Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    387
  • Гласањето е завршено на .
Член од
10 август 2011
Мислења
1.925
Поени од реакции
7.775
Не верувам дека ќе има некаква сериозна ескалација за да дојде до full-blown војна меѓу Русија и Украина. Ова се маневри за подобра преговарачка позиција.
Руските трупи на граница, мене ми личат повеќе на праќање порака, како одговор на надворешно-политичката доктрина на оваа администрација на САД. Слично како стотиците летови на кинески воени авиони во тајвански воздушен простор, секогаш кога има некој гест, изјава, политички потег на соработка помеѓу САД и Тајван.
САД официјално продолжува со containment политика спрема Русија и Кина. Клучен дел од таа стратегија е, Украина да биде прескапа за Русија одново да шири влијание во неа.
Американците горе-доле ја постигнаа таа цел, зошто Украина е на неодредено надвор од кругот на руско влијание. Има страшен антагонизам меѓу двете држави во моментов и плус, територијално, Украина е геополитички непроценливо вредна. Заедно со Полска служат како hedge против географско, економско, транспортно и логистичко поврзување на сите големи играчи во Евроазија. Ако се слушаат и читаат оние што ја формираат доктрината на долгорочната геополитичката стратегија на САД, таков исход е главниот ризик фактор за нивниот број 1 статус на планетава. Барем моменталниот број 1 статус.
Она што е предмет на преговори, е колкав дел од територијата на Украина, ќе остане да биде контролирана од Киев. Русија има интерес да има што поголем бафер, Западот сака да има што е можно постабилна Украина како (hedge) држава.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
12.417
Поени од реакции
13.634
Да ок, изгледа како сите да се позиционираат за идни преговори. Многу блефирање (наводно) и позирање. Драма и приказни по медиумите.
Сето ова навистина личи на партија покер. Како на ТВ пренос од партија покер ги гледаме не само играчите туку и картите што ги држат. Некои од играчите имаат добри карти, некои лоши. И нормално за исходот на партијата тука се важни две прашања:
- Кој блефира со пар двојки? (кој се надева дека ќе упалат закани за некупување на гас од муштерии на кои очајно им треба гас, и тоа сега повеќе од било кога)
- Кој држи добри карти, ако не фул тогаш барем пар џандари и пар попови? (кој има суперорна воена надмоќ на терен, и чиви црвени линии за безбедност се одамна погазени, чив Мински договор е игнориран и каква надеж постои било кој следен договор да се почитува од противник кој не почитува никаков договор ни даден збор, итн)

Јасни се работите, само има еден проблем. САД добива дури и ако ја изгуби оваа рака, затоа што всушност игра со чиповите (парите) на ЕУ и профитот е тоа што ќе се раскараат ЕУ и Русија.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
12.417
Поени од реакции
13.634

The Mainstream Media Eye of Sauron has turned its horrid gaze to the Ukraine. This is always cause for concern because it indicates that this is what the elites want America to be focusing on. This would not be so much of a problem if this growing game of chicken in the Donbass did not resemble a Cuban Missile Crisis for the 21st century. The Mainstream Media’s headlines read of warnings to Russia not to attack, and move their own troops away from the border within their own territory for the sake of peace, while at the same time pumping up Kiev with support-based confidence to do just that – escalating the war in the Donbass towards a potential apocalyptic scenario. Since Moscow has already handed out citizenship to the residents of the breakaway republics and even given their leaders party membership into Putin’s dominant United Russia, along with executing many forms of bureaucratic “integration” the Donbass, we can clearly see that the region is de facto Russian again.

This means that a massive attack from Kiev, would be met by a full force response from Moscow, the “Russianness” of the region has now become essentially non-negotiable – “not one step back” can be taken as Stalin put it. With so many “instructors” and other assets from NATO working with Kiev it is overwhelmingly likely that a Russian counterattack to any offensive would kill some foreign troops...

This scenario is looking like a very dry powder keg just waiting for a spark to start WWIII, Kiev looks like it will launch a foolhardy attack believing it will be supported by NATO just like Saakashvili did in 2008 only this time, the West may just actually give them the proper support they desire, leading to a worst case scenario of a direct confrontation of Cowboys vs. Bears. That is how the scenario looks, especially inside the Russian political analysis sphere, but things are not always what they seem.

Уводот од текстов го проследувам во целост заради некои интересни моменти кои повеќето најверојатно не ги знаат - реализираното жителство и пасоши за Русите во Украина, дури и членски карти во партијата Обединета Русија (ваљда не мора да објаснувам која е). Поентата е дека никакво отстапување од Минскиот договор нема да се толерира од страна на Русија, не па воена интервенција во Донбас... Ако клиент режимот во Киев се реши на офанзива, заборавете ги сите сценарија каде трупањето на војска од Руска страна на границата е само за позирање и преговарачки позиции. Дефинитивно ќе има контраофанзива, без никаков сомнеж.
Тоа е главната поента на случувањата, дефанзивниот момент во врска со Донбас. Напад врз другиот дел од Украина не е реално дека ќе се случи, иако се разбира дека и бранењето на Донбас од запад ќе биде опишано како офанзива врз Украина.

Да се надеваме дека ништо од тоа нема да се случи, пошто сето тоа малку по малку води кон ескалација и MAD сценарио (со оглед на нивото на инволвираност на НАТО/САД)

едит: Остатокот од текстот е исто така интересен, и се однесува на можни преговори на САД и Русија за поделба на сферите на интерес ширум светот (со големи отстапки во корист на САД). Колку е сето тоа реално (колку се САД разумни да направат разумен потег), тоа нема сега да коментирам, но секако целата работа е интересна.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
8.780
Поени од реакции
28.527

Целата анализа се базира на непостоечка премиса, а тоа е дека САД ќе интервенира воено во Украина и тоа ќе доведе до директен судир помеѓу Русија и САД. До сеа сите изјави од САД се исклучување на каква и да било воена интервенција во Украина при руска инвазија, туку економски санкции и трупање војска кај источните сојузници од НАТО. Таква инвазија ќе му даде изговор на САД да донесе поголеми трупи во балтикот, ракетен штит во Полска и други зајакнувања по источните земји. Во САД има НУЛА расположение и намера за војување во Украина. Но тоа не значи дека нема да им дадат еден куп оружје во случај на таков конфликт.

Како што кажа претходно членот, САД ќе ја направи Украина скапа за Русија. Ако има инвазија тие џавелините ќе се претворат во оклопни возила и други интересни играчки.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
14.644
Поени од реакции
17.449

Познати се Американците по тоа како ги наоружуваат и обучуваат своите сојузници. Во Ирак Мосул падна за неколку дена, нападнат од 1500 борци на ИСИС. Во Авганистан 300к војска 85 милијарди америчка опрема (да не речеш џавелини), оде за неколку дена. Мислиш дека на САД моментално им треба нешто повеќе од баба рога за дефокус од внатрешните проблеми и патем некое доларче плус од даночните обврзници, за тендерчињара што ќе следат за Украина.

Едно ќе кажам, Украина највеќе ќе го јаде во ситуацијава, каков и да биде следниот чекор.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
3.793
Поени од реакции
10.428
Руски суд случајно откри дека Русите имаат војска во ДНР/ЛНР. Случајот во основа е за тип кој сакал да подмити воен здравствен офицер за да дозволи снабдување на војската со супстандардни стоки или нешто во оваа насока.

After Breit's dismissal, he did not maintain contact with the latter. During his career, his duties included organization and fulfillment of obligations for the purchase and sale of foodstuff and maintenance of the necessary stock in the warehouse at <address>. This food was intended to be sent to military units of the Armed Forces of the Russian Federation, stationed on the territory of the DPR and LPR. He should have been organize the order, payment and loading of the trucks with the necessary foodstuffs. He also dealt with the registration and receipts for the necessary support documentation. Several canteens were assigned to him on territories <address> in which he was supposed to fulfill the terms of the agreement with JSC "Mintorg". In his work, he was subordinated directly to the regional manager Witness No. 3, namely from of the latter, he received the necessary information and instructions. Supplies of food to the DPR and LPR was carried out from a warehouse located on address: <address>, delivery frequency - once every two weeks. The column was formed from more than 70 cargo vehicles with a lifting capacity of about 40 tons and a total volume of more than 1,300 tons. Assorted food supplied included flour, canned food, fresh vegetables. The total cost of food for one delivery was more than 130 million rubles.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
12.417
Поени од реакции
13.634
Целата анализа се базира на непостоечка премиса, а тоа е дека САД ќе интервенира воено во Украина и тоа ќе доведе до директен судир помеѓу Русија и САД. До сеа сите изјави од САД се исклучување на каква и да било воена интервенција во Украина при руска инвазија, туку економски санкции и трупање војска кај источните сојузници од НАТО. Таква инвазија ќе му даде изговор на САД да донесе поголеми трупи во балтикот, ракетен штит во Полска и други зајакнувања по источните земји. Во САД има НУЛА расположение и намера за војување во Украина. Но тоа не значи дека нема да им дадат еден куп оружје во случај на таков конфликт.
Си ја промашил целта на колумната (или не си ја прочитал во целост). Тезата е можна поделба на сферите на интерес во светот.

Понатаму, не е спорно дека САД не се спрема да влезе да влезе директно во судир со Русија во Украина. Туку целта е присилување на режимот во Украина да влезе во суицидна офанзива во Донбас, и потоа молзење на „руската агресија“ пред меѓународните институции кои ги контролираат и профитирање од влошувањето на односите меѓу ЕУ и РФ.

Ако има инвазија тие џавелините ќе се претворат во оклопни возила и други интересни играчки.
Ова веројатно е најнебитниот момент во целата ситуација. Детски муабети со јачање „колку се јаки, имаат џавелини“. Нема ни да почнувам да дискутирам за релативната застареност, за промашеноста на употреба на оружје што е наменето за герилска војна во еден отворен воен судир каде оклопните дивизии нема да бидат клинот на контраофанзивата, па ни за тоа дека нема ни да стигнат Украинците да го употребат тоа оружје ако работите навистина отидат доѓавола. Толку блиску до границата со Русија може само да им се деси демонтрација на концептот full spectrum dominance, како што би рекле Америте. Нема многу да промени ни НАТО да им даде подршка од сите достапни воени сили во регионот. Целата работа е толку ретардирана како за дискусија од стратешки аспект, колку и да навалуваш да ја спомнуваш повторно и повторно.

Споредбава на силите е како да му дадеш пендрек на Боки 13-ка а си го пуштил во ринг со Конор Мекгрегор, и сега чекаш да видиш како пендрекот ќе направи разлика. Иако аналогија со Боки 13-ка (и пендрек) е преценување на моменталната воена подготвеност на украинската армија против руските специјалци. Подобра споредба би била со некое детуле од градинка (ама никој нормален не сака да гледа како тепаат детенца од градинка па си реков боље Боки 13-ка нека го тепаат). :)
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
11.160
Поени од реакции
3.489
Ова веројатно е најнебитниот момент во целата ситуација. Детски муабети со јачање „колку се јаки, имаат џавелини“. Нема ни да почнувам да дискутирам за релативната застареност, за промашеноста на употреба на оружје што е наменето за герилска војна
Абе каква герилска војна, Џавелин е дизајниран за широка употреба меѓутоа најефективен е во фронтовска војна, буквално неколку единици, десетина војници можат привремено да запрат продор на тенкови, оклопни возила и сл. Дизајниран за стопирање на илјадници советски тенкови, брзо распоредлив и скоро невозможен за детекција. Треба да е многу ефективно оружје во стопирање на влез на механизирани единици.
Не за џабе им го даваат на Украинците. Точно дека Русија во почетните 2 сати од евентуална инвазија ќе ја уништи секоја воена база, команден центар, аеродром и сл, но Џавелините се доставени за да ја надополнат разликата и да предизвикаат значителни загуби.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
12.417
Поени од реакции
13.634
Абе каква герилска војна, Џавелин е дизајниран за широка употреба меѓутоа најефективен е во фронтовска војна...
Во кое „негерилско“ сценарио предвидуваш пешадија да се бори против оклоп?

Точно дека Русија во почетните 2 сати од евентуална инвазија ќе ја уништи секоја воена база, команден центар, аеродром и сл, но Џавелините се доставени за да ја надополнат разликата и да предизвикаат значителни загуби.
Аха, мислиш на очајни самоубиствени акти на пркос?
На пример пар брадати ликови искачаат од дупка во пустошот околу нив, испалуваат џавелин и на цел глас извикуваат АЛАААХУ-АКБААААР?

Во која реалност украински војник би извршил тaкво самоубиство?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
8.780
Поени од реакции
28.527
Во кое „негерилско“ сценарио предвидуваш пешадија да се бори против оклоп?

Аха, мислиш на очајни самоубиствени акти на пркос?
На пример пар брадати ликови искачаат од дупка во пустошот околу нив, испалуваат џавелин и на цел глас извикуваат АЛАААХУ-АКБААААР?

Во која реалност украински војник би извршил тaкво самоубиство?
Мислам дека многу ги потценуваш украинците. Не се ништо помалку жилави од Русите и не би спиел на тоа уво дека ќе легнат и ќе се предадат туку-така кога ќе им дојдат пред домовите.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
7.795
Поени од реакции
13.231
Познати се Американците по тоа како ги наоружуваат и обучуваат своите сојузници. Во Ирак Мосул падна за неколку дена, нападнат од 1500 борци на ИСИС. Во Авганистан 300к војска 85 милијарди америчка опрема (да не речеш џавелини), оде за неколку дена. Мислиш дека на САД моментално им треба нешто повеќе од баба рога за дефокус од внатрешните проблеми и патем некое доларче плус од даночните обврзници, за тендерчињара што ќе следат за Украина.

Едно ќе кажам, Украина највеќе ќе го јаде во ситуацијава, каков и да биде следниот чекор.
Jamajka, nz so koj Ukrainci si zborel, ama ovie se motivirani i prilicno nakrveni na rusite.
Ne e ova kvinsliski rezim za pari ko vo Irak i Avganistan, kje se tepaat i bez americka pomos ovie.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.148
Поени од реакции
13.210
Мислам дека многу ги потценуваш украинците. Не се ништо помалку жилави од Русите и не би спиел на тоа уво дека ќе легнат и ќе се предадат туку-така кога ќе им дојдат пред домовите.
Jamajka, nz so koj Ukrainci si zborel, ama ovie se motivirani i prilicno nakrveni na rusite.
Ne e ova kvinsliski rezim za pari ko vo Irak i Avganistan, kje se tepaat i bez americka pomos ovie.
Не е ова 15 век па кој колку е жилав на раце, видете само како Азербејџан ја среди Ерменија за брз период и замислете Русија со најсофистицирано оружје што би направила. Буквално ко слон на мравка, не знам како да ви објаснам. Во секој можен сегмент е појака Русија, уствари само со паравојската од Донбас со старо советско оружје можат цела источна Украина да ја земат. Овај режим е насаден од западот, не знам колкава поддршка има моментално, ама прилично сум сигурен дека во случај на војна самите Украинци ќе го паднат режимот откако ќе видат на кај оди работата.
Автоматски споено мислење:

За тие што го немаат гледано серијалот епизоди на каналот vice news на јутјуб за војнава нека го гледаат и некои работи ќе им станат појасни.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
7.795
Поени од реакции
13.231
Не е ова 15 век па кој колку е жилав на раце, видете само како Азербејџан ја среди Ерменија за брз период и замислете Русија со најсофистицирано оружје што би направила. Буквално ко слон на мравка, не знам како да ви објаснам. Во секој можен сегмент е појака Русија, уствари само со паравојската од Донбас со старо советско оружје можат цела источна Украина да ја земат. Овај режим е насаден од западот, не знам колкава поддршка има моментално, ама прилично сум сигурен дека во случај на војна самите Украинци ќе го паднат режимот откако ќе видат на кај оди работата.
Па процентуално во цела украина може немаат јасна подршка, ама имаат јако јадро во некој региони кој ќе ја тера до крај работата. Ако веќе споредувате со некоја земја, споредете со Сирија, секташка војна без крај. А не со Авганистан каде немаа никаква подршка меѓу населението.

За како би се одвивала војната, ја не мислам дека Русија може да ја смачка Украина туку така. Еременија не доби подршка од никој, Азарбеџан беше тој со подршката. Тука ќе биде обратно, ќе ги наполнат бандерашиве со најмодерно оружје а Русија ќе ја закопаат со санкции. Не дека нема да ги добијат Русите, туку ќе ги кошта многу скапо.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
8.780
Поени од реакции
28.527
Не е ова 15 век па кој колку е жилав на раце, видете само како Азербејџан ја среди Ерменија за брз период и замислете Русија со најсофистицирано оружје што би направила. Буквално ко слон на мравка, не знам како да ви објаснам. Во секој можен сегмент е појака Русија, уствари само со паравојската од Донбас со старо советско оружје можат цела источна Украина да ја земат. Овај режим е насаден од западот, не знам колкава поддршка има моментално, ама прилично сум сигурен дека во случај на војна самите Украинци ќе го паднат режимот откако ќе видат на кај оди работата.
Автоматски споено мислење:

За тие што го немаат гледано серијалот епизоди на каналот vice news на јутјуб за војнава нека го гледаат и некои работи ќе им станат појасни.
Тешка заблуда е болдираното. Моментално проруската подршка во Украина е маргинална. Тоа дека некој со сила ги владее украинците и намерно ги држи настрана од нивната љубов Русите се приказни и немаат врска со реалноста. После Крим и Донбас ништо не е исто.

Во Донбас да не интервенираше руската армија со илјадници војници и опрема, ќе ги збришеа тие бунтовниците.

Русија може ќе стигне до реката Днепар со војска ама ќе треба да убие барем 100 илјади Украинци за тоа и плус да изгуби илјадници војници и опрема. На тоа додади и тешки санкции за да им ја срушат економијата. Дали ќе им се исплати тоа да го направат, не верувам. Прескапо ќе ги чини.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
14.644
Поени од реакции
17.449
Jamajka, nz so koj Ukrainci si zborel, ama ovie se motivirani i prilicno nakrveni na rusite.
Ne e ova kvinsliski rezim za pari ko vo Irak i Avganistan, kje se tepaat i bez americka pomos ovie.
Не сум зборел со Украинци, само ти кажувам. Свесен сум дека има доста Украинци кои се накрвени на Русите, ама тоа не е проблем за Русија колку што на пример за Украина е проблем тоа што има накрвени малоруси во Украина... знаеш роднини, пријатели и сонародници на оние што гореа во Одеса.

Иначе може да тепаат не велам не, ама кога би можел да се кладам, јас не би се кладел ниту дека Украина ќе тепа, ниту дека САД нешто сериозно ќе и помогне.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom