Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
24 март 2010
Мислења
15.138
Поени од реакции
25.568
Ги таргетирале политички неопределените со реклами. Не беше прецизно дали само преку Фејсбук се рекламирале и исто така не беше прецизно дали ги таргетирале со фејк њус.
Во ниту еден момент немаат направено ништо што не се прави и во конзервативна политичка кампања. Само со новите медиуми тоа е полесно за правење. Смешно е како уште не можат да се помират дека им изгуби Хилари.
 
S

staycalm

Гостин
Кој ретард е Трамп за оружјево не ми се верува. Мнозинството е за измена на законите за оружје овој упорно запнал требало што повеќе оружје. Ми личи као да сака да изгуби на наредните избори, му се смачило претседателството :pos:
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.547
Поени од реакции
26.051
Ги таргетирале политички неопределените со реклами. Не беше прецизно дали само преку Фејсбук се рекламирале и исто така не беше прецизно дали ги таргетирале со фејк њус.
Во ниту еден момент немаат направено ништо што не се прави и во конзервативна политичка кампања. Само со новите медиуми тоа е полесно за правење. Смешно е како уште не можат да се помират дека им изгуби Хилари.
Сите медиуми се служат со лажни вести, можеби мејнстрим медиумите попут CNN и BBC највеќе... Постои причина зошто победи Трамп на овие избори... Но тоа пак не значи дека се менува нешто во политиката на САД, како што видовме и досега. Кампањата на Трамп не верувам дека ја иницирале Русите, но мислам дека учествувале и Руси во оваа перипетија.. И доста сум убеден, дека Велешани имаат клучна улога за доаѓањето на Трамп на власт...

Приказната за Кембриџ Аналитика е спинување да се оттргне вниманието од ФБ... Факт е дека ФБ ги има, за овие исти 50М корисници, најмалку истите податоци што ги има Кембриџ Аналитика. А не морам да кажувам дека имаат и детални карактеристики за сите корисници од САД... Прашање е дали ФБ учествува во кампањата на Трамп или во најмала рака ја дозволува ..

Ќе видиме како ќе се развива оваа приказна, ама во неа сакале ние или неќеле клучно место имаме ние покрај Русија и САД ... А сега тек станува интересна...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.161
Поени од реакции
17.960

За се си во право освен за едно, оваа калакурница не е за да се оттргне вниманието од ФБ, туку да се насочи кон него и да се спреми јавноста за регулацијата со закони кои ги спремаат.

Во суштина како што вика @Inglourious Basterd никој нема ништо лошо направено и вон правила, затоа на Кембриџ Аналитика и го спремаат вториот скандал за кој што пишував во постот од пред неколку страни:

Вчера приказнава продолжува тука. Во јануари under cover телевизиска екипа од Канал 4 од Британија, прават состанок со моменталниот директор на Cambridge Analytica кој им нуди услуги за потенцијален политички клиент во Шриланка. Им нуди услуги од местени секс скандали, фејк њус и шпиунирање на политичките против кандидати. Работи кои како што тврди 'things that don’t necessarily need to be true'. За секс скандаливе потенцира дека украинските девојки се неодоливи во ова :)

И така баткава кој мести политичари со скриена камера, самиот е наместен како сом од британскиве новинари.

Инаку да биде сета приказна поинтересна, Кембриџ Аналитика можеле да спроведат иста кампања со таргетирање на неопределени и без да ги зеле податоците за 50 милиони корисници, со нормалните алатки за рекламирање на ФБ, само за тоа ќе им требаа едно 100 пати повеќе пари.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.547
Поени од реакции
26.051
За се си во право освен за едно, оваа калакурница не е за да се оттргне вниманието од ФБ, туку да се насочи кон него и да се спреми јавноста за регулацијата со закони кои ги спремаат.
Може и тоа да е, затоа можда Асанж и Маск затераа кампања против ФБ...

Во суштина како што вика @Inglourious Basterd никој нема ништо лошо направено и вон правила, затоа на Кембриџ Аналитика и го спремаат вториот скандал за кој што пишував во постот од пред неколку страни:

Вчера приказнава продолжува тука. Во јануари under cover телевизиска екипа од Канал 4 од Британија, прават состанок со моменталниот директор на Cambridge Analytica кој им нуди услуги за потенцијален политички клиент во Шриланка. Им нуди услуги од местени секс скандали, фејк њус и шпиунирање на политичките против кандидати. Работи кои како што тврди 'things that don’t necessarily need to be true'. За секс скандаливе потенцира дека украинските девојки се неодоливи во ова :)

И така баткава кој мести политичари со скриена камера, самиот е наместен како сом од британскиве новинари.
Во иднина секој скандал што ќе излезе, ќе биде земан со резерва, а тоа кој ќе одлучува која вест е лажна тоа ќе биде субјективно гледиште според омилениот медиум, и тој со највеќе пари кој ќе знае суптилно да ја протне веста.... Така да и една таква регулација, каква што збориш погоре ќе биде претежно за политичка пресметка на непослушните медиуми. Во суштина цела оваа афера одсликува како функционира демократијата денес... Кампањи водени со лош речник и ширење шпекулации за кои никој не одговара ...

Исто така не треба да се зачудиме ако излезе дека наши политичари ја користеле нивната услуга..

Инаку да биде сета приказна поинтересна, Кембриџ Аналитика можеле да спроведат иста кампања со таргетирање на неопределени и без да ги зеле податоците за 50 милиони корисници, со нормалните алатки за рекламирање на ФБ, само за тоа ќе им требаа едно 100 пати повеќе пари.
Фирмава не користела никакви нелегални методи за таргетирање, според тоа што го гледам. Фабрикување на вести е сосема друга работа.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
4:25 :icon_lol: Шарена револуција USA spinoff?

Во САД до пред некое време разликата помеѓу тие што се pro-guns и останатите е што групата граѓани за pro-guns била многу погласна, политички поактивна и најчесто лобирала.

Е сега пополека се менува ситиацијата. Групата граѓани што се anti-Guns или да речеме што се против NRA или подржуваат построги регулативи порано била одсекогаш побројна но многу малку од нив се замарале нешто да сменат. Денес веќе притисокот е поголем и секој што е за некаков вид на забрана врши поголем притисок или барем се интересира дали неговиот политички претставник прима пари од NRA. Истото е и со приватните компании кои гледаат дека одржување на врски со NRA или производители на оружје сега е репутациски ризик и затоа се случува ова. ПР стратегијата диктира што ќе подржат а што не.

NRA во принцип се греши што се смета дека е здружение на граѓани сопственици на оружје. Мислам во бројка да наизглед така е, но во однос на финансирање и влијание NRA е лоби група на производителите на оружје и постои поради нив и за нив а не на за некој хилбили од Луизијана.

Целта на лоби групата е двојна, да излобира што е можно поголем буџет за Пентагон и полабави закони со цел да се продаде што е можно повеќе оружје. И во тоа се екстремно успешни. Рецимо буџетот на Пентагон за 2018 година е околу 900 милијарди долари, што е 10 пати поголем од тој на Русија, поголем од останатите 10 земји после САД заедно, и два пати поголем од Буџетот на САД во времето на врвот на војните во Ирак и Авганистан, кога имаа преку 200 илјади војници таму.

Во другиот дел се исто многу успешни. Имаат излобирано законски loop hole со продажба на оружје на gun show каде што може дете од 14 години или криминалец во бегство без никаква контрола да купи оружје. Во САД оружје може да купат и луѓе кои се на no-fly листа, луѓе кои се со ментални и психички проблеми (последното Трамп го овозможи). Исто може да се купува assult rifles за кои се сомневам дека некој ги купува за цел на одбрана.

Нивната кампања кон потенцијалните граѓански купувачи содржи два елементи: "слобода" и "страв". Првиот елемент значи дека ти си слободен и кога имаш оружје ти си човек сам за себе, можеш да се заштитиш и тоа е твоето право и затоа America is the greatest country bla bla bullshit.
Вториот елемент "страв" има два дела. Прво, страв од тиранска власт и да се заштитиш од власта а вториот (така малку расистички елемент) страв од сите тие имигранти, црнци и слично кои би се дигнале на востание.

Генерално тоа е NRA. Во последните две децении целосно ја преземаа републиканската партија и наметнаа непишано правило дека не смее да постои републикански политичар кој не е подржан од NRA. Во моментот е една од највлијателните лоби групи во САД.
Ти должам одговор, не го заборавам овој пат, али утре, не можам сега во 3 и пол :D
 
S

staycalm

Гостин
И сите десничарски телевизии и лоби групи да се соединат за поддршка на нивното оружје џабе е, пак се помасовни тие што се за измена на gun control.

Моментално десничариве серат само онлајн и на прв поглед според дислајкови на видеа уствари изгледа како тие да се мнозинството а не се. :D

Не сум експерт за политика ама според ова што го гледам на сите социјални мрежи од страна на millennials, најголем дел од нив поддржуваат "march for our lives" и ако не се направат измени во законите сигурен сум дека наредните избори републиканците ужасно ќе изгубат затоа што до тогаш и тие што не можат се' уште да гласаат тогаш ќе можат и ќе ги бутнат републиканците со голем пораз..
 
Последно уредено од модератор:

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
сите десничарски телевизии и лоби групи да се соединат за поддршка на нивното оружје џабе е, пак се помасовни тие што се за измена на gun control.
И за Хилари беа помасовни па џабе.

И овците се масовни кога ќе ги видиш онака цело стадо, па кога ќе им дојде лав, џабе што се масовни.

Ако си помасивен, не значи дека си во право.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.135
Поени од реакции
8.227
И за Хилари беа помасовни па џабе.

И овците се масовни кога ќе ги видиш онака цело стадо, па кога ќе им дојде лав, џабе што се масовни.

Ако си помасивен, не значи дека си во право.
Нема лабаво со аналогииве.
 
S

staycalm

Гостин
И за Хилари беа помасовни па џабе.

И овците се масовни кога ќе ги видиш онака цело стадо, па кога ќе им дојде лав, џабе што се масовни.

Ако си помасивен, не значи дека си во право.
Па Хилари имаше 3 и нешто милиони повеќе гласови, само што нивниот систем не се базира само на гласови.

Болдираново ти е пресмешно...

За третото колку толку се согласувам, се дешава мнозинството да не се во право некогаш, ама субјективно е затоа што она што за мене е океј за тебе не е и обратно. Се' зависи од менталитетот на народот од државата.
Ако мнозинството е против оружје, тоа се слуша а не некои шо сакале да си играат со пиштоли и пушки, нема логика.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.547
Поени од реакции
26.051
Интересна изјава:
Trump: 'We are not in a trade war with China, that war was lost many years ago'

Според мене речиси е невозможно САД да излезе во позитива од ова што покушава Трамп да го направи. Не ради Кина, туку ради Американските индустријалци, кои прават аутсорс во Кина, уствари одтаму им е дефицитот.
 
Не е бе глуп овај и неговите фирми исто прават, се произведуваат во Кина, а продаваат во САД.

Пробува глупави блефови да прави во процесот на преговори што се води.

Инаку Кина во моментов сите царини ги насочува на производи од државите кои гласаа за Трамп, така го пикира мерките, за да предизвика страв кај гласачите на Трамп.

Така да мислам дека се заебал малце Трамп, оти на републиканциве почнува да му гори под нозете, мид терм изборите каде што можат да го изгубат мнозинството во двата дома се накаде на есен.
 
Како мислиш „државите кои гласаа за Трамп“ ?

Иначе далеку е од глуп, како што сакаат квазиинтелектуалциве да го претстават... А што му е играва незнам...Ептен некако на тенок мраз оди во сите сегменти...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom