Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    733

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.894
Поени од реакции
13.010
Од македонски аспект и интерес многумина ги разбирам што се противат околу политиката на Русија и независен Крим.
Од објективен аспект бевме сведоци на создавање држава на северот на Македонија, зошто и Крим да не го има истото демократско право?

Објективно да Русија ги наруши правилата.
Но дали Америка и Нато ја платија цената за крешење на меѓународното право? Не.
Абе немој да ме јебеш, Америка за 1000 студенти сруши влада во Никарагва.
 
Последно уредено:
B

Borg_Drone

Гостин
Од македонски аспект и интерес многумина ги разбирам што се противат околу политиката на Русија и независен Крим.
Од објективен аспект бевме сведоци на создавање држава на северот на Македонија, зошто и Крим да не го има истото демократско право?

Зошто таа нова држава беше направена со амин од Борис Елцин за пари, ако добро ме држи сеќавањето, плус тоа Србите си го продадоа Косово, нешто што ние правиме во моментов со Македонија така да кога ќе видиш.........

П.С.

Мислев на одобрување на напад врз Косово, така да кога ќе видиш тој придонел до тоа чекор по чекор Косово да стане држава на еден начин, да не беше тој можеби и немаше да има интервенција на север.
 
Последно уредено од модератор:

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
И Русија може да удри контраофанзива со гасот и со замрзнувањето на заемот за Америка,бидејќи Америка многу пари и должи на Русија.Од нив позајмуваа огромна сума на пари.
 

Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
Зошто таа нова држава беше направена со амин од Борис Елцин за пари, ако добро ме држи сеќавањето, плус тоа Србите си го продадоа Косово, нешто што ние правиме во моментов со Македонија така да кога ќе видиш.........

.
Не.


П.С.

Мислев на одобрување на напад врз Косово, така да кога ќе видиш тој придонел до тоа чекор по чекор Косово да стане држава на еден начин, да не беше тој можеби и немаше да има интервенција на север
Да.

Богми и Милошевиќ ја утна и те како и загубата на Косово е чисто поради неговиот еготрип, всушност малкумина знаат но Србија т.е Милошецвиќ планираше да ја направи Србија членка на нуклеарниот клуб барајќи Бомба со јачина слична на дебелкото


Ситуацијата во Украина е интересна но смертам дека Украина на долг рок нема да изгуби туку Русија.

Да се потсетиме станува збор за Украинска територија која Украина ја доби во 1954 а и уште поважно е што во 1994 година со договор чиј потписник е и Русија, Украина се откажа од Нуклеарното оружје но според тој договор територијален интегритет и суверенитет и е загарантиран и поради тој договор Украинските Силоси се празни.

Лично мислам дека ЕУ можеше да го реши ова уште пред да се случи но ете они даваа пари на Грците наместо таму каде што треба.
 
P

Patrick

Гостин
Од македонски аспект и интерес многумина ги разбирам што се противат околу политиката на Русија и независен Крим.
Од објективен аспект бевме сведоци на создавање држава на северот на Македонија, зошто и Крим да не го има истото демократско право?

Објективно да Русија ги наруши правилата.
Но дали Америка и Нато ја платија цената за крешење на меѓународното право? Не.
Абе немој да ме јебеш, Америка за 1000 студенти сруши влада во Никарагва.
Веќе подолго време односите на силите во светот се така поставени кои сугерираат на тоа дека т.н. "демократско право" воопшто не постои и е илузија за малите и беспомошните кои се повикуваат на истите. Постои само правото на силата кое единствено има реална вредност и практична примена и кое секогаш е во насока на остварување на интересите на големите сили. Пред не повеќе од десетина години, воглавно, САД беа тие кои ја воспоставуваа својата волја, ширејќи ја својата хегемонија скоро на сите страни на светот. Денес сме сведоци дека во најмала рака кажано, Русија се обидува да се спротивстави на таа појава, барем во границите кои се од нејзин интерес и има некакво влијание. Да не се лажеме и надеваме на утописки приказни за демократијата и како таа би требало да функционира, кога реално секоја сила(или барем која претендира да биде истото) би постапила на ист или сличен начин како што направи Русија. Од инает на западното лицемерие и децениско продавање на евтини муда за бубрези наменети за масовна лоботомија на народот ширум светот, јас потполно ја подржувам РФ.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Баш такви не ни се обидувам да одговорам. И поради тоа не ме цитирај ако немаш да кажеш нешто што има смисла.[DOUBLEPOST=1394131244][/DOUBLEPOST]Гледам после 5 минути се надополни откако виде и самиот дека ти нема смисла тоа што го напиша.
Јас напишав нешто што има смисла, ти очигледно ти е дојдено до тресење глупости наместо давање аргументи.

Во секој случај:

Критика на инвазијата на Крим од страна на водителка на телевизијата Russia Today, пропагандниот тв-преносител на Русија:

http://www.spiegel.de/politik/ausland/russia-today-abby-martin-kritisiert-russlands-einmarsch-a-956832.html


Видеото е на англиски.
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
581
Поени од реакции
832
Можно е снајперисти кои убија демонстрантите на Мајданот да се агенти на странски служби бидејќи за користење на снајпер и за пукањето со него е потребно воена обука. Агенти на америконската CIA веќе користеа пред настаните во Украина слично сценарио кога направија една акција за воен преврат во Венецуела и соборувањето на претседателот Уго Чавес. Потоа повторно беа организирани снајперисти кои убија демонстранти. Во оваа кампања беа мобилизирани и многу медиуми кои требаше да изградат на Чавес сликата на крвавиот диктатор, али и таму ги фатија америте дека лажат.

Сценариото со снаjперистите е добро прикажано како функционира во филмот ''The War On Democracy'' John Pilger.
5.50мин.

со буг. суб.
Потполно истото сценарио како во Украина!
 

Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.211
Во овој случај, би бил на страната на Русија бидејќи она што се прави во Киев со поставувањето на "новата" Влада е типично американско сценарио видено низ другите делови од светот, а посебно во Србија, Грузија, целата Арапска пролет...да не одам надолу низ историјата, веќе е и пишуванo низ претходните 124 страници на темава.

Интересно е што и покрај сите докази што постојат и го покажуваат западното влијание врз украинското менување на властите (што интересно, сите агресивни случувања се случија ОТКАКО опозицијата во Украина што сега е на власт заедно со Јанукович и Владите на Литванија/Полска/Германија на маса го потпишаа договорот за мирно решавање на кризата, неполни 24 часа откако беше потпишан истиот договор - Путин убаво им кажа дека НЕКОЈ едноставно не сакал да се деси мирно решавање на работите), Западот сеуште од петни жили се обидува да го оправда своето мешање во внатрешните работи на Украина, а го "казнува" руското мешање. Впрoчем, претседателскиот кандидат од редовите на Републиканците Џон МекКејн среде Киев и забележа на Русија против мешањето во внатрешните работи на Украина и во исто време ги поддржа опозиционерите. :tapp:

"Спроведувањето демократија" на овој начин е докажана тактика на Западот, со помош на невладините организации. И веќе ми е мака да ги читам сите постови низ темава за тоа колку Русија ќе изгубела од санкциите на ЕУ и САД - тоа се е само за залажување на народот кога во исто време зад затворени врати се играат поголеми игри. И Русија има право да реагира кога се се одвива пред нејзините порти. А, Западот со неговата веќе прочитана реторика дури делува и глупаво. Го знаете она чувство - "не ми е криво што ме лажеш, криво ми е што мислиш дека ти верувам.". E, тоа го имам за САД, за сите нејзини политики worldwide.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.499
Поени од реакции
27.318
Јас напишав нешто што има смисла, ти очигледно ти е дојдено до тресење глупости наместо давање аргументи.

Во секој случај:

Критика на инвазијата на Крим од страна на водителка на телевизијата Russia Today, пропагандниот тв-преносител на Русија:

http://www.spiegel.de/politik/ausland/russia-today-abby-martin-kritisiert-russlands-einmarsch-a-956832.html


Видеото е на англиски.
Типкава има право на сопствено мислење и очигледно и е дадено правото тоа да го користи. За разлика од западните владини медиуми...
 
B

Borg_Drone

Гостин
Е така. Ок позз
Со здравје, „незамарач“ на вакви пиљарски одговори.

Во меѓувреме продолжуваме понатаму:

Алтернативата на Германија во случај на економска војна со Русија, за гас:


Во секој случај и Германците признаваат дека на долг поглед ова не е идеалното решение, но ќе биде омекнат ударот од Русија:

http://www.spiegel.de/wirtschaft/soziales/erdgas-aus-russland-wie-deutschland-die-abhaengigkeit-reduzieren-kann-a-957112.html[DOUBLEPOST=1394133046][/DOUBLEPOST]
Типкава има право на сопствено мислење и очигледно и е дадено правото тоа да го користи. За разлика од западните владини медиуми...
Зошто, па баш на западните медиуми ги прикажуваа мислењата на народот во Киев на пример.Дури и ги прикажуваа критиките кон Тимошенко.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.894
Поени од реакции
13.010
Пријателе па навистина беше продадено, Србите продаваа куќи, ниви и стока за да бидат Белограѓани а Косовари т.е Албанци купуваа кои тогаш бегаа од Хоџа.

Исто така Русија доби околу 0 милијарди од САД само пред нападот а потоа и од СБ, еве да направиме споредба кое воено присуство го имаше Русија пред и за време на бомбардирањето на екс-Југославија(таа на Милошевиќ) и кое воено присуство го имаше сега пред Сирија??
Мене целото прашање ми се базираше на основното човеково право, демократија и слобода. Референдумот е алатка на демократијата. И никој нема право на монопол над тоа право. Така барем се водат западниве структури. Така и беше поставено прашањето.

Да, Русија беше преслаба да се спротистави во тоа време. Прво беше самата втурната во агресија-Чеченија,второ имаше економски слом. Трето Јелцин на сите ние јасно што се строи за Русија.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Пријателе па навистина беше продадено, Србите продаваа куќи, ниви и стока за да бидат Белограѓани а Косовари т.е Албанци купуваа кои тогаш бегаа од Хоџа.

Исто така Русија доби околу 0 милијарди од САД само пред нападот а потоа и од СБ, еве да направиме споредба кое воено присуство го имаше Русија пред и за време на бомбардирањето на екс-Југославија(таа на Милошевиќ) и кое воено присуство го имаше сега пред Сирија??
Да "продадено " е одамна Косово со промена на етничката структура и тоа кога ни Амери ни НАТО не биле фактори на овие простори. Нешто слично ни се случува и денес кај нас. Факт е и дека 8 милионска Србија не била никогаш во состојба да го контролира Косово со скоро 2 милиони Албанци и претставувале само финансиски терет и за време на Југославија и за време на Србија. Одамна тие биле држава во држава.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Она кое најмногу го мразам кај западот и посебно САД се тоа што му ја одзедоа невиноста на цел свет. Затоа за мене Русија, Кина, Индија, Иран, Сирија, па и арапите кои се антиамерикански настроени и без да знам што се случува знам дека Американците и Европа се тие кои грешат. За западот важи византиската изрека за латините: лажат и кога ја зборуваат вистината. Оваа распуштена неморалност со која го заразија цел свет е неподнослива. Ова што се шири по сите медиуми, повеќе не личи на ништо. Теркот на држави кои ги создадоа по нивна мерка нема ни елементарна правичност. Подобро исламот да не владее, барем ќе има некој извитоперена форма на морал, отколку ова расипано западно владеење кое им ги одзеде душите на сите.
Не дека другите се совршени, ама западните земји се главните извозници на лудило. Каква одвратна е таа култура каде од мали децата ги учат дека не е проблем да имаат односи со истиот пол.
И сега кога лудилото достигнува врв, заради кое и повеќе не се способни за успешна економија, низ цел свет прават бунтови за да го задржат приматот. И еве дојдоа до границите на Русија. Но за прв пат ова не е држава како Либија, Египет, Југославија и слични со кои можеш да си ги извртуваш работите по свое.
Американската статегија земена од 50 години: „ние сме луди и да не те победиме ќе ти направиме штета што нема да ти се исплати што си се спасил од нас. Затоа покори се подобро ќе си поминеш.“
Русите цело време одговараат со стратегијата: „ако вие се правите луди, ние сме родени такви. Правете им што ќе им правите на другите, со нас директно не се чепкајте. Затоа што ќе ја направиме голема и на никој нема да му се исплати.„
Не знам до каде е со ракетниот штит поставуван околу Русија, но тој беше главната американска мерка како противодговор на руската „лудачка“ стратегија: „е сега колку и да сте луди ние имаме добар дел кој ќе се извлечи, а вие ќе бидете целосно уништени.“
Еве се чепнаа директно и да залажува кривата нагоре надолу, главно ќе биде нагоре. А ние македончињата млитави, без свое јас што дури и за своето име преговараме. Така што при било кое потресување во близина некој прво нам ќе ни скокне. Пошто сме село без кучиња.
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
ЕУ најавува санкции за Русија

ЕУ ги прекинува разговорите со Русија за либерализација на визите ( визи ха ха)

А потоа ако Путин не се покаже мирно момче , ќе следат нови изненадувања.

Сад+Еу+нормален свет во такт
Албанското Американофилство во паника и очај.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Знаеш како, они му ја продатоа на светот приказната за либеералната демократија.
Тоа е некој вид на судир на либерализмот со режими кои се условно кажано тоталитарни. Сега овие вториве пробуваат некако да се солидаризираат но тешко им оди. Издржаа земји кои што имаат природни богатства, нафта и гас и Кина, но Кина е посебна приказна, таа го либерализира пазарот, но не и политичкиот систем.
Без оглед што не успеа сегде да си инсталира и предизвика хаос во многу земји, нема некоја понуда од друга страна. Која е алтернативата, за Либијците повторно некој Гадафи, или Садам Хусеин за Ирачаните? Нема никаква понуда, на времето тоа беше комунизмот за кој многу биле спремни да умрат, денес е тоа исламскиот фундаментализам, се разбира фалични но сеуште се користат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom