Препорачајте лаптоп според следниве потреби

edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
Би сакал да земам лаптоп (don't go crazy with the prices :D ) со кој, како студент би можел да ги вршам задоволително следниве задачи:

  • Често користам Illustrator и Photoshop истовремено со Chrome на кој имам минимум 4 таба отворено (facebook, youtube и другото по потреба)
    • Се случува и Office пакетот истовремено со погорните програми да го користам.
  • Често би го носел на факултет (бидејќи изработувам разни флаери/плакати/маркетинг чуда, али не професионално), а поретко го користам директно изложен на сончева светлина.
  • Мнооооогу ретко (можеби еднаш или двапати, или ниеднаш во семестар) ќе се случи да пуштам една партија кантер/left 4 dead 2...

За поозбилна работа планирам подоцна да земам десктоп, на кој стварно би можело добро да работам.
Еден мој колега има лаптоп со i3 процесор (втора серија мислам) и е супер задоволен од него. Кога седнав да работам на тој лаптоп - разлика од мојов (со процесор 1.00ghz dual core amd c-50) беше небо и земја. Епа, ми треба нешто такво -> да не удри по џеб, а сепак да работи мазно (нека закочува понекад, али не да неможам маусот да го мрднам ако пуштам илустратор и chrome!)

Барав на гугл според овие барања али некако неможев точно да најдам. Американците или идат превисоко или таблет :D Затоа решив да се обратам на нашиов народ :)

Буџет - Максимум 30.000.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.062
Поени од реакции
11.411

edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
Незнам дали овој асусов со i5-4200u процесор е добар.
Кај еден другар што има тошиба со i5 3-та серија u процесор, кога правиш нешто позахтевно (поготово кога се префрлаш од една на друга апликација), ко да го будиш процесорот од сон и му викаш “ајде, напни се“.
Пример сурфав на chrome и после удрив Photoshop и одеднаш ем почна да врти силно кулерот, ем осеќаш дека кратко се закочува лаптопот.
Како што кажав, не ми е битно ако така праи, али сепак ако купувам нешто барем нека биде за тие пари максимумот :D
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.677
не земај асус само, квалитетот е нула. Затоа се поефтини.
 
edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
не земај асус само, квалитетот е нула. Затоа се поефтини.
Искрено, ми се допаѓа HP-во многу. Ептен ми одговара, пред се' што има добар touchpad (се сеќавам дека пред некое време го работев) и ми се свиѓаат дугмињата што се одделни и не се слеани со touchpad-от. СО други зборови, не го имитира mac-от, бидејќи цената не му одговара.
Ме интересира - каков му е звукот?

Да не зборам дека ептен ми одговара и екранот што го има - Anti glare мат екран. Сеа имам glossy и ужасно ме нервира. Овој ќе биде топ за надвор да се однесе.

Третото нешто што ми се свиѓа кај овој HP е што лесно се вади капакот позади и одма можам да го исчистам од прашина.

Четвртото доаѓа со торба.

Петтото - има i5-4200M, за разлика од u серијата што би требало барем малце да ми олесни работа :)

HP-то најверојатно и ќе го земам. Ако има бољи за тие пари, пишете.
p.s. квази-алуминиум е, што многу ми се свиѓа на допир. Иако не е вистински метал, убаво доаѓа кога ги ставаш рацете врз него :)
 
Последно уредено:

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.062
Поени од реакции
11.411
Ме интересира - каков му е звукот?
Друже утре правец во Сет и таму на лице место може да си го пробаш. Мислам дека даваат и гратис торбица, ама прашај си на лице место.
 
Член од
13 ноември 2010
Мислења
242
Поени од реакции
57
Сервисите во продавниците не :D
Според тоа што го прочитав горе , дефинитивно земај асус , не се мисли.
Со Асус највеќе добиваш според сооднос цена/квалитет
 
edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
Незнам кај прочитав или кој кажа, али пишаа дека лаптоповите до 30,000 не се разликувале ама баш ич која марка кој е. Се е до личен преференс.
Ќе тркнам до сет, ќе разгледам и ќе си одберам :D
 
не се согласувам баш , некаде од 23 до 30000 има навистина добри конфуграции за тие пари , најчесто се асус
 
edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
не се согласувам баш , некаде од 23 до 30000 има навистина добри конфуграции за тие пари , најчесто се асус
Ако има негде - слободно пиши :D Оваа што ми ја препорача членот одма под мојот пост не ми се свиѓа, поготово што тач падот го имитира мекот, а тоа ужасно ме нервира :)

Ја баш и ги сакам Asus и Lenovo, али нешто добро за тие пари не најдов.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
не земај асус само, квалитетот е нула. Затоа се поефтини.
Не можеш да генерализираш така. Еве јас последниов што го земав ми е Асус и работи нон стоп без проблем.[DOUBLEPOST=1401506632][/DOUBLEPOST]@edin4o

Асусот ти е добра опција јас имам сличен за иста намена и работи без проблеми.

Фотошоп ЦС6, Илустратор, Хром, немаш гајле се во исто време.плус уште неколку други програми во исто време.

П.С По некое време можеш да го смениш ХДД со СДД и како авион ќе ти биде тоа ми е единствена замерка.

П.С2 Зависи што планираш во Фотошоп и Илустратор за некои понапорни задачи може да ти затреба појак процесор.

П.С3 Од игрициве Скајрим, Дота 2, Нид фор спид, Фифа 2014 сите ми работат без проблем.на мид хај сетинзи
 
Не дека ќе праам којзнае колкави формати на илустратор/фотошоп - највеќе сум идел до А2...
Абе убаво е асус-от али гледам некој без таков уни-тач. Туку да си има одделно дугмиња за работа. Така сум навикнат и боље ми е. Дури и на мекот кога работев ме нервираше тој тачот ужасно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom