Нема потреба од вакви објаснувања, бидејќи тоа што им следи на ЕУ и САД си е природен неизбежен процес, најавен децении претходно, пред воопшто Русија и Украина да почнат со кошкање.
Работата е што со ова одолговлекување, Русите им даваат оправдување на западните политичари за последиците од нивните досегашни активности (соучесник) . Мнозинството од западните држави станаа исти ко потомците од комунистичките држави, слепо следат што им каже системот, а системот Русија ја обвинува за се и сешто. На тој начин се разгорува омразата, нетрпението кај западњаците ама и кај Руското население, па за некоја година ќе сакаат преку војна од поголеми размери да се решат. Но во војна обичниот народ го јаде стапот.
Доколку Русија по брза постапка ова го решеше, знаејќи дека бар за војна има капацитет, ЕУ ќе немаше оправдување за инфлацијата, за зголемување на каматните стапки, за недостаток на производи, за неоснован пораст на државните долгови итн, тогаш можеби мнозинството ќе се освестеше кој е директен виновник за нивните страдања. Во САД па, немаа да имаат изговор за крадење на буџетските пари, испраните "прогресивни" мозоци, можеби ќе се освестеа и ќе бараа одговорност за трошењето на 100тиците милијарди долари, кои наместо да се искористат за подобрување на животните услови дома, отидоа во џебовите на олигарсите. Вака, Русија е виновна за све, а и на сите тоа им одговара. Путин и компанија, имаат издржано оправдување пред својот народ, дека светот сака да ги уништи и да им ги земе богатствата, иако приливите од тие богатства се веќе надвор од Русија.