Message: 1330794 напиша:
Здраво повторно бијонс. Ти пишувам пак, овојпат за екстрасистолите.Носев холтер последниве 24х, ми најдоа околу 1100 екстрасистоли, 1050 супра а 50 вентрикуларни, со тоа што имам дабл и триплети од вентрикуларни прескокнувања на неколку пати .Има ли потреба да паничам?
сега прашање:
- зашто пак носеше Холтер? ти се слоши ли пак?
- колкав ти беше пулсот во текот на денот, дали си го мерел барем најмалку 3 х ? односно дали си осетил забрзано чукање на срцето?
- колкав ти беше крвниот притисок во текот на денот најмалку мерен 3 х?
- колку кафиња си испил или кокакола или цигари ?
- дали нешто си имал пообилно јадење или прејадување предходниот ден и дента?
- дали си имал стресни ситуации во смисол како нервоза, викање дома или на работа, како пешак на семафор, качување по скали или друга активност... или лежење цел ден?
- дали си ги чуствувал тие екстрасистоли или ТИ не си ги почуствувал туку само ти кажале како регистрирани?
- дали си бил настинат пред или додека си го носел Холтерот?
-кои лекови ги пиеш пред и додека си го носел Холетерот?
- и што си ручал дента кога си го носел Холтерот?
- дали беа утрински, денски или ноќни екстрасистоли?
Message: 1330919 напиша:
Инаку од минатата среда константно имам прескоци, после една софра каде што се изеде многу луто
Решив да ставам холтер оти не се издржуваше веќе, ми најдоа 1100 прескоци, 35 од нив вентрикуларни (опасни), имам дубл и триплети којшто највеќе ме испаничија а богами го испаничи и интернистот кој ми го стави холтерот и ми рече да одам во Филип Втори и ми препорача (замисли) болница во Прага каде што имале добар потенција да откријат од што се појавуваат тие екстрасистоли.Кафиња кока кола газирани сокови и цигари не конзумирам со години, не сум бил настинат, не пиам лекови, екстрасистолите се целодневни, од кога ќе станам се додека не легнам. Или поточно, од било што и да ставам во уста веќе почнуваат првите. И едно залче да каснам имам прескок.83 ми е среден пулс во денот, а притисокот ми е нормален и се движи до максимум 140/85 во денот.Кога го носев холтерот пробав и да вежбам (вртење орбитрек), така што тогаш имам постигнато највеќе 160 пулс, со 3 вентрикуалрни аритмии во тој час и 7 суправентикуларни. Остатокот од денот беше повеќе седење/лежење.Вечерта веќе не можев да издржам, пробав со хелекс 0.5 да ги смирам ама напротив, во 21:40 го испив хелексот, па од 22 до 23 часот имам над 160 прескоци. Стрес имам од самите прескоци што ми се појавуваат, а не обратно. Друг стрес и нервози немам.
ете штом толку долг период немаше значи не е од органска природа и немаш кардиоваскуларен проблем ниту некоја патолошка ситуација, едноставно наглите промени ден и ноќ , дополнително со исхраната , највероватно дијафрагмата ти е притисната од стомако и ти дава таква ситуација...
сега ќе ти кажам и друго.... може да чувствуваш прескоци, а всушност истите ги немаш туку така ти мислиш, и автоматски после помислата самото тело вели еве сега ќе прескочи, сега ќе прескочи и по наредба на мозокот навистина и ќе прескочи.... тој ефект е од наредбена контрола како и во обратен правец наредба да имаш екстрасистоли па да помислиш дека нема да имаш и со наредба ќе прекине прескокот !не знам кој ти наби во глава дека ВЕНТРИКУЛАРНИ ПРЕСКОЦИ СЕ ОПАСНИ??
ВЕС- вентрикуларните екстра систоли се привремени срцеви удари од лева и десна срцева комора, кои секогаш не значи срцева болест, напротив тие можат да се појават во многу ситуации каде НЕМА ОГРАНСКО ПОРЕМЕТУВАЊЕ или може да биде знак на пореметување АМА НЕ НА СРЦЕТО ТУКУ ДРУГ ОРГАН !
екстрасистоли од тип на ВЕС може да се појавата при исцрпеност, после претерано конзумирање на цигари, алкохол, А КАЈ НЕРВОЗНИ ЛУЃЕ АПОСОЛУТНО МОЖЕ ДА БИДЕ СЕКОЈДНЕВНА ПОЈАВА !
Затоа многу е важно да приметиш КОГА ТИ СЕ ПОЈАВУВА и што правиш во тој момент, ете на пример ако ВЕС навечер додека се спие ГИ НЕМАтуку само преку ден, тоа значи дека тие се од една причина - НЕРВОЗА ! ако ВЕС се појавува после оброк или се има кила на желудникот и треба да се намалат оброците и почесто јадење, ете на пример ВЕС кај покрупни- дебели луѓе може да се појават во легната или полулегната положба поради притискање на дијафрагмата која притиска срцето и тоа како мускул ОП ќе прескочи !
ВЕС се појавува и при промена на времето во услови на висока влажност на воздухот како и недостаток на железо - анемија !
и секогаш мора да се докаже со направен ЕКГ дали тоа си го направил или само Холтерот ти е репер?
и на крај пак ќе речам , работај на себе ТИ НЕМАШ НИКАКОВ СРЦЕВ ПРОБЛЕМ , тебе ти се од друга природа, а кога ќе почне прескокот ти само ги потенцираш...
дали може малку да се контролираш и да се самолекуваш психички, да речеш и срцето е мускул и нормално е да прескочи ....ке помине нема гајле?