Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Ако некој влијаеше подземно врз америчките избори, тоа беше Биби, не Кремљ. Ама демократите се плашат да писнат за тоа, и ете мора да мантраат дека Кремљ ги саботирал и им го хакирал мејл серверот.
Imas linkovi od napisi za ova?

Sent from my SM-J320FN using Tapatalk
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839
Ќе потпишат договор кој најверојатно ќе го поништи САД за 2-3 години.
Зависи од тоа колку и како ќе бидат успешни во инфилтрирање во Северна Кореја за време на детантот, макар шо америте имаат војувано и на два фронтови без проблем. Шо се однесува на Иран, свесно или не провоцираше, моментално иранското влијание во Ирак е на историски највисоко ниво,континуирано ги поткопуваа во Ирак западните сили пред се америте. Настрана фактот шо сигурно не се оние тојота ју тјуб воини шо ги глеаме оние кои ја бијат битката за Асад во Сирија, ризикуваа и еве шо излезе.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.750
Поени од реакции
13.970
Сигурно се осеќаат како тешки будали сите оние реднеци, брајбарт гомнари, вајпауер, алексџонсови, гевинмекиновци, антисемитисти, алтрајт гласноговорници и останат шлајм сега кога увидоа дека Трамп е едно обично привезоче на Биби и неговите империјалистички политики.
Човекот што го основаше Бреибарт беше евреј, почина во 2012. Не иде да го ставаш во иста реченица со антисемитизам.
Алт-рајт, Алекс Џоунс итн...се се тоа едни обични useful idiots исто како и феминистите, антифа и остала ретардирана багра. Сите овие допринесоа за победа на Трамп и Израел.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Стигна Европската "подршка" за Иран и спасување на договорот.

https://www.wsj.com/articles/merkel-macron-try-to-preserve-iran-deal-without-provoking-u-s-1526586874

Merkel, Macron Try to Preserve Iran Deal Without Provoking U.S.

French President Emmanuel Macron and German Chancellor Angela Merkel ruled out actions that could put the European Union and the U.S. into a trade war over Iran sanctions, laying bare the limits of Europe’s ability to salvage the 2015 nuclear deal.

However on Thursday, Mr. Macron excluded steps that would seriously worsen tense trade ties between Washington and Brussels.

Mr. Macron said he wouldn’t support retaliation against U.S. companies even if European firms are hit by U.S.
sanctions.

“We are not going to launch a strategic or trade war against the United States on the issue of Iran. That would make no sense, including geopolitically,” he said.

Earlier Thursday, Ms. Merkel, like Mr. Macron, welcomed options presented by the European Commission, the EU’s executive arm, to maintain trade with Iran.

Asked if she would support measures to compensate large European companies if they are hit by U.S. sanctions for continuing to invest in Iran, she urged caution. “I think we ought not to give rise to any illusions here.”

The comments by the EU’s two most powerful leaders are a blow to some of the hopes raised by European promises to keep business flowing to Iran.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Кога мечката ќе ти заигра во твојот двор.

И навистина, Доналд Трамп не е производ на Републиканската Партија на САД, туку е` производ на Демократската Партија на САД.

Да се кандирираше Трамп за претседател на САД од редовите на Демократската Партија на САД на редовните претседателски избори кои се` одржаа 8 ноември 2016, сигурно ниту Русите ќе им беа криви на републиканците за изборната победа на Трамп, сигурно ниту Стефани Грегори - позната како Сторми Даниелс - немаше да проговори за нејзиното сексуално и парично искуство со Трамп, и сигурно немаше републиканците да откриваат влакно во секое јајце кое дошло од кујната на Трамп.

https://off.net.mk/vesti/mislenja/na-tramp-mu-proagja-korupcija-samo-zatoa-shto-klintonovi-ja-normaliziraa

На Трамп му проаѓа корупција, само затоа што Клинтонови ја нормализираа

21 Мај 2018 - 15:51

Пред да ги минат изминатите 18 месеци трубејќи дека финансискиот конфликт на интереси на американскиот претседател не е нормален за една демократија, Демократите со години ги уверуваа истите луѓе дека е нормално политичари да имаат финансиски конфликт на интереси.

„ Демократите им кажуваа на гласачите дека земање високи хонорари за држење говор пред да се кандидираш за претседател токму од индустриите кои можеби ќе ги регулираш ако станеш претседател е нешто кое сите го прават.

Тие објаснуваа дека е несофистицирано да се грижиш дали ентитети поврзани со тебе собирале средства од странски држави чии дипломатски интереси се поразлични отколку американските.

Тие објаснуваа дека никому не би му пречело кога тоа би го правел маж.

Тие објаснуваа дека треба да ги провериш нивните изминати финансии за да разбереш дека Клинтонови ги имаат истите вредности како и ти, и дека на срце им е само твојот интерес.

Секако, однесувањето на Клинтонови никогаш не беше нормално. Тие го имаат вториот по големина конфликт на интереси виден во поновата историја на американската национална политика - втор, само зад оној на Трампворлд.

Демократите можеа да го изберат кој било друг кандидат за претседател и да добијат чиста предност на тема корупција за време на изборите. Меѓутоа бранејќи го Клинтон моделот, демократите играа во корист на Трамп, во основа кажувајќи им на своите гласачи дека секогаш ќе има мочуриште, дека сите го прават тоа, дека лидерот секогаш ќе има финансиски интереси испреплетени со неговата или нејзината јавна должност.

И сега треба да се чудиме што толку многу гласачи решија дека ќе стават свој човек да биде главен на мочуриштето “
, пишува уредникот на Бизнис Инсајдер, Џош Баро.

Објаснувајќи дека американскиот претседател добива совети за владеење од пријателите што ги пречекува во својот ресорт Мар-а-Лаго, Баро го нарекува Трамп моделот „Клинтон модел на стероиди“.

Како пример на работењето на Хилари, тој го наведува случајот со Сидни Блументал консултантот на Клинтон фондацијата чии разузнавачки извештаи околу Либија таа ги пушта во циркулација низ Стејт Департманот, додека во исто време Блументал заедно со други соработници на Клинтон тера бизнис со Либија.

Соработници на Клинтонови успеваат да ја искористат „перцепцијата за блискост“ со моќниот пар за да заработат милионски суми како консултанти за најразлични бизниси, „како мислиш дека поранешниот личен помошник на Бил Клинтон, Даг Бенд, стана доволно богат за да ја купи вилата на Рокфелер за 20 милиони долари?“

„ Поентата не ми е дека тоа што го направиле соработниците на Бил и Хилари е исто лошо како она што го имаат направено Трамп и неговите соработници. Не е толку лошо. Трампворлд ги издигна врските и продавањето влијание на ново, вулгарно ниво. И моето чувство е дека соработниците на Трамп се значително поаљкави околу работење во рамки на законот во споредба со луѓето од Клинтонворлд.

Меѓутоа, основната етичка грижа е иста: дека лидерот или лидерката се извалка себеси во финансиски конфликт на интереси, поматувајќи ја границата на која јавниот интерес завршува, а приватниот започнува “
, пишува Баро.

Настрана парите, демократите со години требаа да ги бранат и сексуалните пречекорувања на Бил Клинтон, а и на други свои „првоборци“ како Тед Кенеди кој со децении беше нарекуван „совеста на Сенатот“ притоа игнорирајќи ја неговата одговорност во смртта на Мери Џо Копечни. Во последно време тие покажуваат сериозно освестување на оваа тема, посебно со притисокот кон Ал Франкен да поднесе оставка од Сенатот по обвинувањата за сексуално малтретирање.

„ Демократите сега бараат одговорност во своите редови за вакво однесување, додека републиканците, предводени од Трамп, не бараат. Тие ја имаат моралната предност.

Сличен пресврт е можен и кај корупцијата. Ама тоа ќе значи да се признае дека финансискиот модел на Бил и Хилари Клинтон е неприфатлив, на ист начин како што голем број демократи сега признаваат дека сексуалниот модел на Бил Клинтон е неодбранлив “, објаснува Баро.

Она што е најголем гнев на авторот и забелешка кон Клинтонови е штетата која тие ја предизвикуваат на Демократската партија создавајќи впечаток дека корупцијата е неизбежна, „а не е точно дека секој го прави истото, но со години пораката од луѓето на Клинтонови е дека секој така се однесува и треба само да се навикнеме на тоа“.

„ Клинтонови го нормализираа ова. Трамп е само човекот кој го зема и го искористи. И сега останува на функционерите кои ќе тргнат по нив да го расчистат овој неред и да ја вратат антикорупциската репутација на Демократската партија “, порачува Баро.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
После повторното замрзнување на односите со Куба, изгледа Кинезите се наредни на тапет за да бидат дежурни виновници за нови мистериозни акустични напади врз американски дипломати.

US warns staff in China: Beware of unusual sounds
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
После повторното замрзнување на односите со Куба, изгледа Кинезите се наредни на тапет за да бидат дежурни виновници за нови мистериозни акустични напади врз американски дипломати.

US warns staff in China: Beware of unusual sounds
Само на американциве им зијат ушите другиве амбасади никој не се жали. Тоа како во Холивуд само во САД има НЛО и ѓаоли и диносауруси.
 
Мислев дека ова за предупредувањето до американските дипломати во Кина ќе биде најголемата глупост која ја прочитав денес, но очигледно згрешив.

После илјадници, ако не и милиони конзервативци и десничари кои се блокирани или банирани од Фејсбук или Твитер, сега американски регионален судија од Менхетен пресудува дека Доналд Трамп нема право на сопствениот личен Твитер профил да блокира други корисници поради политички причини.

Ова навистина е дефиниција за лудило без граници - цензура за конзервативците и десничарите е во ред, но цензура за либералите и левичарите е` забранета.

Американците навистина самите си го копаат гробот на сопствената нација.

Trump barred from blocking Twitter users by judge
 
Во кој дел од текстот, и тоа интегралниот на англиски, прочита нешто налик либерали против конзервативци?

Едноставно судијата поставува дилема дали е во склоп со Првиот амандман од Уставот на САД кој ја гарантира слободата на говор е прифатливо вршители на јавни функции да ја ограничуваат истата?

On Wednesday the judge agreed with their argument that the social media platform qualifies as a "designated public forum" granted to all US citizens.

"This case requires us to consider whether a public official may, consistent with the First Amendment, 'block' a person from his Twitter account in response to the political views that person has expressed, and whether the analysis differs because that public official is the President of the United States," the judge said in her opinion.

"The answer to both questions is no."
Од кој контекст извади либерали против конзевативци не ми е јасно.

Ако ова ги исцрпи сите судски инстанци во САД останува како судска пракса во правосудниот систем на САД без разлика на политичката провиниенција на сегашните но и идните вршители на јавни функции.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Во кој дел од текстот, и тоа интегралниот на англиски, прочита нешто налик либерали против конзервативци?

Едноставно судијата поставува дилема дали е во склоп со Првиот амандман од Уставот на САД кој ја гарантира слободата на говор е прифатливо вршители на јавни функции да ја ограничуваат истата?

Од кој контекст извади либерали против конзевативци не ми е јасно.

Ако ова ги исцрпи сите судски инстанци во САД останува како судска пракса во правосудниот систем на САД без разлика на политичката провиниенција на сегашните но и идните вршители на јавни функции.
Ако само од текстот читаш што пишува, тогаш никогаш нема да добиеш јасна слика за тоа како функционираат социјалните мрежи.

Општо е познат фактот дека Фејсбук и Твитер блокираат одредени групи и членови кои не се по политичкиот вкус на либералите и левичарите, а ако и за ова бараш доказ во статијата, тогаш подобро воопшто не барај одговори за начинот на кој функционираат социјалните мрежи.

Инаку, во овој случај станува збор за личниот Твитер профил на Доналд Трамп, а не за службениот Твитер профил на претседателот на САД, и секако дека човекот треба да го има правото да блокира кого сака. Оваа судска пресуда доаѓа како судска забрана за да ги фрлаш во ѓубре флаерите од одредена политичка партија или невладина организација кои ти пристигнуваат во поштата, а кои ги фрлаш бидејќи не ти се допаѓаат нивните ставови.

И секако дека ова не е последната пресуда, на крајот последниот збор секогаш го има Врховниот Суд на САД.
 
Јас мислам дека многу подобро од тебе знам како функционира пропагандата во денешната дигитална доба, нејсе, текстот го ставам во поширок контекст и пак не ми е јасно како е субјективна пресудата?

Да повторам, оваа судска одлука ќе се применува на секое едно лице вршител на јавна функција без разлика на политичка провиниенција, не гледам никаква дискриминација.

Без разлика дали се работи за личен или приватен профил на вршител на јавна функција, никој не спори ограничување на слобода на говор по однос приватни, лични прашања, многу е едноставно.
Нема потреба од правење дигресија за да се даде периферна поткрепа на тоа шо си напишал.

Ако ова ги исцрпи сите судски инстанци во САД останува како судска пракса во правосудниот систем на САД без разлика на политичката провиниенција на сегашните но и идните вршители на јавни функции.
И пак не ми е јасно како оваа пресуда на окружен судија во САД е дискриминторска кон конзервативците или пак ги фаворизира либералите, веројатно подбро би било на власт да имаше кандидат на демократите па во истава ситуација да беа фаворизирани конзервативците?
Во САД има илијадници примери моментално за она шо сакаш да го наметнеш како наратив меѓутоа ова не е еден од нив.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom