Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    672
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.218
Поени од реакции
35.811
Никој не ја турка Русија до лимитот туку Русија (или конкретно нивните лидери) сами се претставуваат дека западот им го прави тоа. Во реалност, да не ја почнеа војнава ќе си течеше цел бизнис со Русија непречено (гасоводи, нафта итн). Сега мора да мавтаат со нуклеарки за некој да ги сфати сериозно. Од друга страна, и западните лидери мора да одговорат на ист начин за Русиве да имаат до знаење дека и овие не блефираат. Дека ако се осмелат да искористат нуклерно оружје следува взаемно уништување. Што никому не му одговара, но сите знаат дека не смеат да ја остават Русија да прави што сака во светот. (као, ај сега ќе ја земеме пола Украина, па следна година ќе ја припоиме Белорусија, па после тоа ќе ги прибереме пола Молдавија и Грузија итн...)

ps: не реплицирам на коментари "а НАТО вака, НАТО онака"...
Зашто да има взаемно уништување? Поради селата Сухи Ставок и Киселивка? Заради тоа треба да умрат милијарда луѓе?
Автоматски споено мислење:

Дали после се што виде во војнава ти изглеа дека западните политичари се тие што не знаат кај тераат :D? Мене ми изглеа дека прилично јасно знаат што сакаат и се приспособуваат на ситуацијата. Ако мислеа дека можат да добијат нуклеарна војна, одамна ќе го направеа тоа. Ниедна западна земја нема да започне нуклеарна војна доколку Русија фрли нуклеарка во Украина. Целта е да ги добијат со минимална а не максимална штета.
Таков потег бара невиден фанатизам, нешто што според мое мислење Русија го нема. Путин нема да издржи долго после таков потег, не би ме чудело да заврши ко милошевич.
Ако не се спремни на користење нуклеарно оружје ондак не требало да ги анектираат тие четири области, бидејќи ова директно води кон џиткање на нуклеарка, зашто очигледно конвенционално нема да можат да ги добијат. Западњаците нема да започнат нуклеарна војна ама ќе мора некако да одоговорат некако посилно него ли санкции, а ако не може да се согласат за joint response ќе изгледаат слабо. Мислам дека за регуларните руси поприфатлива опција е користење нуклеарно оружје него ли мобилизација. Зашто да гинат наши деца кога може да ги спржиме.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Не се национални, туку лични интереси. Колку пари од даночните обврзници прибраа KBR и fluor ?
Кај нив личните се и национални интереси, се е нивно така да нема проблем. Црните пари им се за да полесно функционираат вонинституционално, како и на места по светов каде немаат вазалски влади, за менување на истите и слични работи.
Така е, не се работи за национални интереси. Таму државата не се води според национални интереси.

...да бидеме реални и да не се лажеме себеси.
Химарс јас не реков дека се клучно оружје како што ти ме цитираш, реков дека се предуслов, има многу предуслови за добивање битка.
Ретерираш а баш за ова ми кажа дека сум бил „лицемерен“ (што го „омаловажувам“ значењето на химарсите во војната).

За воените моменти ти реплицирав на воената тема:

Автоматски споено мислење:

за некој ден ќе завршат референдумите, после ден два претпоставувам ќе има некоја церемонија во државната Дума и Путин со Указ ќе ги прифати регионите како дел од Руската Федерација. После тоа (според Рускиот правен систем) тие региони се дел од Русија исто како што е Крим, Белгород или Волгоград. И сега истите тие региони се под напад на Украина = Русија е нападната од Украина.
Подвлечениот дел разбери го како исполнување предуслов за активирање на членови на уставот кои регулираат употреба на нуклеарно оружје, за одбрана на државата... И ваљда некои работи се појасни. Како тргнале работите, господ нека ни е напомош.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.575
Поени од реакции
26.098
Украина користеа Химарси како диверзија и како замена за саботерски акции.
Саботерските акции служат за да го збунат, дезорганизираат и презафатат непријателот. Бутнаа логистички битен мост, разнесоа депоа со оружје и гориво, ги натераа Русите да обезбедуваат со ПВО повеќе логистика отколку што планираа. За иронијата да биде поголема, тоа ПВО дополнително ја отежна логистиката.
Ги убедија Русите и светот дека ќе напаѓаат во Керсон, Русите се прераспределија и наседнаа на играчката.
Останатото е историја.
Ако една добра акција Русите вака направеа, Украина навистина ќе паднеше првата недела.
Голема победа би било кога би се освоело место што се брани. А што и да направеле Украинците, сигурно нема да го напуштеа Керсон ради Харкив. Објаснив какво е значењето на Керсон и пред да го изгубат Харкив. Победата на Украинците е многу скапа ПР победа (10к мртви), нема никакво стратешко значење, ниту пак значителен воен успех. Има напад има повлекување.

ајде пак пробај да ми објасниш каков беше тоа обид на почетокот во Киев. Јас не видов никаква воена акција, освен неккои маневри кои беа крајно нелогични за да видам намера да се освои Киев. Ниту пак имаше некоја офанзива на Украинците за да Русите се повлечат. Украинците дури по неколку денови влегоа целосно во освоените територии.

Во ниеден момент и ден денеска освен десантот на аеродромот, не видов брза акција кај Русите. Најбрзото нешто после тоа беше завземањето на Керсон и толку. После тоа позициона борба.

Проблемот е што времетраењето на конфликтот го сметаш за слабост на Русите, а поентата е што Русите во ниеден момент не брзаат. А кога ќе видиш брзината им ја наметна западната пропаганда. Никој Русин никогаш не рече ќе средиме за 2 недели.
 
Како бе ПР победа, па на 10 километри од Лисичанск се дојдени а горе над Лиман ја имаат поминато Оскил и имаат пенетрирано во Луганск област.

Нели основната цел на операцијата беше да се заземе Донбас. Како ќе го направат тоа кога ја изгубија територијата која служеше како база за напад во Донбас и напад кон Славјанск и Краматорск.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.651
Поени од реакции
3.763
Загрижувачкиот дел е дека тие што треба да се свесни (нивните политичари) изгледа не се баш свесни или пак сакаат да се хазардери и да ја турнат Русија до лимитот. Ама веќе кога ќе се пуштиме на таа удолница може и кочницата веќе да не работи. Мое мислење е дека поголем дел од таа западна политичка елита лекомислено се пушта во многу опасни игри кои може да имаат катастрофални последици. И сега после референдумите патот за тоа некако е трасиран.
Таа т.н. елита е составена од најнеспособните и најанонимните ликови кои некад се појавиле во политиката. Тоа се ликови кои намерно се одбрани за да бидат неспособни, превземени од дната од членските листи од европските политички партии и нивна задача не е да мислат и да носат решенија, туку да го исполнат она за кое се поставени на власт.

Сличноста со политичките ликови од “републиката северната нашата земјата„ е случајна...
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Никој не ја турка Русија до лимитот туку Русија (или конкретно нивните лидери) сами се претставуваат дека западот им го прави тоа. Во реалност, да не ја почнеа војнава ќе си течеше цел бизнис со Русија непречено (гасоводи, нафта итн). ...
Да.
Да не ја почнеа војнава ќе си течеше цел бизнисот со Русија непречено - ама американскиот „бизнис“ на сјебување на држави кои макар и потенцијално може да им бидат противник (или не играат како што они им свират).

Во која реалност прибирање во НАТО на сите соседи на Русија, и градење воени и ракетни бази на минути летање до најголемите популациски и индустриски/логистички центри - не е закана и „туркање до лимитот“. Страшно инфантилно гледање на светот, ова е тоа што води кон игнорирање на општата опасност од нуклеарна војна, невесност за реалноста од заглупавеност и испран мозок од западна/америчка пропаганда.

Сега мора да мавтаат со нуклеарки за некој да ги сфати сериозно. Од друга страна, и западните лидери мора да одговорат на ист начин за Русиве да имаат до знаење дека и овие не блефираат. Дека ако се осмелат да искористат нуклерно оружје следува взаемно уништување. Што никому не му одговара, но сите знаат дека не смеат да ја остават Русија да прави што сака во светот. (као, ај сега ќе ја земеме пола Украина, па следна година ќе ја припоиме Белорусија, па после тоа ќе ги прибереме пола Молдавија и Грузија итн...)
Да се натера Русија да капитулира со надеж дека нема да се бранат со било какво, па и со нуклеарно оружје?
Ова е инфантилно до бескрај. Понфантилна е само „теоријава“ за воено освојување на источна европа.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.575
Поени од реакции
26.098
Како бе ПР победа, па на 10 километри од Лисичанск се дојдени а горе над Лиман ја имаат поминато Оскил и имаат пенетрирано во Луганск област.

Нели основната цел на операцијата беше да се заземе Донбас. Како ќе го направат тоа кога ја изгубија територијата која служеше како база за напад во Донбас и напад кон Славјанск и Краматорск.
Како прво, основната цел на Русите никогаш не е ставена во територијален контекст. Русите прво нешто што направија во конфликтот беше пенетрирање во Керсон и Запорожје, каде што ги видовме најголемите воени акции, така да основната цел била Донбас се приказни за мали деца. Донбас беше и сеуште е, само артилерија и повремени напредувања. После завземањето на Керсон и Марипол, се се сведуваше на позициона борба. Нема никаков обид Русија да отиде ни чекор напред. Дури и артилеријата што ја гледаме секојдневно, не е припрема за напад, туку е само лупање. Напредувањето на Русите не е офанзива, туку само превземање на уништени утврдувања.

А за Харкив, тоа ти е чиста математика. Кога си ограничен со ресурси, местото што ти е најмалку важно го напушташ. Припремата за повлекување почнала бајаги пред да почне нападот. Автобусите со цивилите завршиле евакуација неколку дена пред да почне нападот. Така да тоа место само го предале. Едноставно не сакале да ризикуваат да префрлуваат војници од други реони. Каков е тука воениот успех, кога наидуваш на противник кој е спремен да се повлече и системски се повлекува додека те дроби со артилерија. Чисто ПР победа која гледајќи ти твоите писанија, и тоа како им требаше на западњациве.
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.098
Поени од реакции
5.741
Русија сигурно нема САД да ја напаѓа, не биди толку лесен у паметот. Тактички нуклеарки ќе бидат користени, тоа е повеќе од очигледно и никој нема да се осмели да користи стратешко нуклеарно....ако има 3 грама памет, нормално.
Значи Русија ќе се осмели да користи нуклеарно оружје бидејќи немаат памет, но другите не смеат?

Баш заради тоа сè почесто има вакви изјави од западниве политичари:

Зашто да има взаемно уништување? Поради селата Сухи Ставок и Киселивка? Заради тоа треба да умрат милијарда луѓе?
Не, туку поради потенцијално многу повеќе. Веќе пишав што би била можна иднина ако му се дозволи на Путин да прави што сака. Паралелата е дека Европа мислела дека ако му дозволат на Хитлер да ги анектира Австрија и Чешка дека толку ќе биде. Но сите знаеме како продолжи понатаму...
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
До завчера Украина да побараа мир, со официјално откажување од членство во НАТО пропратено со демилитаризација и договори - Русија ќе се повлечеше од целата територија (минус Крим). Проблемот е што не одлучува Украина туку САД. Како и да е, од утре тоа веќе не е ни теоретска опција. Не можат веќе да ги користат луѓето од ДНР/ЛНР (и другите во Украина), без да се обврзат на примање во РФ.
Автоматски споено мислење:

Русија сигурно нема САД да ја напаѓа, не биди толку лесен у паметот. Тактички нуклеарки ќе бидат користени, тоа е повеќе од очигледно и никој нема да се осмели да користи стратешко нуклеарно....ако има 3 грама памет, нормално.
Таквите како него имаат шанса да бидат присилно освестени... Посебно таквите како него што живеат во Финска/Шведска па и во балтичките држави и во Полска.
Скраја да е.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.651
Поени од реакции
3.763
Не, туку поради потенцијално многу повеќе. Веќе пишав што би била можна иднина ако му се дозволи на Путин да прави што сака. Паралелата е дека Европа мислела дека ако му дозволат на Хитлер да ги анектира Австрија и Чешка дека толку ќе биде. Но сите знаеме како продолжи понатаму...
Па истата таа Европа (со САД) го измислија чичето со „брчичите„ а тоа дека му допуштале постепено освојување туѓи земји, тоа е само слабост од тогашната Европа, а воедно и засилени апетити од чичето, во намерата да се одмазди за поразот од Првата Светска војна.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.575
Поени од реакции
26.098
До завчера Украина да побараа мир, со официјално откажување од членство во НАТО пропратено со демилитаризација и договори - Русија ќе се повлечеше од целата територија (минус Крим). Проблемот е што не одлучува Украина туку САД. Како и да е, од утре тоа веќе не е ни теоретска опција. Не можат веќе да ги користат луѓето од ДНР/ЛНР (и другите во Украина), без да се обврзат на примање во РФ.
Мислам дека и Русите не се толку наивни. Полека полека многу јасно се исцртува тоа што го сакаат Русите. На последниот состанок на советот за безбедност (пред да почне акцијата) или како и да им се вика тоа, на еден генерал на кратко му се испушти територијалниот аспект на инвазијава и Путин само го поправи. Точно е дека воената акција е одговор на агресивното придвижување на НАТО, но точно е и дека Русија гледа да ја анкетира Новорусија. Да бидеме реални, САД никад нема да им дозволи на Украинците да се предадат, ниту пак можеме да бидеме во заблуда и да кажеме дека Русите тоа го очекувале. Динамиката на војната е игра на кондиција, таква динамика наметна Русија. Дали е спремна останува да видиме.
 
Последно уредено:
Член од
17 ноември 2014
Мислења
3.689
Поени од реакции
5.723
Никој не ја турка Русија до лимитот туку Русија (или конкретно нивните лидери) сами се претставуваат дека западот им го прави тоа. Во реалност, да не ја почнеа војнава ќе си течеше цел бизнис со Русија непречено (гасоводи, нафта итн). Сега мора да мавтаат со нуклеарки за некој да ги сфати сериозно. Од друга страна, и западните лидери мора да одговорат на ист начин за Русиве да имаат до знаење дека и овие не блефираат. Дека ако се осмелат да искористат нуклерно оружје следува взаемно уништување. Што никому не му одговара, но сите знаат дека не смеат да ја остават Русија да прави што сака во светот. (као, ај сега ќе ја земеме пола Украина, па следна година ќе ја припоиме Белорусија, па после тоа ќе ги прибереме пола Молдавија и Грузија итн...)

ps: не реплицирам на коментари "а НАТО вака, НАТО онака"...
Ne morash da replicirash nato vaka nato taka.

Tuku kazhi si koj Kur gi opravduvash Amerika i ostali koga i ja ebaja majkata na Srbija, Egipet, Irak , Makedonija i i i
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
@jamajka па нормално дека разгледувале повеќе чекори унапред... Дилетантски би било да не планираат за сите околности. Но јас мислам дека до сега имаше какви такви шанси за мирно решавање на кризата, сега веќе не. Или барем не без големи територијални отстапки. Џабе муабетот секако, кога на САД им одговара војна а не мир.

Само и САД имаат проблеми со ситуацијава, и нивната економија страда а доларот се повеќе го губи статусот на петровалута. Се разбира деека уништување на Русија ќе ја надокнади штетата, но на крај ќе видиме кој подобро испланирал... Најлошата опција е онаа во која сите губат, а таа опција за жал не е невозможна.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Мислам дека и Русите не се толку наивни. Полека полека многу јасно се исцртува тоа што го сакаат Русите. На последниот состанок на советот за безбедност (пред да почне акцијата) или како и да им се вика тоа, на еден генерал на кратко му се испушти територијалниот аспект на инвазијава и Путин само го поправи. Точно е дека воената акција е одговор на агресивното придвижување на НАТО, но точно е и дека Русија гледа да ја анкетира Новорусија. Да бидеме реални, САД никад нема да им дозволи на Украинците да се предадат, ниту пак можеме да бидеме во заблуда и да кажеме дека Русите тоа го очекувале. Динамиката на војната е игра на кондиција, таква динамика наметна Русија. Дали е спремна останува да видиме.
Неспорно е ова што го пиша ама неспорно е дека цел свет виде дека Руската армија не е како што сама се величаше дека е. Воена техника се увиде дека не им е на завидно ниво како што сами викаа, пак фа , армати чуда све тоа беше за парада во реален свет нема никаква таква техника на терен. Целиот арсенал што Русија го има е советски и е благодарение на таа држава. Опременоста да не ја коментираме , сеуште користеа мапи наместо гпс за навигација. Американците им ја измерија силата на бојното поле веројатно потврдиле дека немаат голем напредок од советскиот начин на војување.
Пред да кажеш дека Русија ќе победи и се тоа , се согласувам ама втора шанса за прв впечаток нема како што пиша Менетил погоре.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.575
Поени од реакции
26.098
@jamajka па нормално дека разгледувале повеќе чекори унапред... Дилетантски би било да не планираат за сите околности. Но јас мислам дека до сега имаше какви такви шанси за мирно решавање на кризата, сега веќе не. Или барем не без големи територијални отстапки. Џабе муабетот секако, кога на САД им одговара војна а не мир.

Само и САД имаат проблеми со ситуацијава, и нивната економија страда а доларот се повеќе го губи статусот на петровалута. Се разбира деека уништување на Русија ќе ја надокнади штетата, но на крај ќе видиме кој подобро испланирал... Најлошата опција е онаа во која сите губат, а таа опција за жал не е невозможна.
Настрана приказните и драмолетките на оние кои се импресионирани од пировата победа на Украинците и се убедени дека Русија губи. Мислам дека нуклеарна разврска во моментов е доста далечно сценарио. Ќе си продолжи све со слично темпо. Евентуално може ќе има малце поголем напредок, пошто реално ќе имаат повеќе војска за одбрана на новите освоени територии.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom