UberSoldier
Војна, зомбија, супер моќи се едни од повеќето новости(старости) во фашистичкава(ха,ха) игрица UberSoldier.Играва ви е психопатска, мрдната и се по ред, но сепак е интересна.Вие сте таму некој војник појма немам како се викате некое швабско име кое нема потреба да го знаете.Прва стаза вие се наоѓате у психопатска ментално заостаната болница у која ве гонат и пуцаат некој униформирани нацистички ѓубриња и чат пат по некое зомби (сите зомбија имаат иста грда фаца).После се наоѓаш со некоја женска со пак тешко швабско име, таа ти помага да ја напуштис болницата и после у некоја индустриска зона со понекоја куќа каде што треба да го гаќате горенаведеното.Оружјата се традиционални од времето на втората светска војна кои изгледаат визуелно привлечно ама звукот им е како да пукаш со воздушна цевка (не пушка).Графиката е пријатна, убава, солидна но не е нешто револуционерно како што се денешниве игрици со Unreal Engine 3.Приказната може да помине кај повеќето од вас бидејќи објаснува како настанале зомбите и се друго по ред, а у суштина и не е лоша.Од бдовната скала од 1 до 10 UberSoldier ја добива оценката 7.5 значи многу добра игрица, но сепак не одлична.Играјте, оставајте импресии овде и нешто слично...
http://www.gamespot.com/pc/action/ubersoldier/