Препораки за доктори специјалисти/супспецијалисти

Член од
19 февруари 2016
Мислења
412
Поени од реакции
82
odi bilo kade samo e vo drzavna, tamu e haos
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Здраво на сите,

Дали можете да ми дадете препорака за некој добар ОРЛ доктор во Скопје? Се мислам да отидам во Систина или кај Д-р. Мери од ПЗУ "Д-р. Мери. Доколку ми препорачувате во Систина, кај кој доктор да отидам?
Дали некој имал искуство со овие доктори? 
Значи да те ислушаат како човек а не како во државно ок си терај немаш гајле -_-

Благодарам

Sent from my iPhone using Tapatalk
Би требало уште да работи на Клиника, побарај ја Фродита Јакимовска, добар доктор е.
 
Mr.MisteryMan

Шарлатан по природа
Член од
4 март 2017
Мислења
90
Поени од реакции
45
Здрава исхрана, физичка активност и малку работа во нива и нема потреба од специјалисти/супспецијалисти :jeeee:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
1.346
Поени од реакции
184

Доколку се однесува постот за мене.. И мотика сум видел и се, не сум татино или мамино синче, а и исхраната ако не друго ја држам на место, за физичка активност да не правиме муабет.. работава е што токмациве од државно ќе те сј*баат за цел век па после и надвор ќе бараш чаре, покрај тоа цел живот ти се менува 360.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398

360 степени е цел круг и иста позиција :D ...ако сакаш да кажеш спротивна промена ќе кажеш пола од тоа т.е. 180 степени, колку да знаеш општо... инаку во Систина, а и во други приватни ординации ,,добро ќе те ислушат,, ама добро и дебело ќе платиш ( затоа и ќе те ислушат, ако нема патолошка болест кај тебе што си запнал да ја имаш па сакаш доказ? ) можеби проблемот ти е од психолошка природа, некој стрес кој делува и те како со зуење во увото или проблеми со вртоглавица , во препоставка дека ти е тоа оти бараш ОРЛ доктор ;)
 
Mr.MisteryMan

Шарлатан по природа
Член од
4 март 2017
Мислења
90
Поени од реакции
45
Доколку се однесува постот за мене.. И мотика сум видел и се, не сум татино или мамино синче, а и исхраната ако не друго ја држам на место, за физичка активност да не правиме муабет.. работава е што токмациве од државно ќе те сј*баат за цел век па после и надвор ќе бараш чаре, покрај тоа цел живот ти се менува 360.

Sent from my iPhone using Tapatalk
Тоа е и работата, денес секој станува доктор, независно од тоа колку е компетентен или некомпетентен. Затоа најдобро е вака, за да нема потреба да се оди по болници. И обавезно станување од ладен цемент. :icon_mrgr:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
1.346
Поени од реакции
184
360 степени е цел круг и иста позиција :D ...ако сакаш да кажеш спротивна промена ќе кажеш пола од тоа т.е. 180 степени, колку да знаеш општо... инаку во Систина, а и во други приватни ординации ,,добро ќе те ислушат,, ама добро и дебело ќе платиш ( затоа и ќе те ислушат, ако нема патолошка болест кај тебе што си запнал да ја имаш па сакаш доказ? ) можеби проблемот ти е од психолошка природа, некој стрес кој делува и те како со зуење во увото или проблеми со вртоглавица , во препоставка дека ти е тоа оти бараш ОРЛ доктор ;)
Веќе од што ми е преку глава ни 180 ни 360 ни 560 не прават разлика.
Инаку не е психички проблем, барем за тоа сум бил(можеби минато време) при себе што и да се случувало..
Немам ни зуење ни вртоглавици... имам дисфункција на еустахиевата туба како последица на синузит, слушам веќе 6ти месец од далеку и ме вади од контакт, првин беше на десното уво ама специјалистиве наши со Б комплекс те лечат па си дојде и накај левото...
Па да прашам дали вршат некаква интервенција да не одам странство.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Последно уредено:
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Здраво на сите,

Дали можете да ми дадете препорака за некој добар ОРЛ доктор во Скопје? Се мислам да отидам во Систина или кај Д-р. Мери од ПЗУ "Д-р. Мери. Доколку ми препорачувате во Систина, кај кој доктор да отидам?
Дали некој имал искуство со овие доктори? 
Значи да те ислушаат како човек а не како во државно ок си терај немаш гајле -_-

Благодарам

Sent from my iPhone using Tapatalk
Јас можам да ти препорачам да одиш кај Цекиќ
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Веќе од што ми е преку глава ни 180 ни 360 ни 560 не прават разлика.
Инаку не е психички проблем, барем за тоа сум бил(можеби минато време) при себе што и да се случувало..
Немам ни зуење ни вртоглавици... имам дисфункција на еустахиевата туба како последица на синузит, слушам веќе 6ти месец од далеку и ме вади од контакт, првин беше на десното уво ама специјалистиве наши со Б комплекс те лечат па си дојде и накај левото...
Па да прашам дали вршат некаква интервенција да не одам странство.
Sent from my iPhone using Tapatalk
штом немаш зуење и вртоглавици тоа е добро, значи немаш оштетување и немаш се уште патолошко пореметување, слушањето ,,од далеку,, се случува при нормални активности како ронење, летање, височински престој да не објаснувам медицински, тоа би дошло со снижување на притисокот од атмосферскиот воздух во средно уво имаме насилно отварање поради притисокот чија улога на еустахиевата туба да врши регулација и изедначување на притисокот и прошушта воздух , доколку имаме блокирано проветрување немаме изедначување на притисокот и доаѓа до пореметување на притисокот на слузокожата на средното уво и доаѓа до потиснување на бубна опна нанадвор и тоа преддизвикува таков осеќај на слушање од далеку....
е сега, ти укажа на можна причина од некој синузит ,,што држи вода- демек можно е, во право си,, и највероватно од тоа ти е и пореметена улогата на еустахиевата туба и тоа прво се пробува да ,,се размрда,, со потенцирано голтање, зевање таква активност,

ако не ја бидува тогаш со два прста затни го носот, затворија устата и дувај да можеш да направиш одблокирање на зголемиот притисок во увото- пробај неколку пати,

ако не иде и тоа земи мастика за џвакање и џвакај упорно извесно време,

ако не ја бидува тогаш се преминува на лекови оти често пати ова ситуација ако се задржува подолго време доаѓа до инфекција на средно уво т.н. Otitis и тука мора да се применува антибиотик прв избор - amoxycillin односно да не му ја мислиме на алергија подобро да е цефалоспоринска група cefalexin/cefaclor и тоа 7 дена, и мислам дека ќе бидеш ОК...
сето ова ти го напишав онака да имаш ориентација што се случува и што би требало, не значи дека не треба да посетиш лекар како си наумил ;)
 
Последно уредено:
Член од
17 јануари 2009
Мислења
1.346
Поени од реакции
184
штом немаш зуење и вртоглавици тоа е добро, значи немаш оштетување и немаш се уште патолошко пореметување, слушањето ,,од далеку,, се случува при нормални активности како ронење, летање, височински престој да не објаснувам медицински, тоа би дошло со снижување на притисокот од атмосферскиот воздух во средно уво имаме насилно отварање поради притисокот чија улога на еустахиевата туба да врши регулација и изедначување на притисокот и прошушта воздух , доколку имаме блокирано проветрување немаме изедначување на притисокот и доаѓа до пореметување на притисокот на слузокожата на средното уво и доаѓа до потиснување на бубна опна нанадвор и тоа преддизвикува таков осеќај на слушање од далеку....
е сега, ти укажа на можна причина од некој синузит ,,што држи вода- демек можно е, во право си,, и највероватно од тоа ти е и пореметена улогата на еустахиевата туба и тоа прво се пробува да ,,се размрда,, со потенцирано голтање, зевање таква активност,

ако не ја бидува тогаш со два прста затни го носот, затворија устата и дувај да можеш да направиш одблокирање на зголемиот притисок во увото- пробај неколку пати, ако не иде и тоа земи мастика за џвакање и џвакај упорно извесно време, ако не ја бидува тогаш се преминува на лекови оти често пати ова ситуација ако се задржува подолго време доаѓа до инфекција на средно уво т.н. Otitis и тука мора да се применува антибиотик прв избор - amoxycillin односно да не му ја мислиме на алергија подобро да е цефалоспоринска група cefalexin/cefaclor и тоа 7 дена, и мислам дека ќе бидеш ОК...
сето ова ти го напишав онака да имаш ориентација што се случува и што би требало, не значи дека не треба да посетиш лекар како си наумил ;)

Искрено од доктори неможам да се спасам, имам и по дома и роднини итн.. пробано е со сето ова што го пишуваше: голтање, мастики, валсава мануверот и веќе самиот не знам што друго. 5 месеци ги потрошив во гуглање, читање на книги од факултет, дури и сите текстови ги знаам на памет. Цело уво , функција, делови од кои се состои ги знаам како мајсторот што го познава моторот на колата :) (можам комотно да држам часови) .. Имав тип Ц на Еустахиева туба и ми испишаа еден куп антибиотици и кортико спрејови за внос... Бев странство и за моја среќа во несреќа капките за нос се потрошија па ми дадоа таму спрејче. Исфрлив се од нос, да не се заречам веќе 3 месеци синусиве не ме болат ни на ладно, пред тоа од соба во двор да излезев и одма ме фаќаа..
Е сега наводно се е ок тип А но не е, сеуште имам осејќај на полно уво, некогаш повеќе некогаш помалку, а и кога голтам тоа како плускање што е на десното(прво заболеното) го има но не како порано а на левото речиси го нема со тоа што пригушеното слушање иди бидејќи воздухот не е изедначен и вибрациите(зборување или што и да е) не се пренесуваат добро бидејќи тапанчето е навнатре.. со што доаѓа до заклучок на хронична дисфункцика на ЕТ.. така да или новата метода балон дилатација (каде морам да напоменам кога прашав кај една "специјалистка" ме направи будала со зборовите: дете како ќе ти стават балон???? во 1мм ) која ја има надвор од мк и е доста солена или пак мал засек на тапанчето и ставање на grommets(мало кругче за вентилација на воздухот) за кое што и планирам да отидам во приватниве и да прашам дали го изведуваат, тоа и беше намената на постот: добар доктор кој ќе ме ислуша и разговара како со човек.

Државниве доктори викаат се е ок бидејќи на милион аудиометри направени и тимпанометија кажува ок но тоа не треба да е конечен заклучок. Во ова 5 месечно истражување наидов на многу странски страни не само англиски каде што штом извршиле ендоскопија заприметено е дека пациентите имаат ЕТД.

Патем мене ми е се чудно и звуциве и мојот глас исто така и се што е можно од звук. Пред тоа имав екстра слух, баш моите паметам ми викаа се нема чаре од тебе уште мислите да ни ги читаш. Бидејќи паметам пр ете кога беа во кујна и зборуваа со шептење многу тивко а јас оддалечен 10 метра и патем уклучено ТВ ги слушав исто како да сум до нив а и нонстоп им викав да не се "дерат" толку како нив исто и на моите другари.. Исто така во авион немав проблеми со затнати уши, штом осетев малку заглушеност голтав и се беше најнормално, Галичица секој втор ден на највисокото со точак или мотор но немав воопшто никакви проблеми со затнати уши. Според некои гуглања можеби било ПЕТ Еустсхиева туба но не верувам.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Искрено од доктори неможам да се спасам, имам и по дома и роднини итн.. пробано е со сето ова што го пишуваше: голтање, мастики, валсава мануверот и веќе самиот не знам што друго. 5 месеци ги потрошив во гуглање, читање на книги од факултет, дури и сите текстови ги знаам на памет. Цело уво , функција, делови од кои се состои ги знаам како мајсторот што го познава моторот на колата :) (можам комотно да држам часови) .. Имав тип Ц на Еустахиева туба и ми испишаа еден куп антибиотици и кортико спрејови за внос... Бев странство и за моја среќа во несреќа капките за нос се потрошија па ми дадоа таму спрејче. Исфрлив се од нос, да не се заречам веќе 3 месеци синусиве не ме болат ни на ладно, пред тоа од соба во двор да излезев и одма ме фаќаа..
Е сега наводно се е ок тип А но не е, сеуште имам осејќај на полно уво, некогаш повеќе некогаш помалку, а и кога голтам тоа како плускање што е на десното(прво заболеното) го има но не како порано а на левото речиси го нема со тоа што пригушеното слушање иди бидејќи воздухот не е изедначен и вибрациите(зборување или што и да е) не се пренесуваат добро бидејќи тапанчето е навнатре.. со што доаѓа до заклучок на хронична дисфункцика на ЕТ.. така да или новата метода балон дилатација (каде морам да напоменам кога прашав кај една "специјалистка" ме направи будала со зборовите: дете како ќе ти стават балон???? во 1мм ) која ја има надвор од мк и е доста солена или пак мал засек на тапанчето и ставање на grommets(мало кругче за вентилација на воздухот) за кое што и планирам да отидам во приватниве и да прашам дали го изведуваат, тоа и беше намената на постот: добар доктор кој ќе ме ислуша и разговара како со човек.

Државниве доктори викаат се е ок бидејќи на милион аудиометри направени и тимпанометија кажува ок но тоа не треба да е конечен заклучок. Во ова 5 месечно истражување наидов на многу странски страни не само англиски каде што штом извршиле ендоскопија заприметено е дека пациентите имаат ЕТД.

Патем мене ми е се чудно и звуциве и мојот глас исто така и се што е можно од звук. Пред тоа имав екстра слух, баш моите паметам ми викаа се нема чаре од тебе уште мислите да ни ги читаш. Бидејќи паметам пр ете кога беа во кујна и зборуваа со шептење многу тивко а јас оддалечен 10 метра и патем уклучено ТВ ги слушав исто како да сум до нив а и нонстоп им викав да не се "дерат" толку како нив исто и на моите другари.. Според некои гуглања можеби било ПЕТ Еустсхиева туба но не верувам.

Sent from my iPhone using Tapatalk
ете све знаеш, направи го тој хирушки рез да го ослободи тој притисок од воздухот во Е.туба, заборавив да те прашам дали проба да ја пикнеш главата под вода со стегнат нос??
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
1.346
Поени од реакции
184
ете све знаеш, направи го тој хирушки рез да го ослободи тој притисок од воздухот во Е.туба, заборавив да те прашам дали проба да ја пикнеш главата под вода со стегнат нос??
Како што реков од толку гуглање, читање по цел ден на нет, гледање на видеа од познати доктори заклучокот е тој..

Инаку не уште тоа не сум го направил... никогаш дури ни во езеро. Од секогаш сум ги пазел ушите да не ми влези вода со што ми е страв да не речам фобија да ја држам главата во вода.. едино доколку би имал нешто да не ми влези вода во ушите..

Инаку имам роднина баба рада 2, кој е доста познат во мк и ми препорача да ставам неколку капки сок од праз во увото но некако и од тоа ми е страв да го направам.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2014
Мислења
140
Поени од реакции
41
Некој да ми препорача добар лекар за шекерна болест, дијабетис? Не ми е битно дали е приватен или државен и дали е скап или ефтин, битно ми е да е добар со добри препораки.

Фала!
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.421
Поени од реакции
20.125
Некој да ми препорача добар лекар за шекерна болест, дијабетис? Не ми е битно дали е приватен или државен и дали е скап или ефтин, битно ми е да е добар со добри препораки.

Фала!
добар лек за шекерна болест е контролирана исхрана односно соодветен режим на исхрана ( соодветни продукти и соодветен час на внес на тие продукти ). Ако е стигната работата до боцкање нема лек. Помалце нервози, повеќе пешачење, возење велосипед, планинарење односно физичка активност и тоа е тоа.
 
Член од
5 март 2014
Мислења
140
Поени од реакции
41
абе дај лекар кажи, за мајка ми е, околу 55-56 години има ама од ништо не се разбира, шекер има а јаде благо како луда, т.е. јаде и прави се што не треба да јаде и да прави и секој 2-3 дена ни приредува "претстави" кога ке и падне шекерот, и што е најлошо па ни на лекар не сака да оди. овака некој по сериозен лекар нека ја види нека и каже шо како нека ја уплаши ако треба битно да се стави малку под контрола.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom