Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 22.312
- Поени од реакции
- 29.779
Чудовиштето на екстремизмот (вахабизмот) одамна е доволно големо за да преживее независно од родителите. Плус тоа чудовиште ако родителите го откачиле, чичо Сем (pun intented) и другите роднини сеуште го хранат. Живо и здраво е, и на слобода. Колку ќе просперира, тоа зависи од хранителите а според корисноста тоа хранење нема во догледно време да престане.
Што се тиче Саудиска Арабија, @Sussaro мислам дека им стануваат појасни некои работи. Ги гледаат другите држави од регионот, како Иран на пример, и почнуваат да разбираат дека е потребен одреден баланс меѓу апсолутизам и човечки слободи, за да има поволна средина за развој. Незадоволни луѓе се помалку продуктивни.
Освен тоа, надворешната политика на САД од геополитички аспект е тотално спротивна на интересите на Саудиска Арабија. Пред неколку години САД ги натераа да ја повторат тактиката која беше успешна против Советскиот Сојуз: Дампинг на фосилни горива во надеж дека ќе ја банкротираат Русија. Тој дампинг е на штета на Саудиска Арабија, ама ветувањето било дека нема долго да трае а потоа ќе биде business as usual за нив. Но кога се видело дека РФ е доволно диверзифицирана со приходите (плус независна од увоз на основните потреби), им станало јасно колку е часот.
Годинава Америте се обидоа да им предизвикаат оружени нереди (како во Иран). Да не ги спомнувам и глупирањата како преименување на улицата на нивната амбасада во САД, во улица Кашоги (името на убиениот новинар). И тоа месец два пред идењето на Бајден на бацирака да моли за поголема продукција на нафта (за да паднат цените и САД/ЕУ да излезат од енергетска криза во која влегоа за Русија да има помал профит и да ги банкротираат).
too little, too late

Автоматски споено мислење:
Бајден го смени ставот, сега го поддржува имунитетот на принцот Мохамед
Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден објави дека на престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, треба да му се
makfax.com.mk
too little, too late