Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
B

Bafra

Гостин
Затоа што Британија е скоро целосно зависна од Финансиската моќ, т.е. третата власт. А тие немаат нација, така да ако Британија веќе не му е од корист нема да има потреба ниту да постои :)

Додуша сега многу работи ќе зависат од Глобализација 2.0, ама сепак таму ќе има место само за големи.
Која ти е таа финансиска моќ т.е третата власт ...
Не сфаќам како УК се целосно зависни ... А ако е целосно зависна, зар другите не се ?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.181
Поени од реакции
17.991
Која ти е таа финансиска моќ т.е третата власт ...
Не сфаќам како УК се целосно зависни ... А ако е целосно зависна, зар другите не се ?
Првата власт е политичката, т.е. порано тоа бил кралот кој што имал воена моќ и со тоа и политичка и економска.

Потоа иди индустријализацијата и сопствениците на компаниите стануваат втората власт и тоа помоќна од монархијата затоа што ја имаат економската моќ, а со тоа и парите, а со нив ја контролираат и политиката.

Денес банкарите се третата и најмоќна власт затоа што ги контролираат и индустријата и политиката, која што е најслаба, а реално треба да биде најмоќна. А кај политиката е демократијата и затоа ни се случува ова што ни се случува :)
 
Последно уредено:
Член од
30 декември 2014
Мислења
350
Поени од реакции
439
Денес во САД има избори за Конгресот, за гувернери и локални избори.

Според истражувањето на јавното мислење за прв пат по 10 години ова ќе бидат најнеизвесни избори за Претставничкиот дом (долниот дом од Конгресот) и за прв пат им се дава сериозна шанса на Демократите по доста долго време да го освојат Претставничкиот дом, па и покрај Џеримајндерингот којшто е најсериозна пречка за тоа. Да потсетиме, последен пат пат Демократите на изборите за Претставничкиот дом победија пред цели 10 години (2008-ма). Дали ќе успеат по 10 години да се променат нештата или Републиканците и понатаму ќе владеат со Претставничкиот дом (каде што веќе владеат 8 години), макар и со помало мнозинство, ќе се знае во раните утрински часови. Fun fact: Во последните 24 години, Републиканците владееле 20 години (1994-2006 и 2010-денес), а демократите само 4 (2006-2010). Секако најголем удел за ова има Џеримајднерингот, односно политичкото цртање на изборните единици во држави каде што со години најголем дел од нив имаат републикански гувернери.

Кај Сенатот, не се очекуваат некои изненадувања, со оглед на тоа што го оваа година се бираат сенатори во држави каде повеќето актуелни сенатори се Демократите и овој пат товарот паѓа кај нив да ги бранат со веќе постоечко мнозинство на Републиканците. Иако се очекува Трамп да прогласи победа во Сенатот, самиот факт во тоа што според анкетите нема да успеат да обезбедат квалификувано трипетинско мнозинство од 60 Сенатори како што се надеваа до пред пола година Републиканците, кажува доста за нивниот рејтинг кој од пролетта е понизок од оној кај Демократите. Дури и огромни се шансите ниту една од клучните 5 Раст Белт држави (Минесота, Висконсин, Мичиген, Охајо и Пенсилванија) да не победат Републиканците, кога и те како би биле клучни за Трамп овие држави, бидејќи истиот победи во 4 од овие 5 држави. Наместо тоа тие целат кон мнозинство од 53-56 Сенатори, и повеќе водат кампања во држави каде што би требало автоматски да победат како Невада, Мизури, Аризона, Монтана итн, а не д им се остава можност Демократите да бидат комптетитивни во истите. Да не зборувам дека ако Републиканците по некој случај освојат помалку од 53 Сенатори би било фијаско за Републиканците во ваква златна сенат рејс година за нив и покрај тоа што би имале мнозинство.

Од Гувернерите моменталната ситуација е 33-16 за Републиканците, а оваа година се очекува Демократите да добијат уште неколку Гувернери.

Инаку не знам дали ги пратите трките кај кандидатите за двата дома, ама има доста интересни кандидати. Мене фаворит ми е еден кандидат за Сенатор од Тексас кој ќе се соочи со актуелниот Сенатор, одвратното лигаво суштество Тед Круз. Демократскиот кандидат Бето О'Рурк кој иако речиси невозможно е да победи во држава како Тексас, од ден на ден изминатава година станува се поголема ѕвезда во јавноста. А има и зошто, човекот е буквално легенда :cuc:, има харизма до небо, некој микс од оној импулсивен тексашки дух со прогресивни социјални погледи. Да беше Тексас нормална држава, воопшто не би ни требало да има дилема во тоа кој од овие два кандидати е подобар, ама сепак Тексас за жал е Тексас. Како и да е, доколку Круз победи пример со разлика од 5 проценти, за разлика од 16 проценти пред 6 години, е тоа ќе биде огромен успех за Бето. Она што е сигурно е дека политичката кариера на Бето ќе оди само нагоре, речиси сигурно е дека пак би си ја пробал шансата за 6 години, а се шпекулира дека во 2024 би се кандидирал и за претседател доколку Трамп биде реизбран за претседател.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988

И победа од 5 е успех. Односот на вложени пари во Тексас е скоро 2,5-1 за Бето. Наводно во неговата кампања вкупно се вложени околу 70 -75 мил. долари, а за Тед околу 30-35 мил. долари. Тој има статус на легенда само кај демократите затоа што Тексас го сметаат за најголемото упориште на републиканците. Без Тексас републиканците никогаш нема да победат на претседателски избори, додека Калифорнија е темно сина, а Флорида променлива. Не сум запознаен со политиката на Вето (гледав нешто од дебатите, не се’, ама мислам дека не е доволно за оформување на конкретен став), но е ставен на пиедесталот поради овие нешто кои веќе ги набројав. Знам дека фокусот е за нафтата и за имиграцијата, каде Тед може да поентира. Ова ќе бидат интересни избори.

Јас мислам дека републиканците ќе загубат во Претставничкиот дом со мала разлика, мнозинството во Сенатот ќе го зголемат и ќе добијат повеќе гувернери од демократите, што се’ на се изгледа добро за републиканската партија.
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
350
Поени од реакции
439
И победа од 5 е успех. Односот на вложени пари во Тексас е скоро 2,5-1 за Бето. Наводно во неговата кампања вкупно се вложени околу 70 -75 мил. долари, а за Тед околу 30-35 мил. долари.
Ма нека вложат и ако сакаат 500 милиони, Тексас е веќе 30 години бастион на Републиканците, па оттука секоја блага победа за Тед, кажува многу за (не)успехот на телето Круз.

Тој има статус на легенда само кај демократите
Се лажеш, затоа што Бето пред се' е популарен кај Independents. Сметај дека излезноста во Тексас била одсекогаш најмала во САД (во последниве 10тина години секогаш била под 50%), така што и те како се очекува Бето да ги добие оние неопределени гласачи кои прв пат ќе излезат на гласање.

Јас мислам дека републиканците ќе загубат во Претставничкиот дом со мала разлика, мнозинството во Сенатот ќе го зголемат и ќе добијат повеќе гувернери од демократите, што се’ на се изгледа добро за републиканската партија.
Републиканците сигурно ќе добијат повеќе гувернери, сега разликата е дупла во нивна корист, но од утре огромни се шансите истата да биде драстично помала и Демократите да ја превземат власта во повеќе црвени држави.

За да Републиканците имаат добра ноќ треба да бидат исполнети 2 услови: да го задржат мнозинството во Претставничкиот дом и да го зголемат мнозинството во Сенатот на најмалку 53 Сенатори. Се' друго би било лошо за таа партија.
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Ма нека вложат и ако сакаат 500 милиони, Тексас е веќе 30 години бастион на Републиканците, па оттука секоја блага победа за Бето, кажува многу за (не)успехот на телето Круз.

Се лажеш, затоа што Бето пред се' е популарен кај Independents. Сметај дека излезноста во Тексас била одсекогаш најмала во САД (во последниве 10тина години секогаш била под 50%), така што и те како се очекува Бето да ги добие оние неопределени гласачи кои прв пат ќе излезат на гласање.

Републиканците сигурно ќе добијат повеќе гувернери, сега разликата е дупла во нивна корист, но од утре огромни се шансите истата да биде драстично помала и Демократите да ја превземат власта во повеќе црвени држави.

За да Републиканците имаат добра ноќ треба да бидат исполнети 2 услови: да го задржат мнозинството во Претставничкиот дом и да го зголемат мнозинството во Сенатот на најмалку 53 Сенатори. Се' друго би било лошо за таа партија.
Разликата Бето и Круз варира од 5-9 веќе подолго време, ќе видиме како ќе излезе на крајот.
Републиканците очекуваат да го загубат мнозинството во Претставничкиот дом, па и мала разлика би можела позитивно да се одрази во Конгресот со поголемо мнозинство во Сенатот, така и тука математиката е отворена со тоа што моментално републиканците водат во 5 од 5 места во Претставничкиот дом. Ќе видиме како ќе се одвива ноќта. Ако се сеќаваш во 2016, Килари имаше 12% предност пред Трамп 5 дена пред избори, па на крајот изгуби. Така тоа ти е продавање магла. :)
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
350
Поени од реакции
439
Разликата Бето и Круз варира од 5-9 веќе подолго време, ќе видиме како ќе излезе на крајот.
Толку и веројатно ќе биде со што се надевам дека ќе биде повеќе накај 5-6 проценти.
Ќе видиме како ќе се одвива ноќта. Ако се сеќаваш во 2016, Килари имаше 12% предност пред Трамп 5 дена пред избори, па на крајот изгуби. Така тоа ти е продавање магла
Жити се кога имала Хилари 12 проценти на национално ниво и според која анкета.??!!o_O Последната анкета на најголем број испитаници предвидуваше точно 2 проценти предност за Хилари на национално ниво што и така испадна, а претходно последните денови истата предност и варираше околу 2-4% за неа.
https://datastudio.google.com/u/0/reporting/0B29GVb5ISrT0TGk1TW5tVF9Ed2M/page/GsS
https://en.wikipedia.org/wiki/Nationwide_opinion_polling_for_the_United_States_presidential_election,_2016

Исто и за одделните држави, исто се предвидуваше мртва трка за Пенсилванија, Флорида, Мичиген, Њу Хемпшир и Невада што и така испадна. (Во Висконсин не ни правеа последните недели анкети затоа што го сметаа за сигурно место за Хилари). Друго е што некои медиуми и аналитичари не веруваа во истите и не знаеа правилно да ги читаат.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Толку и веројатно ќе биде со што се надевам дека ќе биде повеќе накај 5-6 проценти.

Жити се кога имала Хилари 12 проценти на национално ниво и според која анкета.??!!o_O Последната анкета на најголем број испитаници предвидуваше точно 2 проценти предност за Хилари на национално ниво што и така испадна, а претходно последните денови истата предност и варираше околу 2-4% за неа.
https://datastudio.google.com/u/0/reporting/0B29GVb5ISrT0TGk1TW5tVF9Ed2M/page/GsS
https://en.wikipedia.org/wiki/Nationwide_opinion_polling_for_the_United_States_presidential_election,_2016

Исто и за одделните држави, исто се предвидуваше мртва трка за Пенсилванија, Флорида, Мичиген, Њу Хемпшир и Невада што и така испадна. (Во Висконсин не ни правеа последните недели анкети затоа што го сметаа за сигурно место за Хилари). Друго е што некои медиуми и аналитичари не веруваа во истите и не знаеа правилно да ги читаат.
На анкетите на СиЕнЕн имаше од 7-12% разлика, добро се сеќавам, па потоа ги заебаваа. За 2% никој нема да прави скандал. Башка и ова. Мадам пресидент. :LOL:

И вториот дел. Зборуваме за синиот ѕид каде Трамп победи, а беа темно сини на мапата. Пенсилванија и Флорида се ок, Невада и беше дадена пред изборите како предност.
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
350
Поени од реакции
439
На анкетите на СиЕнЕн имаше од 7-12% разлика, добро се сеќавам, па потоа ги заебаваа
Ама човек, таа анкета што ја зборуваш беше од почетокот на Октомври кога Хилари сеуште беше во предност, пред да се случи втората дебата каде Трамп на крајот ги упатува клучните зборови на електоратот (Ако сте задоволни од вашата лична состојба последниве години, тогаш во ред гласајте за Хилари, ако сакате промени, сега ви е шансата да излезете и гласате) и пред повторно да биде отворена истрагата за мејловите кон крајот на Октомври. Последните анкети од последната недела на кампањата си испаднаа најточни.

Башка и ова. Мадам пресидент.
Па оваа прогноза не е базирана на анкети, туку на можности кои им се даваат на кандидатите за достигнување на волшебната бројка од 270. И да, математички Хилари имаше таква поставеност да можеше полесно да стигне до тие 270, друга е приказната што самата ги шитна Раст Белт државите и си пукаше сама во себе.

Невада и беше дадена пред изборите како предност.
Е па токму последните анкети базирани на three-way candidates му даваа поголема предност на Трамп во Невада, а испадна тесна победа за Хилари.
https://en.wikipedia.org/wiki/Statewide_opinion_polling_for_the_United_States_presidential_election,_2016#Nevada
 
Анкетите беа макс. 1 недела пред избори, а не меѓу дебатите. Според СиЕнЕн, ЕјБиСи и ЕнБиСи Килари победи во сите дебати. Го зголемуваше процентот во однос на Трамп меѓу жените, пред се’ на оние со високо образование, и малцинствата како хиспаносите и азијатите. На крајот навистина победи со 3.000.000 разлика (има спорни моменти и со ова), а тоа беше околу 2%, а не 7-12%!
Тоа се просеци, немаше анкета на СиЕнЕн под 5% за Килари. Тоа ти го гарантирам.

Невада беше светло сина, беше клучна трка, но цело време и беше препишувана на Килари. Таа се сметаше за тесна трка, но играта беше главно за Флорида и Пенсилвнија (Охајо,Њу Хемшир...беа алтернативи за до 270). Беше тесно и во други држави, но предноста секогаш се даваше на некој кандидат. Зборуваме сега за сите држави кои не им беа сметани на кандидатите (т.е. во оние кои имаа предност до 1-2% на акетите). Башка Килари имаше предност и во Пенсилванија и во Флорида, но на картата беа покажувани како сиви. Имам СиЕнЕн, Фокс следам на ЈуТуб, така и правев пред 2 год., па затоа ги знам овие работи. Мислам дека имаш и на ЈуТуб критики на нивните проценки и на оние на ТЊЈТ, ЕнБиСи, ЕјБиСи.....:)
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
350
Поени од реакции
439
^
Не зборуваме за победа во дебати, си имаше многу анкети во последната недела во кампањата каде што предноста на Хилари беше проценета на 2-4%.
Во Пенсилванија последните месеци имаше ептен тенка предност, при што последната недела анкетите покажуваа целосна изедначеност (ниеден кандидат немаше предност над статистичка грешка)
Во Флорида ситуацијата се менуваше од ден на ден. Ден предност имаше Трамп, ден Хилари, ден изедначени итн. Всушност цела година се знаеше, како што и одсекогаш се знаело дека во Флорида е мртва трка.
 
Добро, истото и јас што го кажав. До 2% најчесто е “сива зона“, зона каде што можат работите да се променат или предноста е циклична. Пенсилванија беше сина речиси цела ноќ, нагло се промени и од таму започнуваат приказните за хакерските напади, а всушност се случи пополнување и дополнување на териториите кои обично им припаѓаат на републиканците. Така тука немаше нешто скандалозно. Само во Пенсилванија Килари имаше предност од 1-2% речиси цела трка, затоа и Трамп и Килари 2-3 пати држеа говори последниот месец од трката. Ќе биде интересна и трката за Пансилванија 2020.

Еве Бето води во Тексас, но црвените зони сеуште не се пополнети т.е. од таму сеуште нема резултати, идентично што се случи и со Пенсилванија. Чудно е што трката во Тексас е тесна. Можеби веќе Тед и нема да го видиме, што пак може дополнително да се одрази за идната мапа, позитивно или негативно за едната или другата партија, се зависи од наредните претседателски избори. :)
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
350
Поени од реакции
439
Изборите богами завршија навистина интересно.

По цели 8 години, Демократите ја добиваат власта во Претставничкиот дом (и тоа со прилично добра предност), а Републиканците ја задржуваат власта во Сенатот.

Бето О'Рурк оствари историски резултат за Демократите во еден од најголемите републикански бастиони - Тексас. Ако на претходните избори пред 6 години Тед Круз победи со цели 16 проценти разлика, овој пат победи со (верувале или не) само едвај 3 проценти разлика. Мизерно за Круз, додека на Бето му претстои блескава политичка кариера.

Не е ни лошо за Републиканците во Сенатот. Како и што очекуваа ќе имаат мнозинство од околу 53-55 сенатори. Во клучните Раст Белт држави очекувано Републиканците поминаа лошо, не освоија ниту еден Сенатор таму.

Кај Гувернерите Демократите исто превзедоа доста Гувернери од кај Републиканците.

Сосема заслужено за Демократите во Претставничкиот дом. Годинава имаа навистина одлични кандидати таму. Нови, свежи лица, со прекрасни приказни зад себе, кои беа блиски на теренот со луѓето и се фокусираа на реалните и важни социјално-економски прашања. Во друга прилика можеби и ќе ги претставам на темата, но кандидатите што победија кај Демократите се нешто сосема ново и поинакво за Американската политика. Има и некои со потекло од нашиве земји од регионот.

Е истото не можеше да се каже и за оние демократски кандидати кои беа симнати од Сенатот од страна на Републиканците. Навистина до кога раководството на таа партија ќе поставува некои стари, истрошени и излапени кандидати како Бил Нелсон, Клер МекКаскил, Хајди Хаидкемп и слични, наместо да се угледаат на нивните колеги кандидати од Претставничкиот дом. Поебно оваа Хаидкемпова од републиканскава шупа Монтата која велеше дека Републиканците биле навистина добри и дека она не се разликувала многу од нив:eek::facepalm::facepalm::facepalm:. Па добро мори жено, како очекуваш со таква реторика да победиш. Или Џо Донели од Индијана кој највеќе разочара последниве недели каде радикално ја смени реториката со цел да им се приближи на конзервативните гласачи традиционално присутни во неговата државичка, а на крај по претходната блага предност во анкетите, самиот се закопа и си го изгуби сенаторското место.:facepalm::facepalm::ROFLMAO::sramezliv:.
За контраст оние Демократи кои победија во Сенатот минатата ноќ, или остварија голем успех како Бето О'Рурк, Берни Сандерс, Елизабет Ворен, Тами Болдвин и слични, е токму кон такви кандидати треба да целат Демократите во иднина. Е така за 2 години би имале сериозни шанси да го добијат и Сенатот, а можеби и претседателската функција.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Ги прочитав последниве постови во темата. Добро ги познавате условите внатре. Јас ќе прокоментирам нешто што мене ми е впечатливо. Она шо Трамп го збори во врска со отворените работни места многу му оди во прилог. Знам дека медиумите го ловат во секунда и знам дека е преполн со гафови, меѓутоа тешко дека некој што ќе се вработи во негово време ќе го разубедат демократите. Друга работа е како изделува во некои кризни ситуации надвор. Да не ме сфатите погрешно. Јас генерално имам став дека американците имаат ужасен избор на политичари многу, многу одамна, дури и за еден Обама, кој за чудо сега улета во кампањава (што во тамошната политика е невидено). Исто, демократите удрија со некоја кампања дека мора да се гласа, да не седи дома, да не се ќути, со посебен акцент на младите, на кои не знам колку им мењава кој од преварантиве ќе јава. Опции како Берни Сандерс во САД се неможни во наредните 100 години и прашање е колку ќе бидат доследни ако воопшто дојдат на власт. Сепак, пар потези на Трамп посебно со Турција и Северна Кореја се за пофалба, посебно знаејќи како Хилари би изреагирала нервозно у тие ситуации. Малку поопшто, мислам дека дуалистичкиов политички систем е најлошата политичка варијанта како уредување во една држава. Истиот модел се обидуваат да го пресликаат во секоја држава со која сакаат да манипулираат - навидум избор, навидум слобода, меѓутоа во позадина профитираат истите луѓе. На пример, околу емигрантскиот проблем - Трамп би изградил ѕид и би ангажирал огромна скапа армија да ја брани границата, а демократите не знам, би ги примиле ваљда за да им метат улици и чистат говна (и да им продаваат дрога ваљда), додека решението на проблемот е во престанување во мешањето во нивните внатрешни политики со кои им ги држат државите во модерно ропство.
Ми паднаа у очи овие две сликички, кој имаат многу вистина у себе.
FB_IMG_1541572940820.jpg FB_IMG_1541572954265.jpg
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
350
Поени од реакции
439
Она шо Трамп го збори во врска со отворените работни места многу му оди во прилог. Знам дека медиумите го ловат во секунда и знам дека е преполн со гафови, меѓутоа тешко дека некој што ќе се вработи во негово време ќе го разубедат демократите.
Таа теорија за отварање на нови и нископлатени работни места, се помалку и помалку проаѓа кај просечниот американски граѓанин. Да работиш две или повеќе работи истовремено со екстремно низок минималец за американски услови и притоа да немаш никаква или само минимална социјална заштита и здравствено осигурување, тоа кај Американскиот просечен граѓанин од година во година се помалку пали, а упорно го промовира актуелната американска администрација. Затоа оние кандидати кои се спротивставија на ваквиот концепт успешно си добија влезница за Конгресот.

Додека просечниот американски граѓанин го заболе за надворешна политика уште откога ги повлекоа најголемиот дел од трупите во Ирак.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom