Zdravo, zensko sum.TSH mi e 5.81 (0.25-4.55), za vreme na podskoknuvanheto pritisokot mi e 115/70 puls okolu 90-110, frekvencijata na preskocite ne e ista, nekogas 3-4 vo minuta, nekogas 3 vo 3,4 minuti, a nekogas den, dva bez nieden. Hemoglobinot mi e 26.4 (25-34), Br. Normalen broj na Er, Le i Tr. nemam nikakvi problemi so digestiven sistem. Na Ekg fateni se extrasistolite. Denes idam na kardiolog, mozda ke mi postavat holter. trebase vcera no mi javija za denes.Edvaj cekam da razberam sto mi e. Fala
...пак ќе кажам мое мислење, не се сложувам со тоа што посетуваш кардиолог одиш во погрешен правец на воспоставување на дијагноза, ти апсолутно немаш (барем од тоа што читам) кардиоваскуларни проблеми поради „болест на срце“ или кардиоваскуларна циркулација поради присуство на тахикардија со прескоци, и ти спомнав Холтер се носи за ДА СЕ ДОКАЖАТ ТИЕ ПРЕСКОЦИ- ЕКСТРАСИТОЛИ за кој пациентот ги укажува, а не се „фатени“ во моментот на ЕКГ кај докторот, ако при твоето ЕКГ снимање се укажаа тие вентиракуларни екстрасистоли не гледам причина зашто би го носела Холтерот да ти одредат дали се после јадење или навечер кога спиеш? ти едноставно
ги имаш прематурните вентрикуларни екстрасистоли и тоа е само и само од дисбалансот на тироидните хормони, конкретно ТСХ кој ти е над нормалата, малку повеќе - но е повеќе и тој се „мачи“ да ги држи Т4 и Т4 во нормала!... а каде е антителата за Хашимото??
ти имаш здравствен проблем, а мое мислење дека причината е од покачен ТСХ и би требало да ти помогне ендокринолог, но нашиве ендокринолози не лечат дефицит на тироидни хормони тие само „лечат“ т.е. одредуваат различна доза на готов хормон за да ги сузбијат само последиците од тој дефицит на тироидните хормони со што штитната жлезда со тек на време покажува нодули и цистични формации поради закржлавување на ткивото кое веќе „не работа“ оти се внесува готов хормон, ти се наоѓаш во состојба наречена блага субклинична хипотиреоза ( во ова состојба ендокринолозите не ординираат готов хормон Еутирокс, освен ако жената причина за стерилитет е недостаток на Јод каде ТСХ треба да е многу пониско ) која може да потенцира појава на прематурни вентрикуларни екстрасистоли и дури и да доведе до тахикардии или аритмии со брз пулс (на пр.атријална фибрилација) !
..еве го, механизмо, тироидната жлезда е регулирана по пат на повратна спрега од две други жлезди кои се наоѓаат во мозокот и тоа на највисоко ниво е
хипоталамус кој лачи
хормон TRH-thyroid stimulating hormone кој дава сигнал на
хипофизата да лачи
хормон TSH – thyroid stimulating hormone кој дава сигнал на тироидната жлезда да лачи тироидни хормони Т4 и Т3 !
Нормални вредности на
TSH - 0,4 - 4,0 ...твојот е 5,81 !
во бременост:
TSH (mIU/L) од до
Прв триместар 0,1 2,5
Втор триместар 0,2 3,0
Трет сместар 0,3 3,0
Македонија спага во ендемски подрачја со недостиг на јод, го нема ниту во ореви, оти водата и земјата нема јод, прашање дали го има во солта-- која гарантира јодираноста ?, да спомнам дека морската сол природно има сосема малку јод во составот и дека и таа одпосле се јодира како обичната сол, со загревање и готвење на храната под дејство на покачена температура јодот се уништува, под дејство на светлина (соларник поставен на маса) за неколку дена јодот се губи од солта, дневно треба три кила морски плодови или риба за да би се задоволила вкупната дневна потреба од Јод така да и приморските области сега постанаа ендемски подрачја, оти веќе кој го проверува квалитетот или задолженото јодирање на солта, зарем верувате све што пишува на пакувањето???...земите мустри тузланска сол, хималајска сол, морска сол и одите во Јавно здравје нека ви дадат подток од нивно испитување на присуство на јодот во тие мустри, ќе бидете изненадени....итн
...да скратам, недостаток на Јод е одговорен за сите симптоми што ги имаш, како би се синтетизирал Т4 кога нема јод со храна за да би штитна жлезда зема 4 молекули сврзувајќи со една аминокиселина и ензим да се создаде Т4 ? а од Т4 циркулира понатаму во јетра со губење на молекула јод од 4 да бидне 3 молекули што всушност е Т3 другиот хормон (тој не се создава во штитна жлезда, затоа претежно испитувањата лабораториски се заснова само на испитување на нивото на Т4)...
ми се здосади да објаснувам, а јас сум чист пример за одржување на ТСХ во нормала со користење на Јод со фолна киселина онака секој трет ден по една перла, селениум, цинк и понекогаш Б комплекс, сол само од Алкалоид и тоа само од 250 г за да купувам почесто со посвежа јодираност, солот го чувам во темно шише и го користам во веќе готово сварено јадење ...примени ги овие работи и ќе почувствуваш подобрување!