Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    386
  • Гласањето ќе се затвори: .

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.593
Поени од реакции
2.709
Подршката од странците на Евромајдан се сведува на ова: примерот со Косово.
В.Кларк и М.Олбрајт се најголемите акцонери на рудниците во косово со што е загарантирана експлоатација на јаглен за наредните години ,тоа значи на најбогатиот рудник во Европа ....
А сценариото на случувањата на Евромајдан се реплика на минатогодишните збиднувања на Бранко СДСМ-ЛТД
Се прашувам дали Викторија Нуланд ќе им однесе еднаш сендвичи (или кловнот ќе сними видео) и за овие душички што се обидуваат да се спасат од Шеврон. Не се многу далеку од Украина, напротив во ЕУ се, ама некако слабо поддршка за нив иако протестираат веќе неколку месеци..

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.580
Поени од реакции
27.105
Се прашувам дали Викторија Нуланд ќе им однесе еднаш сендвичи (или кловнот ќе сними видео) и за овие душички што се обидуваат да се спасат од Шеврон. Не се многу далеку од Украина, напротив во ЕУ се, ама некако слабо поддршка за нив иако протестираат веќе неколку месеци..
не само сендвичи ако треба и ражничи ќе им однесе. Тие директно го финансраат протестот - тарифата е 100 евра по човек и повеќето протестанти се платеници
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.593
Поени од реакции
2.709
"If the movement and membership in the EU is not achieved, its going to have very serious effects in the Ukraine and in US-Ukraine Relations"... McCain

Добро бе, кој им е ваков на овие.. Замислете место Каин на некој про-владин протест да се појавеше некој руски функционер. Или да појдеше истиот таков во некоја европска држава каде протестите се исто така жестоки.
Демек сегашната власт била корумпирана, а на средина ставиле огромна слика на Тимошенко, најголемиот криминалец во Украина во последните 20 години..

Ова се повеќе заличува на генерална проба за следната и главна "револуција" .... Во Русија.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.133
Поени од реакции
32.855
http://www.makdenes.org/archive/news/20131216/428/428.html?id=25202083

Од друга страна еве една лоша вест за русофилите во Македонија и во светот. Големата игра продолжува, исто како во 19 век со тоа што Британците не се веќе главниот фактор, а Русите и тогаш и сега се играчите.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
9.110
Поени од реакции
8.476
"If the movement and membership in the EU is not achieved, its going to have very serious effects in the Ukraine and in US-Ukraine Relations"... McCain

Добро бе, кој им е ваков на овие.. Замислете место Каин на некој про-владин протест да се појавеше некој руски функционер. Или да појдеше истиот таков во некоја европска држава каде протестите се исто така жестоки.
Демек сегашната власт била корумпирана, а на средина ставиле огромна слика на Тимошенко, најголемиот криминалец во Украина во последните 20 години..

Ова се повеќе заличува на генерална проба за следната и главна "револуција" .... Во Русија.
Зарем може нешто друго да се очекува од устата на Џон Мекејн, кој после масакрирањето на Моамер Гадафи изјави дека Владимир Путин е следен ?

Џон Мекејн е губитник кој е гладен и жеден по реваншизам, изгубил во Виетнам, бил во воено заробеништво и нема никакви заслуги за распаѓањето на Советскиот Сојуз и на социјалистичкиот блок, поради што чувствува дека некој му ја украл славата која ја заслужува.

Целата своја политичка кариера и ја должи на својата богата сопруга, која го финансира, но и покрај нејзините пари, Џорџ Вокер Буш, познат како Џорџ Буш Помладиот, за време на изборната кампања за избор на гувернер на Тексас, успеа да го претстави Џон Мекејн пред граѓаните на Тексас како силувач и убиец на жени и деца во Виетнам, по што Џон Мекејн ја изгуби номинацијата на Републиканската Партија за кандидат за гувернер на Тексас во корист на Џорџ Буш Помладиот, кој беше номиниран за кандидат на Републиканската Партија за гувернер на Тексас и победи на изборите за гувернер на Тексас, а подоцна победи и на претседателските избори во САД во 2000 година и во 2004 година.

Потоа Џон Мекејн ги изгуби претседателските избори во САД во 2008 година во корист на Барак Хусеин Обама. Целиот живот на Џон Мекејн е исполнет со порази, еден пораз после друг пораз после трет пораз и така до бескрај.

Па затоа цели кон Русија, а не кон Владимир Путин.

Џон Мекејн едноставно плаче по реваншизам, по славата која никако да ја стекне, едноставно овој човек нема ни грам совест и хуманост во него.

Единствената разлика помеѓу Јосиф Висарионович Сталин и Џон Мекејн, е во тоа што Џон Мекејн на фер и демократски избори е избран за пратеник во американскиот Сенат, додека во се останато се кристално исти овие двајца манијаци, садисти кои безмилосно и без никакво двоумење би фрлиле невини милиони луѓе на бојното поле за да изгинат за да се обвијат во слава садистите од нивниот калибар.

И Џон Кери не е ништо подобар од неговиот некогашен соборец во Виетнам, Џон Мекејн. Исто како Мекејн, и Џон Кери ги изгуби претседателските избори во САД во 2004 година, исто како Мекејн, е докажан реваншист, но меѓу другото, исто така е и докажан антисемитист, кој никогаш не ја пропушта можноста на било каков начин да ја поткопа позицијата на Израел на блискиот исток.

Сигурно било понижувачки и за Џон Мекејн и за Џон Кери, за овие двајца воени ветерани од Виетнамската војна, да изгубат од татиниот син Џорџ Буш Помладиот, кој бил отпуштен од американската воена авијација без почести поради непримерно однесување, иако и Џон Мекејн си има свое неславно минато во американската авијација кога со својот борбен авион предизвикал сериозна штета врз далноводи во Шпанија, поради што цели населени места останале без струја, но се разбира, медиумите никогаш нема да бидат заинтересирани да објавуваат за ваквите настани од неславното минато на овој човек.

И сега овие двајца воени ветерани од Виетнамската војна трпат нови понижувања од страна на Владимир Путин, поранешен агент на КГБ. Сигурно ги боли и тешко им е да гледаат и да трпат.

Ако вакви луѓе со себеси носат слобода и демократија, тогаш Владимир Путин е Свети Петар, кој не чека на портите од рајот.
 
Misirkov

Модератор
Член од
17 март 2005
Мислења
11.495
Поени од реакции
1.577

Misirkov

Модератор
Член од
17 март 2005
Мислења
11.495
Поени од реакции
1.577
Три станаа, за жал. Министерот за внатрешни предупредуваше последниве денови дека судирот излегува од контрола и може да доведе до грашанска војна -- нешто што власта нема да го дозволи

ЕУ се заканува, бара Украина да ги смени законите кои (според ЕУ) го ограничуваат правото на јавен собир, и размотрува да и воведе санкции на Украина.

Јас сум за независна Украина, но тие што се против руската опција, се за ЕУ. Тоа автоматски ме прави со повеќе симпатии да глдам на другата страна.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Русиja за пореден пат окрвави своите раце и този пат по улиците на Киев.
Украjна има право на своja независна држава и само украинксиот народ мора да определи патот на своjaта држава.
Проблемот е разликата мегу истока и запада во Украjна.
 
red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
824
Русиja за пореден пат окрвави своите раце и този пат по улиците на Киев.

А тие пак САД и ЕУ сигурно се чисти како небесни ангели. Ајде да размислуваме непристрасно - Русија по ништо не се разликува од САД дури далеку помалку се меша во внатрешните работи на странски држави. Јас лично не сум видел Путин и Лавров на плоштадите во Киев али Џон Мекејн го видех. Украинците ако мислат дека ќе влезат во ЕУ по две години ќе достигнат западневропејски стандард на живот многу се лажат. А кој организира протестите и на каков начин е јасно од многу време.

Украинската влада побара 20 милијарди евра од ЕУ и годишна субвенција за израмнување на стандардот, ЕУ одби, ММФ предложи нема и 1 милијарда евра против тешки социјални реформи. ЕУ и САД сами се си виновни! Не можеш да имаш слободен пристап до таков голем пазар и во исто време ништо да не даваш. Украинците не се подготвени за ЕУ. Што можат да понудат на пазарот на ЕУ ? Во моментов конкурентна стока таму се само жените.

Еден интересен филм за темата со бг. субс.

Да сум кажал,дека се разликува от САД?Колко се меша - знаеме сите. Знаеме за сите бивши СССР републики,знаеме за државите на Балканот,знаеме за извиването на раците на држави от централна Европа,знаеме за создаваме на енергетска зависност. Украjна е премногу близо до Русиja за да се дозволи да напушти таа орбита. ;)
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.759
Поени од реакции
6.202
Единствена разлика во мешањето на САД и Русија во туѓи дворови е досегот до кај што може да стигнат.
Америте се појаки и затоа можат да си дозволат да си го пикнат носот каде сакаат,Русите генерално во нивното опкружување можат да наметнуваат своја воља.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom