Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    660
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
На 28 ноември ќе се оджи самит на ЕУ и нејзините "источни партнери" кој најверојатно ќе ја одреди иднината на Украина.

Министрите на ЕУ ќе одлучуваат дали Украина ги исполнува условите за да потпишат договор за асоцијација со таа земја.

Ако ЕУ ја одбие Украина, тогаш таа ќе биде во ситуација повторно да размислува дали да и се приклучи на Евроазиската Унија предводена од Русија.

Но ако ЕУ го потпише договорот со Украина, Русија изјави дека тоа ќе биде пресвртница во нејзините односи со неа.

Меѓу другото, Русија вети дека ќе и даде попуст на цената на гасот Украина во вредност од $5.5 милијарди доколку ја избере Евроазиската Унија.

ЕУ и нуди на Украина $20 милијарди да набави гас којшто не е од Русија.

Годишниот извоз на Украина во ЕУ е $17 милијарди, а во Русија $16 милијарди.

Еден од условите да се потпише договорот со ЕУ е Украина да и овозможи на затворената поранешна премиерка Јулија Тимошенко да се лекува во странство.

Украинскиот парламент е поделен и вчера не успеа да се сложи окоу условот на ЕУ за Тимошенко.

http://en.tengrinews.kz/politics_sub/Ukraine-talks-deadlocked-as-EU-clock-ticks-down-23892/

Според Russia Today, ова се ефектите врз Украина од нејзиниот избор:

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Од економски аспект уствари се е сведено на Г`З Пром. Плус, додај тукa опасност од ваков геополитички потег, а комшија ти е Путин.

Според мене, на долги стази... нека бега Азија, ич нека не се мисли.

Најпаметно им е да си седат мирни, ни во ЕУ, ни во Евроазиската Унија :)
Добитник на нобеловата награда за очигледност. :) Писс брадр Боб. (y)
 
Член од
16 октомври 2013
Мислења
80
Поени од реакции
58
Трета светска војна ЕУ - Русија и другите :D
 
А

Антоние

Гостин
Молимте Украина, стави крај на чоколадната војна, стави крај на страдањата.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Од Русите да бидат подалеку за да не продолжи асимилацијата.
А ни со Запад не е препорачливо да не им се распадне државата и источните делови да завршат во Русија.

Значи ни со едни ни со други, мораат да играат внимателно спрема Русија ни да ги налутат, а и да држат дистанца од нив.
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
Да де, од 48 милиони во Украина, 8 се Руси.

Не верувам дека Украина ќе биде во ЕУ.

Европејците ќе ја користат како бело глувче во односите со Русија.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Да де. од 48 милиони во Украина, 8 се Руси. Не верувам дека Украина ќе биде во ЕУ. Европејците ќе ја користат како бело глувче во односите со Русија.
Колку од овие што се изјаснуваат за Украинци припаѓаат на Руската црква?

И колку зборуваат Руски или онаа мешавина од руско украински јазик која ја нарекуваат суржик?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Украинците имаат заедничка историја со Русија која датира далеку пред Советскиот Сојуз и пред Руската Империја. И Украинците и Русите се свесни дека првата руска држава била Киевска Русија, чиј што принц Владимир ја предводел преродбата на Киевските Руси од словенски многубожци во руски православни христијани.

По освојувањето на Киевска Русија од страна на Монголите, Киевските Руси бегаат североисточно кон реката Москва, каде што ја основаат престолнината на Руското Кнежество, кое во време на Иван Грозниот станува Царство Русија, во време на Петар Први Романов станува Руска Империја, после Октомвриската Социјалистичка Револуција во 1917 станува Сојуз на Советските Социјалистички Републики, а по падот на социјализмот и распаѓањето на Советскиот Сојуз, станува Руска Федерација.

Но настрана заедничката историја, Русите и Украинците имаат многу повеќе заеднички интереси отколку што имаат со државите членки на ЕУ. Украинците имаат причини зошто да не ја сакаат Русија, која манипулира со цените на гасот и ги затвора вентилите на гасоводните цевки кои носат гас од Русија кон Украина кога и како ќе и текне, имаат причини зошто да не го сакаат Владимир Путин, но од друга страна, речиси немаат никакви причини зошто да ги сакаат државите членки на ЕУ.

Евроазиската Унија не е само Русија, туку и Белорусија и Казахстан, а држави кандидати за членство се и Киргистан, Ерменија и Таџикистан. Од друга страна, Украина веќе е неофицијална членка на Заедницата на Независни Држави, во која членуваат повеќето поранешни држави членки на Советскиот Сојуз, со исклучок на Литванија, Летонија и Естонија, кои се членки на НАТО и на ЕУ, како и со исклучок на Грузија, која после руско-грузиската војна од 2008 година ја напушти ЗНД.

Но Украинците одлично знаат дека имаат причина зошто да не ја провоцираат Русија, а тоа е Кримскиот полуостров, кој од секогаш бил дел од територијата на Русија, но за време на владеењето на Никита Крушчов, кој по потекло бил Украинец, Кримскиот полуостров бил припоен кон територијата на Украина, под претпоставка дека Советскиот Сојуз нема да се распадне. Но со распаѓањето на Советскиот Сојуз, Кримскиот полуостров, чии што мнозинство жители до денешен ден се Руси по националност, Кримскиот полуостров денес е дел од територијата на Украина како резултат на лична одлука на некогашниот сталинистички приврзаник Никита Хрушчов, кој за време на владеењето на Јосиф Висарионович Сталин, ги спроведувал сталинистичкиот терор и чистки во Украина.

А тука се и територијалните претензии. Шпанија и Велика Британија се членки и на НАТО и на ЕУ, но сепак се караат околу територијалната припадност на Гибралтар, кој е дел од територијата на Велика Британија, но Шпанците тврдат дека историски им припаѓа на нив и дека треба да биде дел од територијата на Шпанија, иако жителите на Гибралтар на референдум гласаа Гибралтар да остане дел од територијата на Велика Британија.

Полска има слични главоболки со Украина и со Белорусија, кои после Втората Светска Војна се територијално проширени на сметка на територии кои биле дел од територијата на Полска. Така на пример, новите скопски единечни нископодни градски автобуси се произведени од страна на украинскиот производител на автобуси ЛАЗ, чие што целосно име е Л'вовски Автобуски Завод, чие што седиште е во градот Л'вов, кој пред Втората Светска Војна бил дел од територијата на Полска, но по Втората Светска Војна е дел од територијата на Украина. Украинците се свесни дека како што Шпанија се кара со Велика Британија за Гибралтар, иако и двете држави се членки и на НАТО и на ЕУ, со евентуално членство на Украина во ЕУ, Полска сигурно ќе сака да наметнува свои услови и да ја уценува Украина на нејзиниот пат за членство кон ЕУ, а сигурно ќе се кара со Украина на територијален план и после евентуалното зачленување на Украина во ЕУ, слично како што се караат Шпанија и Велика Британија за Гибралтар. Не дека и Русија можеби ќе бара враќање на Кримскиот полуостров под нејзина територија, но сепак Украинците се свесни дека повеќе проблеми би имале со Полска во Европската Унија, отколку со Русија во Евроазиската Унија или со задржување на статус кво состојбата.

Се на се, Украинците сигурно ќе одберат или статус кво, или членство во Евроазиската Унија, но тешко дека ќе прифатат членство во Европската Унија.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Кој територијален спор на Полска со Украјна кога има многу малку Полјаци, негде 150 000? Тоа е многу бенигно, како да го занемариш проблемот што ние го имаме со Албанците а за сметка на тоа да потенцираш евентуален територијален спор со Србите за село Кучевиште.

Проблемите на Украјна со Русија се многу посуштествени, не е само полуостровот Крим кој што точно е тоа, Хрушчов како Украинец го припои на Украина. Добар дел од Украинците имаат проблем со својот идентитет, асимилацијата пред осамостојувањето си го направи своето, зборуваат Руски и одат во Руска црква, а Украинската православна црква слично како и нашата е непризнаена иако има најмногу верници.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498

Прочита нешто ама по се изгледа не си дочитал.

Изнесе толку многу полувистини и погрешни интерпретации, што ме зачуди искрено оти ова не е некоја далечна историја за толку многу да се погреши.

Единствената точна работа која ја кажа е дека Украина и Белорусија се прошириле на сметка на поранешните полски територии, но изостана да кажеш дека и Полска се прошири на Запад на германските територии од кои масовно иселуваше Шваби.

Намерата на СССР беше да ги помести “комунистичките“ граници колку што може повеќе на Запад за да го прошири своето влијание па затоа тој целокупен “шифт“ на лево.
Сите тогашни комунистички држави во тоа време нешто добија и нешто изгубија.

Украина за Полска е најбитниот дел од нивната романтичарска историја кога беа дел од едно кралство и кога 3/4 од денешна Украина влегуваа во Првата федеративна Република составена од Полска и Литванија. Во тоа време многу Полјаци ја населија Украина.

Интересно е што двете држави во поновата историја неколку пати неофицијално пројавиле интерес влезат во заедничка федерација, за да го амортизираат руското влијание и меѓусебно да се заштитуваат.
Полска е најголемиот лобист на Украина во ЕУ, а впрочем овие “братски“ односи беа најдобро потенцирани со заедничкото организирање на Европското Првенство во Фудбал во 2012 година.

Полска на Украина нема никогаш да и поставува апсолутно никакви услови.
 
Не реков дека постои било каков спор помеѓу Украина и Полска, само направив споредба со спорот помеѓу Шпанија и Велика Британија. Шпанците претставуваат едвај 2% од целокупното население на Гибралтар, па сепак Шпанија вели дека Гибралтар треба да биде дел од нејзината територија, а не од територијата на Велика Британија. Ниту реков дека постои територијален спор помеѓу Украина и Полска, ниту реков дека ќе постои територијален спор помеѓу Украина и Полска, туку спомнав дека можно е да се појави таков спор помеѓу Украина и Полска, што не значи дека таков спор воопшто ќе постои, го спомнав тоа чисто како варијанта.

А кога сме кај Украинската Православна Црква, тоа и не е некое изненадување, речиси сите држави кои се отцепија од некогашните федерации во источна Европа имаат православни цркви кои не се признаени од страна на православната црква која претходно уживала автокефалност врз истите територии врз кои денес автокефалност уживаат тие непризнаени православни цркви.

Прочита нешто ама по се изгледа не си дочитал.

Изнесе толку многу полувистини и погрешни интерпретации, што ме зачуди искрено оти ова не е некоја далечна историја за толку многу да се погреши.

Единствената точна работа која ја кажа е дека Украина и Белорусија се прошириле на сметка на поранешните полски територии, но изостана да кажеш дека и Полска се прошири на Запад на германските територии од кои масовно иселуваше Шваби.

Намерата на СССР беше да ги помести “комунистичките“ граници колку што може повеќе на Запад за да го прошири своето влијание па затоа тој целокупен “шифт“ на лево.
Сите тогашни комунистички држави во тоа време нешто добија и нешто изгубија.

Украина за Полска е најбитниот дел од нивната романтичарска историја кога беа дел од едно кралство и кога 3/4 од денешна Украина влегуваа во Првата федеративна Република составена од Полска и Литванија. Во тоа време многу Полјаци ја населија Украина.

Интересно е што двете држави во поновата историја неколку пати неофицијално пројавиле интерес влезат во заедничка федерација, за да го амортизираат руското влијание и меѓусебно да се заштитуваат.
Полска е најголемиот лобист на Украина во ЕУ, а впрочем овие “братски“ односи беа најдобро потенцирани со заедничкото организирање на Европското Првенство во Фудбал во 2012 година.

Полска на Украина нема никогаш да и поставува апсолутно никакви услови.
Не изнесов никакви полувистини или погрешни интерпретации, туку само спомнав општо познати историски факти кои ги знае секој кој го знае исходот од Втората Светска Војна, а не некој кој читал, но не дочитал.

Да, во право си, Полска се проширила на запад на сметка на териториите на Германија, и Русија исто така се има проширено на запад на сметка на териториите на Германија, денешната Калининградска Област била дел од територијата на поранешна источна Прусија, која била дел од територијата на Германија пред Втората Светска Војна.

Да, во право си, Полска и 3 четвртини од територијата на Украина биле дел од заедничката Полско-Литванска Унија, основана во 1569 година, но тие братски односи не се постари од Киевска Русија, која постоела векови пред Полско-Литванската Унија која престанала да постои во 1795, односно 2 години откако Минск, Киев и ред други територии од денешна Белорусија и Украина биле освоени од страна на Петар Велики и станале дел од Руската Империја. После 1793 година, Украина поминала повеќе од 120 години како дел од Руската Империја, а потоа била дел од Советскиот Сојуз од неговото основање, па се до неговото распаѓање.

Над 1 петтина, поточно над 23% од целокупниот извоз на Украина оди во Русија, а речиси една петтина, поточно 19% од целокупниот увоз во Украина доаѓа од Русија. Втора држава увозник во Украина е Кина со над 10%, а дури трета е Германија со 9.6%. Втора држава во која Украина извезува е Турција со 6%, а трета е Кина со над 4%.

Судејќи според овие бројки, кои не се мои, туку се на CIA World Factbook (увоз и извоз), денешна Украина има многу повеќе заеднички деловни интереси со денешна Русија и со денешна Кина, отколку со денешните држави членки на Европската Унија.

И да, сите држави кои беа дел од социјалистичкиот блок нешто добија и нешто изгубија. Така на пример, Македонија ги изгуби манастирот Свети Прохор Пчињски, делови од Прешево и Бујановац, за кои покојниот Киро Глигоров спомна дека биле дел од територијата на Македонија после Втората Светска Војна, но од тотално непознати причини, биле припоени кон територијата на Србија, за што наводно постоеле некакви документи, но покојниот Глигоров не ги нашол тие документи ни во Белград, ни во Скопје, ни никаде, како да не постојат.

Никогаш не вели никогаш, без разлика дали е за тоа дека Полска нема да ја блокира Украина во Европската Унија или за било што, ниту јас ниту ти не знаеме што носи иднината, можеме само да претпоставуваме и да шпекулираме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom