ќе го има над пренхранбената индустрија оти очигледно на АОК и смета тоа луѓето да јадат говедско месо и сака да создава нови нутритивни навики. Не постои никаква математика за тоа како ќе се обезбеди потребата за енергија на американското стопанство и дали истата потреба може да се обезбеди од зелени извори и доколку може дали е тоа економски ефикасно и колку би биле дополнителните трошоци. Ова се сериозни работи кои бараат обемна анализа и cost-benefit анализа која не постои.

    Целиот план ја прави Демократската партија да изгледа како група на шарлатани кои немаат никаков контакт со реалноста и потребите на граѓаните и мислат дека авионите може да летаат на тостови со авокадо и органско лате макијато.
     
    Последно уредено: 11 февруари 2019
    На Human и loophole им се допаѓа ова.
  4. TripleG

    TripleG

    Член од:
    25 мај 2016
    Мислења:
    382
    Допаѓања:
    539
    Не навлегувам во тоа што си го пишувал и детали кои си ги анализирал. Пишав погоре, планот не е закон со детали како и што ќе се реализира. Едноставно, планот е резолуција за нешто што понатаму треба стане закон. Тоа е целата приказна за GND во моментот. Истото и со даноците и со другите планови на новите прогресивци во Конгресот.

    Се согласувам потполно, ова се сериозни работи и дефинитивно треба да се направи обемна анализа кој сега нормално не постои. Затоа е оваа иницијатива, за да се направи таа анализа и да се дојде до обемен закон кој во иднина би се донел. Никој, ама баш никој од демократите не вели дека нивна цел е овој план сега да се реализа. Сега се почнува со иницијативата за скоро време да се дојде до тоа ниво за да може да се реализира. Како, што и кој ќе плати тоа останува да се утврди.

    Последното за шарлатани. Едноставно, сега најбитно е каков ќе биде messagingот на демократите. Ако добро изменаџираат да ја протнат нивната идеа out in the open ќе добијат многу leverage за понатака кога навистина ќе дојде времето за сите мали детали и планови за GND. Ако дозволат на другата страна да ги наслика како шарлатани кои моментално не знаат што прават ќе испаднат токму тоа.

    Како и да е, многу добар политички потег на демократите е што немаат детали и планови како во моментот (пред избори) бидејќи така ќе мораат да го бранат GND. Вака е само идеа, проблем кој треба да се реши и визија за како би изгледало ако се донесе овој GND.
     
  5. jamajka

    jamajka mode: Calm

    Член од:
    28 април 2007
    Мислења:
    8.509
    Допаѓања:
    6.133
    Пак стојам дека Кина никад нема да го земе приматот.... Ама секако и империите секогаш се распаѓаат самите...
     
  6. teneke

    teneke

    Член од:
    13 јули 2006
    Мислења:
    5.611
    Допаѓања:
    2.625
    Баш напротив овие големи планови се веќе спроведени во САД, а соодветно наметнати од страна на САД и во Европа.

    Така капитализмот што е исклучително брутален стана хуман и го победи комунизмот.
     
  7. loophole

    loophole

    Член од:
    10 август 2011
    Мислења:
    825
    Допаѓања:
    1.914
    Планот е апсолутна глупост и не е воопшто вредно да се дискутира за изводливоста. Исто како да дебатираш со occupy wall street-фаци за како да се реформира светскиот финансиски систем. Ама поентата и не му е да е изводлив, туку да е catchy, коњ за трка на демократите во овој popularity contest во кој што се претвори американската (па и светската) политичка сцена.
    Демократски одговор на ѕидот на Трамп, е добар опис од погоре. Елитистички (маскиран како прогресивен), нестручен, нереален, преоптимистичен, идеолошки коктел кој треба да привлече што е можно повеќе таргет групи, со слоган што привлекува внимание. Ова е маркетинг кампања, не сериозна политика. Ама, во време кога еспертизата е секундарна во однос на популарноста, несомнено успева.
    После Трамп веќе нема враќање по старо. Сите знаеа дека и Демократите ќе го фатат истиот пат.

    Природно е да се очекува дека откако десниот популизам нема да реши ништо, американското и останатите развиени општества ќе го пробаат и левиот популизам. Е откако и он несомнено нема да успее, тогаш следува вистински интересниот период. :)
    Претпоставувам дека слично ќе биде и во Британија со Корбин.

    The jury is out.... ама ако ги оставиш предрасудите и евроцентризмот на страна и ги земеш ет фејс валју Made in China 2025 од една страна и The Green New Deal или MAGA од друга страна, на кој би се обложил дека за 10 години ќе успее? Ама искрено.
     
    На Ne_sum_ja и Human им се допаѓа ова.
  8. Bateman

    Bateman

    Член од:
    23 ноември 2011
    Мислења:
    11.354
    Допаѓања:
    23.295
    Зборев јас уште пред 2-3 години дека одговор на Брексти и Трамп ќе биде Берни (или некој од неговата екипа) и Корбин. Затоа и во Франција нема класична левица веќе, одговорот на Ле Пен ќе биде нејзин левичарски близнак.

    Тоа во земји со демократска традиција, во држави како Русија, Белорусија, Унгарија, Турција тешко дека може да се појави левичарски популизам.
     
    Sawyer88, TripleG, loophole и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. teneke

    teneke

    Член од:
    13 јули 2006
    Мислења:
    5.611
    Допаѓања:
    2.625
    Русија мислам дека за неколку години ќе биде на праг за левичарски популизам, Унгарија ти е корумпирана држава како Бугарија или Македонија, па таму кој и да е на власт лев или десен исто ти се фаќа, а Турција има комплицирана внатрешна состојба.
     
  10. TripleG

    TripleG

    Член од:
    25 мај 2016
    Мислења:
    382
    Допаѓања:
    539
    Тоа е тоа. Новите прогресивци во САД најмногу треба да му се заблагодарат на Трамп бидејќи да не беше тој најверојатно никогаш немаше да бидат во политика. Барем нешто добро и од него.
     
    На teneke му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bateman

    Bateman

    Член од:
    23 ноември 2011
    Мислења:
    11.354
    Допаѓања:
    23.295
    Трамп ќе го потпишел договорот на републиканците и демократите, и истовремено ќе прогласел вондредна состојба за да го изгради ѕидот. Но самата одлука ќе биде оспорена на повеќе судски инстанци се додека веројатно не ја потврди Врховниот суд после долго време, веројатно предоцна во кампањата за 2020.

    Ако ѕидот му беше адут за да ги добие изборите 2016, истиот ѕид ќе му биде каменот кој ќе го повлече во пораз во 2020.
     
    На TripleG му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TripleG

    TripleG

    Член од:
    25 мај 2016
    Мислења:
    382
    Допаѓања:
    539
    Ако му успее ова со вондредната состојба, поради правниот систем што го имаат, следниот претседател ќе има можност полесно да прогласи вондредна состојба за вакви работи преку пат на преседан - особено ако е Демократ ќе гледаме вондредна состојба за глобално затоплување, ган контрол итн.

    Also,

     
    На teneke и Bateman им се допаѓа ова.
  13. TripleG

    TripleG

    Член од:
    25 мај 2016
    Мислења:
    382
    Допаѓања:
    539
    Берни Сандерс и официјално од денеска е во трката за демократски кандидат за 2020.
     
    На teneke му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: