Дали Милошевич правилно постапи кога потпишаа договор за капитулација у Куманово мислам?
Милошевич е најголемото зло што му се има случено на Србија и Србите, а потоа и на Балканот. Да не беше Милошевич, сега Србија ќе беше најразвијана држава на Балканот, ќе беше членка на ЕУ, и ќе се тепавме да се преселиме во Смедеревска Паланка.
Милошевич, да го решаваше по дипломатски пат прашањето на Косово, ќе добиеше Србија многу повеќе од она што го има сега.
Лошото е што никој не повикува на некаков договор и војната отиде предалеку со огромен број жртви за да едната страна се откаже и најверојатно уште покрвава ќе станува.
Точно е тоа. Кога тогаш ќе се седне на зелена маса, и ќе се договорат што како. Тие дебеловратците од едната и од другата страна ќе си го продолжат луксузниот живот, ќе креираат политики, ќе вртат милиони, додека мајките,жените и децата во Киев, Херсон, Луганск и Москва кои ги загубиле своите синови, сопрузи и татковци во војната, цел живот ќе им биде црн, пуст и без радост, поради хировите на своите лидери, и тоа пази во 21 век. Каде сметаме дека човештвото еволуирало.