Претседателски избори во Америка (2016): Трамп vs. Клинтон

Дискусија во форумот 'Вести и случувања' започната од Crazy in Love, 12 април 2015.

  1. silmarillion

    silmarillion Merchant @ Prancing Pony

    Член од:
    28 јуни 2015
    Мислења:
    4.860
    Допаѓања:
    8.457
    Ало не Мексико и илегалци, за муслиманските земји е муабетот. Ти изглеа не ме читаш или интерпретираш по свое? Кај ја спомињам Мексико???
     
  2. Dexter26

    Dexter26

    Член од:
    24 април 2008
    Мислења:
    6.358
    Допаѓања:
    5.341
    Па индиректно ги спомна, бидејќи Доналд Трамп и нив ги има ставено на црна листа, со разликата што за нив планира изградба на граничен ѕид, бидејќи очигледно законите кои велат дека влезот на нелегални имигранти во САД е забранет, сепак не се доволни за да се одржи контрлирана имиграција во САД.

    А кога веќе ги спомна муслиманските земји, те молам наброј 10 личности, или ај нека бидат 5 личности, кои потекнуваат од муслимански земји, а придонеле за развојот на науката или индустријата во САД од почетокот на 21-от век па наваму, а да се бегалци од Сирија, Ирак, Јемен или било која од другите држави на црната листа на Трамп ?

    За почеток, забраната за патување во САД која ја воведе Доналд Трамп, се однесува на држави со мнозинско муслиманско население, и тоа со важење од само 90 дена, забраната за примање на бегалци од завојувани подрачја е со важење од 120 дена, а неограничена забрана за примање на бегалци е воведена само за бегалците од Сирија.

    Но сепак на оваа листа нема да ги најдеш Египет и Индонезија - најбројните муслимански држави во светот, и дефинитивно нема да ги најдеш Саудиска Арабија и Катар - најголемите спонзори на исламистичкиот тероризам, заедно со Иран, кој сепак се наоѓа на црната листа на Трамп.

    Очигледно забраната на Доналд Трамп - со ограничен рок на траење - за влез на граѓани од некои држави - но дефинитивно не од сите држави со мнозинско муслиманско население, и дефинитивно не од државите со најбројно муслиманско население - сепак има безбедносни карактеристики, а не анти-имиграциски карактеристики.

    Како и да е, дај наброј ги барем 5-те најистакнати следбеници на Никола Тесла кои потекнуваат од државите за чии што граѓани Доналд Трамп воведе забрана за влез во САД - и тоа само привремена забрана, со исклучок на Сирија, а се докажале како иноватори во САД од почетокот на 21-от век па наваму.
     
    На gjoko-mkd му/ѝ се допаѓа ова.
  3. silmarillion

    silmarillion Merchant @ Prancing Pony

    Член од:
    28 јуни 2015
    Мислења:
    4.860
    Допаѓања:
    8.457
    Мексико нема травелбан незнам што го ставаш у таа листа.

    Apple Google Uber Microsoft...овие компании секако помалце знаат од тебе :)

    Кога више се напенали дека ова било за безбедност, ќе ме удостоиш со одговор со каков пасош беа повеќето напаѓачи во ЕУ?
     
  4. Dexter26

    Dexter26

    Член од:
    24 април 2008
    Мислења:
    6.358
    Допаѓања:
    5.341
    Реков дека нелегалните имигранти од Мексико се на тапет кај Доналд Трамп за да им оневозможи влез во САД и на нив, никогаш не реков дека е воведена забрана за патување на граѓани на Мексико во САД.

    Во ред, наброј ги 5-те најголеми иноватори во Епл, Гугл, Убер и Мајкрософт, кои потекнуваат од 7-те држави за кои Доналд Трамп воведе забрана за патување во САД и забрана за примање на бегалци, а да се преселиле во САД од 2000 година па наваму.

    Пасошите на напаѓачите се поважни или местата на кои биле ?

    Бидејќи знаеш, Доналд Трамп инсистира на проверка на престојот на имигрантите во САД, односно да се води евиденција каде биле со тие пасоши и колку време поминале во тие држави.

    Така на пример, од 9-те напаѓачи во Париз на 13 ноември 2015, 5 беа родени и израснати во Франција, 2 беа родени и израснати во Белгија, а останатите 2 беа бегалци од Ирак. Но сите учествувале во војната во Сирија, а тоа треба да биде доволно за да светне алармот во нормална држава која внимава на сопствената внатрешна безбедност, а не со отворени прегратки да им посакува добредојде на луѓе кои доаѓаат од завојувани подрачја.

    Од оваа гледна точка, повеќе од очигледни се безбедносните, а не анти-имигрантските карактеристики, на привремената забрана која Доналд Трамп ја воведе за 6 држави со мнозинско муслиманско население, и на неограничената забрана која Трамп ја воведе за Сирија.
     
  5. silmarillion

    silmarillion Merchant @ Prancing Pony

    Член од:
    28 јуни 2015
    Мислења:
    4.860
    Допаѓања:
    8.457
    Абе што ми бараш да ти набројам у 21ви век, кога врвот на fortune 500 компании ти викаат ало не ти чини меркава таленти губиме. У денешно време кога збориме за компании со 10.000 вработени у која секој еден придонесува глупост е да бараш имиња кога си составен дел од мозаикот. Незнам дали имаш работено у tech компанија ама ваљда знаеш што значи талент у таа индустрија и дали тие мора да бидат суперстарс да ги знае цел свет? Па CEO на Google и Microsoft види кој е се ќе ти стане јасно.

    Друга работа, ќе проверуеле пасоши...си клечи некој француз со алжирско потекло у џамија у Сен Дени 10 години не мрда од таму, иде на "work and travel" и оп, шишкебап. Ама битно невин граѓанин со уредно добиена виза нема да може да влезе пошто потекнува од земја која многу веројатно е во срање положба само и само ради Америка :) Што ќе добие Америка и Американците со оваа мерка, сигурност? Во земја во која со лична карта купуваш тешко оружје и кога секој еден може да распали кога ќе му текне, ти битно забрани им на овие од земјиве кои си ги поебал да можат да дојдат кај тебе и тоа со уредни документи!
     
    На NewForce и RomanistaRIM им се допаѓа ова.
  6. Dexter26

    Dexter26

    Член од:
    24 април 2008
    Мислења:
    6.358
    Допаѓања:
    5.341
    Те молам обиди се да пишуваш на литературен македонски јазик.

    Македонскиот израз за Chief Executive Officer - CEO, е извршен директор, или главен директор. Во Македонија повеќе се практикува изразот генерален директор, но во пракса генералниот директор е и` претседател на компанијата, но тоа не е случајот со главните директори на Мајкрософт и на Гугл - кои исто така имаат имиња и на македонска кирилица, наместо да ги пишуваш нивните имиња на англиска латиница.

    Изгледа навистина не читаш што пишуваш, бидејќи главните директори на Мајкрософт - Сатија Надела, и на Гугл - Сундар Пичаи, се Индијци, родени и израснати во Индија - најбројна демократија во светот и втора најбројна држава во светот после Кина, со речиси 80% хиндуистичко население - и немаат никаква поврзаност со привремената забрана за влез во САД која Доналд Трамп ја воведе за граѓаните на 6 држави со мнозинско муслиманско население, исто како што немаат никаква поврзаност ниту со неограничената забрана за влез во САД која Трамп ја воведе за граѓаните на Сирија.

    Индија ниту е теократска држава, ниту е држава населена со мнозинско муслиманско население, ниту е на црната листа на Доналд Трамп, со која привремено се забранува патување во САД на граѓани на 6 држави со мнозинско муслиманско население, заедно со граѓаните на Сирија, за кои Трамп воведе неограничена забрана за патување во САД.

    Сакаш да кажеш дека интересите на докажаните затајувачи на данок како Мајкрософт и Гугл се поважни од безбедноста на една држава ?

    Чисто информативно да те прашам, дали и интересите на ИБМ беа загрозени од објавувањето војна на Нацистичка Германија против САД во декември 1941 ?

    Прашувам онака, бидејќи ИБМ ги произведуваше автоматите за водење евиденција на работа во фабриките во нацистичките концентрациони логори.

    И ако интересите на ИБМ биле загрозени, дали биле загрозени и интересите на граѓаните на САД поради германската објава на војна против САД во декември 1941 ?

    Или ако веќе се вратиме во Вајмарската република, еден од најголемите поддржувачи и финансиери на Адолф Хитлер и на нацистите бил металуршкиот профитер Фриц Тисен.

    Дали можат да се оправдаат финансиските средства кои Тисен и` ги уплаќал секоја година на Нацистичката Партија на Германија, само бидејќи парите дошле од богат бизнисмен и сопственик на една од најголемите и најуспешните компании во Германија ?

    За 10 години, Алжирецот во Сен Дени може да извади француско државјанство и слободно нека продолжи да се клања во џамијата колку сака, се додека си ја задржува религијата за себеси, а не да ја манифестира врз невино цивилно население.

    Алжир исто така не е на црната листа на Доналд Трамп со која привремено се забранува патување во САД за граѓаните на 6 држави со мнозинско муслиманско население и со која неограничено се забранува патување во САД за граѓаните на Сирија.
     
    Последно уредено: 12 февруари 2017
  7. silmarillion

    silmarillion Merchant @ Prancing Pony

    Член од:
    28 јуни 2015
    Мислења:
    4.860
    Допаѓања:
    8.457
    Ти ќе му кажеш на алжирецот РОДЕН у Франција како да практикува ислам или оџата финансиран од КСА партнерот на САД? :) Незнам каде не ме разбираш, и зашто се фаќаш ко слеп за стап. Биле индиици, еј фала незнаев дека ги дели тенка линија со Пакистан, да не им забрани и на нив па да биде смејурија : )) Битно не се реднеци, оние кои највеќе се израдуваа на оваа мерка а на мапа незнаат да ги покажат земјите врз кои пази истуриле триљони нивни пари во вид на бомби.

    Знаеш, некако симптоматично делувате до вчера Обама додека беше на власт, Иранците поготово беа мирољубив народ кој смее да си развива своја нуклеарна програма бидејќи е за научни цели, беа луѓе со богата историја многу побогата од Америчката и Америка нема што да ги оцрнува нив глобално дека биле вакви или онакви. Преку ноќ сега ми бараш листа од 5 Иранци што направиле нешто добро за да можат да патуваат во Америка. Или можда ти отсекогаш си имал мислење дека Иранците нема што да бараат во Америка и дека се опасност по нивната безбедност?
     
  8. Dexter26

    Dexter26

    Член од:
    24 април 2008
    Мислења:
    6.358
    Допаѓања:
    5.341
    Јас немам што да му кажувам на Алжирецот роден во Франција како да ја практикува својата религија, францускиот Устав му вели да си ја задржи религијата за себеси, бидејќи Франција е секуларна држава.

    Ти спомна дека на Французинот со алжирско потекло ќе му бил забранет влез во Франција доколку заминел на работа во Алжир, ако во меѓувреме Франција воведела забрана за патување на граѓаните на Алжир на нејзината територија. Ако Алжирецот е роден во Франција, тогаш тој веќе е француски државјанин и може кога сака да се врати назад во Франција, и нема да му се забрани влез во Франција само бидејќи бил во Алжир, туку ќе го пуштат да влезе на француска територија и ќе го држат под будно око токму за да се осигураат дека ќе си ја задржи својата религија за себеси, наместо да ја манифестира врз невино цивилно население.

    Изгледа ти не ги разбираш сопствените коментари и се фаќаш како слеп за стап, бидејќи токму ти спомна дека луѓето секогаш ќе мигрираат - што е точно, но истовремено ги поистоветува имигрантите со Никола Тесла, поради што јас те замолив да именуваш ај не 10, туку 5 имигранти од 7-те држави со мнозинско муслиманско население, за чии што граѓани Доналд Трамп воведе привремена забрана за патување во САД, со исклучок на граѓаните на Сирија, за кои Трамп воведе неограничена забрана за патување во САД.

    Границата помеѓу Индија и Пакистан е значително голема и Индијците засилено ја штитат својата страна од границата, бидејќи до денешен ден Индија и Пакистан се во војна за пограничниот регион Кашмир на границата помеѓу Индија, Пакистан и Кина.

    Не знам кои ти се тие кои ти делуваат како до вчера Обама бил на власт, а на кои Иранчаните им биле луѓе со многу богата историја. Јас на Иран гледам исто како што гледам и на Саудиска Арабија, Катар и на бројни други теократски држави - како на спонзори на тероризам од кои треба секоја секуларна држава да се пази, бидејќи со извозот на нивните мигранти ја извезуваат и нивната теократија, а јас лично не сакам да живеам во теократско општество.

    Разликата помеѓу Иран и останатите теократски држави со мнозинско муслиманско население - вклучувајќи го и Пакистан, кој има сопствено нуклеарно вооружување - е во тоа што теократскиот режим во Иран своето постоење, покрај доминацијата на исламот - како и секоја друга теократска држава со мнозинско муслиманско население - го темели и врз ветувањето за уништување на Израел и за истребување на Евреите, а на држава со богато досие за спонзорирање на тероризам која се залага за уништување на друга држава и за истребување на цел народ, не може да и` се дозволи да поседува нуклеарно вооружување.
     
    Последно уредено: 12 февруари 2017
  9. мкд владе

    мкд владе Гостин

    Член од:
    21 ноември 2009
    Мислења:
    8.931
    Допаѓања:
    5.204
    Заклучив дека ти си над моето ниво и не ми доликува да влеговам во дискусија со тебе. Сепак ти си човекот кој се среќаваше се премиери, министри, светски лидери. Ти си човекот кој е нафатиран до трето колено, бизниси, пари, коли, куќи. Ти спаѓаш во оние паметните кои не не водеја, водеја и не доведоја до овде каде што сме сега.
    Само една работа не ми е јасна, каква потреба имаш да си го арчиш твоето очигледно скапо време на форум. Оди таму возисе со јахтата или приватниот авион, скијај на алпите, сончајсе на некоја плажа со тиркизна вода, скокни до вселената да маниш селфи. Нело тоа го прават богатите и успешни луѓе?
    Ние обичните смртници ке си бистриме политика на форум и ке тепаме време. Барем тоа не кошта многу и можеме да си го дозволиме со нашата мизерна плата од 100 евра.
     
  10. silmarillion

    silmarillion Merchant @ Prancing Pony

    Член од:
    28 јуни 2015
    Мислења:
    4.860
    Допаѓања:
    8.457
    Ќути ти текна конечно.
     
  11. мкд владе

    мкд владе Гостин

    Член од:
    21 ноември 2009
    Мислења:
    8.931
    Допаѓања:
    5.204
    Многу дводимензионално гледаш на работите. Не дека тие сакаат да останат тука но од друга страна не дека нив ги праша некој. Во истиот момент кога повлијателните држави решат дека повеќе не сакаат да примат бегалци и ги затворат границите, во тој ист момент како домино ефект сите надолу ке ги затворат своите граници. А бегалците или мигрантите ке си останат онаму каде што се затекнаја заглавени.
    И на крај зошто ете конкретно ние би си пикале трн во здрава нога. Но тука не станува збор за нас нели. Нас како ке ни свират така ке си играме пошто странците најдобро знаат што е добро за нас како што можевме да забележиме во досегашната наша кратка историја како самостојна и суверена држава.
    Од друга страна пошто темата е за САД сепак на мислење сум дека како прво тоа е внатрешна работа на САД и нивна и само нивна одлука кој ке го примат а кој не на своја територија. Како второ тоа што не штети значи дека користи, а јас искрено не гледам никаква штета према САД во одлуката да им се забрани влез на некои граѓани од други држави . Да сте граѓани на тие држави ајде и така и така ама вака не ја гледам поентата. Нивно право и нивна работа.
    --- Споено дупло мислење, 12 февруари 2017 ---
    Проштевај што не ми текна порано. Можеби порано требавте да си кажете кој сте и што сте и со кој се имате дружено по приеми. Не си гледам јас на нокти кој се не се логира на форумот, така да има тука малце и ваша кривица екселенцијо или каква и титула да имате во реалниот свет.
    Нема повеќе да ве замараме и да ви го одземаме вашето внимание и време.
     
    Последно уредено: 12 февруари 2017
  12. kurtoazija

    kurtoazija

    Член од:
    29 септември 2016
    Мислења:
    464
    Допаѓања:
    274
    0-02-05-fdf90de6253f2e5fde847029b28bd09070e516fec2e87d57c7e5113fda197c0a_full.jpg
     
    На Ne_sum_ja му/ѝ се допаѓа ова.
  13. VOLK2234

    VOLK2234 еврофоб и хомоскептик

    Член од:
    16 септември 2008
    Мислења:
    4.554
    Допаѓања:
    3.381
  14. Bafra

    Bafra

    Член од:
    30 јануари 2011
    Мислења:
    1.598
    Допаѓања:
    1.227
    Благодарам за споделувањето но ова повеќе би било за Бачето ...
    Има една изрека:
    You never let a serious crisis go to waste :cool:


    Е сега дали е теорија, дека некој намерно прави кризи за после тоа да ни предложат "решение" за излез од кризата, и дали тоа решение ќе помогне во остварување на нивните цели, секој сам нека си оцени.

    Во меѓувреме додека ЕУ се распаѓа/реформира :D, а САД се припремаат за масовни цивилни апсења имаш вакви кои протестираат против Трамп.

    https://www.youtube.com/watch?v=MDcZ-6PmgUk

    Сеуште немате набројано со Бачето дел од целите на Глобалистите... можеби и не се така лоши земајќи во предвид каква е човечката свест.

    silmarillion Забраната на Трампчо и не е толку страшна, тоа е само дополнителна проверка а и не им е ново. Имале забрана против патување во Куба, имале забрана за Јапанци. По мене колку држави им се љути на САД, бројката 7 дури и е смешна :cautious:.
    Не се секирај за надарените, ЦИА нив уште од мали нозе си ги зема под нивна закрила. Знаат дека се најбитни за едно општество.
     
  15. Ireal

    Ireal

    Член од:
    12 март 2009
    Мислења:
    7.784
    Допаѓања:
    3.282
    цел Западен Балкан две децении го држат во визно ропство, посебно УК... со кое лице ќе јадат гомна за потезот на Трамп... ние сме овци, требаше при некој афро-азиски терористички напад во УК да одиме пред УК амбасада и да им напраиме едно оро, па нека дојдат новинари да се распрашаат што е работата..
     

Сподели преку: