Прествртница и за Саудиска Арабија?

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.609
Поени од реакции
5.273
добро е, ќе те биде, само пак иран и русија не ги извади од уста ццц.
Е ако де, повлекувам паралела малку дека исто мислење имам за двете. Знам дека ви е чудно, оти си имате заземено страна, некој да гледа непристрасно, ама што да правам, тоа е :).
Автоматски споено мислење:

Малце си офтопик. Веднаш сакаш да ја разводниш темата, и да почнат препукувања.

Ете, драги бачиња, ајде критикувајте ја Русија бе. Не знајте вие што е непристрасно и без влакна на јазик кажување на работите.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.738
Поени од реакции
8.221
Саудиска Арабија е една од најголемите кочници во развојот на Арапскиот и Муслиманскиот свет и главен извозник на Вахабистичкиот култ на смрт.

Фактички Ал-Каеда но меѓународно признаена.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
добро е, ќе те биде...
Не се важи само еднаш. Треба редовно овде да постира за саудијската демократија - или барем колку што Лукашенко го „критикува“ истото да го прави и со бин Салман... Исто и со другите недемократски држави. Како Пакс Американа, Британија, и многу други.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.288
Поени од реакции
4.664
Саудиска Арабија е една од најголемите кочници во развојот на Арапскиот и Муслиманскиот свет и главен извозник на Вахабистичкиот култ на смрт.

Фактички Ал-Каеда но меѓународно признаена.
Зошто да извоза, што добиваат?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Ширење вахабизам.

Во некои држави речиси целосно ги имаат потиснато поумерените струи на Исламот.
Ај па ти како за имагинарни ретки суштества да зборуваме, демек не ги гледа насекаде брадосаните а без мустаќи ликови.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.738
Поени од реакции
8.221
Ај па ти како за имагинарни ретки суштества да зборуваме, демек не ги гледа насекаде брадосаните а без мустаќи ликови.
Во Пакистан речиси и да го избришаа Суфи движењето (дервишите) а кај нас мислам дека Бектешите се под притисок.

Нивните имами по Европа отворено проповедаат џихад и непочитување на локалните норми и правила.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Па кој невахабист иде да се разнесе на парчиња притоа убивајќи невини луѓе а заради „уживање во рајот“.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.288
Поени од реакции
4.664
Ширење вахабизам.

Во некои држави речиси целосно ги имаат потиснато поумерените струи на Исламот.
Абе знам, само сакам да знам што им е целта? Што добиваат арапите ако има брадосани во Скопје?
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.323
Саудиска Арабија е една од најголемите кочници во развојот на Арапскиот и Муслиманскиот свет и главен извозник на Вахабистичкиот култ на смрт.

Фактички Ал-Каеда но меѓународно признаена.
Последниве 3 до 5 години драстично се сменети работите на тема ислам. Значи не на тема тоталитаризам, владеење со сила и слично, туку на тема ислам. Малиов ќе го даде курбан исламот за да има мирна глава. Укина верска полиција, намали звучници на џамии, ќе сече се што е во хадитите и ќе се држи само до куранот, а по проценка некаде 80% од религијата, ритуалите и верувањата идат од хадитите пред се Бухари и Муслим. Овој им организира кино, хеловин, крисмас, фестивал на електроника, филмски фестивали каде педери и лезбејки добиваат награди и се шетаат со деколтиња. Било кој битен исламски канал да го отвориш на Јутуб на тема Саудиска Арабија има само колнење и пцуење дека се движат кон шејтанот. А малиов си има други бубачки, гради нов град од 500 миљарди долари, а непријател број два после Иран му е Муслиманско Братство. Тоа беше и причината зошто во 2017 заедно со Египет, УАЕ и Бахреин му лупнаа ембарго на Катар. А и заедно со овие исто соработува со Израел, кој од нив јавно, кој тајно.

Моментално за ислам главните пари идат од Катар, додека егзекуторот и логистиката ја води Турција, затоа што првите имаат пари немаат manpower, а вториве обратно.

Теоретски сега да завојуваат Турција и Саудиска Арабија, јас за Саудиска ќе навивам и не се ни заебавам дури. Затоа од клучна битност е да падне или цркне бркото и партијата да губи гласови. Тоа што ги изгуби и Истанбул и Анкара на локални делува ветувачки, ама ќе видиме. Што полоша е турската економија и колку полошо е за обичните граѓани толку подобро. Обично ми викаат дека сум песимист по природа, ама сум прилично сигурен дека му се ближи крајот на дражавно-финансираниот ислам. Тоа дуо е последната алка на држави што има каква-таква моќ да финансираат, пропагираат и шират ислам.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.070
Поени од реакции
22.102
Саудиска Арабија е една од најголемите кочници во развојот на Арапскиот и Муслиманскиот свет и главен извозник на Вахабистичкиот култ на смрт.

Фактички Ал-Каеда но меѓународно признаена.
quatar se kade kade pozaebani pa eve imaat i svetsko prvenstvo za makron da im sitne nesto sitno oruzje a amerite im kutat zaradi bazite tamu.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
@Sussaro не заборавај ја улогата на чичо Сем во сето ова. Овде е важно и тоа што вахабистите играат голема улога во глобалната раздели и владеј стратагема, голема работа им вршат по цела западна европа.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.738
Поени од реакции
8.221
Абе знам, само сакам да знам што им е целта? Што добиваат арапите ако има брадосани во Скопје?
Не добиваат Арапите ништо. Додека не се отарасат од брадосаните нема да мрднат од срањето во кое се сега. Кога на чичко Сем му треба нешто тогаш се корисни идиоти. Дали како изговор да бомбардира/нападне некого или како топовско месо да прават проблем кај противникот.

Пред 30 - 40 години Пакистански нобеловец прати меморандум и одржа состаноци до представниците на Саудија у пар други нафташки држави со молба од силните стотини милијарди што ги трошат дел да се инвестира во школи, факултети и научни центри по муслиманските држави.

Одговорено му е дека премногу наука може на младите да им го сврти умот подалеку од господ и религијата. Јебига.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
^^ Да ама пази само, не се сите ретардирани и 100% контролирани за да одат против свој интерес (како Зеленски и компанија во Украина, или како нашиве квислинзи овде). Саудијците ја играа играта се додека им одговараше, кога почнаа од нив да бараат да се самоуништуваат тогаш престанаа и да играат.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.323
@Sussaro не заборавај ја улогата на чичо Сем во сето ова. Овде е важно и тоа што вахабистите играат голема улога во глобалната раздели и владеј стратагема, голема работа им вршат по цела западна европа.
Им требаа во 20 век иделошки како контра тежа на комуњарите, јер задоен со идеологија било таа да е во форма на религија, социјално движење, политичко гледиште и слично многу полесно може да гине за идеали. А во тоа време имаше прилична опасност од може не во класичната теоретска смисла на зборот комунисти или социјалисти туку ај за потребата на постов да ги крстам леваци, со реална или потенцијална блискост со СССР. Насер во Египет, Баат партијата на Асад Сениор и Садам во Сирија и Ирак, Авганистан каде што Рамбо мораше да интервенира во третиот дел, Јужен Јемен, Гадафи во Либија итн. Исламот им се најде како корисна алатка, а клучна беше Саудиска Арабија.

Додека во денешницата ситуацијата е многу поинаква. Те тука дипломатски (или народски кажано округло па на ќоше) објаснува дека не може да се ослони на хадитите:


А еве што се наѕира во надворешната политика:




А да не ти зборам какви шејтански работи прават:





а еве ти и едно плачење:



Радикалниот ислам се шири се повеќе на исток Авганстан, Пакистан, Бангладеш, Малезија, Индонезија додека на Блиски Исток се повеќе имаш вакви работи:


Нема да се исплаќа после некое време да се инвестира во ислам, Катар и Турција ќе останат последни битни жаришта. Кај Катар потешко да се смени ситуација мада доброволно пензионираниот бивши крал со пуч ја превзеде власта од татко му, така што останува Турција. Ако падне бркото мислам дека поради недостаток на пари за пуштање бради и мотање во мушами многу повеќе отколку сега ќе гледаме приштинизација на нашите орки и одавање на секс, дрога и (српски) турбофолк. А тоа е и целта. Дека ќе се описменат или станат интелектуалци a little bit tomorrow.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom