Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Предноста на Норвешка е во нафтата и големите вложувања на САД во тоа поле.

Кај Шведска има комбинација од неколку фактори. Избегнување на втора светска војна, писмено население благодарение на протестантската религија, култура на работа и природни ресурси.

Сепак Шведска своето богатство и стандард ги има креирано со воведување на следните политики во 19ти век.
1. Целосна либерализација на приватен сектор. Секој без ограничување може да основа фирма.
2. Целосна либерализација на трговијата. Секој секаде може да тргува со секого.
3. Екстремно ниски даноци за сите.
4. Големи државни вложувања во инфраструктура и образование од страна на државата и немешање во односите помеѓу граѓаните.

Оваа Шведска што ја знаеш денес постои од 1970-80 година. Оваа социјална држава што ја имаат денес е овозможена од богатството креирано во ерата на либерализмот.
Исто и индиректно рестриктивна политика на наталитет. Шведска затскриено порачува дека за да уживаш ти и твоите деца во сите привилегии кои ти ги нуди, не е препорачливо да имаш повеќе од две деца.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.219
Поени од реакции
35.821
Вака гледано и како што го претставува тоа @Ne_sum_ja изгледа точно.

Но, погрешното во тоа се неколку работи.

Прво и најбитно е BIG MONEY во политиката, богатите користат значителен дел од своите приходи за лобирање во нивни интерес, далеку од интересот на општеството.
Второ голем дел од богатството на одредени индустрии, ако не и сите, се базира на технологија развиена со ресурси од државата, т.е. од сите даночни обврзници.
Трета работа е правилото на најспособниот, кое порано значеше многу во САД, а тоа значи оданочување на богатството во наследство. Со тоа би требало да им се овозможи на сите некаква еднаквост во старт, затоа и беше САД земја на можности.
Четврта работа и во моментов критична се БАНКАРИТЕ, кои реално не придонесуваат ништо за општеството, ги злоупотребуваат огромните пари кои им се на располагање за лобирање и поткупување, и плус најголем дел беа спасени со пари од даночните обврзници во 2008.

Значи за здрава економија треба да се избегне монопол и на пари и на земја и на недвижнини.
Е тука со лобирањето го погоди проблемот. Тоа е најголемата закана за системот на либералната демократија и економскиот либерализам. Тој систем функционира само кога правилата на игра се фер и еднакви за сите а се носат согласно тоа што граѓаните го сакаат. Тука лобирањето го нарушува тој систем и со помош на многу пари легислативата бива наклонета во прилог само на одредени компании и поединци.
Поради тоа волјата на граѓаните не се реализира бидејќи политичарите се врзани да носат политики и одлуки во корист на тој со ќесето него ли на тие што го туриле на функција.
На тој проблем мора да му се стави крај инаку може да го реши целиот систем.

Само не ми е јасно како мислиш дека 70% данок на богаташите би го решило тој проблем.
 
B

Bafra

Гостин
" Интелектуалциве" на темава одвај чекаат политичарите да воведат 70% данок, па тие што успеале да постигнат одреден стандард на живеење да им се намали, да бидат исти голтари ко "интелектуалната" каста. Не гледаат за себе да се изборат, политичарите да им овозможат и нив повеќе да им останува во џебот, туку напротив, ги подржуваат политичарите да им се одземе и на другите па заедно да се валкаат во пепелта, додека грижливите политичари дојдени со опинци, стануваат милионери.

Теоретски убаво звучело, па уште кога доаѓа од млада келнерка (во смисла немање врска од реална економија) мора овој пат да е правата и чесна особа. Тоа што овие повици за зголемување даноци доаѓаат од партија во која, едни од поголемите спонзори се Голдман Сакс нема гајле, глупи банкари се тие , па ќе спонзорираат во нивна штета да е, а народот кој верува во тие приказни да ти биле интелектуалци (y) :cuc:

Исти грешки како и кај медицината. Не гледаат да најдат причината за одреден проблем/болест, туку удри по последиците.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.181
Поени од реакции
17.991
Предноста на Норвешка е во нафтата и големите вложувања на САД во тоа поле.

Кај Шведска има комбинација од неколку фактори. Избегнување на втора светска војна, писмено население благодарение на протестантската религија, култура на работа и природни ресурси.

Сепак Шведска своето богатство и стандард ги има креирано со воведување на следните политики во 19ти век.
1. Целосна либерализација на приватен сектор. Секој без ограничување може да основа фирма.
2. Целосна либерализација на трговијата. Секој секаде може да тргува со секого.
3. Екстремно ниски даноци за сите.
4. Големи државни вложувања во инфраструктура и образование од страна на државата и немешање во односите помеѓу граѓаните.

Оваа Шведска што ја знаеш денес постои од 1970-80 година. Оваа социјална држава што ја имаат денес е овозможена од богатството креирано во ерата на либерализмот.
Данска, Финска, па и Германија ?[DOUBLEPOST=1547138542][/DOUBLEPOST]

И САД и Венецуела и Русија имаат нафта нели, па не го користат Норвешкиот модел на распределба на богатството.

Тоа е муабетот намалување на јазот.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.219
Поени од реакции
35.821
Данска, Финска, па и Германија ?[DOUBLEPOST=1547138542][/DOUBLEPOST]

И САД и Венецуела и Русија имаат нафта нели, па не го користат Норвешкиот модел на распределба на богатството.

Тоа е муабетот намалување на јазот.
Ниту една развиена држава не го постигнала тоа што е сега со 70% данок ниту пак тоа може да се постигне економски раст со толкава шепа на државата врз приватниот сектор. Напротив коренот на нивниот економски раст и капитал е Laissez - faire економскиот систем.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.181
Поени од реакции
17.991
Ниту една развиена држава не го постигнала тоа што е сега со 70% данок ниту пак тоа може да се постигне економски раст со толкава шепа на државата врз приватниот сектор. Напротив коренот на нивниот економски раст и капитал е Laissez - faire економскиот систем.
Овде има некој недоразбирања, ама ок.

Значи САД беа земја на можности кога имаше данок на наследство од 70%, над одредена сума во милиони долари.

Исто и во Нордиските земји има висок данок од скоро 60% и тоа скалест. И казните се соодветни на висината приходот и затоа има благосостојба.

Венецуела е декларативно социјалистичка земја, а Норвешка е монархија, ама тој што разбира одма сфаќа кој зема 90% од сиот приход од нафтата.
Исто и со Русија, па и САД.

Видете јас сум декларативно во богатите како што милува нашиот дански министер да не нарекува тие што заработуваме повеќе од 1500 еур месечно, ама реално јас имам само нормални примања. Во моментов во светот скоро 50% од сето богатство го имаат 1% од населението. Така да јас ич не се чувствувам комотно што тие 1% можат да ни направат на нас останатите кои сме средна класа, а верувам и @Bafra и банкаров @StefusRefus не се и тешко дека ќе бидат во тие 1%, така да иако не разбираат сепак во одредени сценарија ќе го кркаат здраво од хирот на тие што им се може затоа што се баснословно богати.

Иронијата е во тоа што најголем дел од богатството го имаат стекнато со монопол стекнат преку лобирање, нели @Ne_sum_ja. А верувајте тоа е рак рана на либералната економијата.
 
B

Bafra

Гостин
Во моментов во светот скоро 50% од сето богатство го имаат 1% од населението. Така да јас ич не се чувствувам комотно што тие 1% можат да ни направат на нас останатите кои сме средна класа,
Значи тие богатите 1% ќе ни ебеле мамата, па затоа да им дозволиме на политичарите они да им ја скршат кичмата ... аааааа сега веќе е појасно. :aplauz: А стварно не разбирав што толку подржуваш легален рекет.

Историски одсекогаш богатството било кај 1% од населението и така ќе си биде. Ако сметаш политичарите ќе донесат одлука која ќе биде спротивна од интересите на тие 1% , боље кажи дека и дедо мраз е вистински :D

Врз основа на што кажуваш дека САД биле во нагорна линија кога имале данок на наследство ти си знаеш, а оправдувањето за тоа е страшно, од аспект што за тебе е прифатливо на друг да му се одземе чесно стекнатото. Цел живот работиш, создаваш, си ги плаќаш сите можни ебани даноци, умираш и наместо децата твои, кои додека си црнчел не те виделе, си немал време да уживаш во нивниот развој, праведно било државата да добие 70% од се тоа. :confused:

Те прашав да објасниш како сметаш ќе се спроведе 70% данокот и врз кого, за да видам дали имаш претстава како функционираат богатите. Јасно е дека немаш претстава, а со добрите намери кои ги имаш лесно можеш да донесеш погрешен заклучок.

Во Австралија истата приказна пред неколку години им ја сервираа. Оданочување на богати, на јахти, луксузни вина, луксузна електроника. На крај испадна се зголемија цените на цела палета електроника, на вина и сл., а јазот си остана.

Добар добар виц: политичарите ќе ги оданочеле најбогатите, за да не спасат (y)

П.С. јас не се чуствувам комотно од политичарите што имаат контрола врз полиција, судии, ујп,војска и ги користат за свое лично богатење.
 
Абе што се секираш бе нема да оданочат таква величина како тебе, ќе оданочат некое гревче ко Бил Гејтс или Џорџ Сорос или Џев Безос :D
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.650
Поени од реакции
4.961
Овде има некој недоразбирања, ама ок.

Значи САД беа земја на можности кога имаше данок на наследство од 70%, над одредена сума во милиони долари.

Исто и во Нордиските земји има висок данок од скоро 60% и тоа скалест. И казните се соодветни на висината приходот и затоа има благосостојба.

Венецуела е декларативно социјалистичка земја, а Норвешка е монархија, ама тој што разбира одма сфаќа кој зема 90% од сиот приход од нафтата.
Исто и со Русија, па и САД.

Видете јас сум декларативно во богатите како што милува нашиот дански министер да не нарекува тие што заработуваме повеќе од 1500 еур месечно, ама реално јас имам само нормални примања. Во моментов во светот скоро 50% од сето богатство го имаат 1% од населението. Така да јас ич не се чувствувам комотно што тие 1% можат да ни направат на нас останатите кои сме средна класа, а верувам и @Bafra и банкаров @StefusRefus не се и тешко дека ќе бидат во тие 1%, така да иако не разбираат сепак во одредени сценарија ќе го кркаат здраво од хирот на тие што им се може затоа што се баснословно богати.

Иронијата е во тоа што најголем дел од богатството го имаат стекнато со монопол стекнат преку лобирање, нели @Ne_sum_ja. А верувајте тоа е рак рана на либералната економијата.
Маркс бил за 100% данок на наследство...теоретски може да се изгласа да има 100% данок на наследство и огромни даноци на приход, особено изразено прогесивни.
И тогаш Стефус-Рефус и остала багра фино лепо ќе си се знимаваат со кликање на интернет или ќе си најдат некоја државна работа и нешто корисно нема да работаат. А капиталот ќе оди кај Заеви, Кастровци, Чавези и останати популарни фаци и тие нека си играат капиталисти.
А што се однесува на мене лично не очекувам во иднина МК да стане комунистичко-социјалистичка утопија т.е. дистопија. Но ако тргнало така остануваат 2 опции 1. Да си го соберам капиталот и да одам некаде кај што има подобри услови за оплодување на капиталот. 2. Да останам тука и да не се бавам со инвестирање туку со трошење (под услов да не воведат класична национализација).
Занимавање со нечие туѓо богатсво и лигавање како да му се собере е во принцип неморално и класична кражба. Ама ако сака толпата тоа да го направи теоретски демократијата го дозволува тоа. Може и поради тоа не сум подржувач и сум критичар на демократијата.
Штом може тоа што сега се случува да биде легално во МК, нема високо мислење за демократскиот систем...порадо би бил во Чиле за време на Пиноче од МК за време на Заев.
 
B

Bafra

Гостин
Абе што се секираш бе нема да оданочат таква величина како тебе, ќе оданочат некое гревче ко Бил Гејтс или Џорџ Сорос или Џев Безос :D
Имам сретнато една изрека, во смисла: првин дојдоа по едните (наместо едните, стави комуниста, христијанин, било што), не се противев зашто не сум од тие (комуниста). Потоа дојдоа по другите (социјалистите), не се противев зашто не сум од тие (социјалиста). Потоа дојдоа по третите (капиталистите), не се противев зашто не сум ни од тие (капиталиста). Потоа дојдоа по мене, немаше кој да се спротивстави.

Дали сум величина или не, зависи по кои критериуми мериш и од која страна на масата :icon_mrgr: , но секогаш ќе бидам против ограничување на правото на личен избор, неправедност или одземање на приватната сопственост, за разлика од вас сеирџиите, кои одвај чекате на комшијата да му цркне козата.
Сеуште веруваат дека постојат чесни политичари :pos:

Битно добар хумор кажа: политичарите ќе ги оданочеле најбогатите, за да не спасат од лошите намери на тие 1% најбогати
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.219
Поени од реакции
35.821
Овде има некој недоразбирања, ама ок.

Значи САД беа земја на можности кога имаше данок на наследство од 70%, над одредена сума во милиони долари.

Исто и во Нордиските земји има висок данок од скоро 60% и тоа скалест. И казните се соодветни на висината приходот и затоа има благосостојба.

Венецуела е декларативно социјалистичка земја, а Норвешка е монархија, ама тој што разбира одма сфаќа кој зема 90% од сиот приход од нафтата.
Исто и со Русија, па и САД.

Видете јас сум декларативно во богатите како што милува нашиот дански министер да не нарекува тие што заработуваме повеќе од 1500 еур месечно, ама реално јас имам само нормални примања. Во моментов во светот скоро 50% од сето богатство го имаат 1% од населението. Така да јас ич не се чувствувам комотно што тие 1% можат да ни направат на нас останатите кои сме средна класа, а верувам и @Bafra и банкаров @StefusRefus не се и тешко дека ќе бидат во тие 1%, така да иако не разбираат сепак во одредени сценарија ќе го кркаат здраво од хирот на тие што им се може затоа што се баснословно богати.

Иронијата е во тоа што најголем дел од богатството го имаат стекнато со монопол стекнат преку лобирање, нели @Ne_sum_ja. А верувајте тоа е рак рана на либералната економијата.
И на тие 1,500 евра месечна плата плаќаш годишен персонален данок во износ од 1,800 евра, таман на Тунтев да му покриеш една плата во Агенција за воздухопловство. :LOL:

Дефинитивно државата разумно ги распределува парите од арачот. :)
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Poor Трамп..

"Прекин на делумната блокада на американската влада, предизвикана од барањето на претседателот Доналд Трамп за 5,7 милијарди долари за изградба на ѕид долж границата на САД и Мексико, во моментов не се гледа. Најмалку 800.000 вработени се без плата, а една недела ја чини земјата повеќе од милијарда долари.

Трамп од Белата куќа предупредува на можноста за многу подолг застој, за што ги обвинува демократите.

– Тие се задржуваат. На мене би ми требале 15 минути за да постигнам договор и сите може да се вратат на работа – изјави Трамп за Фокс.

Тој демантираше дека нема стратегија за прекин на делумната блокада на работата на федералната Влада на САД, но не отркива за каква стратегија станува збор.

Во интервју за Фокс, Трамп рече дека „нема идеја“ дали може да обезбеди договор со претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси која се противи на неговото барање за изградба на ѕид на границата кон Мексико.

Демократите тврдат дека Трамп ја предизвикал блокадата на работата на државната управа одбивајќи план за финансирање договорен меѓу демократските и републикансите сенатори бидејќи не вклучувал средства за изградба на ѕид на американско-мексиканската граница.

Прекинот на работата што почна на 22 декмеври, е најдолг во историјата на САД и надмина прекин од 1995/1996 во време на мандатот на Бил Клинтон. Денеска е веќе 23 ден.

Вработените во федерални служби со блокадата не добија први плати во петокот, што засили страв од финансиски притисок врз вработените.

Контролата на лет и службеници од аеродромски служби за безбедност продолжуваат да работат без плати.

Околу 800 илјади службенции не добиле плати, а дел од нив веќе почнале да продаваат недвижен имот или покренуваат хуманитарни акции за собирање пари за да платат сметки.

Од 1976 година досега имало 21 блокада на администрацијата и најголем дел од тие биле куси за да би влијаеле на економските прилики.

– Колку е подолга блокадата подолго е страдањето – изјави Бет Ен Бовино, економист во S&P ГGlobal Ratings и според неа, блокадата на администрацијата чини 1,2 милијарди долари неделно. Ако трае уште две недели, блокадата ќе чини колку и ѕидот – 5,7 милијарди долари, пари што ги бара Трамп, а кои демократите одбиваат да дадат согласност.

Блокадите од 1995 и од 2013 година покажаа дека економијата може брзо да се опорави, но од крајот на февруари сиромашни семејства би можеле да останат без помош за храна, а во прекин е и работата на санитарните инспектори.

Според американски медиуми, на фармерите не им се исплаќаат ниту субвенции за купување семиња и храна за стока, и вработените кои имаат договор со владата губат по 200 милиони долари на ден.

Шефот на американската тајна служба задолжена за заштита на претседателот, предупреди дека финансиските потешкотии може да предизвикаат депресија кај вработените.

Погоден е и туризмот, кој носи околу 18 милиони долари дневно во 400 национални паркови.

За 800 илјади вработени последиците од делумната блокада не се мали. Според агенции за недвижности, тие вработени имаат околу 438 милиони долари месечни обврски за наем или отплата на хипотеки.

Во делови од Вашингтон каде живеат околу 20 отсто службеници, ресторани се празни, такси возилата не се на улици, а сообраќајните метежи целосно исчезнаа.

Демократите сметаат дека изградбата на ѕидот е неефикасен и застарен приод за сложениот проблем, но донесоа во Претставничкиот дом неколку закони што овозможуваат деблокада на владата без финансирање на ѕидот, но Сенатот што е под контрола на републиканците, ги игнорираше. "
 
B

Bafra

Гостин
@teneke сега Александра :icon_mrgr: пуздер ќе ги направи главните виновници за лошите работи во општеството:
https://www.washingtonpost.com/business/2019/01/16/alexandria-ocasio-cortez-versus-wall-street-lawmaker-wins-spot-powerful-house-committee/?noredirect=on&utm_term=.7ea5d3c5af18

Добро, нема можеби одма, ама ќе биде. :свиркам:
Од келнерка до регулатор на лошите банкари, многу професионално нема што.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.181
Поени од реакции
17.991
@teneke сега Александра :icon_mrgr: пуздер ќе ги направи главните виновници за лошите работи во општеството:
https://www.washingtonpost.com/business/2019/01/16/alexandria-ocasio-cortez-versus-wall-street-lawmaker-wins-spot-powerful-house-committee/?noredirect=on&utm_term=.7ea5d3c5af18

Добро, нема можеби одма, ама ќе биде. :свиркам:
Од келнерка до регулатор на лошите банкари, многу професионално нема што.
Ти велам јас Америка и Енглеска биче земља пролетерска ...

Иначе ова со келнерка ти беше многу low.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Под никот на Бафра мора да се крие Хари Костов, нема друго објаснување некој да е толку заљубен у банки и мегакорпорации, башка и стилот на пишување му е некако влашки :P
 
Kajgana Shop

На врв Bottom