Препораки за ресторани во Маврово?

Член од
31 октомври 2021
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво,

За некој ден одам прв пат на наколку дена во Маврово, па ме интересира која е понудата со ресторани од кои би можеле да земаме храна за ручек/вечера за носење?

Ви благодарам!
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.413
Поени од реакции
4.237
Здраво,

За некој ден одам прв пат на наколку дена во Маврово, па ме интересира која е понудата со ресторани од кои би можеле да земаме храна за ручек/вечера за носење?

Ви благодарам!
Сум одел десетици пати во маврово ама не е баш познато по некои ресторани. Имаат една бурекџилница во анови додуше. Во гостивар имаш супер скара на едно место мање више...
Продавницата близу црквата има овчо сирење.
У кратки црти главно кафичи. Мислам дека имаше нешто како скара и пицерија која можда не работи...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Здраво,

За некој ден одам прв пат на наколку дена во Маврово, па ме интересира која е понудата со ресторани од кои би можеле да земаме храна за ручек/вечера за носење?

Ви благодарам!
...а зошто да се носи, кога може таму да се јаде на лице место во прекрасен амбиент?
 
Член од
28 октомври 2016
Мислења
54
Поени од реакции
37
Здраво,

За некој ден одам прв пат на наколку дена во Маврово, па ме интересира која е понудата со ресторани од кои би можеле да земаме храна за ручек/вечера за носење?

Ви благодарам!
Korab Trnica
 
Член од
31 октомври 2021
Мислења
2
Поени од реакции
0
Ви благодарам, ве молам и другите споделете ако имате предлог.

...а зошто да се носи, кога може таму да се јаде на лице место во прекрасен амбиент?
Верувам дека амбиентот е прекрасен. Би било од корист да препорачаш и во кои ресторани има прекрасен амбиент. Благодарам :)
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.526
Поени од реакции
5.706
Ne sum bil nekoe vreme Mavrovo, ama aj:
-restorantot na hotel Bistra: top ambient, top pogled na ezeroto, hrana OK, ceni ne bas...
-malo restorantce, jas go znam kako "Kaj Nika", (po gazdaricata) ne znam dali ima drugo ime, locirano nekade 1km pred centarot, na samiot pat, sa samo ezero, karsi Jeti, : OK ambient, top pogled, OK hrana, skara, OK ceni
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Ви благодарам, ве молам и другите споделете ако имате предлог.
Верувам дека амбиентот е прекрасен. Би било од корист да препорачаш и во кои ресторани има прекрасен амбиент. Благодарам :)
...ова ќе ми дојде како рецензија, ама ај!

„Гламур“ ресторан во Маврово,

images.jpgерт.jpg restaurant-glamour.jpg


треба да се дојде до другата страна на Маврово кај патот кон скии жичарите,

mavrovo.jpg

ова е големиот паркинг со поглед лево се гледа измеѓу двете коли куќата пишува ресторан „Гламур“,

se-popravaat-ulicite-i-golemiot-parking-vo-mavrovo.jpg

но до таму треба да се иде до крај на паркингот и се врти лево, па пак лево во една малечка уличка од другата страна на куќата,

ртѕ.jpg ac9465f83306557f69127b64146274c2.jpeg

ваков опис давам зошто најчесто појма немаат дека воопшто постои таков ресторан, а не пак да ти кажат каде е лоциран,

parking-available.jpg

...ова е веќе позади куќата што ја имаше на фотката со паркингот, овде ќе си се паркираш и веднаш се влегува, десно е надворешниот дел - летниковец, а лево е салата и шанкот затворен, а горе по скалите има хотелски соби доколку сака некој да преспие или малку „да се одмори“ од обилниот ручек! :D

glamour.jpg

ова е внатрешниот дел- шанкот,

396042_347753448635818_1474763509_n.jpg

ова е внатрешниот дел од ресторанот, обично масите се разделени

10431149_936981283046362_5181332571838491208_o.jpg 12440332_936981253046365_6673362039198409147_o.jpg

овие се собите горе кои се издаваат,

the-fish-pond.jpg

овој дел е надворешниот лево од тој внатрешниот, каде има летниковец, десно водата е рибник, каде секогаш има свежа мавровска пастрмка,

index.jpg3456.jpg gfgfg.jpg

тоа куќарчето е за надворешна скара на ќумур, а лево се масите,

478514_462655620478933_528346959_o.jpg

мавровска пастрмка на скара,

26805366_1614636415280842_7061277007818143414_n.jpg 26904761_1614636385280845_7471816334469704923_n.jpg

или тава риба во фурна,

922493_462269413850887_2131251910_o.jpg

зависи од количина иде и цената,

11988564_888963544514803_1642217571495122554_n.jpg

нудат и други специјалитети како дивеч, но и секаква скара,
специјалитетот Галичка плескавица им е колку една чинија! :P

gfgfgtete.jpg ggg.jpg

овој е надворешниот дел дворот околу летниковецот каде се масите,

hghghh.jpg nvbnvnb.jpg

дворот грижливо наместено од газдарицата на ресторанот, цвеќе таму ваму,

look-from-the-guest-house.jpg

поглед од собите на спрат,

џц.jpg

летниковецот во дворот,

outside-oven.jpg

етно обележија , таму ваму, грижливо одбрани од газадрицата,

photo5jpg.jpg ta-img-20190525-133001.jpg

мора да ја запознаете газдарицата на локалот, пољубезна жена немам сретнато! :love:

glamour.jpgерт.jpg

разни салати, галичко сирење и додатоци покрај главното јадење,

ертѕѕу.jpg њсц.jpg

чорби,

img-20190517-194749-largejpg.jpg

ловачки специјалитети,

photo0jpg.jpg glamour.jpg345.jpg

и на крај благо по желба,

контакт за достава 070 951 721 :)
истоооооо како да сте биле таму, нема потреба да се мачите! :vozbud:
 
Последно уредено:

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.472
Поени од реакции
7.271
У Анови има многу(после макпетрол бензиската), после браната, Мавровски Мерак пред старата црква е проверено, за викенд е секогаш полно.
Има и 100 метра пред Мавровски Мерак, Гостилница Христијан(кај Ника, мада Ника жената мислам го продаде), има Mia's favorite hotel(екс Срна, одма после старата црква), има Меденица (пред почетокот на Галички пат), имаш кај комплексот хотели, а надвор од Маврово, Ресорт Радика во Леуново(20 мин.), Хотел Неда и гостилница Баба и Деде во Галичник (30 мин), накај Дебар: Кораб Трница (30-40 мин), Куќа на Мијаците (под Бигорски манастир, над 1 час), хотелот во Селце, во Лазарополе, во Гари...
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Одам често во Маврово и можам да кажам дека ми е нешто како втор дом. Кога сум таму, за храна и кафански дружби ова се моите две матични кафани:
1) Мавровски Мерак - одлични, постојат со години наназад
2) Кај Професорот - релативно нов и одлична храна, постои околу пола година на местото на поранешниот Меденица, до продавничката Гордана кај што се двои патот за Галичик.

Сум бил еднаш во Кристијан, не беше добра ни храната ни амбиентот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom