Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.968
Ако ја цицаат ЕУ, што не ги шутне тогаш?

И сега Макрон ќе биде алфа мажјак или алфа женка? :D
Видиш од тоа се плаши Орбан, ако дојди некој ултранационалист во Германија :)

Море Макрон каква таква си има дунда за да си ја работи :D[DOUBLEPOST=1541173306][/DOUBLEPOST]
Не залудно се вели дека секоја лага содржи одреден процент вистина, па така и пропагандните постери кои ги имам објавено во пост #4534 содржат одреден процент вистина.

Се` што е објавено за болшевизмот во вториот пропагандистички постер е` чиста вистина, додека се` што е објавено за национал-социјализмот во истиот тој пропагандистички постер е` чиста лага, еднакво иста како лагите за членството во НАТО и ЕУ кои денешните политичари и медиуми им ги продаваат не само на Македонците, туку и на граѓаните на сите држави кои се кандидати за членство во НАТО и/или во ЕУ.

Исто така, лагата објавена во првиот пропагандистички постер содржи делумна вистина, како што почувствувал мој прадедо на своја кожа, уапсен и депортиран во раните 1940-ти години за да робува во Лајпциг, бидејќи бил во својата младост и нацистите процениле дека би бил добра робовска работна сила. На негова несреќа од прва рака открил каков рај за работниците е` Нацистичка Германија, но за негова среќа дочекал да биде ослободен после поразот на нацистите во Втората Светска Војна. Но сепак постерот содржи делумна вистина - Германија има работа за сите - само не потенцира за каква работа станува збор и под какви "работни" услови.

Инаку, имам и други роднини кои од прва рака ја почувствувале гостопримливоста на Голи Оток во поранешна Југославија, така да добро сум запознаен со вистините на нацистичката и социјалистичката пропаганда.
Типчен декстерски одговор, на ниво за проектна задача.

Сега значи само во нацистичка Германија имаше логори, за робовска работа, но во болшевистичкиот СССР немаше така ?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.500
Поени од реакции
11.565
Типчен декстерски одговор, на ниво за проектна задача.

Сега значи само во нацистичка Германија имаше логори, за робовска работа, но во болшевистичкиот СССР немаше така ?
Зависи од тоа колку си ги прочитал двата пропагандистички постера објавени во пост #4534 и колку си ја прочитал мојата реплика во пост #4567.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.968
Зависи од тоа колку си ги прочитал двата пропагандистички постера објавени во пост #4534 и колку си ја прочитал мојата реплика во пост #4567.
Добро, добро знам, ти си секогаш против :)
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.135
Поени од реакции
8.227
Најдобро е како Баче или Пина, да живееш во Канада/ЕУ, а да си русофил. Го добиваш најдоброто од двете спортиставености, ем газето на топло во богата/средена држава, ем русофил праведник-страдалник против НАТО капиталистите.
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Најдобро е како Баче или Пина, да живееш во Канада/ЕУ, а да си русофил. Го добиваш најдоброто од двете спортиставености, ем газето на топло во богата/средена држава, ем русофил праведник-страдалник против НАТО капиталистите.
A be sh'o ke prajsh...Zhivot pishe romane. Sankir pa ti za zhalenje si...Chim si doshol na forum da diskutirash nishto ne ti fali.
 
B

Bafra

Гостин
Сакаш да кажеш ти се закла со твојата реплика.

НАТО на Балканот има демонстрирано единствено воена агресија врз држави кои никогаш не претставувале ама баш никаква опасност или закана по било која држава членка на НАТО, и затоа НАТО е` докажан злосторничко-агресорски сојуз, а ЕУ од 2009 година па наваму си го покажува вистинското авторитарно и анти-демократско лице, наметнувајќи ги своите анти-демократски политики на државите членки, притоа заканувајќи се со санкции за тие кои нема да ги прифатат таквите анти-демократски политики.

Кога ќе ги ставиш на вага овие негативни карактеристики на НАТО и на ЕУ, наспроти позитивните карактеристики, барем на мојата вага потешки се негативните карактеристики и затоа за добро на сите народи кои ги населуваат Европа и светот, треба НАТО и ЕУ што е можно поскоро да се распаднат.

А порано или подоцна ќе започне и тој процес, малиот Аце Велики заплакал кога видел дека нема што друго да освојува после Хималаите - не знаел малиот дека Кина постои, толку научил од Аристотел - па почнал да се повлекува, а по неговата смрт и неговата империја престанала да постои.

НАТО и ЕУ нема да можат до бескрај да се шират, ќе дојде ден кога ќе нема каде да се шират, а водејќи се според империјалистичкиот принцип кој гласи дека империите или се прошируваат или се распаѓаат, проширувањето на НАТО и на ЕУ ќе заврши во не толку далечната иднина, а со тоа ќе започне и процесот на нивното распаѓање - колку поскоро и побрзо, толку подобро не само за Македонија и за Македонците/Македонките, туку за целото човештво.

Русите - барем досега - не извршиле никаква агресија на Балканот, барем не од распаѓањето на Советскиот Сојуз и на Југославија на почетокот на 1990-те години.

Затоа - засега - Русите не се предмет на моите критикувања, што не значи дека тоа нема да се смени во иднина доколку Русите на било каков начин ги поместат геополитиките тектонски плочи на Балканот - се разбира, моите критики за руските политики ќе зависат од тоа какви последици оставаат нивните политики врз нас Македонците.

Лично од 8 септември 1991 па наваму не сум видел ништо добро од Русија, со исклучок на признавањето на Македонија под уставното име во замена за ништо, за разлика од САД и останатите основачки држави членки на НАТО и на ЕУ, кои како вавилонски ку_ви секогаш наплаќаат за се` и сешто, па дури и за да ни извршат нужда врз глава.

Но од друга страна, од 8 септември 1991 па наваму не сум видел ниту ништо лошо од Русија, но затоа имам многу лоши работи видено и до денешен ден гледам многу лоши работи кои ни се случуваат на нас Македонците, а кои се дојдени од политичките кујни на САД, НАТО и ЕУ.
Види, тоа што Русите не пратиле војска, не значи дека се миротворци. Солидно се котнролираат територии со помош на своите агенти и домашните јаничари.

Од каде знаеш т.е. си сигурен дека лошите работи ни се дојдени од НАТО и компанија, а и дека не сме ги заслужиле тие лоши работи :toe:

А тоа со агресорите зависи како гледаш на работите. На пример Земјата е приморана да се врти околу Сонцето, па не значи дека Сонцето е лошо :D .

Bafra, не ме јеби што би рекол Кили, третата власт во светот нема нација :)

Плус, како капак економијата е станата права религија, а економистите се нејзини свештеници. Се е засновано на верба, а економистите шират догма која нема никаква научна основа :)
Па ти спомна ќе нема место за мала нација како Енглезите :D .

Точно е тоа дека е засновано на верба т.е. доверба. Прашањето е зашто народот/бизнисот од време на време ја губи таа доверба.

Економистите шират догма, но зависи кои ги читаш :D. Историски имаме доста примери како треба да функционира светот и функционирал одреден период, но тоа што не ги практикуваме тие примери, вината барај ја на друго место ;)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.968
Па ти спомна ќе нема место за мала нација како Енглезите :D .

Точно е тоа дека е засновано на верба т.е. доверба. Прашањето е зашто народот/бизнисот од време на време ја губи таа доверба.

Економистите шират догма, но зависи кои ги читаш :D. Историски имаме доста примери како треба да функционира светот и функционирал одреден период, но тоа што не ги практикуваме тие примери, вината барај ја на друго место ;)
Затоа што Британија е скоро целосно зависна од Финансиската моќ, т.е. третата власт. А тие немаат нација, така да ако Британија веќе не му е од корист нема да има потреба ниту да постои :)

Додуша сега многу работи ќе зависат од Глобализација 2.0, ама сепак таму ќе има место само за големи.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.500
Поени од реакции
11.565
Види, тоа што Русите не пратиле војска, не значи дека се миротворци. Солидно се котнролираат територии со помош на своите агенти и домашните јаничари.

Од каде знаеш т.е. си сигурен дека лошите работи ни се дојдени од НАТО и компанија, а и дека не сме ги заслужиле тие лоши работи :toe:

А тоа со агресорите зависи како гледаш на работите. На пример Земјата е приморана да се врти околу Сонцето, па не значи дека Сонцето е лошо :D .
Па вообичаено амнестираните терористи на своите барања им вадат легитимитет не од сопствените гласачи - бидејќи сепак се` малцинство - туку од амбасадата на САД во Скопје.

Барем досега не сум ја видел Русија да излезе во пресрет на барањата на амнестираните терористи, за да би можеле да кажеме дека Русите ни ги увезоа амнестираните терористи, војната во 2001 година, охридскиот рамковен договор, новата територијална организација на локалната самоуправа од 2004 година, двојазичноста, а еве сега и менувањето на уставното име на Македонија.

Помнам дека во 2001 година рамковнистите дојдоа од Косово, кое од 1999 година па наваму е` американски протекторат во облик на марионетска држава, поточно балканско Манџуко, под заштита на САД и НАТО.

Помнам дека кога беше војната во 2001 година, два товарни хеликоптера на НАТО од Косово прошверцуваа контејнер со залихи за рамковнистите во тетовскиот регион, кој рамковнистите го бранеа со жив штит до последниот човек и не дозволуваа македонските војници ниту да му се приближат на контејнерот со залихите.

А како што неодамна беше потврдено - не дека откривме топла вода, но барем сега повеќе не е измислица или теорија на заговор, туку е` официјално потврден факт - поранешниот пратеник на американскиот Конгрес Глен Нај неодамна беше одликуван од страна на Одделот за состојби на САД за неговата улога во евакуацијата на 26 американски воени лица од Арачиново во 2001 година, за кои барем на мене лично ми е многу тешко да верувам дека се изгубиле сред село или дека биле таму на пикник за време на воената интервенција на АРМ во селото.

Зошто сме ги заслужиле сите овие работи ?

Не знам зошто, не гледам причина зошто би заслужиле да бидеме жртви на ваква агресија од страна на држава/држави/воен сојуз на која/кои/кого не сме и`/им/му згрешиле ама баш ништо, освен ако нашето постоење како слободна и независна држава од 1991 година па наваму е смртоносен грев за нив, бидејќи од 1991 година па наваму не` третираат како неочекуван и непосакуван нус производ од Втората Светска Војна, од завршувањето на Студената Војна и од распаѓањето на Југославија.

Или освен ако војната од 2001 година, охридскиот рамковен договор, новата територијална организација на локалната самоуправа од 2004 година, двојазичноста, а еве сега и менувањето на уставното име на Македонија, се` благодарници од страна на САД и НАТО затоа што ги пречекавме како на свадба во 1999 година кога се повозеа низ македонските улици, мостови и патишта со нивните тенкови и камиони, а истовремено им го отстапивме и македонскиот воздушен простор за да можат без никакви пречки да ја бомбардираат Југославија.

Ако ова е благодарност за македонската гостопримливост од страна на ваквите агресори, тогаш подобро воопшто да не ги имаме за пријатели, бидејќи ваквите пријателства се штетни, исто како што и договорите за ненапаѓање кои Адолф Хитлер ги потпишуваше беа штетни за државите со кои ги потпиша, бидејќи истите тие држави подоцна завршија нападнати и окупирани од страна на Хитлер и Нацистичка Германија.
 
Последно уредено:

Декстер почекај сега ќе дојди реалноста да се прилагоди на тебе и твоите барања.(Не е мое ова го видов на твитер)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.500
Поени од реакции
11.565
Декстер почекај сега ќе дојди реалноста да се прилагоди на тебе и твоите барања.(Не е мое ова го видов на твитер)
Реалноста е тука за сите и нема на кого или за кого да се прилагодува.

Но сепак и реалноста се менува, па останува на времето да си го направи своето.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom